Во ред е сето тоа, ама нели Македонија е доминантно православна (Eastern Orthodox поточно) и покрај тоа што сме 1 религија пак во разни краеви од земјата истите обичаи се прават на различни денови.
Да ,но мислам дека обичаите се едно,а кононски,црковни правила,друго. Можеби грешам,нека ме поправи некој. Истото е и со коледе,Прочка итн.. Знам некои ставаат паричка во баклава,во зелник... Ама пак и јас и ти си славиме и Бадник и Василица според нашиот календар,и за мене и за тебе е тогаш празник. Барем јас така ги толкувам работите, знам дека @Orthophill може да ти даде соодветен одговор .
Уште да имаше благе везе традицииве со христијанството арно ќе беше. Поблиску сме до паганство секако. Which is fine, I like it.
Твое мислење е, и го почитувам, но според мене битно е да се негуваат тие традиции кои што се многу постари од нас. Многу побитно е да бидеме луѓе, да идеме на литургии,да се исповедаме,постиме... А и традицијата е нешто сосема друго. И јас мислев како тебе дека е сведено православието само на традиција или како што велиш ти "паганство" ,се додека не навлегов подлабоко и сфатив дека е всушност тешко да си вистински христијанин . Мене лично не ми се допаѓа тоа идење од врата на врата,организации кои што го злоупотребуваат студентот и му наметнуваат во што и како да верува... Е тоа се за мене некои новитети во религијата. Но сепак нели и тоа е право на избор. Сепак е мое мислење и добро е да се верува во нешто, но да не се погазува и верувањето на другиот. А со тебе се согласувам до негде дека можеби и повеќе акцент се става на тоа кога да се врти паричката,дали да се палеле бадникарски огнови и слично(и на истите присуствуваат за да се направат камен пијани), а не кога се пости,зошто се пости и кое е значењето на празникот .
Епа не може и традиција и вистински христијанин. Или едното или другото... или на средина, па ни едното ни другото.
https://israel365news.com/397766/mi...hbblJWKZPYTe5H1iaw_aem_-qNw5odYhVcOgo7qHsfdTQ Човеков како што поминува времето се повеќе и повеќе дава антихрист вајбој после признавањето на Ерусалим за главен град, онаа фамозна изјава ''I am the chosen one'' , кованиците со неговиот лик и третиот храм, круната што ја доби од еврејска фондација за мир и реплика од ковчегот на заветот во неговиот кабинет...евреиве после победата на изборите збеснаја со еуфоријата и веќе не кријат дека тој е човекот што ќе го гради третиот храм во кој треба да зацари нивниот лажен месија кој впрочем е и антихрист а не негираат ниту дека е тоа токму Трамп па дури и бараат некаква генеалогија дека има еврејско потекло и дека е потомок на цар Давид. Луди луди времиња се пред нас
За ништо не си обврзан во ниту еден разгранок на христијанството ниту пак во било која религија. Ако чувствуваш дека така е правилно, прекрсти се, ако не, не. А и прекрстувањето не е спомнато никаде во библијата, тоа е само некој "обичај", Исус се молел бакнувајќи ја Земјата и допирајќи ја со челото (баш поради ова луѓето викаат демек Исус бил муслиман што нема никаква врска, православните христијани, а и во некои католички цркви уште луѓето се молат така. Исто како и со постењето и носењето шамија, се тоа се христијански работи што се правеле уште во 50 година после Исус ама поради не толку практикување на нив, денес муслиманите се сметаат за создавачи на нив. Пример спомни fast или veil, секој католик и протестант веднаш ќе поврзе со исламот иако тоа е нивна (и наша православна) традиција и тие се првите кои го правеле тоа пред нешто помалку од 2000 години).
Имам слушнато за молитвите кои се читаат во св Јован во Капиштец, но до сега никогаш не сум била. Кога се тие молитви и дали нешто се носи?
Тој е - свети Јован Претеча и Крстител. 7 јули му е роденден 11 септември денот на неговото обезглавување 20 јануари - благодарствен празник затоа што Го крстил Господ Иисус Христос. Се слават и неговото зачатие и трите наоѓање на неговата света глава. Исто секој вторник, кога нема голем празник му е посветен на свети Јован.
Никогаш не сум била верник во структурирана форма, во оној ептен посветен стил (неделни, месечни, годишни постови и следење календар за сите светци), меѓутоа секогаш сум имала верба во нешто посилно од мене што знае што е најдобро за мене. Периодов ми се изнаслучија премногу работи, сонувам како поранешниот партнер ми умира (во стил како тој на настаните кои се одвиваат, ваљда потсвеста тука се рчка), секој ден гледам некакви грозоморни симболики и знаци кои, независно во што веруваш, би те вознемириле. Сакам малку повеќе да се внесам во духовноста, да го отфрлам телесното и материјалното и да почнам да градам посилна врска со нешто структурирано. Кај мене дома никогаш не се кревала фама за празници да се оди во црква, секогаш бил културниот елемент подоминантен, не сме практикувале обичаи како постење и молење. Не знам од каде би го почнала ова патување кон предавање на нешто посилно од мене. Секој совет е добредојден. Дури мислев во одреден момент да отидам у Соборна и да му се изназборам на свештеникот малтене сум на психолог колку да не ми тежи на душава веќе ништо Библијата ми е прочитана, запознаена сум со сите адети, прошетана сум низ многу цркви изградени уште во години што не се ни бројат од што се стари, меѓутоа се чувствувам како да би била ,,одбиена" бидејќи се обраќам најсилно кога ми е тешко. Тоа е веќе мој личен внатрешен конфликт, иако врската со Бог е лична и различна за сите, сакам тој товар на бидување осудена да го тргнам од мене.
Дали некој знае со сигурност како се пости секоја среда и петок, дали со масло или без? Никако не ми текнало да прашам свешгено лице но можеби овде ќе се најде некој што има прашано.
Почни одново со читање на библијата посебно новиот завет потруди се да ги разбереш стиховите, никогаш не е доста од библијата. Посвети се на бога, моли се секој ден каде и да си, не секогаш ќе ти ги исполни желбите затоа што ти можеби не го гледаш тоа што тој го гледа, верувај знае што е добро за тебе, ете можеш да побараш од него да ти помогне да му се доближи, и за се што се молиш потруди се и ти малку околу тоа, Бог нема стапче за да ти исполни нешто, тој само доаѓа во помош кога ќе види дека ти повеќе неможеш сама. Ако одиш во црква или планираш да зборуваш со свештено лице потруди се да најдеш некоја црква која оди според библијата.