Да му појдеш на попот во Соборна и да си се изнаразговарате. Се' што ти тежи да му кажиш. Среда и петок се постат со масло, дури може и риба. Таква Црква е Православната. Православната оди по Библијата, зашто Библијата всушност ѝ припаѓа на Црквата. Црквата ја создаде Библијата, а не обратно. И да, треба редовно да се читаат Свештените Писанија, но уште поважно е да се живее светотаински от живот, кој всушност е исполнување на она што го читаме во Библијата.
И не баш, црквата вели спасени сте со вашите добри дела, додека во Библијата се вели дека сме спасени само со верата во Исус, библискиот пост е сосема поинаков од оној на црквата, Исус постел 40 дена без да јаде и пие и постел и со срце и со душа, а постот според црквата е да се откажеш само од одредена храна. Според библијата должни сме да се молиме само на Бог, а црквата налага да се молиме на светци. И библијата е писмо од Бог не ја напишала црквата, црквата пак е дом божји и треба сите христијани како и црквата да се држат до библијата..
Почитувана, еве што вели Библијата за верата без дела, во Соборното послание на светиот апостол Јаков братот Господов: 14Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли таквата вера да го спаси? 15Ако некој брат или некоја сестра се голи и секој ден страдаат за храна, 16па некој од вас им рече: „Одете си со мир, згрејте се и наситете се!“, а не им го даде она што е потребно за телото – каква е ползата од тоа? 17Така е и со верата, ако нема дела, сама по себе е мртва. 18Но може некој да рече: „Ти имаш вера, а јас имам дела“. Покажи ми ја својата вера без дела, а јас преку моите дела ќе ти ја покажам мојата вера. 19Ти веруваш дека Бог е еден – добро правиш; но и демоните веруваат и треперат. 20Дали сакаш да разбереш, о суетен човеку, дека верата без дела е мртва? 21Нели со дела беше оправдан нашиот татко Авраам, откако врз жртвеникот го положи својот син Исак? 22Гледаш ли дека неговата вера содејствуваше заедно со неговите дела, и дека преку делата, верата се усовршуваше? 23И се исполни Писмото, кое вели: „Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се сметаше за праведност“, и тој се нарече Божји пријател. 24Гледате дека човекот се оправдува со дела, а не само со вера. 25Исто така, зарем со дела не се оправда и блудницата Раав, кога ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат? 26Бидејќи, како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва. Ама, вам протестантите не ви одговара ова послание, па дури и се дрзнувате да го исклучите од Свештените Писанија, како што ги исклучивте и т.н. девтероканонски книги! Ние постиме и без храна и без вода. И тоа во првиот понеделник, вторник и четврток од Великиот Пост, исто како и на Велики и Страдален Петок. Ние не се молиме на светците, туку ги молиме да се молат за нас. Како што во Свештените Писанија има такви примери. Сунамитјанката го помоли Елисеја да и` го воскресне синот, дури и појде да се кара со него. Петра го замолија да со своите молитви ја воскресне Тавита. Дури и со шамичињата на Павлете се исцелуваа. Но, главниот проблем е тоа што вие протестантите не верувате дека и умрените се живи. Ама Христос при Своето Свето Преображение ни покажа дека и умрените се живи, бидејќи разговараше и со Илија и со Мојсија. Црквата е заедница на сите верници собрани околу Главата на Црквата - Христос. Христос можеше по вознесението да фрли една книга од Небесата, но не. Светиот Дух слезе на Педесетница и ги вдахнови апостолите да проповедаат. Светиот Дух до ден денеска ги вдахновува членовите на Црквата. Еден поп од Холандија го читал светото Евангелие и на холандски јазик. И дошла неделата за епилептичарот (чудото кога Христос го излекува) и за време на читањето се шокирал, зашто место <<„Овој род со ништо не може да се истера, освен со молитва и пост.“>> наишол само на молитва. Ете, како протестантите се дрзнуваат да ги менуваат и Христовите зборови.
@Orthophill Затоа по благодата сте спасени, и тоа не е од вас - туку дар Не е од делата, за да не се пофали некој (Ефесјани 2:8,9) Овој стих јасно зборува дека сме сме спасени со верата. Исус умре на крстот како жртва за нашите гревови, за да бидеме спасени, без неговата жртва сите заслужуваме пекол. А се согласувам дека треба да правиме добри дела, ама не за да се спасиме, туку како благодарност на она Исус што го направи за нас. Кога ние ќе поверуваме дека Исус умре за ние да бидеме спасени, ќе почнеме да правиме добри дела. А добрите дела не не спасуваат, бидејќи безразлика колку добри дела имаме направено секој од нас има згрешено, и ќе му се суди за гревот, единствен начин да се спасиме е некој да го земе нашиот грев на себе и баш тоа го направи Исус. Пример да направиш некој прекршок и отидеш на суд и речеш на судијата ,, ама јас пред да згрешам направив многу добро", сепак ќе те осуди за лошото дело.
Извини, ама ништо не разбирате вие протестантите, затоа што отстапивте од Црквата, а во вашата гордост дури и Христовите зборови ги погазувате, односно од што читате само цитати, го прескокнувате цело свето Евангелие! Еве што вели Христос, колку се битни делата за спасение, а не само верата. За Страшниот Суд. Свето Евангелие според Матеј, глава 25. 31„А кога ќе дојде Синот Човечки во Својата слава и сите свети ангели со Него, тогаш ќе седне на престолот на Својата слава 32и ќе се соберат пред Него сите народи; па ќе ги оддели едни од други, како што пастирот ги одделува овците од козите, 33и овците ќе ги постави од Својата десна страна, а козите од левата. 34Тогаш Царот ќе им каже на оние што Му се од десната страна: ’Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од почетокот на светот; 35зашто, гладен бев и Ми дадовте да јадам; жеден бев и Ме напоивте, странец бев и Ме прибравте; 36гол бев и Ме облековте; болен бев и Ме посетивте; во затвор бев и дојдовте кај Мене.‘ 37Тогаш праведниците во одговор ќе Му речат: ’Господи, кога Те видовме гладен и Те нахранивме, или жеден и Те напоивме? 38Кога Те видовме странец и Те прибравме, или гол и Те облековме? 39Кога Те видовме болен, или во затвор и дојдовме кај Тебе?‘ 40А Царот ќе им одговори: ’Вистина, ви велам: доколку сте го направиле тоа за еден од овие Мои најмали браќа, за Мене сте го направиле.‘ 41Тогаш ќе им каже и на оние што се од левата страна: ’Бегајте од Мене, проклети, во вечен оган, подготвен за ѓаволот и за неговите ангели! 42Зашто, гладен бев и не Ми дадовте да јадам; жеден бев и не Ме напоивте; 43странец бев и не Ме прибравте; гол бев и не Ме облековте; болен и во затвор бев и не Ме посетивте.‘ 44Тогаш и тие ќе Му одговорат: ’Господи, кога Те видовме гладен, или жеден, или странец, или гол, или болен, или во затвор – и не Ти послуживме?‘ 45Тогаш Тој ќе им одговори велејќи: ’Вистина ви велам, доколку не сте го направиле тоа за еден од овие најмали, тогаш ниту за Мене не сте го направиле.‘ 46И тие ќе отидат во вечна мака, а праведниците – во вечен живот.“ Зарем не читате овде дека се потребни и дела за спасение? Не знам какво Евангелие читате! Ако Христовите зборови не ви вредат, значи во право сме ние од Црквата што не можеме ни Христијани да ве наречеме. И уште повеќе, еве што вели Господ за оние кои кобајаги веруваат, ама дела немаат! Од истото свето евангелие според Матеја, глава 7: 21„Не секој што Ми вели: ’Господи, Господи‘, ќе влезе во царството небесно, туку оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец, Кој е на небесата. 22Мнозина ќе Ми речат во оној ден: ’Господи, Господи, нели во Твое име пророкувавме? И зар во Твое име демони не изгонувавме? И нели во Твое име многу чуда правевме?‘ 23И тогаш Јас ќе им кажам: ’Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што вршите беззаконие!‘“ Затоа ве замолувам, вратете се во Црквата, која ја создаде Библијата, вратете се во Црквата, која 21 век го проповеда Словото Божјо, вратете се во Црквата која е единствен чувар на вистината. Вратете се во Црквата, која е и ваша мајка. Вратете се и вкусете и видете колку е благ Господ! Ние не само што го слушаме и читаме Неговото Слово, туку ние Го имаме и целиот Него - причестувајќи се со Неговите вистински Крв и Тело, бивајќи во Него и Он бивајќи во нас. Ама ако вие Христос не го слушате, зарем мене ќе ме послушате?
Ова е чист паразитски сатанизам и детско верување. Уствари целосниот коментар е. Не може никој да не спаси нити ги превземе нашите гревови. Ни Бог, ни Исус, ниту било кој друг Исус умре поради гревовите на светот, учеше и го покажа патот за да ги превземе т. е отстрани. Секој треба поединечно да го изоди патот и отелотвори верата(и во дела, не само зборови и верба) и си ги отстрани сам, со помош на Бог. И не, не "само" добри дела, туку бидење добар човек(не "само" на зборови и декларација, туку и дела) . Ама добро, оставете ги слепите на слепите... Поради вакви "верувања" и "верба" и "верници" светот е таму каде што е.
Дали јеховините сведоци и мормоните имаат некоја сличност во дејствувањето? Мене како исти ми изгледаат...
Цел нов завет и дел од стариот ми е прочитан не читам цитати. А како изгледа прав христијанин, оној кој не ја прифаќа Исусовата жртва? Благодарение на тоа што ќе ја прифатиш исусовата жртва ќе правиш добри дела, и ќе се трудиш да бидеш добар човек, ама пак ќе грешиш. Се надевам бог ќе ти ги отвори очите. Јован 3:16: "Зашто Бог толку го сакаше светот, што го даде својот единороден Син, за да секој што верува во него не погине, туку да има вечен живот." Римјаните 5:8 : "Но Бог ја покажува својата љубов кон нас во тоа што, додека бевме грешници, Христос умре за нас." Евреите 9:28: "Така и Христос, еднаш, за да ги отстрани гревовите на мнозина, се жртвува; и повторно ќе се појави, не за да се жртвува, туку за да спаси оние кои го очекуваат." Се молам и за двајцата Бог да ви помогне да ја дознаете вистината и да поверувате во него.
Христос со Својата Крсна жртва, се принесе Себеси за да го спаси (ослободи) човекот, од сите гревови кои се имаат направено и кои ќе се направат и со тоа ја победи смртта односно ѓаволот. Со Крстната жртва Христова и секое понижување што Он Го прими на земјата, од Бог - Човек станувајќи, му даде можност на секој човек, без разлика на пол, нација и социо-економски статус да може да се излекува од сите гревови - од наследниот адамов грев преку светата тајна крштението, а од секој сторен грев преку светата тајна покајание - исповед. Но, како што читаме во светото Евангелие, нема да се спаси секој човек, туку само оние кои покрај верата имаат и дела и ги исполнуваат Христовите зборови (не само да ги рецитираат како папагалите). Христос е волен да ги прости нашите гревови, како што и` прости на блудницата, како што му прости и на Петра апостолот, како што му прости и на Закхеј митарот, но за да ни се простат гревовите треба да ги согледаме и да престанеме да ги правиме и да побараме прошка, зашто Христос и` рече на блудницата: „Оди и не греши повеќе!“ Закхеј во знак на покајание врати четворно од тоа што земаше. Петар принесе плач за својот грев. Дури и на фатениот во бањата Христос му посочи да не греши повеќе. Значи, ако не престанеме да грешиме како блудницата, и не почнеме да правиме дела спротивни на гревот како Закхеј и не ги оплачиме гревовите (односно крајно да го замразиме гревот што сме го направиле и вечно да се гнасиме од истиот) како Петар, нема да ни бидат простени! Зашто и Јуда згреши, ама не се покаја, а ако се покаеше Господ ќе му простеше. Благодатта за која пишува светиот апостол Павле е потенцијалот, кој го имаме благодарение на Крстната жртва да бидеме спасени, а го здобиваме крштевајќи се. Зашто рајот беше повторно воспоставен дури откако Христос слезе во адот и ги поведе со Себеси праведниците кои поверуваа во Светото Евангелие.
@Orthophill Гревовите ете ги погоре кои се. Како може Исус или Бог, во најмала рака без наша иницијатива да помогне тука? На секого е да одлучи за себе. Светот е грешен и паднат поради присуство на гревовите кои луѓето ги прават. И на лугето, поединечно, потоа и колективно, е да одлучат да престанат да ги прават. А потоа нели, и се спасат. Со ова "грешни сме" многу се има манипулирано и извртувано вистината(пак, сатанизам) низ времето. Да се држиме до важното и терминологија што секој (ако се потруди) може да ја разбере.
Крштевајќи се ние ја прифаќаме Христовата жртва, без неа нема спасение! Некој може и сите луѓе на светот да ги спаси, но ако не верува во Христа и не е крстен - Христос не му ветува спасение. Но, на оној кој е крстен, верува во Христа и прави добри дела - спасението му е ветено од Христа! Кој ве лажи, дека ние во Црквата не ја прифаќаме Крстната жртва, кога ние веруваме, дека пред Христос да биде распнат сите души, па дури и на најголемите праведници како на свети Јован Крстител и Претходник, или на светиот Даниил и трите момчиња, на Мојсиј, на Елисеја, Исаија итн. им беа во адот, а дури по воскресението, заедно со Победникот Христос влегоа во рајот! Ама вие не ја познавате верата на Црквата и затоа ја мразите. Христовата Крстна жртва, повторно ќе напишам, е потенцијал кој ни овозможува нашите гревови кои секојдневно ги правиме да бидат простени. Но, ако и ние не се потрудиме да не ги правиме гревовите или да правиме дела спротивни на нашите гревови тогаш залудна ќе биде за нас Крстната жртва. Патем молитви од протестанти не ми требаат, посебно не за да ме преобратат во лажан вера. Ти благодарам, но не мора да се молиш за мене, си имам јас молитвеници и од земната и од небесната Црква.
Во претходното твое писание, се` ти беше пишано како што треба освен што веројатно не се изрази доволно добро во однос на гревовите, кои Христос ги зеде на Себеси. Веројатно мислеше, дека нашите гревови нема да бидат простени доколку и ние не покажеме малку труд и желба за да бидат простени и со тоа поништени преку Крстната жртва Христова. Во тој случај си во право. Ако некој прави секакви гревови и беззаконија и после тоа не се покае, престани да греши и барем да посака со сето срце да прави дела спротивни на гревот - нема откуп со Крстната Жртва.
Не ја мразам јас црквата, и не сум против неа, ама има цркви кои не ја прифаќаат Христовата жртва и учат дека сме спасени само со нашите дела. И да треба да поверуваме и да се крстиме, е сега ние сме крстени пред да поверуваме бидејќи многу сме мали за да поверуваме, ама незнам за околу тоа многу дали е добро или не, дали е океј прво да се крстиш па да поверуваш, ма да секако тоа не ја менува вистината..
Не, не мислев на тоа, баш спротивно, недоразбирање. "Сакајте се како што јас ве сакав". Овде е смислата на целата Христова жртва. Но да, беше распнат поради гревовите на луѓето, и оние кои не му поверуваа и го послушаа.
Кои се тие кои проповедаат дека може да се спасиме само со нашите дела? Православната? Не е! Римокатоличката? И таа не е! Дохалкидонските? И тие не се. Светото Евангелие според Матеј завршува вака: А Исус, пристапувајќи им, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата. 19Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, 20и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал. И ете, Јас сум со вас преку сите денови до крајот на светот.“ Амин! Не вели Господ научете ги сите народи, па крштевајте ги, туку научете ги сите народи преку/со крштевањето. Крштевањето на бебињата во Црквата е воведено поради тоа што, Црквата несомнено верува во неопходноста од Крстната жртва, за простување на секој грев вклучувајќи го и адамовиот. Самиот збор крштевање доаѓа од крст. Да сумирам, со математички израз. Распнувањето и страдањето Христови се потребен услов за простување на секој грев, но не се доволен за да се простат сите гревови на луѓето во светот.
Баптистичката пример учи дека треба само вера и дека не треба да се поткрепи верата со дела како благодарност, Адвентистичката, има исто понова црква "нова вера" христијанска ама имат книги некои нивни во кои што веруваат не е само библијата. И за котиличката имам слушнато ама не сум сигурна за неа. И една има што не верува во тројството, унтаристичката мислам беше (не сум сигурна дека така се нарекува). За јехови сведоци да не зборам. Православната според мене е најдобра, ама сепак се треба да се провери во Библијата, секој може да залута во друга црква и да учи нешто што не е така. За крштевањето искрено незнам, многу гледам по втор пат се крстат, не веруваат во тоа прво крштевање како деца, незнам колку е исправно тоа, ама мислам дека и не е баш. Нема смисла кога веќе си крстен пак да се крштеваш.
Јас целосно се сложувам дека се' во нашиот живот треба да го измериме на кантарот на Божјото слово. Да ги проверуваме Свештените Писанија и од нив да се раководиме. Прво Евангелијата, па посланијата и од Стариот Завет. Во однос на крштевањето. Тоа е само едно. Не може да има 15, но тоа мора да биде исправно. Гледам некои протестантски заедници се јрштеваат во името Иисусово, но евангелието кое го споделив не' учи да се крштеваме во името на Отецот, Синот и Светиот Дух. Ако некој не е крстен во името на Најсветата Троица - мора да се крсти исправно, како што Павле ги прекрсти крстените во покајно крштевање . (Види во Делата на Апостолите)
Изгледа исто мислиме ама не се разбираме, како глувиот и немиот. Како и да е, сепак добри се овие дебати за секој христијанин, се надополнуваме едни со други и учиме нешто повеќе.