Ај да заклучиме. Вера без дела е мртва. Спасението е неможно и покрај милијарди добри дела без крштевање, а особено без Крстната Христова жртва. И всушност спасението е благодатен дар од нашиот Троедин Бог. Крштевањето е едно и се врши во името на Отца и Сина и Светаго Духа. Светото Писмо треба да ни е водител во животот, но тоа не е паднато од Небесата, како што муслиманите веруваат за Куранот, туку е пишувано од мажи вдахновени од Духот Свет и е книга на Црквата.
И двете верски заедници потекнуваат од САД, настанале во 19 век, и двете имаат силна мисионерска дејност. Учењата меѓутоа покрај некои сличности имаат и многу разлики. Мисионерската дејност кај мормоните (правилно се викаат Светци на Подоцнежните Денови - Later Days Saints LDS) ја вршат речиси само младите и тоа во времетраење до 2 години, и ретко одат од врата до врата, повеќе мисионираат на улица. Јеховините сведоци сметаат дека е нивна христијанска должност да ги известуваат луѓето за својата вера и придобивките (вечен живот на рајската Земја). Мормоните веруваат дека настанале поради божествена интервенција - Џозеф Смит (основанчот) го посетиле ангелите и Исус и му кажале што да прави. Јеховините сведоци настанале како резултат на проучување на Библијата од страна на Чарлс Расел и други љубопитни интересенти, тие првично се нарекувале себеси проучувачи или студенти на библијата, дури подоцна името го менуваат во Јех.Свед. Мормоните имаат собиралишта каде вршат проповеди и храмови каде вршат церемонии. Јеховините сведоци своите собиралишта ги нарекуваат сали/дворани на Царството и немаат церемонии. Мормоните немаат симболи, со исклучок на врвот од нивните храмови имаат ангел. Јеховините сведоци за симбол имаат стражарска кула - воедно име на едно од нивните списаниjа за библијска поука (другото е "Разбудете се"), крстот го отфрлаат бидејќи според нив не е во согласност со Библијата (пишува дека Исус бил прибиен на столб, никаде не е спомнат крст). На пр. мормоните веруваат во телесно воскресение но и во задгробен живот и пекол за оние кои и после духовната поука во задгробниот живот ќе го отфрлат Бога. Сведоците на Јехова не веревуаат во душа и задгробен живот, туку веруваат само во телесно воскресение за праведниците (исклучок се 144000 кои ќе биле воздигнати во Небесната влада) и вечна смрт за неправедниците, лошите едноставно ќе престанат да постојат во новиот свет. Мормоните ја користат и Библијата но имаат и своја света книга, книгата на Мормон. Јеховините сведоци ја признаваат само Библијата. Мормоните слават Божиќ, Велигден, не слават родендени. Јех.Сведоци не слават ниту родендени, ниту Божиќ ниту Велигден. Тие велат дека во Библијата не пишува дека тоа требало да се прави, Исус само на последната вечера зел бесквасен леб и вино и ѝм рекол на апостолите правете ми го ова за помен. Така да тие имаат меморативна седница на Велики петок, но не го слават тоа. Moрмоните не ја забрануваат трансфузијата на крв. Јеховините сведоци не прифаќаат трансфузија на крв, сметаат дека тоа е спротивно на библијската забрана за пиење крв. Инаку не сум ниту мормон ниту јеховин сведок, само сум читал нивни изданија.
Здраво. Дали има некој од Битола да знае во колку часот во петок ќе почнува Акатистот кон Пресвета Богородица и дали ќе биде во црквата Рождество на Пресвета Богородица?
Здраво. Можеби прашањево не е за тука.. не знаев каде да прашам. Патот за Бигорски каков е? Одамна не сум била а сакам сама да одам. Има ли наугорници? Кај се наоѓаше точно,знам после Маврово негде.. тоа не е проблем ќе го најдам само ме интересираше дали има високи угорници и дали патот е добар за возење?
Патот е одличен за возење, сега тазе е реконструиран и асфалтиран. Има угорници, удолници, кривини, зошто се работи за планински предели, ама не се воопшто напорни. Се вози до Маврови Анови, па од тука се продолжува по патот за Дебар. Во селото Маврово воопшто не се влегува. Има патокази цело време, нема шанси за да се промаши. Моја препорака е колата да си ја оставиш доле на главниот пат, па ако си во можност пеш да се искачиш до манастирот. Се работи за 2,3 км, а поголеми кривини и искачувања има. Ако си поискусен возач можеш и до горе со автомобил да се искачиш.
Здраво. Имам прашење до муслиманите. Јас сум Христијанка, ама утре сум поканета на ифтар кај муслимани. Во ресторант ќе одиме. Од прилика знам што е тоа, ама ме интересира дали треба да носам нешто и ако а што?
Прво на македонски тоа се вика маслосвет, а на црковнословенски елеосвештение. Не мора да користиме туѓи зборови, кога веќе имаме наши. Маслосветот е света тајна, преку која се ослободуваме од гревовите и добиваме исцеление од болестите. Спомната е во Соборното Послание на светиот апостол Јаков, братот Господов (син на свети праведен Јосиф и првата му жена Саломија). Во Македонија, светата тајна маслосвет се врши за сите на Велики Четврток сабајлето (во некои градови и на свети Игнатиј и на света Екатерина) по светата литургија. Исто за тешко болни може да се врши и дома, во договор со парохискиот свештеник. Оние кои сакаат на Велики Четврток можат да однесат имиња, а оние кои се финансиски стабилни и масло и брашно.
Само да се надополнам, носете си шишенце кога одите на маслосвет, земете си од маслото и кога сте болни или некој е болен во семејството, мачкајте се.
Здраво, се надевам некој ќе знае да ми помогне. Дали некој може да ми помогне и да ме упати каде можам да најдам добар превод на Библијата односно соодветен на некој што не е премногу религиозен и што за прв пат ќе ја чита? Фала
Најдобро е да ја купиш Библијата во црква. Или најдобро е да разговараш со свештеникот или со помошниците во црквата – тие сигурно ќе ти кажат која верзија на Библијата е најдобро да ја купиш Не сум сигурна како е тука кај вас, но во Русија најчесто се користи синодалниот превод — традиционален превод на Библијата одобрен од Руската Православна Црква. Покрај него, имам читано и современи преводи направени од библиски научници, кои можат дополнително да го разјаснат и дополнат значењето на некои делови. Топло препорачувам Библијата да ја читаш заедно со објаснувања и толкувања, особено ако некој ја чита за прв пат. Некои делови можат да бидат изненадувачки или дури и шокантни за неподготвен читател, па токму затоа објаснувањата ќе помогнат правилно да го разбереш текстот и неговата духовна смисла.
Токму затоа и прашав. Идејата ми е да ја прочитам како литературно ремек дело а не како посветен верник, да не бидам погрешно протолкувана.
Здраво на сите, имам некои прашања па ако може да ми помогнете со одговор. Пред да почнат Велигденскиве пости се слушнав со свештеникот што ми е најблиску, ми кажа да постам од понеделник до петок без масло, во викенд со масло. Ми кажа и други работи, ми даде насока. За Божиќ исто тој ме насочуваше, бев и на исповед и причесна. И сега исто одам секоја недела на служба, а по телефон се слушаме кога има потреба нешто што ми тежи да му кажам и да ме посоветува. Прашањето ми е, гледам во недела некои луѓе се причестуваат, а јас во овие пости не се причестив. Незгодно ми е да го прашам.. Дали јас треба да го прашам за причесна измеѓу постиве? Јас отворено си зборувам со него но ете ова ми е незгодно да го прашам.
Нема зошто да ти е незгодно, штом те исповедал и ти дал благослов за пост, ќе го прашаш кога ти е благословено да се причестиш. Оти тоа е малку индивидуално патешествие и секоја душа има различна потреба. Гледај на работата како еден вид лекарски преглед, кадешто секому му се задава според потребите и силата. Духовникот твој го има вистинскиот и единствениот одговор за тебе, тој и те исповедал. Прашај си.
Причестувањето за време на постот не само што е можно, туку и многу важно, ако човек живее во покајание, се моли, се труди и учествува на богослужбите. Постот токму затоа и ни е даден — да се очистиме, да ожеднеме по Христа и да Го примиме со трезвено срце. Ако имаш духовник и сте во жива врска, најдобро е нежно и едноставно да го прашаш. Не мора да биде директно: „Можам ли да се причестам?“ — туку вака: „Оче, се трудам да постам, и чувствувам желба во срцето да се причестам… Што мислите, дали да се подготвам?“ Тоа не е наметливо, ниту дрско — туку едноставно, човечки. А тој ќе те насочи кога и како е најдобро. Смирението не значи да молчиш, туку со доверба да прашаш и да послушаш. Нека ти даде Господ мир и тишина во срцето.