Тешко, многу тешко дека си ја сонувала Света Петка. Ужасно те преплашува нејзиниот лик, ти предизвикува језа, кошмар по кој се будиш. (И тој лик ти е непријател не само на сон, велиш и на јаве). Што мислиш, дали едно лице кое ете, нашло милост да биде светител (а тоа е посебна тема) би требало да предизвика страв и ужас? Попрво мислам дека не станува збор за св. Петка или било каков друг светител, туку за чичко Демон Да, секако побарај духовна помош за ова (разговор со некој свештеник, молитва и сл.)
Прашај се себе си, што за тебе претставува тој лик? Кога првпат и каде си го сретнал? Под какви околности? Дали можеби тој лик си го поврзала со некакво неубаво, или дури можеби трауматично искуство? Мислам дека попрво би можел да ти помогне некој кој се разбира во психологија отколку некое свештено лице.
Мила еве читни за сонот,за кој и oraiaeleni ти објасни за што се работи Морам во спојлер дека е подолг постот Спојлер За недовербата кон соновите – Св. Игнатиј Брјанчанинов Демоните ги користат соновите за безредие и повреди на човечките души. Дури и неискусните монаси себе си штетат, ако обрнуваат внимание на своите сонови. Поради таа причина, неопходно е да се одреди значењето на сонувањето кај човекот, чија природа не е обновена од Светиот Дух. За време на човечкиот сон, состојбата на оној кој спие е таква што, Бог има така подредено, што целосно човекот во потполност одмора. Тој одмор е толку целосен, што човекот за време на сонот ја губи свеста за своето постоење и преминува во самозаборав. За време на сонот се прекинува секоја дејност што е поврзана со трудот и што се изведува произволно под власта на разумот и волјата. Останува само онаа дејност, што е неопходна за човечкото постоење и што не може да се одвои од него. Во телото крвта продолжува со своето движење, желудникот ја вари храната, белите дробови дишат воздух, кожата го испушта испарувањето, а во душата продолжуваат да се множат мислите, мечтите и чувствата, но не во зависност од разумот и волјата, туку по делувањето на несвесната природа. Сонувањето е проткаено токму од такви мечти, следени со мисли и сеќавања. Тоа често станува чудно, бидејќи не припаѓа на човечкиот систем свесно и намерно мечтаење и размислување, туку само произволно и молчаливо се одигрува во зависнот од природата. Понекогаш сонувањата носат на себе печат од неповрзани произволни размислувања и мечтаења, а понекојпат е одраз на моралната состојба. Поради тоа сонувањето, само по себе, не може и не треба да има никакво значење. Смешна е и потполно нелогична желбата на поедини луѓе во матните соништа да гледаат претскажување на своите или на туѓи иднини или било какво друго значење. Како да се оствари тоа, за чие постоење нема никаква причина? Демоните имаат пристап на нашите души додека сме будни, но го имаат и за време на спиењето. И во време на сонувањето тие нас нè искушуваат во гревот, додавајќи на нашето мечтаење свои мечти. Исто така, гледајќи дека ние им обрнуваме внимание на соновите, тие се трудат да ги направат позанимливи, а во нас побудуваат уште поголемо внимание кон таквите бесмислици и малку помaлку ја загреваат нашата доверба кон соновите. Оваа доверба е секогаш тесно поврзана со смисленост, а смисленоста на човекот му дава потполна лажна слика за самиот себе, со што неговата дејност ја губи секоја правилност. За право, тоа на демоните и им е потребно. На оние кои им даваат простор, демоните почнуваат да се јавуваат во вид на светли ангели, маченици и преподобни, дури во вид на Мајката Божја и самиот Христос, олеснувајќи им го животот, ветувајќи им венци небесни и со тоа ги заведуваат на висините од суетата и гордоста. Таа висина истовремено е и погубителен амбис. Треба добро да знаеме дека ние во нашата состојба, додека уште не сме обновени со благодат, не сме способни да имаме други соништа освен душевните бесмислици и демонските прикази. Како што во бедната состојба непрестано никнат во нас помисли и мечтаења од паднатата природа или нас ни ги доставуваат демоните, така и во сонот ние гледаме мечти по делувањето на паднатата природа застапувана од демоните. Нашата утеха во будна состојба се состои од умиление што се раѓа кога постануваме свесни за сопствените гревови, кога си спомнуваме за смртта и судот Божји. Утешните помисли во нас се појавуваат од Божјата благодат што живее во нас уште од светото Крштение, а нас ни ги прикажуваат ангелите во склад со нашата покајничка состојба. Така понекогаш станува и во сонот, но многу ретко, во крајна потреба. Тогаш нас Божјите ангели ни ја прикажуваат нашатаа смрт или маките во пеколот , или Страшииот суд по смртта. Од такви сонови се исполнуваме со Божји страв и умиление и плачиме сами над себе. Но, такви сонови се допуштаат многу ретко, било на подвижникот, било на тешкиот грешник по посебно необјаслива Божја промисла. Нека никој од нас не помисли дека таа ни се дава така ретко поради недарежливоста на Божјата благодат спрема нас. Причината е во тоа што сè она што се случува со нас надвор од вообичаените правила предизвикува кај нас смисленост и го поматува нашето смирение, а смирението нам ни е толку неопходно за спасение. Волјата Божја, во чие исполнување се состои човечкото спасение, прикажана е во Светото писмо така очигледно, така силно и така детално што поради спасението најчесто е отповеќе и непотребно да се нарушува општото правило. На умрениот богаташ, кој гомолел Лазара да им се јави од оној свет на неговите браќа за да ги убеди од широкиот да преминат на тесниот спасоносен пат, му е кажано: „Го имаат Мојсеја и пророците, нив нека ги слушаат“. А кога тој повторно рекол: „Не,… туку, ако некој од мртвите отиде при нив, тогаш ќе се покајат“, добил одговор: „Штом Мојсеја и пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите тие нема да му поверуваат“ (Лука 16:29-31). Искуството има покажано дека многу од тие кои се удостоиле во сон да видат митарства, страшниот суд и други задгробни ужаси, биле потресени од глетката за кратко време, а потоа се опуштиле, заборавиле што виделе и продолжиле да живеат како порано. Напротив, оние кои немале никакви виденија, туку внимателно се поучувале во законот Божји, постепено се исполниле со страв Божји, достигнале духовен напредок и радост што се раѓа како вест за спасение и преминале од земската долина на плачот во блажена вечност. Свети Јован Лествичник вака говори за учеството на демоните кога сонуваат монасите: „Кога ние поради Господа го оставаме својот дом и домашните, и се предаваме на монашкиот подвиг поради љубовта Божја, тогаш демоните ни се одмаздуваат поради тоа и пробуваат да не вознемират преку соновите, прикажувајќи ни ги нашите роднини како плачат или умираат, или се во затвор и се изложени во неволја поради нас. Кој им верува на соновите, сличен е на оној кој се труди да ја стигне сопствената сенка и да ја фати. Демоните на суетата нам ни се прикажуваат во соништата во облик на пророци, благодарејќи на својата лукавост претпоставуваат што може да се случи во иднина и нè известуваат нас за тоа, како би паднале ние, кога ќе се исполни видението во недвосмисленост и би стекнале за себе високо мислење, како да сме веќе близу до пророчкиот дар. Демонот често станува пророк на оние, кои му веруваат, а за оние кои го презираат демонот е секогаш лажливец. Бидејќи е дух, демонот гледа сè што се случува во воздухот и кога ќе сфати дека некој умира, тој веднаш го известува лакомислениот човек за тоа во сон. Демоните не можат однапред да знаат ничија иднина, бидејќи инаку и гатачите би можеле да ја претскажуваат смртта. Тие се прикажуваат како светли ангели и често земаат на себе лик на некој маченик, и така во соновите ја прикажува нашата соработка со нив, а кога ќе се пробудиме, предизвикуваат кај нас радост и замисленост. Тоа нека ти биде знак за прелест (демонска заведеност). Светите ангели покажуваат мака и смрт, со тоа што после будењето се исполнуваме со страв и трепет. Ако почнеме да им се покоруваме на демоните во соновите, тогаш тие ќе почнат да ни се потсмеваат и во будна состојба. Оној, кој верува во соновите, потполно е неискусен, а кој не верува во ниеден сон, навистина е мудар. Верувај им само на оние сонови, што ти прикажуваат мака и суд, но ако по таквите сонови почне да те обзема очајание, тогаш и тие се од демоните“ (Свети Јован Лествичник). Преподобен Касијан Римјанин кажува за некој монах, родум од Месопотамија, кој живеел во осамнички и испоснички живот, но пропаднал заведен од гледање демонски сонови. Кога виделе дека монахот малку се грижи за својот духовен развој и дека целото свое внимание го насочил на телесниот подвиг и нему, т.е. на телесниот подвиг (па со тоа на себе), си придава големо заначење, тие почнале да му прикажуваат сонови кои по демонското лукавство почнале да се остваруваат. Кога монахот се зацврстил во верувањето во своите сонови и во самиот себе, ѓаволот му ги прикажал во прекрасен сон Јудејците како се насладуваат со небесните блаженства, а христијаните како се мачат во адските маки. Демонот, се разбира, зел на себе изглед на ангел или на некој старозаветен праведник и притоа го посоветувал да прими јудејска вера, како би добил можност и тој да учествува во блаженството со Јудејците, што монахот без никакво расудување го исполнил (Слово за расудување, Добротољубие, 6. дел). Ова што е речено доволно е да им објасни на нашите возљубени браќа, на современите монаси, колку е неразумно да се обрнува внимание на соновите, колку уште повеќе е неразумно да се има доверба во нив и каква страшна штета може да предизвика таквата доверба. Од водење грижа спрема соновите, безусловно во душата се поткраднува доверба во нив, па поради тоа строго се забранува обрнување внимание на соновите. Секако, природата обновена со Светиот Дух се управува сосема со други закони, за разлика од природата што паднала и загризала во својот грев. Со обновениот човек раководи Светиот Дух. „Ги загреала благодатта од Божествениот Дух, – вели преподобен Макариј Велики, – и се населила во длабочината од нивниот ум; за таквите Господ е како сопствена душа“ (Слово 7, гл. 12). И во бдение и во сон тие пребиваат во Господа, надвор од гревот, надвор од земските и телесните помисли и мечти. Помислите и мечтаењата, што за време на соновите се наоѓаат надвор од доменот на човечкиот разум и волја, кај другите луѓе несвесно им се покоруваат на потребите од паднатата природа, и кај овие делува по раководство на Светиот Дух и сонувањето од таквите луѓе имаат духовно значење. Така, праведниот Јосиф во сон бил научен за тајната на овоплотувањето на Бог Слово, во сон му е заповедано да бега во Египет и да се врати од него (Матеј гл. 1 и 2). Соновите што ги испраќа Бог носат во себе неискажана убеденост. Таа убедливост им е јасна на светите, а несфатлива е за оние, кои уште се борат против страстите.
Карактеристични се оние сонови на одредени луѓе, кои сонувале светци, кои пак им било кажано во сонот, на одредено место да изградат црква, потоа тие ја градат истата црква.Која откако ќе се изгради, секако како било која друга црква, е посетена, егзистира како Божји храм.Така да, не е тоа нешто, што не би се земало во предвид, кога станува збор за сонување светци.
Феминката се исплашила, поради тоа што вели дека е атеист и такво нешто, да сонува прв пат и се случува.Нејзината реакција, не е чудна, сосем нормално, токму заради тоа што рече била атеист, не одела во црква, значи на некој начин нејзе тоа и е нешто ново, затоа и се исплашила.Барем мислам дека е поради тоа, знам дека рече се ужаснува од нејзиниот лик и сл., но причината за нејзиниот страв мислам дека е таа, секако не можам со сигурност да тврдам, само претпоставувам, затоа и напоменав претходно да појде во црква, ако е атеист, секој може во црква да влезе, бидејки можеби ќе престане да ја сонува.Сега, самата членка нека си одлучи, што ќе прави, не мора да ме слуша мене или било кој тука, мое е да си кажам, како таа ќе реши, така нека биде.Може и да се посоветува со свештено лице, ете најдобро некој теолог да праша, значи лично да се види со теолог, чисто информативно, секако доколку сака самата.
Да да и јас сум за да отиде до црква, но сакав и кажам тоа што се исплашила е оној другиот, а не светец и за тоа е добро да си појде во црква. Така е Gordana10 подобро е да појде и да позборува со некој кој може подобро да и објасни. А ако е св Петка, јас не верувм дека и атеист би се исплашил од нејзиниот лик, напротив, оние кои сонувале светци кажуваат дека чувствувале блаженост и смиреност. Него јас сакам да прашам Како всушност треба да се одвива еден погреб (сахрана)? Како биле погребувани светците? Како бил погребан Исус? Како Мојсеј? Како апостолите?
Тука чувството во душата е поважно од реакцијата од изгледот. Јас сум имала секакви соништа, но кога било за убаво, како предупредување, воопшто не сум се ни сеќавала на изгледот, туку на чувството на мир и безбедност. И сум знаела дека е за добро. Реакција предизвикана од изгледот надворешен, мене повеќе ми изгледа како на “работа“ на еден друг... подготвен е да прими секаков лик да не` намами и измами. Во овој случај, мене ми изгледа како да е нешто што сака уште повеќе да те оттргне од верата. Но, јас бев советувана правилно на времето да не се опседнувам со соништата, некогаш носат корисни предупредувања, но не смеат да ни` станат опсесија. Дури тогаш, отиде мирот.
Дали девојка додека има циклус смее да се напие крстена вода и да се измие? Знам дека не смее да целива икони и да се причести, но ме интересира за ова.
Мислам дека смее да се напие крстена вода. Инаку, за ликот на Светка Петка на сон, страшен е и језив, го имаме сонувано и јас и сестра ми. Беше во форма на стара баба во црно, и кај сестра ми и кај мене и и ден денес ми предизвикува морници. Како што пишувам се ежам. Моето прашање е зошто на девојчиња, жени, девојки не им се дозволува да одат зад олтарот во црквите? Нели има како порти и зад тие порти има мала просториичка. Знам дека еднаш како помала влегов, попот ми се скара, го прашав зошто и ми рече знаеш зошто не смееш да влезеш таму. Се направив дека знам и си излегов. Еве за кои порти зборував.
Премудриот Исус, син Сирахов за соништата вели: „Соништата многумина заблудиле; пропаднале и оние што во нив се надевале.“ (Прем. Сир. 34:7) Православното трезвеноумие за соништата и виденијата нè почува: ако се од Бога, не сум достоен; ако се од сатаната, не ги сакам. Соништата ако се од Бога, би побудиле ревност, покајание, а не страв или гадење. Прашање до сите кои ја сонувале "света Петка". Како знаете дека токму неа сте ја сонувале и која света Петка наводно ви се јавува? Има барем пет светици со име Параскева (Петка). Изгледа, успеал ѓаволот да протне хула на Бога и неговите угодичнички, дека ги измачуваат луѓето во сон. За сите вакви дилеми, најдобро е да се консултирате со свештеник, кој ќе препише соодветен духовен лек: молитва, исповед, причест и сл. Олтарот е место каде се принесува бескрвна жртва, а не корзо. Во олтарот не се влегува без благослов или посебна потреба. Забраната важи и за мажи и за жени.
Жени воопшто не влегуваат во олтарот. Мажи може после пеење од свештеникот. Забележете како е на крштевка на машко дете и крштевка на женско. Верниците треба да знаат дека Олтарот, каде се наоѓа Чесната Трпеза,односно местото каде свештенослужителите ја водат богослужбата, е свето место и не смеат да влегуваат внатре без благослов на свештеникот. Строго е забрането влегување на жени во Олтарот, местото кое е наречено ,,Свјатаја свјатих,, Тоа е забрането канонски затоа што жената има дар од Бога, а тоа е плодноста. Месечниот циклус кај жената е проследен со крвавење, а последната крвна жртва за нас, христијаните, е Господ Исус Христос. Затоа на жените отсекогаш им било забрането да влегуваат таму. Единствена жена што влегла во светиот олтар е Богородица, која на денот на Воведението, светиот пророк Захарие, без да знае, веројатно воден од Господ, ја внел во светијата на светиите во старозаветната црква, каде што и правосвештеникот влегувал само еднаш во годината. Исто е и со жени на Света Гора. Последна жена што стапнала таму е Дева Марија
I mazi i zeni, site sme ednakvi. Bog ne sozdal kako lonce i kapace. Onamu kade moze da stapne maska noga moze i mojata. Kako toa ne sme cisti? Pa toa e dar od prirodata za da mozeme da ragame. Ne deka imam golema zelba da vlezam vo oltarot ama Isus ne biral koj smee a koj ne, da mu se priblizi. Izvinete za lat
По правило жени не пуштаат на Света Гора, ама дека Марија Дева е последната жена која стапнала таму, не е вистина, дури и после забраната донесена 1045 година имало исклучоци. Туку ајде за жени е забрането, да ја свариме логично причината за да не се ставаат во искушение монасите. Ама зошто и домашна стока од женски род е забранета? Што врска има крава или коза со вера, со монаси и манастири? Ако е од женски род не е жена.
Жените биле најверни следбенички на Исус. Во Дела апостолски, Бог му вели на Петар: "Не го сметај за нечисто она што Бог го очистил" (се однесува на храната). По таа логика, ако жените се нечисти, требаше да се придржуваме уште по Мојсеевиот закон, на крајот на краиштата зошто ни е Нов Завет? "Нема веќе ни Евреин ни Грк, нема веќе ни роб ни слободен, нема веќе ни машко ни женско, зашто вие сите сте едно во Христос Исус". (Галатјаните).
Kако може некој да меша Христијанство со Witchcraft? Нели сето тоа е ерес? НЕЛИ ВЕШТЕРКИТЕ ТРЕБА ДА ГОРАТ? Со која цел врзуваш елемент а воедно им наредуваш ( ако ја знаеш основата на мистицизмот ке знаеш дека на ниту еден елемент не-можеш да му наредиш, а единствено што можеш да искористиш се неговите енергии, на кои исто така не се наредува), како го нарекуваш Исус бог, кога не е, туку е само син на бог и од кај ти е идејата дека ИСУС е господар на универзумот? Знаеш ли дека Исус себе-си никогаш не се нарекол бог, туку Син-божји? Зборуваш за христијанство кое не го познаваш, пишуваш за работи кои си немаат врска, шириш не-знаење и лага. Основните Елементите Земја, Воздух, Вода и Оган, не се дел од егзорцизам, зошто тие се материјални ентитети, Демоните се спиритуални нижи. Од кај ти е идеја дека демоните се злобни, и дека наштетуваат? (од холивудски филмови). Во Гоеција напишана од страна на Цар Соломон (нема тоечен историски доказ) се опишани 78 демони и на што секој може да те подучи, секако ако знаеш како да го повикаш и замолиш, секаде пишува дека демоните се егоистични и горди, и затоа треба да се внимава при работа со нив. Понатаму работите кој си ги набројал под поим религија, не се дел од неа. Демони, Ангели, Духови, Вештерки ( се луѓе кој практикуват магијска и/или магиска пракса, а Witchcraft - от не е религија туку пракса, и вампири ( односно луѓе кој крадат/земаат енергија) се дел на Окултизмот односно Мистицизмот.
По она што го пребарав на нет за темава, за нас не најдов никаде, сум видела слепи луѓе со стап кај нас, а со куче водич досега не (веројатно не е тоа кај нас се`уште толку распространето) некаде се дозволени кучињава, нагласувајќи ги како исклучок, бидејќи генерално животни не се дозволени, некаде не. Во еден инцидент од 1999 година за којшто ќе ставам линк подолу, Грчката православна црква во Канада пример, си стои цврсто до ставот дека не треба да се дозволуваат животни во црква без исклучок. Свештеник казнет затоа што забранил влез во црква на куче водич на слепа жена. Грчката православна црква размислува да поднесе жалба во корист на свештеникот. Генерално според мене, на животните не им е место во црквата. Значи зборувам меѓу светите предмети, агиос во една друга тема многу убаво си објасни, затоа што немаат разум како нас луѓето и можат да ги осквернат предметите внатре. Но, овие кучиња водичи веројатно се некако дресирани, но не знам колку тоа дресирање го контролира нивното однесување. Доколку постои некоја гаранција дека нема да осквернат некој црковен предмет, би требало да бидат дозволени како исклучок. Има земји во коишто постојат закони со коишто на слепите им се дозволува да одат секаде со куче водич (не знам дали и во Обединетото Кралство важеше истото) и таму веројатно мора да дозволат. Не знам колку е тоа правилно, поделени ставови имам по ова прашање, како што и самото варира од парохија до парохија веројатно. Во САД мислам дека е дозволено кучето водич да те придружува секаде, со тоа што сопственикот на кучето одговара за штетата која истото може да ја направи. Сепак, постојат низ светот и слепи свештеници кои ја користат помошта од вака тренирани животни така што би можело да се направи исклучок и да се обезбедат притоа услови во коишто животното нема да направи штета. Нешто поново на темава: Pope Francis Makes Exception To Bless Guide Dog.
Јас сум тренер волонтер во земјава и на пат ми имаат оставено неколку месечни кучиња на чување и тренинг по две недели. Затоа и ме интересира дали буквално секаде им е дозволено откако станат водачи. Кога јас ги водам, ги водам со значка и специјален каиш, значи обележани сме дека сме во тренинг и буквално од никаде не сме вратени а имаат право и од продавница да ме вратат ако сакаат, зошто сепак сме во тренинг и не е станато официјално асистент, ниту мене ми е водач. Дресурата е интензивна, првата година од нивниот живот ги тренираме волонтери со претходно положен тренинг за да знаеме како и со редовни инструкции и помош од организацијата. После една година одат во „академија„ 4 месеци, каде им го ставаат градникот за водење и ригорозно ги тренираат секој ден за на крај од периодот да положат за водачи. Доколку не го положи тој тренинг не станува асистент, туку миленик за некој трет со екстремно добро однесување. За таа една година, кучето е веќе истренирано да застане на секои степеници, на секоја врата, да лежи мирно и по 3 саата под маса, да не мрда на фудбалски стадион, на воз, да оди во веце исклучиво под команда, не на секоја втора бандера да крева нога. Значи, кога станува збор за однесување, кај водач слободно можеш да очекуваш 100% контрола над животното. Дете од 5 годишна возраст ќе направи пакост, кучето нема. Ама куче е. Животно е. Тоа што со годините сме научиле дека ние можеме да ги користиме како наши очи, уши, или десна рака не го менува фактот дека е сепак четириножна животина. Во ВБ црквите ги прифаќаат. Ама не ми е јасно дали е од религиски аспект во ред тоа. Христијанството е исто за сите, без разлика на општествените разлики. Имаше неодамна случај и да муслиманско слепо момче добие куче водач овде, иако им е спротивно на исламската религија. Дозволено му е и да влезе во џамијата со кучето во која оди, само не во местото каде се молат. Тука ми доаѓа прашањето. Има ли пишано правило за животни? Или отстапки се прават во денешно време како ни одговара на нас, а не како треба според учењето? Инаку според мене, не е работа на свештеникот, или оџата да одлучува дали ќе пушти човек со куче водач да влезе. Тие се газди и домаќини дома, додека црквата или џамијата се божји храмови, се менуваат попови и оџи, и сигурно не се тие оние кои ќе одлучуваат кој или што смее да влезе. Закон е едно, ама сигурно има некаде црковно правило. Или нема?