Знам дека е офф топик, и ставот на православието е дека не треба да се придава значење на соновите. Но, ме интересира доколку некој од Вас може да ми каже дали треба нешто да направам, поточно ноќеска сонив како при разговор во сон со една личност се се затемни, се ми беше црно пред очи, само слушнав глас што вели: св. Ѓорѓија е мојот заштитник и сонот заврши.
Не бадијала се рекло да не се осврнуваме на соновите. Затоа што некогаш тие се алатка на сосема други , пониски енергии што се обидуваат да не навлечат во помрачната страна на духовноста. Затоа избегнувај да ги толкуваш со духовна димензија туку како игра на потсвеста, што твојот ум сака да ти каже. Сите светии се молат за сите нас, за целото човештво, затоа се и светии , оти се доброљуби, оти ги сакаат луѓето и им го пожелуваат спасението на сите. Сепак не е лошо да си спомнеш за свети Ѓорѓија. Сигурно си имала нешто такво на памет, во спротивно ќе требаше да истражуваш на кој св.Ѓорѓија, оти не е единствен светец со тоа име. Опушти се, сонот е сон. Некогаш јас знам многу да се вознемирам во сон и мозокот ми се програмирал токму пред будење да се обидам да ја кажам Оче наш и ми помага. Ова зборувам за ноќни мори и слично. Иако пред некој месец во сонот истото го сторив и машкото што ме исплаши во сонот само ме фати за рамо и ми рече ,,Не мислиш сигурно дека ова ќе ме исплаши." Ама веднаш потоа се разбудив и отидов во црква прва прилика позборував со свештеник. Така што, сон е. Колку го сфатиш посериозно, толку полесно ќе те напаѓаат тие ниски фреквенции преку истиот.
Да, треба после секој сон треба да се консултираме со свештено лице кога сонуваме светители, јас неколку пати имам сонувано и се консултирав со духовникот!
Само што треба да се пази, некогаш божем светец да не видиме нешто друго, оти не смее да заборавиме дека ние во обичниот брз свет сме премногу подложни на падови за да навистина ни се види некој светија.
Здраво дечки како сте? Прв Велигден период откако сум странција да не сум дома и да морам да работам. Мене превозот за работа ми е многу рано сабајле и никако не можев на изгрејсонце да вапцам јајца. Дали имам фора до зајдисонце да ги завршам или?
Здраво дечки, дали знаете каде можам да најдам богослужбени текстови за овој Велигденски период. Покрај тоа, во текстовите има и делови што се викаат гласови, подобни стихири и слично. Дали има место кадешто можам да ги следам затоа што сакам на службите да си ги читам паралелно, оти не се на нашки кадешто сум. Фала и Бог на помош на сите.
Дечки, мн ми е тешко, бидејќи не стасав да појдам до црква, свеќа да запалам. Едвај се разбудив со главоболка од синусите и паралелно забоболка. И сега мислам ептен се изнервирав.
исто така. Благодарам мирна Божја ноќ. Старословенскиот (за нас помладите) е малку покомплициран, па убаво е да Ја имаме литургијата во пишана форма.
Може некој да ми објасни зошто се внесува машко бебе позади олтар? Ми останало некако во сеќавање дека по крштевка, бебето се носи позади олтар, а синот кога го крстивме, попот не го направи тоа. Е сега, крштевката не беше во црквата баш внатре, туку во друга просторија во склоп на црквата кај шо нема олтар, ама сепак. Ми остана во мисла..
Кога палам свеќа за друг во црква, ја бакнувам прво свеќата, дали и вие правите така? И дали е во ред тоа? Пошто луѓето чудно ме гледаат кога го правам тоа. А имам читано дека така кога бакнуваш ја бакнуваш личноста за која палиш. Глупо е духовникот да го прашам за ова?
Никад немам бакнато свеќа пред да запалам за некој друг. Немам ни видено некој друг да бакне свеќа. Може затоа погледите, повеќето луѓе не бакнуваат. Како е исправно, нека каже некој што знае.
Хелоу, и јас имам едно прашање. Зошто мора да ги бакнуваме иконите и какво значење има тоа во Православието?
Каква врска има прашање извини? Јас само прашав колку да знам од религиозен аспект, ако некој сака да одговори слободно. Немојте да ме разберете погрешно
Доколку одговоревте на прашањето што Ви го поставив, ќе одговоревте и на прашањето, кое Вие го поставивте! Но, за жал не секогаш сакаме да размислуваме. Нашите блиски ги бакнуваме затоа што ги сакаме и почитуваме. Исто е и со иконите, ги целиваме затоа што ги сакаме и почитуваме оние, кои се изобразени на нив.
Ако не сакаш не мораш да бакнуваш, не се бакнуваат од што мораш, никој не рекол дека мора да ги бакнеш..