Исто ако може да каже некој кој му читале молитва пред моштите каде да се обрати дали кога ќе влезеш или надвор негде пред да влезеш кај Св Василиј.
Во сите храмови од 8 часот почнува литургијата без разлика дали е во Соборна, или во некоја црква/манастир.
Nedozvolivajte svetskite lideri da ja ubijat covecnosta vo vas, site luge se isti bez razlika na boja na koza, za vera ne ni diskutiram, najgolema svetska farsa, najlesen nacin za kontrola na opstestvoto. Personally I don't obey to religion, honestly I dislike it
Јас кога бев пред неколку години, сите носеа бели машки чорапи, или пак волнени чорапи. Јас однесов бели чорапи бидејќи така имав слушано, или волнени или бели чорапи. Се носи и коцки шеќер, ама нив не ги оставаш таму, си ги враќаш дома и си ги јадеш за здравје, по желба им даваш и на блиските. Ти посакувам убаво да си поминеш
Здраво до сите, дали би можеле да одделите кратко време да ја пополните акентата? https://docs.google.com/forms/d/e/1...bSENKRJO9gkS-_lq4SbB09-bQ/viewform?usp=header Би благодарам однапред за одвоеното време.
Добро утро Вака девојко одлучив дека сакам да се замонашам , кој е постапката ? Инаку го сакажм источниот дел во мк , дали познавате женски манастири или упатете ме некаде Однапред ви благодарам
Здраво на сите, се извинувам доколку прашањево не е за тука. Не знаев каде да прашам. Во последно време се осеќам многу напнато, како ништо да не ми иде од рака, некако безвезе.. осеќам голема потреба да отидам на Острог, меѓутоа сакам сама да одам, без никого, сакам малку да поминам време со самата себе, да се смирам. Сепак ми е малце страв и срам, никогаш не сум патувала сама. Што мислите за тоа, дали некој од вас има одено сам/а, да сподели искуство? Благодарам!
Да. Кој Ве научи да се причестувате за време на циклус? Дали знаете што е светата причесна? Дали знаете што се случува кога ќе се причестиме? Дека нашата крв се меша со Христовата крв? Дали знаете, дека секое свесно проливање на крв за време на причестувањето значи леење и осквернување на светата тајна - Причесна - вистинско тело и крв Христови? Не е проблем циклусот! Проблем е леењето на крв. Значи пред да донесете ваква одлука, прво треба да појдете во повеќе манастири. Посетете ги, запознајте се со начинот на живот во секој од тие манастири. Видете дали тој начин на живот ќе Ви одговара и дали ќе може да го живеете. Поседете како гостинка барем по 2-3 недели во секој од манастирите и потоа вратете се дома, 40 дена молете се интензивно на Бога и Пресвета Богородица, на свети Наум и света Параскева, па потоа одлучете во кој манастир би започнале духовен подвиг. Монаштвото е многу сериозна работа.
Може не сум во право, но не можам да разберам зошто толку многу правила се поставени за жените? Од ставањето сукња во некои манастири пред влез (разбирам ако си непристојно облечен, но зошто и кога си?). Потоа правило дека не смееат да влезат зад олтарот, не смеат да се причестат за време на циклус. Па циклусот е дел од нас, од женственоста. Кои правила важат за маж? И дали воопшто ги има?
Според мене, циклусот е природен процес и сметам дека ниту една жена не смее да си ,, забранува'' да влезе в црква. Не сметам дека жената е нечиста, нема да ве зарази
И мене ова ме интересира. Ништо од ова нема ниту во библијата, од секогаш ме интересирало од каде ни потекнуваат обичаите. Има за циклусот дека е нечиста жената, ама денес има доста развиени хигиенски навики.. Ако некој знае повеќе нека пише (може и лп, ако е премногу за тука).
Тоа сакав да кажам. Во денешно време жените водат повеќе сметка за хигиената за време на циклус отколку порано.
Се ви е тоа поради плодот што го изела Ева. Се шалам.. Да не ве цитирам сите ќе се надоврзам само на муабетот. Она што не потекнува од Библијата, потекнува од Црквата (пренесувани традиции, од свештеници..) Што се однесува до циклусот во Библијата да има дека жена е нечиста во тие денови и тоа е од стариот завет, ние се водиме според новиот завет таму такво ограничување нема, дури Исус дозволува да му се доближи жена која што е во циклус и да ја излечи (евангелие по Матеј). Според ова не постои јасен закон за ова во Библијата и жена може да влезе во црква за време на циклус, па дури и да се причести, не е грев. Причеста си потекнува од Библијата и тогаш верникот прима тело и крв христова. За олтарот имаше прашање и тоа потекнува од Црквата, олтарот се смета за најсветото место во црквата и претставува небесен свет, а жената се смета за сторител на земниот свет и тоа е причината. Друго прашање имаше во врска со сукњи за жените во одредени цркви, мислам дека тоа потекнува од св. Василј Велики (не ме фаќајте за збор) и е кодекс на облекување на црквата. Не сум имал прилика да слушнам или видам како се однесуваат во црвите доколу маж влезе во шорцеви, тука не можам да кажам ништо, ама и тоа е против кодексот на црквите. Правилата за мажите се исти како за жените, со тоа што немаат циклус.
Тоа со сукњите и шамиите, се правила на манастирите кои ги посетувате. В црква никој не ви забранува да доаѓате ни по пантолони, ни без шамии... В олтар може да влегуваат и жени, кои се посветени. Истото важи и за мажите. Ни секој маж не може и не смее да влегува в олтар, ако не е посветен. Олтарите не се автобуска станица па секој да може да влегува во нив. Еве и јас, иако сум маж, ако имам ноќно семетечение не смеам да се причестам. И што треба да правам? Да протестирам? Поради хигиенските навики сега жените слободно влегуваат в црква, но не може да се причестуваат, затоа што со најпрости зборови, ќе им истече Причесната.