1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    600
    Пол:
    Машки
    Има многу случаи кај што жени прашале свештеник да се причестат и добиле дозвола...
     
  2. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    969
    Кое е објаснувањето од религиозна гледна точка, да на починато бебе му се оди на гроб (бдв. без име) и пали свеќа само до 40 дена. Тоа е кажано од свештеник пред 40 + години. Од ваквите имам мн. конфликтни мислења за црквата кај нас. Ова го дознав пред повеќе од месец дена и уште не можам да го сварам, зошто се работи за мн. блиска личност.
     
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    44.682
    Кое е објаснувањето у 21 век као жени уште да терате вакви малограѓански и шовинистички, па и пагански адети? Небитно која религија.

    Па и да ми кажува некој кога ја да одам на мое дете на гроб ? Дали сте вие нормални бре?
     
    На Just.do.it, Adidas888 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  4. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    969
    ти олесна? ништо битно не кажа. ни си разбрала, ни пак ќе ти објаснувам тебе.
     
  5. Eunoia

    Eunoia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2023
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    425
    Пол:
    Женски
    @Orthophill во ред е, не протестираме и не се буниме и ние, сите правила се прифатени. Примерите што ги наведов се сето она што ми падна на памет и мој личен впечаток дека важат повеќе за жени. И пак ќе кажам, освен правилата за однесување и кодекс на облекување кои важат за двата пола, тоа со ставање на сукњи е дополнително за нас. Пишав затоа што ми се има случено свештеник да не ми дозволи да влезам во манастирот без да ставам сукња иако сум била пристојно облечена - во панталони.

    Ќе го додадам уште ова: Многу често го слушам терминот "нечиста", и сметам дека не само што не е прилагоден во контекстот во кој се употребува, туку и дека на ниту еден начин не е поврзан со физиолошкиот процес кај една жена.
     
    На Just.do.it и Orthophill им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.889
    Допаѓања:
    41.402
    Пол:
    Женски
    Ајде погоди од три пати
     
    На theowndemon и Eunoia им се допаѓа ова.
  7. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.540
    Допаѓања:
    28.482
    Пол:
    Женски
    Ако Ева го изела јаболкото, тогаш зошто мажите имаат адамово јаболко во грлото? :?:
    Хммм, некој овде лаже.
    Мажи.....
     
    На theowndemon, Just.do.it, Лејди Гага и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    600
    Пол:
    Машки
    И Адам јадел, ама прво Ева.
    И после кога Бог го прашал зошто јадел од плодот, Адам рекол "Не сум јас виновен жаната што ти ми ја даде ме наговори". Епа и денес така правиме, кога ќе направиме нешто лошо велиме жената е виновна. :rofl:
     
    На Лејди Гага и Adidas888 им се допаѓа ова.
  9. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    15.769
    Пол:
    Женски
    Извини скроз, ама ниту еден свештеник не смее да кажува што смее и не смее. Помудро да си молчат ако не се усогласени, а тука има доста различни мислења (се имам најдено на муабет). Има некои што општо се залагаат за често посетување на блиските по смртта. Тука секој сам ќе си осети колку и како треба да оди, едноставно не е нешто што може туку-така да се одговори и нема (не)правилни одговори. @*katja*
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mickey18

    mickey18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Машки
    @eliesaab можат свештениците да кажуваат што треба и како правилно треба да е, сум бил во повеќе манастири/цркви и во сите места истите правила ќе кажат како треба да се облекуваме во манастирот/црквата, како треба да живееме според религијата, секаде се исти правилата, ако нам не ни се допаѓаат, немора да одиме.
    Иначе за романците, грците, русите па и за србите сме гола вода за верата и почитувањето кон Црквата и верата
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    15.769
    Пол:
    Женски
    @mickey18 не зборувам од аспект на непочитување правила, друго ми беше потенцирањето. Дека не е некоја едноставна тема за да се зборува и тоа е тоа. Верата и почитта за Црквата како институција нема врска со различните народи. Секакви има и меѓу тие што ги наброја, ама нас тоа не треба да нѐ интересира.
     
    На Just.do.it и mickey18 им се допаѓа ова.
  12. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    600
    Пол:
    Машки
    Ме заинтересира и мене ова, баш сега прашав еден пријател што повеќе години помага околу црквата и има доста познавања.. Тој вели дека вакво прави не постоело според црквата, само различен е начинот на погребање ако детето не било крстено. Ама може да се молиме за тоа дете и да палиме свеќа дури и да не е крстено, затоа што не е тоа виновно што не е крстено.
    Точно е она што го кажа @eliesaab често она што го кажуваат свештениците е нивно мислење или некој обичај што и тие го стекнале од таму кај што потекнуваат, а може да биде и суеверие да не е поврзано со црквата. Добро е ако нешто што ти кажал свештеникот и ти изгледа сомнително, да прашаш уште некој свештеник, да провериш во Библија, да се распрашаш, за да знаеш што е вистината.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    4.703
    Пол:
    Машки
    Овде не станува збор за верска забрана, туку веројатно попот сакал да ги поттикне родителите, да не жалаат премногу, ами да го продолжат животот. Големата жалост и сами сте свесни, дека негативно влијае врз човечката душа.

    Види вака, дали знаеш колку сакам летно време, на +40С да појдам в црква по куси пантолони... И не само в црква, туку и на работа и по институции... Ама видиш мене ми е забрането, само затоа што сум маж не смеам да се шетам со голи ножиња (добро де, солунски диреци подобро да пишев :) ). Еве и ние мажите сме дискриминирани...

    Јас еднаш разговарав со една девојка, прибрана и побожна и ја прашав, зошто носиш пантолони, а не здолниште или фустан. Ми одговори, затоа што в пантолони се чувствувам поприбрана.
    Кога и да почнат в црква да мудруваат, против некого, зашто е "непристојно" облечен, јас секогаш се бунам и ги бранам "непристојно" облечените, особено, ако не доаѓаат редовно в црква.

    За терминот "нечиста" се сложувам целосно. Не може да не' извалка физиолошки процес, па и се' што не зависи од нас. Нашето тело е нечисто само ако блудствуваме.

    ПС: Единствено што е непристојно во однос на одењето в Црква е карминот кога се пристапува кон светата Причесна.
     
    Последна измена: 5 јули 2025
    На Eunoia, daylight и Elenpelen им се допаѓа ова.
  14. MartinaV99

    MartinaV99 Активен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2024
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Како мислиш не смее? Кога одиш во училиште или на факултет професори немаат право да ти кажуваат како треба? Исто и во црква, свештеник ќе ти каже како треба, а твое е дали ќе послушаш. Во црквата постојат канони и правила кои треба да се почитуваат а не како ќе ни прдне на памет. Ако од инат се облекуваш како не треба во црква не знам што воопшто бараш во црква.
     
    На daylight, Elenpelen и mickey18 им се допаѓа ова.
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.569
    Допаѓања:
    8.218
    Пол:
    Женски
    Ти ако си машко, keep your mouth shut на оваа тема!
    Кој тебе те научи дека менструацијата е нешто чудно и нечисто?
    Такви БОГ НЕ СОЗДАЛ. ПОВТОРУВАМ БОГ НЕ СОЗДАЛ. Ако идеме според тоа што вели религијата БОГ не создал совршени. Тогаш зошто за менструацијата се вели дека е нечиста, значи БОГ СОЗДАЛ нешто нечисто??
    Дојди во 2025 година!!!
     
    На Лејди Гага му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.569
    Допаѓања:
    8.218
    Пол:
    Женски
    Ете тоа е тоа. За се е крива жената. Ако тој изневери, жената е крива.
    Е па браво за овие глупи правила испреплетени со религијата.
     
    На Лејди Гага му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    4.703
    Пол:
    Машки
    Душо, прочита што напишав? Или си правиш фикс идеи во главата, а потоа пишуваш? Кај пишав дека менструацијата е нечиста?
     
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.569
    Допаѓања:
    8.218
    Пол:
    Женски
    Тогаш зошто не може според тебе да се причестува за време на менструација?
    Ја имаш прочитано Библијата ти воопшто или кажуваш тоа што ти паѓа на памет прво?
    Во Библијата никаде не пишува дека е забрането причестување за време на менструација.
     
    На Лејди Гага и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  19. mickey18

    mickey18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Машки
    @Just.do.it Црквата има канони и правила за кои свештениците треба да ги кажуваат, Светата Тајна Причест не е играчка за која како сакаме да ја примиме, затоа пред секој пост треба да се консултираме со свештеник и тој да ни каже според тоа како сме спремни дали и кога да се причестиме.
     
  20. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.569
    Допаѓања:
    8.218
    Пол:
    Женски
    Тие правила се изработени од луѓето. Исус никаде нема кажано дека не смее да се причестува за време на менструација.
     
    На Eunoia и Mr.Limonko им се допаѓа ова.