Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Машки
    За нечисто се сметало во стариот завет, и тоа поради лошите хигиенски услови нема врска со менструацијата. Денес е тоа сосема нормално и никој не би ни приметил дека жена е во деновите на менструација.
    Саркастично го кажав ова, нема такво правило, да не ме разбереш погрешно..

    Ништо лошо нема да се случи и да се причести без консултација, без исповед без ништо. На тајната вечер Исус ги тераше апостолите да се исповедаат? Ги тераше да се консултираат како и што да прават?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mickey18

    mickey18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    283
    Пол:
    Машки
    @Just.do.it На вселенските собори се утврдени правилата од светителите, доколку за тебе се обични луѓе светителите тоа си твое.
    @Mr.Limonko знаеш ли дека свештеник не треба да те причести доколку немаш благослов за Причест? Исус за Апостолите знаеше дека се чисти по душа, дека немаат гревови и ги причести.
     
    На Wideperpetual му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    7.997
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека правилата се менуваат и најчесто поповите ги менуваат како што ним им одговара?

    Сте се фатиле само за жените нечисти бла бла бла.
    Ете за почеток прво ти види дали си соодветен и стручен да даваш совети и да судиш што и како треба, па после збори.
    Порано луѓето и на доктор не иделе, зашто нели, религијата бла бла. Да не треба и по ова да се водиме ?
    Никој од религиозните не ми одговори на прашањето, Бог создал се, вклучително и жените. И вие уште велите нечиста бла бла. Дали тоа значи дека Бог создал нешто нечисто, а и со тоа што е нечисто автоматски и несовршено?!
    Излезете од средниот век!!
     
    На Лејди Гага и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  4. mickey18

    mickey18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    283
    Пол:
    Машки
    @Just.do.it Поповите не ги менуваат правилата, знае се според кои правила се водат.
    Јас давам совети да се консултира секој со свештено лице за да му даде совети како треба да постапи.
     
  5. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Машки
    Никој не бил, ниту е безгрешен само Исус бил единствен што одел на земјата а бил безгрешен. Од кај прочита дека апостолите се безгрешни? Исто и свештениците не се безгрешни. И правилата иако се донесени на собир не се заповед од Бог која треба да се слуша, сепак луѓе ги донеле. И свештениците се луѓе како нас. Кога Исус не се двоел од нас и велел дека е еден од нас, кога не се фалел, што се свештениците повеќе од него?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    7.997
    Пол:
    Женски
    Дечко, ај прво оди научи основни факти за религијата.
     
    На Лејди Гага, Mr.Limonko и mickey18 им се допаѓа ова.
  7. mickey18

    mickey18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    283
    Пол:
    Машки
    @Just.do.it Точно многу работи незнам, али знам бар основни работи како треба за Православната религија.
     
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    7.997
    Пол:
    Женски
    Па очигледно не знаеш ни основни работи за Ортодоксното христијанство.
    Сите од Апостолите имаат згрешено. Единствениот без грешка е Исус.
     
  9. mickey18

    mickey18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    283
    Пол:
    Машки
    @Just.do.it да само Исус е безгрешен, Апостолите имаат згрешено но се имаат и покајано освен Јуда. На крајот секој за себе ќе одговара јас за мене, ти за тебе, трет за него. Поздрав
     
  10. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Машки
    Православната религија, или подобро да кажам христијанската се базира на Библијата. А знаеш што вели Библијата "Ако ние или некој друг ви проповеда друго евангелие поинакво од ова, дури и да е ангел од небото нека биде проклет" (Галатјани 1:8 )
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mickey18

    mickey18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2024
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    283
    Пол:
    Машки
    @Mr.Limonko тој што проповеда друго евангелие, тој нека си мисли, освен 4те Евангелија.
     
    На Wideperpetual му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    731
    Пол:
    Машки
    https://www.facebook.com/share/p/1LG9QZegE6/

    Мора прво исповед
     
    На mickey18 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    4.688
    Пол:
    Машки
    Пишав пред малку! Ако читаш селективно - твој проблем!
     
    На mickey18 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Машки
    Ова не е од Библијата, ако грешам докажи со стих..
    Има многу правила кои се измислени од црквата и поради не согласување христијанската црква е разделена на повеќе. А јас од кај да знам која ми ја кажува вистината, кога и правилата за едната и правилата за другата ги кажале луѓе?
    Да убаво е што постојат цркви, места кај што се собираат верниците, убаво е што поставиле хармонија, ред, што нашле интересни обичаи за прослава на празниците. Ама ништо од тоа не мора да правиме, ништо не е запишано во библијата.
    Плус не мора пред свештеник да се исповедаме кај пишува дека мора, се исповедаме на Бог а свештеникот е како сведок..
     
    На Eunoia и Just.do.it им се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.252
    Допаѓања:
    4.310
    Само што Галатјаните го напишал (или така барем вели преданието) Павле, значи тоа е негово мислење, не на Исус.

    Христијанската вера се базира врз животот и учењата на Христос кој бил меѓу луѓето како Исус од Назарет. Фрагменти од тоа имаме во Библијата (на пр. Беседа на Гората) - збирка на различни писанија од различни стари времиња, но тие не се секогаш веродостоен приказ на Божјата порака бидејќи содржат инфилтрација и на човечки сфаќања за Бога.
    Бог нè создал како чисти духовни битија, но материјалниот свет и телата настанале како последица на отпаѓањето од Бога. Независно од тоа, менструацијата е природна појава кај материјалното тело.

    Имаат логика твоите забелешки, но прашањето е зошто очекувате една верска заедница (во случајов православната Црква) да ги промени своите гледишта и правила само затоа што нам не ни се допаѓаат?
    Зошто да посетувам простории и учествувам во обичаите на организација со чии сфаќања не се согласувам?
    Има толку многу други правци и подправци кои можеме (но не мораме) да ги следиме.

    Бог, Вечниот не живее во куќи од камен, ниту пребива во институции и мудрувањата на теолозите, без разлика од која религија велат дека се.
     
  16. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Машки
    Точно, ама Исус не напишал ниту една книга од Библијата им го препуштил тоа на оние кои што виделе, живееле со него и ги оставли понатаму да најдат начин и да го пренесат она што Исус ги учел.
     
  17. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    731
    Пол:
    Машки
    Јован 20:23 На кои ќе им ги простите гревовите, ќе им се простат, а на кои ќе им ги задржите, ќе им се задржат.”

    Еве ти цитат апостолите имаа власт да исповедаат и простуваат гревови а таа традиција подоцна продолжи и со свештениците така да да неопходна е исповед пред причест пак ќе речам
     
    На Elenpelen и mickey18 им се допаѓа ова.
  18. Eunoia

    Eunoia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2023
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски

    Сите правила по кои функционираме се дел од машкиот принцип. Прашање е колку системите по кои живееме, културни, религиски, здравствени, социјални - се воопшто добри? Ако не можеме да ја примениме еднаквоста на сите, тогаш тој систем не е добар. Длабока е темава и нема да навлегувам понатака.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.761
    Допаѓања:
    15.481
    Пол:
    Женски
    ..не сте ги виделе изгледа оние истегани во хеланки што им се гледа расцепот, ама тие не пречат. И те како треба да се има едни јасни правила (додуша и се знаат за тие што почитуваат) како се оди во црква. Да не ги кажувам тие грото што се очајни да црпнат маж. Оти и за тоа не се оди во црква.
     
    На Elenpelen, Orthophill, UnderTheSun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    7.997
    Пол:
    Женски
    Не очекувам да се променат правилата, само да се размисли што всушност е кажано од човекот што од Бог. Никаде нема Исус кажано жена со менструација никако во црква или никако да се причестува.
    Тие правила се од човекот направени.
    Ако ги слушаш поповите, еден од нив не се придржува до правилата кои ги пропагираат. Колку дволично.
    Исто така многу понижувачки е кога се изразувате нечиста за жена која има менструација, која благодарение на таа менструација сте се родиле!
     
    На daylight, Eunoia и Mr.Limonko им се допаѓа ова.