Доволно е што се трудиш... Немора да ти помогне, нема потреба да се нервираш, ќе се најде некој кој сигурно ќе ти помогне.
Да, ама Исус не би дал бадијала такви инструкции и јасно рекол Следете ме! за да станеме совршени како и Тој што бил совршен - свесни синови и ќерки Божји.
Што е потребно и каква е процедурата за крштевка на возрасен? Можеби прашањево не е за форум туку за во црква или манастир каде ќе одлучи лицето да се крштева, но ете, додека седам и пијам кафе да прашам и овде, некој можеби ќе знае.
Сигурно си дознала до сега, ама од работи што се носат во црква - две бели свеќи, жолти свеќи, пешкири, кума или кум. Подетално за плаќањето не знам како оди, тоа можете да прашате во црквата. Јас бев кумата и убаво поминавме.
Имам познаничка, стара жена што служи во црква и ми рече дека во недела не се бања.... Шубе ме фати сега оти секоја недела се бањам....
А ти кажа ли вистинска причина ЗОШТО? Оти во спротивно, само бабини деветини е муабетот без поткрепа со факт. А тебе право од се' те фаќа шубе. Не мора да значи ако служи во црква дека разбира којзнае шо... Колку ги има шо се моткаат ко глувци по цркви, манастири, па тоа не ги спречува и со магии да се бават. Ни до бањање, ни до служење во црква, ни до постење, ни до ништо не е. Само каква ти е душата и мислите.
Седмиот ден, бил посветен на Господ. Да се оди во црква и да се молиме, како бил посветен и за одмор.
Не е точно. 6 дена работи, седмиот одмарај се однесува на тоа дека цела недела работиш па еден ден за одмор ама тој еден ден да го посветиш како благодарност кон Господ за тоа што ти го дал да го имаш, тогаш работеле на отворено па да нема природни штети и катастрофи за да се зачува родот и храната му посветувале еден ден и се молеле да им го чува посеаното и секако да не го заборават Господ па еден ден за него, да не биде коа ти е арно не го бараш туку само коа ти е лошо го бараш па решиле еден ден да посветат за него како благодарност и да чува од лошо. А не дека не треба да се бањаш. Нема логика, чисти глупости и измислици. А баш религијата највеќе за хигиена спомнува да се одржува и духовна чистота и телесна. Ај сеа да не да се бањаме оти некој праел така.
Секој ден е посветен на Господ ако си по верата. Исто е и со молитвата. А за одмор...на кој како му налагаат условите. Дома ако ти плачат 3 деца, со куп домашни обврски и со нив, па утре си на работа и за тоа да се спремаш, не знам дали е недела за одмор
Недела може да биде светиот ден на евтината струја! По три машини у ден, групно бањање, усисавање, готвење на 4 рингли. Повеќето од верниците не го практикуваат правилото ,,седмиот ден одмарај", што води до тоа моето дека ниту си ја познаваат религијата, ниту си ја практикуваат како што треба. Или се селективни, земаат само делови од верата што им одговараат, како традиција, како навика.
Седмиот ден не е ниту недела, сабота е. Исус ја практикувал сабота, ама кога видел дека фарисеите почнале да ја празнуваат како строго правило им рекол "Саботата е создадена за човекот, а не човекот за сабота", така што не треба толку слепо да се гледа на обичаите. Откако воскреснал Исус, во негова чест ден за одмор е недела и тогаш се ставени и литургиите во недела, ова мислам дека е усвоено од црквата (незнам дали нешто се спомнува во Библијата). Ама тој ден треба да се оди во црква и да се посвети на Бог, како што спомна некој пред мене. Порано може не работеле тој ден, ете може и не се бањале за да одат во црква, бидејќи се рачно одело ако се зафатат за работа ќе немале време за црква, а денес имаме време за се.
Ова нз каде да го пишам... Тука или во чудни случки... Имав лош ден денес.... И реков ајде ќе поработам на Псалмите. Си ги заокружував кои ми се битни. И баш застанав на 121. Преубаво чувстуво, дури два пати го прочитав. Си легнав. И еве сега се будам кај 4, верувајте или не, нз како што станав нешто изреагира тв, антената се уклучи светна сина. Појдов до кујна, телевизорот сам се уклучи... Радио имав уклучено иначе канал 77. Имаше тивка музика, дур и ја барав на Шазам која е. Утре ќе проверам да не имам нешто уклучено или сум заборавила нешто.... Само чудно ми беше оти знам исклучив тв...
Дали кај нас постои има случаеви на егзорцизам, за надвор имам читано доста ама за кај нас слабо ? Дали секогаш е со викање со негативни реакции?
Ако мислиш на ритуал за истерување на лоши духови имам слушнато дека римо-католичката црква има некој ритуал, а што и како не знам.. Често стиховите од библијата не се со буквално значење. Бог со ова сака да нагласи дека последиците од гревот често се пренесуваат на идните генерации, ама не значи дека Бог казнува невини, затоа што во многу делови се спомнува како секој си носи последици за својот грев. Јас вака го разбирам овој стих: Овој стих е од стариот завет, луѓето во тоа време имале многу богови, и во што се не верувале, ама тоа верување скоро па секогаш се пренесувал од колено на колено, во што верувал таткото и какви обичаи правел во тоа и синот и така се пренесувал гревот. Овде генерално се зборува за грев како идеопоклонство. Фактички самите родители им пренесуваат грев на децата. Исто во некоја од Мојсеевите книги се спомнува и дека не треба да се убиваат татковците за гревовите на децата и децата за гревовите на татковците.. И овие заповеди и закони од стариот завет важеле за тогашните луѓе Исус кога дошол на земјата го исполнил стариот завет и сега се водиме според новиот. Би ти препорачал прво да го прочиташ новиот завет, доста е и по лесен за разбирање, и се спомнуваат делови од стариот што после по лесно ќе ти е кога читаш од стариот завет... А инаку во новиот завет нема дека Бог казнува заради последиците на родителите, односно секој си плаќа за своите гревови. И никаде не е спомнато дека може да се пренесе грев.. Има дел кај што Исус лекува слеп човек, апостолите го прашуваат зошто е слеп дали поради грев на татко му или негов, на што Исус одговорил дека не е слеп поради грев туку за да се јават делата Божји на него..
Тоа е погрешна интерпретација на некогашните опомени примени преку пророците на дамнешното минато кога зборовите имале друго значење но и свеста на луѓето општо земено била поинаква. Бог никогаш и никого не казнува, затоа што казната подразбира задавање болка, страдање. За да даде некој нешто мора и самиот да го поседува. Во Бога меѓутоа нема страдање туку вечен мир и несебична љубов. Оттаму Бог не може и не дава казни. Меѓутоа Бог не се ни вмешува во дејстувањето на последиците предизвикани од погрешното однесување на самиот човек. Слично како што сонцето со својата светлина овозможува да растат и житотото и плевелот, но не е сонцето тоа кое го засадило и „одгледувало„ плевелот. Што некој сади односно сее, тоа и ќе жнее. Вистинската смисла е дека душата на луѓето тендира да се враќа таму каде има самата удел во некој нерасчистен грев. Тоа што луѓето го предизвикале со своето погрешно размислување, говорење и постапување во некој минат живот ги обележало нивните гени но и душа. Доколку како души не го расчистиле гревот во отадестраното, гревот повторно ги влече како магнет меѓу оние луѓе чии гени соодветствуваат на нивниот душевен товар (грев, карма). Низ различни животни констелации и серија привидни случајности делови на гените стануваат активни, последиците од гревот стануваат видливи на пр. во форма на болест, елементарни непогоди, војни и сл. Луѓето тогаш во своето духовно незнаење тоа го припишуваат на претците(но и на ѕвездите, лошата среќа, или некакви натприродни сили), притоа не свесни дека тие понекогаш се токму самите сопствените претци, реинкарнирани во нови тела во кои ги искусуваат последиците од некогашните сопствени постапки. Повеќе за ова може да се прочита во обемната книга Ова е Мојата Реч Алфа и Омега - Христова објава примена од Христос 1989 година преку пророчката реч наменета за луѓето на денешницата (не Библијата). Постои варијанта која вели: „Што е битно дали згрешил тој или неговите родители, кога делата Божји се гледаат на него?„ (погл. 53 во Ова е Мојата Реч Алфа и Омега - Евангелие Исусово, Христова објава) во смисла ние не би требало да спекулираме за кармата на другите луѓе, тоа си е меѓу Бога и нивната душа. Откако гревот е надминат и преобразен во светлина со Божјата сила, новата здрава состојба е единствено битна.
Кога ќе прочиташ или слушнеш некој христијанин да го спомне зборот карма, бегај подалеку. Во христијанството не постои карма, особено не пак во православието. Членот што го прашуваш кое верување го следи, не ми е јасно ни мене. Знам дека порано спомнуваше некоја пророчица, што и да беше, по име Габриеле, мислам дека таа ја напишала книгата што ја спомнува погоре.