Гледам дека нешто налик реинкарнација спомнува, што е скроз поинакво верување од христијанското. И да и кармата е хиндуистичко верување, во христијанството Бог е опишан како Оној кој спроведува правда. „Не одмаздувајте се сами... оставете место за Божјиот гнев, зашто е напишано: Мене Ми припаѓа одмаздата, Јас ќе возвратам“ (5. Мојсеева 32:35; Римјаните 12:19).
Универзален живот. Се темели на божествените објави примени преку Божјата пророчица за оваа современа епоха, Габриеле од Германија. Како не постои? Кој за мач се фаќа од мач ќе загине - што е? Што човек сее, тоа и ќе жнее, што е? Карма на санскрит значи дејствување које дава некакви плодови. Го употребив зборот бидејќи скратено го опишува она што се случува. Може да се употреби латински збор - каузалност = причинопоследичност, или некој друг. Сееш жито, расте жито, сееш трње, расте трње... Впрочем, членката постави прашање, ние дадовме две различни видувања, повели изнеси ти некое трето ако сметаш дека имаш подобро објаснување за тоа зошто Бог би дозволувал, дури и би предизвикал страдање како казна за невини луѓе за нешто што не го сториле тие, туку нивните предци кои тие воопшто и не ги познавале ниту имале начин да влијаат на нивниот избор и постапки.
Како што знаеме пример св. Наум се слави два пати во годината. Дали иконата на св. Наум, зимски е иста со иконата св. Наум летен?
Иста е. Охридската Архиепископија во времето на светиот архиепископ Јоасаф вовела да се слави летен свети Наум, зашто зиме било тешко да се оди до манастирот и плус зимски свети Наум е во строг пост (кој почнува од свети Игнатиј).
Здраво на сите некој искуство да ми кажи од Острог. Ќе одиме, па најверојатно ќе спиеме надвор пошто нема да закажам во конаците и пошто ќе одиме со колата дали можам да си земам душек за спиење и постелнина од дома?
Ви препорачувам да појдете во црквата св.Јован Крстител Отец Михаил чита молитви ,најчесто после 5:30h ,секој ден Голем спокој и мир се чуствуваат по молитвата Секогаш има многу луѓе и голема гужва
Од кога правилото да жените стојат лево од олтар ,мажите десно ? И ако пример сакам денес да се причестам доволно бо било вчера да постев или преку цела година мора ?
За причестувањето, треба да имаш благослов од духовен отец, кој си го избираш сама, да се имаш исповедано и тој ќе ти ги каже правилата за Причест. А треба да постиш Среда и Петок, како и останатите пости. Но, сепак тоа може да ти го каже само духовен отец, бидејќи зависно од други состојби некогаш може да го изменат типикот.
Пошо видов денес само прашуваше си за причест или не.... А тука читам друго ,како деца знам не се исповедале нашите само постеа и се причестуваа.
Јас сум се причестувала неколку пати и попот има кажано дека за причест е потребно да постиш 7 дена (без масло) пред да ја земеш причеста. Е сега ова е кога се дава причест за големите празници како Велигден или Божиќ. Инаку за да ти направат причест не знам дали може кога сакаш. Најдобро е да си прашаш свештено лице.
Абе мене не ми е проблем да се исповедам чак и ќе ми олесни ќе си кажам маките ама проблем е шо мало место сме сите се знаеме и некои работи не ми оди да ги споделам. Друго исто не знам за во рандом недела како е. Исто и често среќавам луѓе од велигденски пости пример ќе ја испостат првата недела и последната и ај на причест мислам дека ни тоа не е ок.