Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    749
    Пол:
    Машки
    Не треба да те плаши тоа воопшто свештеникот е под завет на молчење за исповедта нема шанса нешто да излезе од тоа што ќе го кажиш немај гајле.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.680
    Допаѓања:
    17.608
    Дали во новата црква на плоштад Македонија, св. Елена и Костадин има да се купи, Библија, Псалтир и др духовни книги?
     
  3. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Дали некој знае дали можам телефонски да закажам крштевка во манастир, или морам таму лично да се договорам околу се што треба?
    Исто така, ме интересира дали може да се крсти бебе пред 40 денови (Голема молитва)?
    Конкретно мислам на Св. Јован (Бигорски и Слепченски манастир). Далеку ми се од место на живеење, од Слепченскиот манастир не најдов контакт, така што ако некој има некаков контакт од таму, би сакала да ми испрати.
     
  4. UsenameNotFound

    UsenameNotFound Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе.

    Инаку за причест и за исповед мислам дека зависи од црква до црква. Еве кај нас не бара исповед, јас со години се причестувам и попот никогаш на никој нема побарано да се исповеда. Ниту пак го прашал некој дали се исповеда и ако не си, нема причест..

    Не знам, јас мислам дека треба да е секаде исто ама ете некои попови си прават различно..

    Јас имав другарка од друг град, што секогаш зема причест пример прва недела од постот за да не заборавела на крај.. Ќе земе причест и после пак цел пост си го пости..

    А кај нас така не дава кога ќе ти текне, вика причест само на крајот од постот..
    Така што не знам.. Затоа реков и претходно, најдобро е да си прашаш свештено лице ќе ти каже.

    А за исповед јас мислам дека може и да се исповедаш на некој друг поп, не мора да е тој кај вас што е, што ве знае сите.. Иако што и да кажеш за време на исповед не смее да го каже на никого.
     
    На Трагедијаупмм и GirlLove им се допаѓа ова.
  5. ...andre

    ...andre Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    I'ma kontakt za slepcenski manastir https://www.manastirslepche.mk/
     
  6. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Го видов ова, но видов дека има само да се испрати порака/меил а искрено не верувам дека ќе прочитаат.
    Како и да е, фала ти :)
     
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.680
    Допаѓања:
    17.608
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.933
    Допаѓања:
    81.567
    Пол:
    Женски
    Ова е протестантска книжарница, а кој е Иван не знам.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    3.122
    Пол:
    Женски
    Може не е за тука прашањево ама
    Имам 3.5 м бебе а денес е помен на дедо ми ,дали е ок да отиде мм?
    Знам дека се само суеверија ама некако не знам шубе ми е ....
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.292
    Допаѓања:
    4.373
    Пензиониран редовен професор на институтот за Хемија при ПМФ, Скопје.
    Во приватниот живот е проповедник на една од протестантските цркви - Баптистичка црква Радосна вест.
    Повеќето протестантски цркви, суштински имаат исто учење само различна организираност на заедниците. Книгите на вебсајтот ги одразуваат тие сфаќања.

    Јас лично не се согалсувам со нивното учење, тие книги ми се некако површни во поглед на духовноста но убаво е да се види дека и академските граѓани веруваат и размислуваат за Бога и дека се трудат да бидат аполитични.
     
    Последна измена: 13 октомври 2025
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    1.974
    Пол:
    Машки
    Што да правам со книгата на Мормоните?
    Ме пресретна мисионери ми ја понудија и си ја земав.
    И дали ако сум православен христијанин, смеам да отидам во недела во нивната црква, ме интересира каква им е и какви им се литургиите/службите?
    Ваљда ако отидам нема да ме направат веднаш нивен мисионер. :worried:
     
    На milkyway^^ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.292
    Допаѓања:
    4.373
    Прочитај ја, велат досадна е.


    Можеш.
    Не можеш да бидеш нивен мисионер затоа што си православен.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.515
    Допаѓања:
    25.540
    Дали се младичи со вратоврска што не се од тука и едвај зборуваат македонски?
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    1.974
    Пол:
    Машки
    Мене не ме пресретна во МК, ама да тие се.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.512
    Допаѓања:
    179.191
    Пол:
    Женски
    Како ќе те напрат мисионер ако не верваш во то шо ти го велат? :D Еве да ти поможам во дилемата, и од ко запознав мормони и земав книга зошто многу сакам да читам и учам шо верват други луѓе - уште сум неверник. :D Не сум мормонски мисионер, или било каков мисионер for that matter. Книгата можиш да ја прочиташ, а и не мораш. Можиш да ја дајш. Можиш да ја заборајш на полица. Само книга е.
     
    На GirlLove и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  16. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    749
    Пол:
    Машки
    Држи се понастрана од тоа секташтво да не падниш во искушение и некаква ерес живееме во опасни времиња а ѓаволот има пуштено мрежа со пипци насекаде да излажи што е можно повеќе луѓе биди внимателен и држи се до православието се друго ти е многу опасен терен позз
     
    На Orthophill, sino.o.oka, milkyway^^ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.309
    Допаѓања:
    10.418
    Пол:
    Женски
    Не постојат господ и ѓаволот.
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.292
    Допаѓања:
    4.373
    Ова црквата го труби со векови. Никако да поминат тие „опасни„ времиња... обично ѓаволот секогаш го гледаме кај другите, никако кај себе.
    Сте се прашале ли како тоа американците, канаѓаните, тајланѓаните, норвежаните и тн. не биле низ вековите и денес и не се православни? Изгледа Господ посебно само на пола Балкан му се смилувал та православен го сторил.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.941
    Допаѓања:
    4.725
    Пол:
    Машки
    А сме се запрашале зошто Господ го избра само Авраама? И пак не сите деца на Авраама туку само внук му Јаков/Израил? Епа како што Израил беше во Стариот Завет избран народ, така и ние Православните сме во Новиот Завет.

    На прашањево најдобро може да ти одговори @EvAngelos , тој е член на оваа заедница, ама иако можеби им е најголем мисионер, никаков чин не му даваат внатре во заедницата, туку си владеат со непотизам, па од нивната заедница си имаат направено фамилијарен бизнис. Татко му на Иван проповедник и лидер, потоа Иван, па по Иван син му и така.
    Иван го има раскажувано Новиот Завет и тоа го нарекува динамичен превод. Ама тоа не е превод туку толкување.

    Јас би сакал да ја прочитам или барем разгледам, убави прикаски имало во неа. Чатгпт ми предложи да правиме филм алтернативно историска комедија со драмски моменти, па можеби во книгата на Мормоните ќе најдам некоја инспирација. :D
    Ако те интересираат нивните дружби побарај на јутјуб.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.786
    Допаѓања:
    10.404
    Пол:
    Машки
    Ги имам сите нивни книги, освен оние што ги имам подарено и веќе ги немам. Во далечната 2006-та како студент работев во таа книжарница. Да книжарницата е сопственост на протестантска црква, но книгите не навлегуваат во црковните разлики меѓу католичката, протестантските и православните цркви. Книгите се втемелени на Библијата и се што тие тврдат како поука, е поддржано со соодветна референца од Библијата.

    д-р Иван Грозданов е еден шестте македонски научници кои пред извесно време беа вброени во топ 2% највлијателни научници во светот. Сега е во пензија. Покрај тоа се занимава со пишување и преведување христијанска литература на македонски јазик. Учествуваше и во тимот што ја ревидираше Библијата на македонски јазик (поправање на стотици граматички и правописни грешки). Буквално еден од најголемите познавачи на Библијата во Македонија.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.