Авраам не бил православен, тој бил отелотворение на еден од небесните чувари на законот, значи се родил со таква мисија. Знаењето кое било дадено низ него било наменето за целото човештво, не само на евреите. Тие биле само појдовна точка.
Аврам бил обичен човек не небесен чувар, Бог го избрал заради неговата вера и послушност. Во стариот завет бил избран Израил, во новиот се сите што веруваат во Исус. Можеш да не бидеш православен а да веруваш во Исус...
Аврам бил пророк. Пророците се битија пратени од Небото со задача да ја пренесуваат Божјата порака и да дејствуваат меѓу луѓето со цел поттикнување на нивно враќање дома - Небото, бидејќи луѓето се некогашни отпаднати битија од Небото кои станале души а потоа луѓе. Бог подеднакво ги љуби сите свои деца. Таман работа Бог на едните да им каже вас ќе ве спасувам, другите не се одбрани па кој ги шиша... Одбрани се оние кои ќе прифатат да бидат одбрани, односно оние кои ќе ги примат заповедите на спасението и ќе ги применат во своето секојдневие. Такак тогаш може да настане „ветената земја.
Ако гледаш според Библијата ова не е точно. Авраам бил човек, не небесно суштество. Бог го избрал не затоа што дошол од небото, туку затоа што му поверувал и бил послушен. Пророците не се пратени ангели или паднати битија, туку обични луѓе кои Бог ги избира за да ја пренесат Неговата волја. Библијата вели дека човекот е создаден од земјата и оживеан со Божјиот дух, а не дека некогаш живеел на небото и потоа паднал. Бог навистина ги сака сите луѓе, но спасението не е автоматско за сите, го добиваат оние што со вера го прифаќаат Христос.
Да, тоа е клучно пророкот да се подреди на Божјата волја. Но замисли да не поверувал, да не бил послушен... Бог би останал без свој медиум. Пророците секако дека не се паднати, таман работа паднати битија да прифатат да ја пренесуваат Божјата порака и волја. Тие токму затоа и паднале, затоа што се отклониле од Божјата волја и креирале самоволие а со тоа и свој свет - материјалниот космос. Да, човекот е создаден од материјални елементи, симболично од земјата. Но човекот има и душа, а душата не е материјална, не е од земја. Човечкото тело е само обвивка, слично како што носиме некаква облека или се движиме со некакво возило. Душата се отелотворува во телото - обвивката. Телото еден ден, неминовно ќе се врати во земја, не е вечно. Но душата е вечна и нејзиниот пра-извор е Небото, бидејќи таа е дете Божјо. Исус рекол дека Неговото Царство не е од овој свет. На тоа укажува и молитвата која ја дал: Оче наш кој си на Небото. Говорел и за подготвување на место за нас, многуте празни станови во Татковата куќа. Зошто се празни? Затоа што некој некогаш ги напуштил. Не случајно ја дал споредбата и за загубениот син. Не, Христос предупредил дека спасението не доаѓа од верата туку од дејствувањето во согласност со верата (споредбата за градењето куќа врз песок или карпа, во Беседа на Гората) односно остварување во пракса на Неговот учење на љубов кон ближните. Погрешната идеја дека спасението доаѓа само од верата го внел Павле, божемниот апостол, со своите посланици.
Бог не зависи од човекот за да ја оствари Својата намера. Ако Авраам не го послушал, Бог ќе избрал друг, затоа што Божјата волја не зависи од човечката. Во Библијата јасно стои дека човекот е создаден "од земја" и дека Бог му " вдахнал живот" . Душата не постои како одвоено небесно суштество што се спушта во тело, туку е дел од создадениот човек, живо битие во кое телото и душата се едно. Што се однесува до верата и делата, Христос навистина вели дека верата без дела е мртва, но тоа не значи дека спасението се заработува. Павле не ја измислил верата и Исус постојано вели "кој верува во Мене има живот вечен". Разликата е што вистинската вера раѓа дела. Ти ако почнеш да веруваш ќе почнеш и да правиш добри дел, делата сами по себе не ти нудат спас, затоа што секој човек е грешен. Да отидеш на суд поради некое дело што си го направил и да кажае "да го сторив тоа, ама покрај него направив и 10 добри дела". Дали ќе те казни судијата за тоа дело? Ќе си добиеш казна и 100 добри дела после тоа да си направил. Епа Бог е направениот судија... Ама затоа Бог го праќа Исус да плати за сите наши гревови да ги земе тој на себе и место нас тој да ја одлежи казната.. Има стих што вели "Бог толку го засака светот, така што својот единствен син го испрати да умре, па секој што поверува во него да има живот вечен". Исус на крстот плаќал за секој наш грев и спасени сме сите благодарение на него. Да не бил Исус сите заслужуваме да бидеме казнети, не постои ни еден човек што не згрешил барем еднаш, без разлика колку добри дела и да правиме, едно лошо заслужува да биде казнето..
А ако и тој друг не би послушал? Бог би одбрал трет? А ако и третиот не би послушал? Четвртиот, петтиот? и тн. Точно дека Бог не зависи од човековата волја, затоа и создава завет со небесните битија кои СЕ Негова волја дека ќе се отелотворат како луѓе на Земјата, за да му служат Нему, Вечниот. Дали судијата би те казнил за туѓо дело со кое ти немаш никаква врска? Имено пишуваш: Колку злобен и неправеден е само таквиот „бог„ кој би бил способен невин да даде да страда за туѓи гревови. Тоа не е праведниот Бог за кој ни говорел Христос како Исус од Назарет. Ова е во спротивност со претходно напишанто: Имено, како можел Исус да плати за твојот грев ако ти не си постоел во времето на Исус? Па макар како бестелесна душа? Да плател Христос за нашите гревови тоа би значело дека човештвото или барем христијаните станале безгрешни, мирољубив и здрави.
@daylight Постојат примери во Библијата каде што еден одбива или не е послушен и Бог одбира друг. Пример кога Саул не бил послушен и Бог подоцна го одбира Давид. Бог не е злобен и неправеден.. "Христос умре за нашите гревови, според Писмата" - 1 Коринтјани 15:3. "Бог го направи грев за нас Оној што не позна грев, за ние преку Него да станеме праведни пред Бога" - 2 Коринтјани 5:21. Тоа не значи дека Бог е злобен што дозволил невин да страда, туку дека љубовта е толку голема што Христос доброволно ја примил жртвата. Исус рекол: " Никој не ми го одзема животот, туку Јас САМ го давам" -Јован 10:18 Бог дури и го воскреснал Исус затоа што го сака и него. Христос не ги избриша сите гревови автоматски туку го отвори патот за простување, но човек треба да прифати и да живее во тоа.
@daylight А Исус, кога го чу тоа, им рече: "Здравите немаат потреба од лекар, туку болните. Одете и научете се што значат зборовите: "Милост сакам, а не жртва". Зошто не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешните на покајание. Матеј 9:12,13
На исповед се оди пред да се пости и пред да се причестиш? Јас за Велигден постев ама се причестив без исповед сакам сега со исповед, ама не сум сигурен како оди.