Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Да, свештеници се, но баш поради нивниот чин, имаат Божји благослов да го чуваат Неговиот дом според нивното учење и искуство и духовност. Можеби не секогаш нивните постапки се правилни пред Бога, затоа и носат многу поголемо бреме од нас. Често во она што било забрането се правеле ублажувања и во самата Библија има такви случаи. Сепак, доколку има потреба, најпаметно е со парохијата да се контактира и да се посоветува. Затоа што не секој има ист став на темата. Сепак тоа се тренирани животни коишто преку бихејвиористички тренинг подражаваат однесување коешто не води до несакани постапки. И сами свештеници има слепи кои што со кучињата до нив држат миса така што не верувам да има проблем. Црквата, особено на запад, полека но сигурно почнува да ги отпушта тие стеги. Прекрасно нешто и за поздрав е некој којшто не може самостојно да се движи и функционира да сака да биде дел од мисите и литургиите и сметам дека со правилна организираност не би требало да биде забрането. Здравa, правa, самостојнa во функционирање, се декларирам како верниk (еве јас се ставам за негативен пример искрено и за срамота е) па ќе се случи да се успијам во недела за на црква, а тие вложуваат толкав труд, па затоа и црквите толерираат и поздравуваат.

    Иако општо за животни кои немаат ваква улога и дресура, не смеат да влезат во црква.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Луѓето од минатото и денес честопати се погребувале соодветно традициите кои генерално соодветствувале на тогашниот духовен степен на свест. Така било и при погребувањето на Исус и останатите.
    Христос 1989 год. во својата обемна објава до луѓето на денешницата го даде следното објаснување:

    „Има само едно распадливо тело, тоа е материјалното тело, кое е од земја и станува повторно земја.

    Затоа, Јас ви советувам мртвото тело, она што е од земја, да ѝ се даде повторно на земјата. Онака како што лисјето од дрвјата, што во есен паѓа наземи, ѝ се дава повторно на земјата, така ѝ се дава минливото тело повторно на земјата.

    Вашите гробишта не треба да се украсуваат со надгробни споменици и со сите можни украси. Цвеќињата кои ги дава земјиното царство, се најубавиот украс. А ако сакате и тоа е вообичаено според земскиот закон, може еден мал камен или мала дрвена плоча да го носи името на распадливото тело, кое ѝ било дадено на земјата.

    Ако распадливото тело му се предало на огнот, тогаш пепелта ставете ја во некој сад, што ќе се чува во гробницата, додека не дојде време и тој да се распадне и да стане она од кое што и е. Садовите од глина би биле добри за остатоците од телото.

    Ако им соодветствува на уште постоечките световни закони, тогаш можете пепелта од телото да им ја предадете на ветровите, елементот воздух. Ветерот ја разнесува пепелта на некогашното тело и ѝ ја враќа на земјата.

    Не постои смрт на душата. Она што доаѓа од Бога, живее вечно - а она што доаѓа од земјата, ќе стане повторно земја.

    Затоа, стремете се да го исполнувате вечниот закон и да живеете во законот на љубовта, така што вашата душа веќе во тело да постигне воскресение од духовната смрт, имено свесен живот, што душата го остварува уште во човекот во збор и на дело.„
    - од „Ова е Мојата Реч - Алфа и Омега„ (гл.94. Редот на заедницата 4. дел)
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски


    Тоа од 1989, не е од Исус, ништо од таа пророчица не е од Исус.Порелевантно би било кога би се кажало податок за начин на погребување од Библијата.Немој да ме разбереш погрешно, разбирам да си веруваш во тоа, ок е, но знаеш и самиот дека денес може секој само деклариран пророк да тврди дека е медиум на Исус.Барем по нетов, можеш да видиш за еден куп луѓе што дури сметаат дека самите се реинкарнација на Исус, па дури и физички направиле да изгледаат како него, па собрале народ кои ќе ги следеле |( веројатно сакале нив да ги следат поради нивното его, а не дека реално се медиум на Исус.Во моментов, не ми текнува да има некој податок од Библијата во врска со начинот на погребување, ако има, слободно некој нека ме поправи.
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Зошто би било тоа порелевантно? Кој е тој што ќе одреди дека е порелевантно? Што ако се пораелевантни хиндуистичките списи? Што ако е порелевантен епот Гилгамеш? Што би било ако се порелевантни Платон, Сократ?
    Дали си помислила на можноста Исус или библијските пороци да биле само некои кои се преправале дека се пророци, си собирале народ да ги следат, и дека тие тоа го правеле поради своето его - а не дека реално биле пратени од Бога? Се надевам ми ја разбираш поентата.
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Прво, мое е да кажам, а ти како сакаш.
    Второ, каде ги спомнав хиндуистичките списи, Гилгамеш, Платон или Сократ? Зошто ги мешаш нив, ти одговорив конкретно на тоа што си го напишал.Прво, не верувам во никакви хиндустички списи, а трето никаква врска немаат тука Платон, Сократ, иако ти беше одвишок прашањето, кое секако не е твое мислење.

    Трето, како како тоа ти веруваш во таа пророчица за која сметаш дека она што го кажува е од Исус, кога ти се сомневаш во Исус? Инаку, добра тактика на употреба на моите зборови, за со истите да ме прашаш, само во поинаков редослед, која не поминува кај мене. Прашањето ти е контрадикторно, иако повторно не е твое мислење.Се надевам ме разбра.
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Јас тебе те разбрав но гледам ти мене воопшто не ме разбираш штом мислиш дека јас применувам некакви тактики кои поминувале или не поминувале.

    Јас не реков дека ти спомна други списи, ниту те прашав дали веруваш во хиндуистички списи туку те прашав зошто мислиш дека Библијата е порелевантна во однос на книгата која јас ја спомнав.

    Јас не се сомневам во Исус туку само ти покажувам кон што води твојата логика која вели дека денес секој само деклариран пророк може да тврди дека е медиум на Исус - и дека божем поради тоа цитираната книга не чини.

    Само по себе не е спорно дека секој може денес такво нешто да тврди, како што секој може да се претставува себе си во мое или твое име (на пр. некој трет да рече: јас сум Gordana10, јас сум Daylight, јас сум Исус). Но тоа не го менува фактот дека тие личности (Gordana10, Daylight...) постојат и дека можат да употребат медиуми за да и се обратат на јавноста. На пр. ти ќе пратиш порака преку интернет, или преку пријателите порака до роднините, а нематеријалните божествени битија (како Христос на пр.) ќе пратат порака преку материјален медиум - пророк.
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Потполно те разбрав, реков така, бидејки ме прашуваш на ист начин, а и дека комплетно твојот начин на размислување со тоа што ме праша е сосем различен, односно како да не е твое мислење, затоа и те прашав.Знам дека веруваш во Исус, поентата ми беше пророци може да има денес, значи зборам за после Исус, апостолите, но не значи дека е автентично тоа што го зборат, знаеш и самиот што е кажано за нив, во библијата.А пророци денес има еден куп.Сега види, ти кажав дека е порелевантна Библијата, она што го велиш за пророчицата, за која сметаш дека е она што го кажува се темели на библијата, а ме прашуваш зошто би била Библијата релевантна.Тогаш негираш дека е релевантно она што пророчицата го пренесува.
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    За мене Библијата не е релевантна. Бог е поголем од Библијата, Бог е поголем и од списите на другите религии, филозофии и теологии. Бог ако сака да му се обрати на човештвото тоа тој ќе го стори, независно дали на тоа се противи Библијата или некој друг спис.

    И кога веќе ја спомнуваш Библијата, се согласувам дека таму пишува за појавата на лажни пророци и лажни Христоси. Но ако има лажни, тогаш има и вистинити! И во самата Библија се присутни Исусовите зборови „Уште многу имам да ви кажам, но сеуште не можете тоа да го носите... но кога ќе дојде Тој, Духот на вистината, ќе ве води во целата вистина!„. За мене тоа е најава дека Бог и понатака (по Исусовата телесна смрт) ќе испраќа пророци.

    Ниту јас на форумов, ниту пророчицата не рекла дека кажаното се темели на Библијата! Кажано е само дека дури и во Библијата која содржи многу заблуди и митови, сепак има фрагменти исто така и од вистината.
     
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Ами, гледам тоа што го постираш дел од она што го кажува, е како од Библијата, дури и заповедите, ако добро заприметив, некаде имаше линк постирано на форумот, баш го зачитав набрзинка.Во ред, може да не кажала така, но она што го даде тука, а е дел од нејзиното пророштво, упатува на тоа што го реков пред малку.Немам против што веруваш, туку муабетот е околу пророците, какви може да има.
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Епа ете тоа те бунело тебе. Да, точно дека дел од тие работи биле пренесени и во Библијата (Десетте Заповеди, Беседа на Гората и тн.) затоа е кажано дека Библијата содржи и вистини. Но Библијата не е никаков ексклузивитет во поглед на тоа. На пр. Десетте заповеди им биле познати на евреите далеку пред да се напише Библијата.

    Јас правам разлика помеѓу библиското предание и вистинските божји објави, правам разлика помеѓу на пр. библискиот Исус и вистинскиот Исус. Голем број на верници од друга страна пак сметаат дека вистинскиот Исус е само библискиот Исус. За мене тоа не е така.

    Книгата која честопати ја цитирам „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„ ги содржи во себе и стиховите од тнр. Евангелие Исусово (некаде спомнато и како „Евангелие на совршениот живот„), едно апокрифно евангелие кое во поглед на многу работи раскажува исти или слични случки како останатите евангелие кои се вметнати во Библијата, со таа разлика што таму е спомната Исусовата љубов кон животните, вегетаријанството, младоста на Исус, учењето за реинкарнацијатаи др.

    Тоа вонбиблиско евангелие - независно што некој во минатото го потпишал како Евангелие Исусово - исто така изобилува со заблуди и полувистини како и останатите библијски списи но во однос на библиските е најблиску до она што навистина се случило пред 2 милениума и поради тоа денес Христос го зеде како основа за неговата објава така што после секои неколку стиха од тоа евангелие тој дава исправки, надополнувања, продлабочувања и објаснувања што навистина сакало да се каже и какви консеквенци има тоа за луѓето на денешните и идните генерации кои ќе живеат во Христовото царство на Мирот.
     
  11. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    ^Не пишувам за да подбуцнам, туку навистина ме интересира некое логично објаснување.
    Ама, 21ви век (ајде и 20ти, кога била напишана гореспоменатата книга) и уште верувате дека Исус така се јавува на рандом ликови и им диктира што да запишат?
     
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    ^Да, искрено верувам дека тоа е така. Имено, зошто да не? Особено откако ќе се види содржината на објавеното.

    п.с. Тоа не се рандом ликови, туку души кои се подготвувани со таква мисија.
     
  13. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Еве еден убав и фин текст од Јеромонај Атанасиј. Тој секоја недела служи во Марков Манастир. Прекрасен човек. Вреди да се прочита...

    Јеромонах Атанасиј Арсоски


    СТРЕСОТ ВО ДУХОВНИОТ ЖИВОТ



    Еден од главните белези на денешната епоха е стресот. Различни се причините поради кои луѓето доживуваат стрес, кој може да биде или моментален или континуиран. Секојдневните обврски вршат голем притисок, при што и времето станува кратко и недоволно.

    Човекот, навистина, треба да биде активен, да работи, твори итн. Но кога ќе почне да се задушува во сопствените активности, тогаш целото негово битие се бунтува. Работните, семејните и останатите секојдневни активности и обврски некако стануваат поробувачи и сурови мачители на човекот.Наместо средства стануваат цел, и тогаш се изреметува целокупниот поредок на секојдневното живеење. Кога би имал можност да се погледне себеси однадвор, би се видел како некое суштество помеѓу машина и животно, кое живее и работи инстиктивно, задоволувајќи се во исполнувањето на обичните телесни и материјални обврски и уживања. Кога мотивот за извршување на некоја работа е само материјалната полза (за плата и сл.), тогаш посветеноста не може да биде на потребното ниво, иако можеби изгледа дека се вложуваат сите сили и напори. Но длабоко во себе, колку и да се залажува, секој чувствува дека тоа не е природната причина за реализирање на даровите што Господ му ги дал. Затоа, таквиот пристап неминовно ќе доведе до стрес, па и други видови психички пореметувања. Секој треба да си ги препознае своите дарови и да се труди максимално да ги реализира. На тој начин постојано расте и се надградува неговата личност.

    Чувствувајќи го неподносливиот замор од таквиот животен ритам некои луѓе бараат олеснувања на разни страни, а особено се насочуваат кон духовноста. Не ретко тоа е главната причина многумина да ѝ пристапат на Црквата. И тоа е во ред како почетен чекор, бидејќи и Самиот Христос порачува: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам“ (Мат. 11, 28). Со стекнувањето слобода во Христа, добиваме мир и спокој. Но тоа претставува последица од возљубувањето на Христос и слободното и љубовно предавање на сиот свој живот на Христа Бога. Активностите што го окупираат христијанинот во секојдневниот живот не секогаш се од типот на секојдневните потреби за материјален опстанок. Причина за влегување во Црквата може да биде барањето спокој, и тогаш тие луѓе можеби за првпат во својот живот се среќаваат со духовност. Во искуството на Црквата среќаваат разни техники на применување духовност (пост, восредоточеност, читање молитви, внимавање на постапките и мислите, тихување итн.), коишто извадени од нивниот вистински контекст немаат никакво значење.

    Меѓутоа, нивното применување им изгледа како добар метод за ослободување од стресот и напнатоста. Разновидните таканаречени „духовни техники“ ги употребуваат заради стекнување мир и спокој. Во таквото сфаќање и прифаќање на духовниот живот преовладува егоизмот и себељубието, бидејќи целото внимание е насочено кон сопствената душевна благосостојба. Но целта на животот во Црквата не е сопственото самозадоволување, туку искрената желба за стекнување на Божјата љубов. Причина за нашето христијанско живеење треба да биде љубовта кон Бога и кон луѓето. Од таквото настроение произлегуваат сите пројави на духовниот живот, коишто во тој случај веќе не се методи и техники на духовност, туку манифестации на нашата несебична љубов.

    „Ако некој Ме љуби, ќе го пази словото Мое; Кој не Ме љуби, не го запазува словото Мое“ (Јн. 14, 23 – 24). Овие Христови зборови го покажуваат нормалниот редослед на духовниот живот. Од љубовта кон Бога произлегуваат сите т.н. духовни активности. Не постојат ни правила, ни техники, туку само едно е потребно: „Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа и со сиот свој разум; возљуби го својот ближен како себеси“ (Мат. 22, 37 – 38).
    Причината за водењето на христијански духовен живот не треба да биде барањето мир и спокој за себеси, среќа, напредок во работата и сл. Доколку на Бога Му пристапуваме со такво настроение на срцето, ние покажуваме дека не ни е важен Он и љубовната заедница со Него, туку само ни треба нешто да ни даде или дава постојано. Всушност, во таквото себељубиво „духовно“ живеење не се ни остава простор за Бога. Тоа претставува побожност без Бога, според прекрасното забележување на отец Александар Шмеман.

    Живеејќи на тој начин, човекот е под постојан притисок и стрес, зашто целата концентрација му е насочена кон тоа да не згреши нешто, да не прекрши некоја заповед, некое правило итн. Тука нема место за позитивно расположение. Така срцето ги затвара вратите и во него не влегува Бог. Оставен сам, на своите сили, човекот уште некое време ќе се труди да исполнува правила сè додека не увиди дека со „духовниот“ начин на живот тој паднал во мрежите на уште поголем притисок и стрес од оној што го предизвикува обичниот секојдневен живот. И сето тоа поради погрешното сфаќање за Бога. Црквата не е религиозна институција која нуди рецепти за мир, спокој, благосостојба, туку е заедница на луѓе, чијашто глава е Христос. Црквата е Тело Христово, Богочовечки организам и во неа се остварува целта поради која се создадени човекот и светот. Живеејќи во Црквата, учествуваме во Христовото воскресение и ја надминуваме смртта, којашто е најглавниот и најголем непријател на човештвото.

    Во Воскресението учествуваме ако ја стекнуваме Божјата љубов, а љубејќи Го Бога ние Го љубиме и сè она што Он љуби. Тоа треба да ни биде единствениот мотив и поттик за учество во Светите Тајни на Црквата, а особено во Светата Литургија. Не се причестуваме за да добиеме нешто, туку затоа што љубовта нè тера да се соединиме со Возљубениот Христос. Не се молиме затоа што така ни налага некое молитвено правило, туку оној кој љуби сака што почесто да општи со љубениот. Не постиме затоа што така налагаат црковните одредби, туку затоа што преку постот се вежбаме во воздржание и себеодрекување заради љубовта кон Бога и ближниот. Не се воздржуваме од нечисти и острастени помисли за да си имаме душевен мир, туку за да го очистиме срцето кое треба да стане Божјо живеалиште. И да не ги набројувам сите аспекти на духовниот живот, бидејќи принципот е ист.

    Така ја исполнуваме целта заради која постоиме. И тогаш нашето психофизичко битие живее во хармонија, па стресот и неурозите сами по себе исчезнуваат, како што тоа го забележува светиот апостол Павле: „А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кротост, воздржливост. Против такви нема закон“ (Гал. 5, 22-23). Значи, мирот и спокојот се резултат на љубовната заедница со Бога и со сите луѓе. Тие се дарови на Светиот Дух, и ние со никаква „духовна“ техника не можеме да ги стекнеме. А сè додека на прво место се ставаме себеси и себељубиво посакуваме спас во вид на некој неодреден душевен мир, нема да можеме да се извлечеме од канџите на стресот.

    Да не создаваме идол од духовниот живот, туку да го отвараме срцето за Христос и за ближниот. Живеејќи така, не ни се потребни ни правила, ни закони и одредби за однесување и размислување, бидејќи единствениот закон според кој се владееме е несебичната љубов.
     
    На Orthophill и Philippa им се допаѓа ова.
  14. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    145
    Ќе сака некој да објасни што точно е параклис...? Фала
     
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    1. Параклис е мала црквичка или соба, која најчесто нема осветен престол (олтар). На латински капела(не мртовечница). Параклисот може да биде црковен - во сопственост на епархијата или пак приватен.
    Типични примери за параклиси се црквичките по општина аеродром.
    2. Молебна служба.
    Овде можеш да го слушнеш малиот Богородичен параклис на македонски јазик. http://trizvon.wordpress.com/2014/06/09/molitven-kanon-na-presveta-bogorodica/
     
    На Arianna, tessie и daylight им се допаѓа ова.
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.100
    Пол:
    Женски
    Еден прекрасен текст за почитувањето на свештениците од страна на верниците којшто, можеби не до секого, но до некого ќе успее да допре. Не е многу обемен, но со тие зборови коишто ги содржи поентира во центар.

    http://maranata0.wordpress.com/2011/12/ ... B5-%D1%81/

    Поука за почитување на свештениците – Св. Николај Велимировиќ

     
    На vinozito1, Serafima и Orthophill им се допаѓа ова.
  17. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Типот со фотокопираните молитви вчера и увалил на мајка ми лист-фотокопирана икона, за здравје, бериќет и мајка ми како и 90 посто од станарите се насанкале на тоа ветување, јас не бев дома. Ме мрзи пак да сликам и да поставувам. Во секој случај, браво за идејата.
     
  18. Viktorii4e

    Viktorii4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    258
    Малце необично прашањево и не знам дали воопшто припаѓа на оваа тема ама ај ќе прашам-Дали има нешто тоа врска ако спремам за задуша(пола година) јадење за на гроб за кај свекор а притоа да сум млада невеста?(мислам дека само ми ваѓаат нови обичаи и тоа ме нервира)ако знае некој нека каже.
     
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Ако ти е починат свекорот, Бог да го прости. Без разлика дали си млада или “стара“ невеста, пожелно е да си спремиш задушнина за поменот на свекор ти и да однесиш. Се` друго се глупости. Но, ако свекрва ти инсистира да не носиш, не носи. Најбитно од се` е да не правиш кавги и да помине поменот во мир.
     
  20. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Па не етака филмски, но просто и вистинито. Замисли да имаш пријател ќиешто пријателство салаш да го сочуваш од заборав. Шт ;е преземеш? А колку повеќе е вредно пријателствот со Господ Исус Христос...