Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. ...andre

    ...andre Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Фала ти
    Ќе се распрашам или некој ако знае нека пише
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.927
    Допаѓања:
    7.398
    Пол:
    Машки
    Зошто некои луѓе се крстат кога ќе поминат покрај црква? :^)

    Нели на влегувањето/излегувањето и во внатрешноста на црквата се прави тоа.
     
  3. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    2.428
    Пол:
    Машки
    Затоа што така сакаат, од почит..

    Можеш да се крстиш кај сакаш и кога сакаш, не е црквата единственото место кај што се крстиш.
     
    На troublemaker94, Elenpelen и Wideperpetual им се допаѓа ова.
  4. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.927
    Допаѓања:
    7.398
    Пол:
    Машки
    И за пишување амин во коментари е истото или тоа помага нешто?
     
  5. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    2.428
    Пол:
    Машки
    Не, тоа е за да собираат коментари и лајкови од луѓето.. Ништо лошо нема да ти се случи да прерипиш такви работи, ниту пак нешто добро ако пишеш амин..
     
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.843
    Допаѓања:
    10.619
    Пол:
    Машки
    А зошто воопшто да се крстиш со раката? Ниту Исус, ниту апостолите не се крстеле. Тој чин е измислен од некој човек, со векови подоцна. Истиот тој човек наместо мафтање со раката горе-доле-лево-десно, можело да му текнело и кругови со раката да прави, и сега сите ќе правеа кругови со раката.
     
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.325
    Допаѓања:
    197.753
    Што знам, ако го распнале Исус на круг, може и кругови да правиме:smirk:
     
    На Panda00 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  8. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Машки
    Затоа што првоте три прста ја симболизирсст нашата вера во Бог Света Троица-Отецот Синот и Светиот Дух, а другите два прста означуваат дека Господ Исус Христос е Бог и Човек
     
    На Orthophill, Panda00, troublemaker94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    2.428
    Пол:
    Машки
    Од човекот е измислен во чест на Исус и светото тројство. А крстот ни е симбол на верата, затоа што Исус е распнат на крст.
    Не е нешто што мора да се прави или дека ако не се прекрстиш нема да ти се слуша молитвата.
     
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.843
    Допаѓања:
    10.619
    Пол:
    Машки

    Ама и кругот го симболизира кружниот венец на Христовата глава, ја симболизира и целовитоста на планетата земја, ја симболизира и вечноста на Христа (бидејќи кругот нема ни почеток ни крај). Плус нели и каменот со кој ја затвориле гробницата на Исус бил во кружна форма. Ехеее асоцијации со круг можеш да најдеш колку ти душа сака :)

    Или зошто да не правиме со раката Давидова ѕвезда, бидејќи за Исус е пишано дека ќе го наследи Давидовиот престол кој вечно ќе владее.
    Или зошто да не правиме со раката горе доле горе доле, бидејќи Исус нели дошол од Небото на Земјата, па потао се вознесол пак од Земјата на Небото и ветил дека пак ќе дојде од Небото на Земјата? :)
     
  11. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Машки
    Затоа што е така за Православните Христијани ти тоа можеш да го оспоруваш но тоа така, според тебе за Светото Тројсво?
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    2.428
    Пол:
    Машки
    Крстот ни го симболизира страдањето на Исус, страда за сите ние да можеме да се спасиме.. Затоа е избран да биде Крст.. Можело да биде било што друго, ама ова е најсилниот знак, кој што ти покажува кој си, дека Исус умира за ти да бидеш спасен...Да не страдал тој тогаш на тој крст никој од нас не заслужува да биде спасен.
    Како да прашаш епа зошто сонце на нашето знаме, слобода многу други работи може да симболизираат, зошто баш сонце..
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.843
    Допаѓања:
    10.619
    Пол:
    Машки
    Тоа е така според источното православие, но не е според Христос. На судниот ден ние ќе клекнеме пред Христос, а не пред православниот патријарх.
     
  14. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Машки
    Точно затоа треба да се спремаме и да ги почитуваме Божјите Заповеди, да постиме, да се причестуваме, да се испобедаме, за да ги поминеме митарствата и да отидеме рајот а не во пеколот на вечни маки, него не одговори за Светото Тројство, што си по вероисповед?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.843
    Допаѓања:
    10.619
    Пол:
    Машки
     
  16. Unknown_7

    Unknown_7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2025
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Машки
    Дали во строг пост, смее да се пие кафе? Секако само со вода.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    2.428
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos
    Питата нема врска со крстот.. Крстот е само симбол на нашата вера.. Измислен од почит како и кратењето со рака и празниците, не сме обврзани ништо од тоа да правиме, правиме од што сакаме, а убаво е христијаните заедно да се собираат, црквата нашла начин како... Зошто што и како верувам теолозите многу повеќе знаат. И онака сме поделени христијаните во повеќе цркви од неможност да се договорат, генерално сите исто учат, обичаите се поинакви.. Главно по што се водиме е Библијата, таму ни пишував се што како треба, она од црквата не е ништо погрешно од луѓето е ама се правиме во чест на Исус...
    А инаку не сме спасени ниту благодарение на пост, ниту носење крст, седење на литургии, се е тоа убаво, ама џабе ако веруваш дека благодарение на тоа си спасен, спасени сме исклучително благодарение на Исус.

    Смее.
     
    На Unknown_7 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.843
    Допаѓања:
    10.619
    Пол:
    Машки
    А зошто питата да нема врска со крстот, а маневарот со раката да има врска? Со раката само мафташ по телото, а питата ја јадеш. Питата влегува во тебе. Питата станува дел од твоите клетки. Мафтањето со раката, а било, а не било.

    Мене еден поп ми кажа дека не смее. Кога го прашав зошто, ми кажа дека на некој човек во 13 век му се сонило дека не смее и до тогаш не смее.
     
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.325
    Допаѓања:
    197.753
    Бурекот е на четвртини, а тепсијата е тркалезна. Може и коцкеста да биде де. Како и да е, пошто е на четвртини а не на третини, не е соодветен симбол.

    Леле, оти тролаш? Дали стана атеист или немате пост во евангелизам и зошто?
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.843
    Допаѓања:
    10.619
    Пол:
    Машки
    Ако си прав источен православец, ќе го сечиш бурекот на третини, за да има симболика, бидејќи нели, врти сучи, се се врти околу симболите, адетите, обичаите.
    Ајде повелете покажете ми каде Господ Исус Христос или апостолите во евангелијата се занимавале со со некаква симболика, или еве со симболика на бројот три како што вие овде се замарате? Или каде се прекрстувале со рацете? И зошто не го правеле тоа апостолите и првата генерација христијани? Тие не знаеле за Светата Троица? Тие не знаеле дека Исус бил распнат на крст? Знаеле, ама ете, не правеле непотребни симболики за да не ја засенат суштината со нив. Или каде воопшто следеле некакви човечки измислени преданија и обичаи? Нема ништо такво во евангелијата. Дури со векови подоцна, луѓето почнале врз суштината да трупаат симболи, преданија, суеверија, обичаи, мистицизам... се со цел денес да дојдеме до дереџе каде обичниот верник ги знае обичаите, но не знаи речиси ништо за верата.