Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Машки
    Главната книга по која треба да се водиме ни е Библијата, ама покрај Библијата постојат и преданија.
    "Стојте цврсто и држете ги преданијата што ви ги предадовме било со слово, било со послание" - 2 Солунјани 2:15
    Предание е нешто што не е запишано а се пренесува усно.

    И апостолите и Исус, кажуваат да се молимие и крстиме во Отецот, Синот и Светиот дух.

    Исус и апостолите користел симболики.. Вино - Крв, Леб - Тело, Масло - Благодат, Кст - Спасение.

    Имале обичаи апостолите..
    Кршеле леб заедно, тоа кај нас денес се прави на литургија.. А тоа потекнува од Исус кога им го прекршил лебот и им дал да јадат..
    Во 1 Коронтјани има опишано и како треба да изгледа собир/литургија..

    Имале обичај помазание со масло..

    Во многу стихови се спомнува како првиот ден од неделата се собирале, а кој е според библијата прв ден? Недела.. Сабота е седми, недела прв..

    Апостолите и Исус постеле, нема точни датуми кога ама постеле од таму потекнува и постот..

    Што се однесува до бројот 3 не е никакво суеверие или дека треба да веруваме дека ако се правиме по 3 пати е така, теолошка симболика е која што потекнува најпрво од светото тројство, потоа Исус воскреснува на третиот ден, Петар 3пати се откажува од Исус, 3 пати е потврдено воскресението на Исус ( од ангели, од учениците и од жените мироносци).
     
    На Unknown_7 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.888
    Допаѓања:
    14.499
    Што правиме со ситуации каде едно семејство генерално живее од гатање, е сега, почнуваат да се случуваат чудни работи, детето делува дека е болно, го носат на лекар, не е. Такви некои чудни ситуации им се случуваат, што вака отстрана очигледно е дека се работи за некоја зла сила. Е сега, за децата купуваат свети крстови, и пак продолжуваат со истото, живеат од гатање. Коментар? Штити ли крст деца на луѓе кои се гатачи? Читав дека тие зли сили се лепат за алчни луѓе, за порочни луѓе итн.
     
  3. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Машки
    Крстот е само симбол на верата не е заштитен знак.. Не е можно поради гатање да му се случува нешто..
    Како чудни работи му се случуваат?
    Колку е големо детето и што му се случува?
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.888
    Допаѓања:
    14.499
    Ти пишав во порака
    Осветен крст не знам дали е некој вид заштита, веројатно е. Ти пишав во инбокс.
     
  5. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Машки
    @Mr.Limonko Крстот е најсветиот и симбол на Православната вера. Сите свети Тајни се извршуваат со привизот на на Светиот Дух и со печатот на Крстот: Крштението, Миропомазанието, Евхаристијата. Сите свештени благослови се со знакот на Крстот. Светите Храмови, Светите Садови и одежди се осветуваат со Чесниот Крст. Не може да се замисли литургиско дејство или собрание на верните без печатот на Светиот Крст.
     
    На Elenpelen, eliesaab, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    10.612
    Пол:
    Машки
    Ова свети апостол Павле им го пишал на христијаните во Солун пред да бидат напишани евангелијата и повеќето останати новозаветни книги од Библијата. Што значи тогаш се уште не бил завршен канонот на Светото Писмо и затоа Павле им вели да го држат она што тој им го предал усно.
    Откако е завршен канонот на Светото Писмо, реториката станува поинаква. Во последната библиска книга - Откровението дури и Бог дава многу остра осуда за секој што ќе се обиде да додаде или одземе од книгата. Нешто слично ќе каже и свети Атанасиј Велики во неговото 39то велигденско послание во 367 година. Таму тој ги набројал сите новозаветни книги, а веднаш потоа го вели следново:

    „Овие (книги) се извори на спасение, за да се заситат жедните со живите зборови што ги содржат. Само во нив се објавува учењето за побожноста. Никој нека не додава на овие, ниту нека не одзема од нив.“

    Св. Атанасиј Велики е главниот и водечки поборник на доктрината на Тројството на првиот вселенски собор во Никеја. And guess what? Тој не се прекрстувал со раката, бидејќи тој човечки обичај уште не постоел тогаш :)

    Не знам колкав си и дали ја фати таа генерација кога децата (ние) ја игравме играта „Расипан телефон“. Ќе се наредевме неколку деца и првото дете ќе му шепнеше нешто на второто, па второто на третото, па тоа на четвртото и така до последниот. И последниот ќе кажеше нешто сосема различно од првиот и тука се газевме од смеење. Ете тоа ти е добра илустрација за променливоста на усните преданија. А веруај понекогаш возразните се поголеми менувачи од малите деца. Ова е најочигледно во прикаските за житијата на некои великани, каде по нивната смрт им се додавале некои елементи кои ги немало во првичните нивни реални биографии.

    Исус исто така ги искарал фарисеите и книжниците зошто ги следат човечките преданија, наместо Божјите заповеди:

    „Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа: „Зошто учениците Твои не постапуваат според преданието на старите, но со неизмиени раце јадат леб?“ А Тој им одговори и рече: „Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‚Овој народ со уста Ме почитува, но срцето им е далеку од Мене; но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘ Зашто, вие, оставајќи ја Божјата заповед, го држите преданието човечко: миење чинии и чаши, и вршите многу други слични работи.“ И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите вашето предание.“
    (Евангелие по Марко 7, Библијата)
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.708
    Допаѓања:
    17.679
    А ова некој да ми го објасни, некој овде, читав, дека не треба толку да се величи Богородица...
    Речиси во секоја проповед, отец Клеопа ги прашувал христијаните:

    „Имате ли дома икона на Богородица?“;
    „А кандило дали имате пред иконата на Богородица?

    И тој ги советуваше:
    „Земете ја за заштитничка и помошничка Богородица, мајката наша на небото и на земјата!
    Царица на небото и на земјата!

    Ако ја земете за свој заштитник, читајќи го нејзиниот акатист наутро со запалено кандило и навечер молебен канон, ќе имаш помош во текот на животот, и во часот на смртта и на Судниот ден. ...

    Знаете ли колку може Богородица пред Престолот на Света Троица?
    Да не беше Таа, верувам дека овој свет ќе завршеше многу порано!“
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Машки
    Богородица ја почитуваме како мајка на Исус и ни е пример за послушноста кон Бог.. Ама спасението доаѓа преку Бог и Исус, Бог е тој кој одлучил да не спаси не Марија.. Марија да не го послушала ќе изберел друга жена..

    Бог е оној на кој се молиме..
    Ова ми е една од работите за кои не се согласувам со црквата затоа што многу отстапува од Библијата, да молиме некој светец да се моли за нас.. Како ќе моли за тебе некој што е починат?
    Да речеме и дека е така дека можат да го молат Бог за нас, можеш да се помоли на нив да се молат за тебе ама треба и ти да се молиш на Бог како Исус што не учи во Библијата..

    Ти можеш да побараш од било кој да се помоли за тебе, ама треба и ти да се молиш.. Зошто би барала пример јас да молам за тебе, а ти да не молиш? Мене или било кој друг повеќе го сака Бог и попрво ќе го послуша? Не, Бог сите еднакво не сака и ни ги слуша молитвите на сите!
    Да можам да се помолам и јас за тебе и било кој друг, ама не заборавај дека Бог чека и ти да се молиш..

    Ние сите сме деца на Бог, ти да имаш 5 деца ќе сакаш сите кога им треба нешто директно да те прашаат или едно ќе исклучиш и ќе речеш "А не за ти да добиеш брат ти нека ме праша"?

    И ако мислиш дека Бог не те слуша затоа што не ти дал тоа што си побарала, се лажеш или уште не е време или знае дека тоа е лошо за тебе, колку и тебе убаво да ти изгледа. Еве пак примерот со децата имаш мало дете доаѓа и ти вели " те молам дај ми нож ", ќе му дадеш знаејќи дека сигурно ќе се повреди со тој нож? И тука сигурно ќе плаче зошто не му е дадено нож... Исто е и со нас и Бог..
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Машки
    @Mr.Limonko Многу чуда се десиле на моштите на светителите по нивните молитви, болни влегле здрави искочиле
     
  10. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Машки
    Бог е тој што ги прави чудата.
     
    На EvAngelos, Mumoftwo30 и Burevesnik им се допаѓа ова.
  11. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Машки
    @Mr.Limonko МОЛЕТЕ СЕ НА БОГОРОДИЦА

    Ме носеа на стрелање, пукаа во мене, ме прислонија на ѕид и од неколку метри оддалеченост двајца од нив пукаа од митралез.
    А јас се молам на царицата! И не можат да погодат!
    Па се почнав да трчам, бегам... Куршумите ми свират до телото, ми ја горат облеката, а јас сум без ниту една гребнатинка!

    - И така се стрчав кон Неа на Света Гора.
    Тој ѝ ветил на Богородица, ако го спаси од стрелање, дека ќе стане монах. Тој го одржа зборот и помина 50 години на Света Гора.

    Схиархимандрит Стефан Каруљски



    Речиси во секоја проповед, отец Клеопа ги прашувал христијаните:

    „Имате ли дома икона на Богородица?“;
    „А кандило дали имате пред иконата на Богородица?

    И тој ги советуваше:
    „Земете ја за заштитничка и помошничка Богородица, мајката наша на небото и на земјата!
    Царица на небото и на земјата!

    Ако ја земете за свој заштитник, читајќи го нејзиниот акатист наутро со запалено кандило и навечер молебен канон, ќе имаш помош во текот на животот, и во часот на смртта и на Судниот ден. ...

    Знаете ли колку може Богородица пред Престолот на Света Троица?
    Да не беше Таа, верувам дека овој свет ќе завршеше многу порано!“



    Само молитвеното заземање на Пресветата Богомајка има неспоредливо поголема моќ отколку сите молитви на земната и небесната Црква заедно!

    Зашто, штом Судијата, праведен во Својот гнев, ќе ја здогледа Својата Пресвета и возљубена Мајка како се моли за нас, Он истиот час ќе го отфрли гневот Свој, истиот час ќе погледне на нас со Своето вообичаено милосрдие и ќе ни го изрече посакуваното опростување, зашто многу може молитвата Мајчинска пред добросрдечниот наш Владика!

    Помислете само Кој тоа за нас бара и од Кого и што бара?
    Бара Мајката Божја, која пред Бога има смелост повеќе од сите Светители Божји. Другите Светители се молат за нас како за свои браќа, а Пресветата Дева како за свои деца!
    Обрнете сега внимание колку е голема смелоста на нашата Молитвеница и колку е огнено Нејзиното барање, па расудете дали е можно Бог да не ѝ направи милост?

    И ете, праведниот Судија го одлага оружјето, го остава гневот и им дарува прошка на грешниците! Ете каква милост кон нас христијаните покажува Пресветата Дева Марија! Какво дури тогаш почитување, побожно и длабоко, треба ние да имаме кон Пресветата, браќа!

    Таа е Мајка Божја и Мајка наша. Ние сме должни да ја почитуваме како своја Мајка, тоа е наша природна должност утврдена со законот Божји.

    Свети Илија Мињати
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Машки
    Бог го спасил сепак, ако Бог не сакал да го спаси нема на кој и да се молел..
    Молете се на кого сакате, јас на Бог се молам, не ми треба посредник затоа што знам дека и без него Бог ме слуша..:f:
     
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.947
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Машки
    Смее
     
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    10.612
    Пол:
    Машки
    Па и не треба. Никој во Библијата не ја величал или обожувал Богородица, ниту пак таа го барала тоа од луѓето, а што е најважно, ниту Бог/Исус не го барал тоа. Култот за Богородица како некакво ново божество се појавува дури во 5-ти век.
    Во евангелијата Богородица е спомната само 5 пати и еднаш на почетокот на Делата на апостолите. Потоа воопшто не се ни спомнува. Таа својата блажена улога си ја завршила успешно и потоа фокусот на Божјата објава си останува и продолжува на Господ Исус Христос Кој е единствено достоен за слава и величање.

    Богородица дала една единствена заповед. Знаеш која е таа? „Се што ќе ви рече Исус, направете!“ (Ев. Јован, второ поглавје). Толку. Нема никакви дополнителни заповеди или инструкции од нејзина страна, освен оваа заповед.

    1. Таа и да сака не може да ни помага или да не заштитува. Само Бог е Тој што може да ни помага и заштитува.
    2. Таа не е наша мајка. Ние си имаме свои мајки, со име и презиме. И навреда за нашите мајки е други жени да нарекуваме наши „мајки“. Мојата мајка е таа што ме родила, а не Богородица. Богородица била мајка на Исус и другите деца што ги имала со Јосиф.

    Доколку Богородица би била денес меѓу нас, таа и самата би ги искарала оние кои нејзе ја обожуваат и величаат. Таа на таквите би им рекла да го обожуваат и величаат само Бог.
     
    На daylight и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.947
    Допаѓања:
    4.737
    Пол:
    Машки
    Ти господине, не можеш пастор да станеш, а Пресвета Богородица Го роди Христос! Затоа помалку хули и гледај пастор да си станеш. ;)
     
    На Elenpelen и Burevesnik им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    10.612
    Пол:
    Машки
    Ниту имам повик, ниту дар, ниту желба, ниту аспирација пастор да бидам. Тоа што си го работам си го сакам и ме исполнува.

    Говорењето на вистината од Светото Писмо не е хулење. Туку тебе ти пречат вистините од Светото Писмо, па затоа се наоѓаш засегнат да ми реплицираш. Исто како што и на тогашните фарисеи им пречела вистината која Исус ја зборувал, па затоа цело време се наоѓале засегнати и му контрале. Не залудно се запишани нивните реакци во евангелијата. Бог предвидел дека тие ќе имаат наследници и во 21 век, па не подготвил како да се справиме со тој дух фарисејски :)
     
  17. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Машки
    Што е пастор?
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    10.612
    Пол:
    Машки
    Пастор (Пастир) е надзорник (на грчки: епископ) на локална црква. Црквата на многу места во Новиот завет илустративно е наречена стадо, па како што стадото овци имаат пастири, така и Божјата црква има пастири.
    Како што пастирот ги води овците, ги заштитува, се грижи некоја овчичка да не застрани од стадото, така во духовна смисла и пасторот се ги води во Божјото Слово верниците, се грижи пред се за нивната духовна состојба, за чистотата на Христовото учење итн.

    „Грижете се, пак, за себе и за целото стадо, во кое Духот Свети ве постави за надзорници (епископи), за да бидете пастири на црквата на Господ и Бог, која ја придоби Тој со Својата крв.“
    (Дела апостолски 20:28, Библијата)

    „И Тој постави едни за апостоли, други за пророци, трети за благовестители, четврти за пастири и учители, за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело“
    (Ефешаните 4:11, Библијата)

    И се разбира, врховниот Пастор, Пастирот над пастирите, е самиот Господ Исус Христос.

    Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир си го полага животот свој за овците...;
    (ев. Јован 10, Библијата)

    „А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го воздигна од мртвите големиот Пастир на овците – нашиот Господ Исус Христос, нека ве усоврши во секое добро дело за да ја исполните Неговата волја“
    (Евреите 13:20, Библијата)
     
    Последна измена: 6 декември 2025 во 09:35
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.