Сè што сакате да знаете во врска со религија

Discussion in 'Религија' started by AdoLf, Jun 14, 2011.

  1. LukaX

    LukaX Активен член

    Joined:
    Nov 8, 2025
    Messages:
    42
    Likes Received:
    57
    Gender:
    Male
    Супер ти се чудава што ги наброја, а згора на тоа се поткрепени и со одлични докази.
    А што бидна со вториоот дел од прашањето, од што ме спасил мене, зошто морал да ме спасува?
     
  2. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Joined:
    Jun 21, 2025
    Messages:
    1,227
    Likes Received:
    5,123
    Gender:
    Male
    Од твоите гревови да не те видат кон смрт, туку кон вечен живот. Мора да те спасува затоа што секој твој грев заслужува казна (смрт), Бог сите не сака и не сака никој да страда, а сака и да остане праведен Бог па поради тоа го праќа Исус како жртва и некој кој ќе ги преземе нашите гревови на себе за ние да бидеме спасени само преку нашата вера.
     
  3. LukaX

    LukaX Активен член

    Joined:
    Nov 8, 2025
    Messages:
    42
    Likes Received:
    57
    Gender:
    Male
    Кога ти ке го видиш тој твој бог заблагодари му се и речи му дека нема потреба мене да ме спасува бидејќи јас немам гревови.
    А кој ке му ги прости гревовите на бог, семоќен бил и предизвикал војни, сиромаштија, глад, убиства, измачувања..... што со неговите гревови?????
    Дали тој бог знае за нешто друго освен да казнува, добро се досетил тој што го измислил бог да каже дека е моќен и ке казнува.
    Тие што веруваат во тој измислен бог не веруваат во него поради тоа што го сакаат, туку поради страв од казна.
     
  4. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Joined:
    Jun 21, 2025
    Messages:
    1,227
    Likes Received:
    5,123
    Gender:
    Male
    Јас не верувам од страв од казна, туку од убеденост и слободен избор. Злото не доаѓа од Бог, туку од човечката слободна волја, војните, гладот и страдањата ги предизвикуваат луѓето, не Бог. Бог е безгрешен, сето она што го прави го прави од милост и од љубов, не му е целта да казнува. Бог не сака да бидеме негови робови и затоа ни ја дал слободната воља, како ќе ја искористиш е твое право. Сакаш верувај, сакаш не. Ако ти не веруваш тоа е твое право, исто како што верата е мое.
     
    troublemaker94 likes this.
  5. LukaX

    LukaX Активен член

    Joined:
    Nov 8, 2025
    Messages:
    42
    Likes Received:
    57
    Gender:
    Male
    Па ако ни дал слободна воља, зошто тогаш да не казнува за таа слободна воља?
     
  6. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Joined:
    Jun 21, 2025
    Messages:
    1,227
    Likes Received:
    5,123
    Gender:
    Male
    Слободната волја не значи слобода од одговорност. Во Библијата Бог му дава на човекот избор, но и јасно му кажува дека изборите имаат последици.
    ("Еве, денес пред вас ставив живот и смрт, благослов и проклетство. Затоа избери го животот." - 5. Мојсеева 30:19)
    Казната не е Божја цел, туку последица на оддалечувањето од доброто.
    ("Зар сакам Јас смрт на грешникот? – вели Господ – а не да се обрати од патиштата свои и да живее?" - Езекиел 18:23)
    Затоа дал можност за покајание и спас преку Исус.
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,329
    Likes Received:
    4,410
    Постои и поинакво објаснување, се разбира не мора да го прифатиш ако не сакаш, но интересно е да се знае... информациите доаѓаат од Христовите објави наменети за луѓето на денешницата, меѓу кои најпозната и најобемна е објавата наречена „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„.

    Сите ние изворно сме биле создадени како божји синови и ќерки. Божјото создавање е составено од духовни атоми кои имаат своја брза ротација. Некои од нас посакале да станат богови со свое царство, што е невозможно, но од Бога сме ја наследиле слободната волја бидејќи Бог самиот е Слобода. Така дел од божјите деца заминале од небесните подрачја (се мисли на духовен космос, Апсолутноста, не физичкото сино небо околу планетава) и оформиле своие светови, така настанал постепено материјалниот космос, подоцна низ долги временски периоди и физичките тела на луѓето.
    Со тоа дошло до забавување на ротацијата на духовните атоми, и како последица од нивното отклонување од пра-изворот, Бога, интензитетот на божествената светлина почнал да опаѓа во отпаднатите битија. Слично како кога фотоволтаични келии од сонце ги пренесуваш во сенка, интензитетот на енергијата опаѓа. Значи не е Бог тој кој што ги казнил со одземање на енергија, туку тие самите преку своето однесување се оддалечиле од изворот. Од тоа постепено произлегувало сè повеќе страдање и настанала борба за енергија (меѓу другото тука спаѓаат и војните, се едно дали се световни или тнр.верски).
    Поради долгорочното погрешно постапување на отпаднатите божји деца, духовните атоми толку многу забавиле што постоела опасност да влезат во кратка стагнација а потоа да почнат да ротираат во обратна насока. Тоа би предизвикало ланчана реакција низ целото создавање, затоа што во својата праоснова сè е во единство. Последица од тоа, првин би довело до деградација на душите (човечките души би почнале да се отелотворуваат како животни, растенија и тн.) а потоа и до дезинтеграција на душите и подоцна целото создавање.

    За да се спречи таа опасност, Бог го испраќа својот првосоздаден син и соуправителот на Небесата, Христос, во отелотворување како Исус од Назарет. Тој со својата жртва на Голгота, успева да ја распредели својата искра на спасение - еден вид на батерија која дава енергетска подршка. Со тоа трајно го запира забавувањето на духовните атоми и направил пресвртница во збиднувањето на падот.
    Световите вон небесните подрачја од сатански хиерархии се претвораат дел во чистилишни (познати и како астрални) подрачја - каде живеат оптоварените бестелесни души после смртта, а дел во подрачја за подготовка за влез во Апсолутноста каде живеат во голема мерка совршени битија но се уште не доволно развиени за да можат да се вратат во Небото.
    Конечната последица од Христовото дејствување е дека, независно колку тешко грешат = се оддалечуваат од Божјата светлина, душите носат во себе минимум енергија за да можат да опстанат и се зашитат од распаѓање. Поради тоа Христос станал спасител и избавител на сите души.

    Христовата спасителска искра меѓутоа не го поништува дејството т.е. последицата од гревовите.
    Некои христијани веруваат дека Исус ги превзел на себе нашите гревови и ако доволно силно веруваме во Него, сè ќе биде во ред, или дека е потребно да правиме некакви традиционални церемонии и пееме побожни песни. Кога тоа би било вистина, тогаш сите христијани и нивните земји би биле среќни и здрави, но сликата на овој свет очигледно не е таква.

    За да се ослободи човекот од овоземните зла, треба да работи врз себе и да постапува во склад со божествените упатства (Беседа на Гората и Десетте Заповеди), нашата изворна небесна природа кои предизвикуваат постепено засилување на божествената светлина во нас. Тоа е отприлика како да прашаш во инфоцентар што треба да правиш за да соларните панели кои ти стојат во темница, да почнат да даваат засилено енергија. Тие си се фабрички функционални, но ние сме тие кои треба да вложат труд во нивно правилно поставување. Упатствата но и силата да може тоа да се направи ги дава Христос, затоа тој воедно е духовниот учител, и учителот на сите учители и патот кон апсолутноста.

    Има многу други работи кои треба да се знаат за да се добие поцелосна слика зошто сето тоа е така, но суштината на одговорот за прашањето од што нè спасил Христос, се сведува на тоа.
     
    Last edited: Dec 14, 2025
  8. LukaX

    LukaX Активен член

    Joined:
    Nov 8, 2025
    Messages:
    42
    Likes Received:
    57
    Gender:
    Male
    Еден куп пари да ми понудите за да ги прочитам овие ГЛУПОСТИ, нема да го направам тоа.
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,329
    Likes Received:
    4,410
    Toa е во ред, твое право, но тогаш зошто ги прашуваш луѓето околу тебе за истото? Испаѓа дека тебе всушност и не те интересира одговорот.
     
    Milobebence, Elenpelen and Burevesnik like this.
  10. LukaX

    LukaX Активен член

    Joined:
    Nov 8, 2025
    Messages:
    42
    Likes Received:
    57
    Gender:
    Male
    Па одговори ми кратко и јасно, со конкретни Докази, престанете со овие измислени приказни.
     
  11. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Joined:
    Jun 21, 2025
    Messages:
    1,227
    Likes Received:
    5,123
    Gender:
    Male
    Бог не е глуп па да дозволи на луѓето толку лесно да си најдат докази... Не ми треба мене доказ, доволен доказ ми било тоа што благодарение на Бог јас дојдов тука кај што сум во животот.. Јас знам дека постои сигурен сум, а и во случај да се докаже спротивното ништо не губаме со тоа што сме верувале..
    Ние не можеме да ти помогнеме, се надевам Бог ќе најде најдобар начин да ти го покаже вистинскиот пат.
     
  12. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Joined:
    Jul 9, 2025
    Messages:
    208
    Likes Received:
    189
    Gender:
    Male
    @LukaX
    Прочитај го Новиот Завет
     
    Last edited: Dec 15, 2025
    Mr.Limonko likes this.
  13. LukaX

    LukaX Активен член

    Joined:
    Nov 8, 2025
    Messages:
    42
    Likes Received:
    57
    Gender:
    Male
    Па бог секој ден на најдобриот начин ми го покажува своето (не)постоење.
    Еве вчера во името на бог некој уби 15 луѓе во Австралија.
     
  14. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Joined:
    Jun 21, 2025
    Messages:
    1,227
    Likes Received:
    5,123
    Gender:
    Male
    Во името на човекот не на Бог.
    Сите да му веруваат и да го следат Бог не би имало убиства. :)
     
    daylight likes this.
  15. LukaX

    LukaX Активен член

    Joined:
    Nov 8, 2025
    Messages:
    42
    Likes Received:
    57
    Gender:
    Male
    Еден убав ден кога ке исчезнат сите религии, а несомнено ке дојде и тој ден, светот ке биде многу поубаво место за живеење.
     
    daylight likes this.
  16. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Joined:
    Jun 21, 2025
    Messages:
    1,227
    Likes Received:
    5,123
    Gender:
    Male
    Многу си во грешка друже ама нека ти биде..
    Ако не постоел законот даден во Библијата најпрво во стариот завет, потоа станал дел од законот во државите и ден денес е така, светот ќе беше многу суров. Ама ете луѓето не се во можност ниту да веруваат во законот од државата и да го почитуваат дека е тоа добро за нив, не па во Бог...

    Ти ако толку си против Бог, како атеист што направи за едно зло дело во светот да се намали? Јас од кога сум верник многу правам за да сменам, не за да го задоволам Бог тоа ме исполнува, правам од што така сакам.. Исто така знам колку помага црквата, а исто и џамијата на болни лица, сиромашни, школуваат деца/студенти... Која атеистичка организација го прави истово?

    Поточно и јас сум за да не се делиме во религии бидејќи за сите е еден Бог. Ама обичен човек како нас нема моќ над Господ! Бог ги држи конците на светот во рака, ако сака утре ќе го уништи исто како што го создал.
    Потсмевај се колку сакаш..
     
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Joined:
    Dec 22, 2011
    Messages:
    3,329
    Likes Received:
    4,410
    Ако некој направи нешто во твое име, тоа не мора да значи дека ти не постоиш или дека истото си го одобрил.
    Со ова се согласувам, но постои разлика помеѓу Бог и религија. Религијата е создадена од страна на луѓето. Дел од нив не умееле да си ги објаснат природните појави и судбини па ги припишале на Бог или други натприродни сили, дел од нив виделе можност за богатење и стекнување моќ преку манипулација со простите луѓе, како и извитоперување на Божјите пораки до човештвото во минатото. Но сета тоа незнаење и злоупотреба нема врска со Бог.
    Бог е независен од религијата и мислењата на луѓето.

    Како би рекле некои германци, Бог ДА - Црква НЕ!
    (наместо зборот црква може да се вметне било каква организирана конфесија).
     
  18. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2015
    Messages:
    4,750
    Likes Received:
    26,672
    Дали се слават слави на други места освен на Балканот? Се замислив нешто, дали традицијата на славењето слава е христијанска традиција или славјанска традиција?
     
    Orthophill and daylight like this.
  19. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Joined:
    Jun 21, 2025
    Messages:
    1,227
    Likes Received:
    5,123
    Gender:
    Male
    Не, само Македонија, Србија, Црна Гора и мислам Бугарија и за Хрватска не сум сигурен славиме слави. Пагански обичај е, пред да станеме православци сме славеле нешто во стилот на слава повеќе богови и за да остане традицијата сме почнале светци да славиме.
    И Русија, Грција и Украина.. слават слично како ние слва, ама именден слават, не се пренесува од колено на колено туку секој си слави само тогаш кога му е именденот..
    Другите слават светци, ама не како куќна слава туку во склоп на црквата.
     
  20. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Joined:
    Jul 9, 2025
    Messages:
    208
    Likes Received:
    189
    Gender:
    Male
    @Mr.Limonko штo е пагански славење на слава?