Форумџика на годината

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    3.398
    Пол:
    Машки
    Не, туку потекнува од паганска традиција.
    Старите Словени верувале во повеќе Богови и духови заштитници (мртви членови на семејството). И еднаш годишно се славел како денес слава за тој дух да не се налути. Слично било пченица исто се варела, се сметала за храна на мртвите од таму потекнува и сега што се носи пченица на погреб...
    И биле многу врзани за тие обичаи и не можеле да ја прифатат христијанската вера без тие обичаи и мисионерите што го проповедале христијанството направиле договор, како славете си како до сега само не се молете на пагански богови, славете ги Светците. И затоа само кај Словенскиот народ има слава дома, а инаку во сите други држави се слават Светци само е во црквите нема како кај нас секоја куќа со посебен светец што си го слави.
     
    На daylight, Eunoia и Amellie13 им се допаѓа ова.
  2. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Машки
    Се додека не се одрекнат од гревот и не се исповедаат кај свештеник на детето нема да му стане подобро со гатањето си привлекле демони во домот а демоните секогаш удираат на најмилото а власта може да им се одземе само со покајание, исповед и живот во верата никако поинаку
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LukaX

    LukaX Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2025
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Машки
    Види што си напишал:
    ....и мисионерите што го проповедале христијанството направиле договор.....
    Ова во превод значи дека религијата настанала кога првите преваранти ги сретнале глупите луѓе...
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Машки
    Чекај малку озбилен си за ова особено за пченицата, кој ти го кажува/чита ова?
     
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
    Во истата куќа, но на друг кат си живеат свекорот и свекрвата и тие немаат врска со гатањето и нив не им се случува ништо чудно. Веројатно демоните им се закачуваат на врат на тие што си фаќаат работа со нив.
     
    На Wideperpetual и Burevesnik им се допаѓа ова.
  6. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    3.398
    Пол:
    Машки
    Другар ми го кажа ова, студен на филозофски факултет имаат цел предмет во врска со ова на факултет.
     
  7. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Машки
    Официјално свештениците кажуваат што треба да се прави а што не, а не студенти од филозофски!
     
    На Wideperpetual му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    3.398
    Пол:
    Машки
    Потеклото е од таму никој не рече дека мора да слушаш. А се е тоа од историски податоци, на крајот и свештениците учат од книги и тоа не само од Библијата. Прашај свештеник зошто само на Балканот славиме слава, па кажи што ќе ти каже.
     
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.611
    Допаѓања:
    61.448
    Пол:
    Женски
    Па @Mr.Limonko само кажа од каде потекнува славењето слава, не како да се прави. И ми има смисла сето тоа што го напиша, никогаш не сум размислила, но објаснувањето ми беше интересно. :) Вистина е дека Словените биле многубожци пред да станат христијани, па од тогаш имаме задржано пагански обичаи.
     
    На daylight и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  10. LukaX

    LukaX Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2025
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Машки
    На филозофски факултет имаат цел предмет за тоа во која пригода се јаде пченица?
    Чудно
     
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.143
    Допаѓања:
    82.955
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам... Славиве почнале да се практикуваат со ширењето на христијанството на овие простори. Не дека некој "се договорил" со некого, туку луѓето кои претходно имале некакви пагански верувања и обичаи, се свртеле кон христијанството и ги трансформирале своите верувања и практики.
    Според самото христијанство, не се слават слави. Не налага христијанството такво нешто, но и кога сме христијани, пак славиме слави поради традиција, останало така да се слави светец кој се смета за заштитник на куќата, семејството, селото или градот или пак сме одбрале да славиме светец од почит кон него, спрема неговото житие. Што и не е погрешно, се додека светецот кој го славиме не го издигнуваме како Бог, бидејќи еден е Бог, а светецот само е избран од Бога и од Бога му биле дадени моќи (на пример моќ за исцеление).
     
    На Elenpelen, daylight и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  12. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    3.398
    Пол:
    Машки
    И мене ми имаше логика кога ми го кажа другарот. Во филозофијата да чудни се некои работи, ама генерално повеќе се историја.. Баш за ова што зборувавме, имаат лектира/книга (незнам што е точно), од некој автор и собрани се повеќе историски записи и поврзано со тоа од каде доаѓа културата за некои настани..
    А кој рече дека е за тоа како се јаде пченица предметот? За културата и традицијата е...
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.705
    Допаѓања:
    200.526
    Да, пченицологија е предметот|(
    Историја на религии веројатно. Ништо чудно нема во тоа, ниту е христијанство единствена религија, ниту прва. И првите религии биле сегде многубожни ама словените имаат божества со култ кон природата. Е сега какви племиња биле тие што прифатиле христијанство на територијата на Македонија е друга тема.
    Пченицата во христијанството има врска со воскреснувањето ;)
     
    На daylight, Mr.Limonko и Angie1432 им се допаѓа ова.
  14. LukaX

    LukaX Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2025
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Машки
    Од сите лаги во религиите досега сретнав само едно вистинско тврдење а тоа е дека пченицата има врска со воскреснувањето. Имено кога ке ја закопате пченицата таа повторно се раѓа.
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.705
    Допаѓања:
    200.526
    Well...можеби не си го поставил вистинското прашање, или не си го прашал на правилно место.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LukaX

    LukaX Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2025
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Машки
    Дали е точно тврдењето дека господ го создал сонцето четвртиот ден?
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.705
    Допаѓања:
    200.526
    Не знам, не памтам што пишува во библијата. Ако пишува, сигурно ќе има и некој научник што ќе ти одговори на тоа. Значи некој многу учен човек, не селски поп со средно:D
     
  18. LukaX

    LukaX Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2025
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20251218_234845_ChatGPT.jpg
    Еве од овој поучен нема, а тој тврди дека е точно тоа.
    Па добро сега, како можеле да поминат четири дена ако немало сонце?
     
  19. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.603
    Допаѓања:
    25.889
    А коледе? Исто така е славјанска традиција?
     
  20. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.901
    Пол:
    Женски
    Како и славата, именденот, така и коледето има зачеток во паганизмот....тоа е врска со коренот и заедничкиот предок.
    И во паганските времиња постоеле праведници и светители, кои иако не го познавале Христа, во срцето го чувствувале Бога и природно живееле според тоа свое чувство.
    Со појавата на Христос, круна е ставена на смислата на човековото постоење.
    Понекогаш заветот има тежина иста како и Божјата заповед, сите набројани обичаи се токму тоа. Не би постоеле стотини години да не е така.
    Значи човекот, семејството или заедницата се заветуваат на служење на Бога преку прославувањето на одреден светец кој ќе ги застапува пред Бога. Причините разновидни можат да бидат, често низ времето се забораваат, но останува сеќавањето за заветот.
    Заедничарење, ист корен, исти или слични радости и маки ( често територијални ) ги врзуваат луѓето кои слават исти празници.
    Воопшто не е безначајно и не треба да се отфрла.
     
    На Wideperpetual и Mr.Limonko им се допаѓа ова.