Форумџика на годината

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.567
    Допаѓања:
    10.916
    Пол:
    Женски
    Славата е српска традиција, во Македонија се омасовува во 19. век под влијание на српската пропаганда. Имендените исто така не биле презастапени пред 19. век кога стануваат популарни под бугарско влијание. Како мода на тој век, како што родендените овде почнуваат да се одбележуваат во 20-тиот.
     
    Последна измена: 19 декември 2025
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    3.398
    Пол:
    Машки
    Замисли дури 4 дена без сонце. :o
    Исто како можеле толку години да поминат без телефон?:o
    На кого му требало тоа сонце тогаш кога ништо не било уште создадено од живиот свет?
    Кога создаваш нешто ново почнуваш од некаде и после го унапредуваш и го украсуваш како што тебе ти одговара.
    Така и Бог..
    "Земјата беше неоформена и пуста; имаше темнина над бездната и Бог лебдеше над водата. И Бор рече "Нека биде светлина!" (Создавање 1-2, 3).
    "И Бог виде дека светлината е нешто добро и ја раздели светлината од темнината. Светлината ја нарече ден, а темнината ноќ" (Создавање 1 - 5,4)
    "Потоа Бог рече " Нека се појават светлата на небесниот свод, за да го делат денот од ноќта и да бидат знаци и за времињата и за деновите и за годините." (Создавање 1 - 14)
    "Бог создаде две големи светла: поголемото да управува со денот и помалото да управува со ноќта, ги создаде и ѕвездите "- (Создавање 1 - 16).
     
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.955
    Допаѓања:
    4.754
    Пол:
    Машки
    Славењето на слави (на македонски е ден) била сеопшта Христијанска (православна) традиција за која имаме сведоштва барем од 11. век. Доказ за тоа имаме во чудата на свети Никола и свети Георгиј (можеби има и во други житија, но за овие знам :) ), кога слава славеле и Ромеите. Првпат кај нас се спомнува слава при ослепувањето на Самуиловиот војвода Ивец во 1018 година (200 години пред да постојат Србите), чиј ден бил Успение на Пресвета Богододица.
    Обичајот за празнување на слава, веројатно потекнува од периодот кога богаташите почнале да градат параклиси во своите домови и на денот на заштитникот на својот дом правеле служба и трпеза. Потоа веројатно и посиромашните почнале да ја следат таа традиција. По паѓањето под Османска власт и осиромашувањето на народот веројатно постепено престанало да се практикува овој обичај сегде освен на територијата на Охридската и Пеќската Архиепископија. А Пеќската Архиепископија се има отцепено од Охридската Архиепископија.

    Во однос на пченицата. Точно е дека таа е симбол на Воскресението. А првпат почнала да се припрема кога во времето на цар Јулијан Отстапник свети Теодор му се јавил на сон на епископот на Константинопол и за да го заштити христијанскиот род од јадење на храна со крв од жртви на лажни богови му укажал на епископот христијаните да јадат пченица со мед.

    Кое Коледе? Бидете попрецизни што Ве интересира.

    Прикаската дека славите се чисто српски обичај се чиста српска пропаганда. За тоа пишуваат многу македонски интелектуалци од периодот кога Македонија паѓала под српско ропство и започнувала асимилацијата на македонскиот народ. Имендените исто така биле застапени уште во турско и главно ги славеле по градовите.
    Карактеристично за Македонија во однос на Србија е тоа што има и еснафски и селски слави.
     
    На Burevesnik му/ѝ се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    4.405
    Дефинирај го зборот ден... провери кој збор е употребен за истиот и кои се другите негови значења во старохебрејскиот јазик.
     
    На Autumn Love, Mr.Limonko и Biljarkata им се допаѓа ова.
  5. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.567
    Допаѓања:
    10.916
    Пол:
    Женски
    @Orthophill
    Куќната слава е заштитена при УНЕСКО како српски обичај кој се пренесува во семејството исклучиво по машка линија. Српска пропаганда би било ако речам дека Македонците ја споделувале таа традиција со Србите отсекогаш, но не е така. Во Македонија имало колективни прослави на големите верски празници, не слави во секоја куќа како што ги знаеме денес.
    Ниту имендените не биле масовни во Бугарија, се до 19. век кога стануваат популарни таму и во Македонија под влијание на егзархијата, а семејните слави се должат на српското влијание во истиот период.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.705
    Допаѓања:
    200.526
    Да де, и ајварот е словенечки|(.
    Се е и сечие и ничие, не постои национално разграничување во феномени кои се постари од феноменот нација.
     
    На LocoCroco му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.567
    Допаѓања:
    10.916
    Пол:
    Женски
    лол Ајварот не е заштитен од УНЕСКО.

    Зошто во Македонија се слави и именден и слава, а во Бугарија не слават слава? Оти Македонците одбирале мода што им се допаѓа од кај комшиите.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.955
    Допаѓања:
    4.754
    Пол:
    Машки
    Ти дадов примери за славење на слава пред да постојат Срби. Толку. Ако сакаш да се инаетиш или да шириш српски пропаганди слободно.
    Уште еден пример за славење на домашна слава е „Автобиографијата“ на Григор Прличев, каде е спомнато, дека имале домашна слава свети Атанасиј. И Григор Прличев бил Србин или под српско влијание?
     
  9. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.567
    Допаѓања:
    10.916
    Пол:
    Женски
    И не мешајте богаташи од среден век што приредувале гозби за верски празник. Тоа го имало и во другите земји кај католиците.
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.705
    Допаѓања:
    200.526
    Лол, ајвар е регистриран како заштитено име во ВИПО. За цел еден продукт. Кој нормално е словенечки, пошто они се познати пиперко-производители:bug:
    Појма немам што слават во Бугарија што во Србија, како за земји во кои религијата била скоро забранета, многу нешто се слави.
     
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.955
    Допаѓања:
    4.754
    Пол:
    Машки
    https://www.strumski.com/books/Miletic_slava_sluzhba.pdf
    Еве ти за разликата на македонските и српските слави. Тргнете ги капаците од уздите и гледајте малку и лево и десно.
     
    На Elenpelen, daylight и Wideperpetual им се допаѓа ова.
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.603
    Допаѓања:
    25.889
    Ха? Нели србите се едно од славјанските племиња што мигрирале на Балканот во 7ми век?
    Како и да е, сепак славата мора да е славјанска традиција штом само на балканот е присутна (и порано и сега).

    Како кое, зарем има повеќе? Оноа кога идат децата од враѕа на врата, пеат, им даваат бонбони....
     
  13. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.567
    Допаѓања:
    10.916
    Пол:
    Женски
    И сега кој споделува нечии пропаганди, пак јас? :drunk:
    Општо признат факт е дека мнозинството Македонци почнуваат со слави и имендени во 19. и 20. век. Смири ги страстите. Hапишав како што сме учеле, а дали ме засега тоа мене лично? Не. ‍Верник не сум. Kогa ќе ми текне дека слава е регистриран српски обичај/туѓ :P, уште помалку ми се слави. Ама ОК е да се одбележи празник по дома ако си сака човек и нека кани луѓе ако сака. Мене по гости не ми се шета.
    Има и Macedonian ajvar кај ВИПО.
     
  14. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    3.398
    Пол:
    Машки
    Литургијата за Божиќ во сите цркви почнува во исто време?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.955
    Допаѓања:
    4.754
    Пол:
    Машки
    Не. Најдобро да си прашате во црквата во која планирате да одите.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
    Зошто кажа дека соновите често се демонска замка? Има периоди кога ич ништо не сонувам, има периоди кога е обратно.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.955
    Допаѓања:
    4.754
    Пол:
    Машки
    Да се молите пред спиење. Купете си молитвеник и читајте ги молитвите пред спиење. Не мора секој ден сите, но барем три и така менувајте ден за ден.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
    Исто и ова ми текна. Што е со венчавањето на трети братучеди без око да им трепне за крвната врска? Девојче од маалото се омажи со трет братучед, знаеја и тие двајцата и фамилиите, свесно и намерно дозволија таков брак под наратив „модерни времиња“. Скоро дознав дека една далечна роднина на мајка ми стапила во таков брак, со трет братучед, и ги снајдоа несреќи од три родени деца, жената остана со едно, двете починаа, едното како бебе, другото како возрасна девојка. Кој е ставот на црквата?
     
  19. TrueToMyself

    TrueToMyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2022
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    757
    Пол:
    Женски
    Знае некој кога започнуваат Велигденските пости оваа година ? :)
     
  20. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Машки
    На 23 февруари
     
    На TrueToMyself му/ѝ се допаѓа ова.