Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    920
    Допаѓања:
    1.378
    Пол:
    Женски
    Литургијата за Божиќ обично започнува рано наутро на самиот Божиќ (7 јануари), често околу 6:00 часот наутро, или 7 или 8 часот... по што следи утринска богослужба, а за Бадник (вечерта на 6 јануари) се служат вечерни богослужби, но точното време варира во зависност од црквата, па најдобро е да проверите во вашата локална црква.

    Бадник: Вечерната богослужба може да започне околу 17:00 или подоцна.
    Божиќ: Светата литургија започнува рано, околу 06:00 часот наутро, или подоцна, 7, 8 часот.
     
    На Mr.Limonko и Burevesnik им се допаѓа ова.
  2. ...andre

    ...andre Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Порано верував многу во Господ но веќе се имам разочарано се присилувам да верувам но веќе не можам само одбивност и негативни мисли и чувства имам кон Господ иако не сакам да ги имам тие лоши чувства кон Господ разговарав со еден свештеник но како да не сакаше да ме ислуша побарав благослов постев дојде ред да се исповедам вика те разрешив без да му се исповедам
    Што понатака не можам веќе да верувам
    Плус страдам од оцд и мн работи ми се имаат собрано.
     
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.143
    Допаѓања:
    82.954
    Пол:
    Женски
    Од што си толку разочаран?
    Кога пристапуваш кон исповед, кон одење во црква, кон молитва, не треба да имаш негативни чувства, туку чувства на покајание, на верба, на благодарност за она што го имаш и што е (секогаш има нешто добро за кое треба да бидеме благодарни и ќе ни се даде повеќе). Особено вербата е најважна бидејќи човек што му верува на Бог, не може да е оставен и молитвите да не му бидат исполнети. Ако се молиме со сомнеж, со незадоволство, како да биде таа молитва примена? Знам по мене, не пишувам измислено. Вистинска љубов кон Бог и верба со сето срце чуда прават.
     
    На Wideperpetual, TrueToMyself и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  4. ...andre

    ...andre Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Порано мн верував не знам ни ја со години страдам од депресија порано секогаш имав радост утеха во Господ но веќе не, и да сакам не можам да се молам од срце душа кога и да се молам ме фаќа нервоза знам треба да разговарам со свештеник ама кога почнав да зборам не ме сослуша свесен сум дека може има гордост во мене некоја ама колку се трудам да ги разберам некој работи не можам
    Вака на луѓе зборам за верата ако имаат мака им викам одете во црква молете се.
    Порано колку и да ми било тешко сум имал надеж верба ама веќе не,
     
  5. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.014
    Допаѓања:
    16.912
    Пол:
    Женски
    Надежта, верата, не треба да ти зависат од тоа дали ќе те сослуша свештеник. Не е грев да побараш друг, а тоа што велиш дека има гордост во тебе е само показател дека си свесен за твоите недостатоци. Свесност која долгогодишни верници ја немаат, што по автоматизам не ги прави достојни за во црква (иако самите се сметаат за такви). Не се откажувај.
     
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.982
    Допаѓања:
    11.020
    Пол:
    Машки
    На кој начин те разочарал Господ? Си имал некои очекувања кои Тој не ги исполнил? Беспрекорно здравје? Полесен живот?
    Ах бе пријателе, за жал на никој не им се ветени овие. Живееме на проклета земја, удавени во гревови до гуша. Не страдаме само од нашите лични гревови, туку и од гревовите на другите луѓе, на сите луѓе, вклучувајќи ги и нашите предци од кои ги наследуваме и овие грешни тела, и оваа расипана земја.
    Но што е тука е. Господ воопшто не е крив за тоа. Кои и да е крив, не е наше да судиме. Господ ќе суди еден ден. Она што е важно како да се справиме со овој живот. А за тоа да го дознаеме, треба да ја отвориме Библијата и да читаме и применуваме.
    Батали го свештеникот што не сакал да те ислуша. Важно е да му ги исповедаш гревовите на Бог. Исус најмногу се расправал со религиозните водачи, а нема ниту еден пример каде се расправал со грешник.
    Прочитај барем две евангелија, и Поговоркиите на Соломон, моли му се директно на Господ и после ќе праиме муабет.
     
  7. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.988
    Допаѓања:
    111.588
    Пол:
    Женски
    Да си го смениш духовникот.Не смее никако да не те исповеда кога ти сакаш.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.228
    Допаѓања:
    44.113
    Пол:
    Женски
    Ова ти е одговорот. Имаш интрузивни мисли предизвикани од окп. Мој совет ти е да не навлегуваш премногу во религија бидејќи може да ти се влоши состојбата и да развиеш нова опсесија.
     
    На daylight и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. ...andre

    ...andre Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Некој работи не можам да ги разберам
    Веќе навлегов многу и се изгубив
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    4.405
    Паузирај, отргни се и доколку сакаш, побарај помош од психотерапевт, некој во кој ти имаш доверба.
     
    На ...andre му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Машки
    Нема поголем лек од Телото и Крвта Христови, но како што вели Исус, твојата Вера те спаси, верата треба да ни е цврста како камен, како што била верата на Св.апостол Петар.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.329
    Допаѓања:
    4.405
    Да, но ти очигледно не прочита што напиша човекот.
     
  13. ...andre

    ...andre Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Ја сакам да верувам но како да не можам јас викам верувам ама не од срце душа не го осеќам од срце душа тоа
    Мора да најдам некој духовник со кој ќе можам да разговарам
     
  14. Burevesnik

    Burevesnik Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Машки
    Јас прочитав што напиша тој, но најверојатно ти не разбра што напишав јас во претходниот пост што те цитирав.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.