Прв пат слушам, кога почина мајка ми, вапцав јајца за Велигденот после тоа. Ништо не менува и нема врска со смртен случај.
Жсл ми е што не сум одговорил со време на олку сериозно прашање. 1. Во ред е, особено ако има многу причастници. Битно е да се знае, дека кога се причестуваме, не смееме да ја напуштиме црквата пред отпустот. Зашто само еден апостол се причести ја напушти литургијата, Го предаде Христа и се обеси на крај. 2. Причесната на мали деца (бебиња) може да им се дава само во вид на Крвта Христова, поради проблем со голтањето. Возрасните кога се причестуваме ни се дава и Тело и Крв Христова во вид на вино и леб. Треба да знаете дека во лажичето има и Тело и Крв Христови. Целото Тело и Крв Христови во една мала трошка и во неколку капки. Можеби не сте Го почувствувале Телото Христови во устата, но сте го добиле. 3. Нафората е благословен леб, кој ја симболизира Пресвета Богородица и Нејзината света утроба. Зашто како што Христос се роди од Пречиста та, така и попот кога проскомидисува од поскурата Го вади Агнецот, кој подоцна на светата литургија ќе се претвори во вистинско тело Христово. Нафората е симбол, но причесната е вистинско Тело и вистинска Крв Христови.
Најдобро се чита кога ги читаш книгите и писмата како реални историски документи. Како и на секое литературно дело и секој историски документ, контекстот е најважен во толкувањето. Не постои текст без контекст. Затоа треба да пазиме на контекстот за правилно да го разбереме тоа штог о читаме. Да си ги поставуваме прашањата: Кој го пишува ова? На кому го пишува? Зошто? И секако да си го поставуваш прашањето, што значи ова за мене денес во 21 век? Како да го применам ова учење во мојот живот? Најдобро е да почнеш од Новиот завет, од некое од евангелијата.
Имам едно прашање, можеби е глупаво ама не знаев што да одговорам кога ме прашаа, па се замислив. Дали е дозволено жената да вапцува јајца доколку е во циклус?
Зошто некои попови се шетаат во униформа (мантија) низ град? Немам забележано доктор да шета у бел мантил надвор од работа на пример. Дали ова им е наметнато од црквата или го носат низ град по сопствен избор, дали има некакво значење?
Не знам за попови, ама доктори (и останат персонал) дефинитивно шетаат во униформа Ова одамна го имаме дискутирано и објаснувано, ама не знаев дека е нешто непознато и дека на луѓе им е чудно. Амбулантната униформа (онаа во која ги гледаме докторите кога влегуваме од улица, од ходник, од јавен превоз... итн) служи најмногу за негова заштита, не за наша како пациент. Амбулантните услови не се стерилни, ако има потреба од стерилна средина преглед/интервенција не се врши каде што повеќе пациенти од надвор влегуваат во обична облека, обувки. Сè додека нема крв и др. на униформата нема причина докторот (и останатите) да не излезат од работа во истата, јас додека работев во болница од дома одев во униформа ако веќе носев униформа, оти ме мрзеше да се пресоблекувам. Што значи и во продавница и на бензинска итн. застанував во таа униформа. Е, чим се вратам дома од мене право во машина одеше Не си начекал доктор, инаку дефинитивно во "обичната" униформа шетаат затоа што е поедноставно, посебно можеш да ги видиш околу болниците. Каде што има потреба од стерилна средина, носат сосема друга униформа, други кломпи + стерилна облека и материјали за еднократна употреба (ова е оп. сала, шок соба, интензивна нега...)
Можда као полицајци, ако ти притреба поп, одма да го видиш. Не мислам дека носат цело време кога не се во служба, што знам. А околу црква и црковни ритуали, ваљда пошто му е униформа.
Носат, по маркети итн. можеш да ги видиш. Веројатно одат/се враќаат од работа, или се на работа измеѓу две служби итн. Поедноставно е да не се пресоблекуваат на секое. Макар не одат со цела униформа, туку со основната, поширока црна што е, што ја носат под везената престилка да речам.
Па добро, на истото мислев. Сдк поп во приватни активности не носи ,,униформа,, бар колку што ме држи меморија, за разлика од монах/владика кој цело време би требало да биде во ,,униформа,. Туку, прашање-ѓакон е некоја функција монашка или цивилна?
На некој начин "ветени се" кога се запопуваат па мантијата да ги потсетува и другите а и самите нив дека треба да живеат по духовни правила као скромно и без раскош шо во реалност и не е така али ај да не судиме А монасите тие мора нон стоп да носат зошто се одрекуваат од светот, фактички се заветуваат на сиромаштија и послушание пред Господ. Мантијата значи дека се откажале од обичниот живот и живеат само за Бога а црната боја дека тие се умрени за светот и главна цел во животот им е духовноста.
Може да биде и за монашки чин и за свештенска функција Свештеникот најпрво е ракоположен во ѓакон, потоа протоѓакон( најчесто се прескокнува) па се ракоположува во презвитерски/ свештенски чин. Кај монасите тоа е јероѓакон и повисок чин-архиѓакон.
Прашањето не треба да биде зошто некои попови се шетаат по мантија, туку зошто некои попови не носат мантија (освен летно време на +40С, во Грција и на +50С носат)? Според црковните правила поп не смее да излезе од дома без мантија и тоа треба да го прифатат во моментот кога поднеле молба за запопување. Толку.
"Религијата е одлично нешто за да го држи обичниот народ мирен. Религијата е она што ги спречува сиромашните да ги убијат богатите." - Наполеон Бонапарта