Вака, дома пред некој ден, дошол некој човек и му ставил на моиве иконче од св. Ѓорѓија ( а тоа е наша слава) свеќа и бројаницата и демек бил од некоја црква и моиве ги зеле стварите и му дале пари. Мене ми е шубе. Свеќата не ја палам, белезицата не ја носам и икончето го остави кај иконите. Имам намера, да ги однесам в црква, оти нз, не примам ствари од непознати особи, а не па вакви духовни. Што мислите?
Можно е. Но сепак тоа е комплицирана процедура, треба да се исконтактира паорхискиот свештеник, па архијерејскиот намесник и на крај владиката. Патем зошто мислите, дека ако архиепископот присуствува на нечија венчавка, дека бракот ќе биде успешен? Јас знам парови, кои ги венчале владици, па се распариле. Знам луѓе, кои ги крстиле владици, па сепак не се нешто ни добри, ни успешни.
Нели може дирекно да се праша г.г.Стефан, па првин да се праша парохискиот свештеник, па архирејскиот намесник?
Никогаш од црква немам слушнато дека се праќаат по куќи да продаваат нешто, сигурно не ни биле од црква туку само за пари.. Што мислиш дека е најправилно тоа прави со нив, ако ти требаат чувај ги, ако сакаш носи ги во црква, ништо не е погрешно..
Со дечко секако не смееш да имаш секс (ако се прашува црквата), со мажот должност имаш да имаш секс (ако се прашува црквата). Кај им текнуваат вакви глупости да ми е да знам.
Боже измислици... Како шо кажале погоре со дечко црковно не ни смееш да имаш односи. Ама сега секако веќе скоро сите прво деца праат/раѓаат па црковно се венчаваат тие да не не треба ич да влезат ?
Другарка ти ова сигурно го извадила од стариот завет има дел за повеќе хигиенски навики, има еден стих и за ова дека треба да се избањаш и дека си нечист до вечерта или сабајлето беше.. Ама тоа е нормално за стариот завет и било добро тогаш такви закони да имаат исто како за циклусот, не можеш денес на оваа хигиена да испрлаш.. Исто новиот завет повеќе се залага за чистотата на душата.. А мислам и дека црквата нема вакво правило, ако има тогаш никој од нас не треба да влезе во црква, по нечисти се патиките со кои влегуваме и парите кои ги оставаме ако е за чистота, а ако е поради грев зошто имаш секс пред брак пак нема смисла сите сме грешни секако, зошто за еден грев би било забрането за друг не...
Христијанството се занимава со Нов Завет, така што правила од Стар Завет се неважечки. Во НЗ апсолутно никаде не постои ништо за неодење во црква после секс, а вонбрачен секс секако е забранет. Двајцата во брак се должни да имаат секс и да прават деца. Ова ми е муабетов ист како оној дека при циклус не се оди во црква. Суеверие.
Истово го и кажав јас дека најверојатно тоа го извлекла од стариот завет, и дека за тоа време тоа правило си имало и оправдани причини зошто морало да биде запишано, сите знаеме какви биле хигиенските услови... Никаде не кажав дека не треба да се оди во црква ако си имал секс вечерта пред да одиш..