Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    6.193
    Пол:
    Машки
    Да, ама не си ставај толку при срце, ако мислиш дека си направила грев Бог ќе ти прости, сите гревови се еднакво гревови, никој од никого не е помалку грешен според Библијата..

    Од друга страна во Библијата никаде не стои дека Бракот е хартија од матично или венчавка во црква, дури и да си потпишан таму ако не е она Брак како во Библијата не знам ни колку би се нарекол Брак. Според Библијата бракот е само јавно признавање дека сте заедно, да е сериозно, не е скриено и сте оддалечени од родителите живеете двајцата заедно со слободна волја, љубов.
    Мое мислење е дека ако погледнеш на Библијата за брак може да се смета и она денес што живееме заедно без потпишани во матична книга..
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.519
    Допаѓања:
    280.278
    Да, не смееме да имаме вонбрачен секс, ако се прашува црквата.
    Колку и како секој ќе си сфати/почитува, негово си е.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.519
    Допаѓања:
    280.278
    Епа стварно не се има секс пред брак ако ти е важно да испочитуваш што ти вика НЗ.
     
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.214
    Допаѓања:
    18.327
    Ммм што велиш. За нив нема ништо во Библијата и за силувачите, насилниците... ЛГБТ
     
  5. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    6.193
    Пол:
    Машки
    Има за сите..
     
  6. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    4.115
    Пол:
    Женски
    Абе кој се вратил да каже какво е и што има таму и кој кај ќе оди?
    Јас како што знам ако се покаеш гревовите се простуваат ,или не ?
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    6.193
    Пол:
    Машки
    Да секој кој ќе се покае и ќе се труди во иднина да не го направи истиот грев му се простува благодарение на жртвата на Исус.
    Единствен грев кој е спомнат за кој нема простување е "Хула на светиот дух", е сега имам слушнато две "дефиниции" за тоа што е ова едната вели дека во денешно време не може овој грев никој да го направи затоа што е да ги видиш на дело чудата и да го отфрлиш Бог, другата е свесно одбивање на Божјата милост до крајот на животот.
     
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.635
    Допаѓања:
    34.627
    Пол:
    Женски
    Ако се покаеш ти се простува :rofl::rofl:
    Значи силувачите, педофилите, геноцидашите, ако се покаат секојпат кога ќе напраат НЕдело, им се простува?
    Ова е една од причините шо не ги сакам религиите.
     
    На Medea., Angie1432 и lovely91 им се допаѓа ова.
  9. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    6.193
    Пол:
    Машки
    Ако вистински се покае да му се простува, и треба да престане да го прави тоа, да го прифати она што го сторил, а ретко кој што го повторува тоа се покајал вистински.. Ама казната која му е пропишана на земјава со закон треба да си ја одлежи, дали била доживотна, дали смртна не треба да се противи..
    Ако вистински се покајал, а не е манипулација, сам ќе сака да биде казнет за тоа што го сторил.
    Секоја душа да им се потчинува на повисоките власти, зашто нема власт што не е од Бога; а властите што постојат се поставени од Бога.
    Затоа, оној што се противи на власта, се противи на Божјото уредување; а оние што се противат, ќе наввлечат осуда над себе.
    Зашто, владетелите не се страшни за добрите дела, туку за лошите. Сакаш ли, пак, да не се боиш од власта? Прави добро, и ќе добиеш пофалба од неа;
    зашто таа е Божји слуга за твое добро. Ако, пак, правиш зло, бој се, зашто таа не залудно носи меч; таа е Божји слуга и одмаздник со гнев врз оној што прави зло.
    Затоа треба да ѝ се потчинувате, не само поради гневот, туку и по совест.
     
  10. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    4.115
    Пол:
    Женски
    Затоа за овие животот на земјата треба да му е пекол ,баш дека никој не се вратил да кажи како е.
     
    На Adidas888 и lovely91 им се допаѓа ова.
  11. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Машки
    https://en.wikipedia.org/wiki/Marriage_in_the_Eastern_Orthodox_Church

    Бракот е света тајна и се склучува пред свештеник во црква секакво општење пред брак комбинација дечко-девојка е грев
     
    На Bitter-Sweet и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.109
    Допаѓања:
    11.720
    Пол:
    Женски
    На FriendOfDorothy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.408
    Допаѓања:
    84.789
    Пол:
    Женски
    Што има Господ врска со нечија забеганост?
     
  14. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.109
    Допаѓања:
    11.720
    Пол:
    Женски
    Работата е во тоа што не постои. Да постоел, тој требало да ги заштити жртвите и воопшто да не станат жртви, толку би било едноставно.
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.408
    Допаѓања:
    84.789
    Пол:
    Женски
    Не функционира тоа така. Луѓето сами бираат дали ќе бидат добри или лоши и сами одлучуваат за своите дела.
     
  16. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.109
    Допаѓања:
    11.720
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам. Кога би постоел бог, одговорноста за овие недела би била негова, затоа што не секој човек има доволно интелигенција, здрав разум или пак искуство кое би го навело да донесе добра одлука.

    И ако наводно е слободна волја и свесен избор во прашање, тогаш ете, зошто не реагира на лице место да ги заштити жртвите од предаторите откако вториве го направиле изборот? Не постои и тоа е тоа.
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.255
    Допаѓања:
    15.108
    Сепак во некои ситуации некоја виша сила не штити. Барав одговори на ова и се вели дека божјата заштита се активира за да ги спаси тие што не направила зло, а се под закана да им се нанесе зло. Имав ситуација, луѓе сакаа да ме фатат на емоции, да ме искористат, да ме фатат на добрина, да се смилувам, да ме зезнат и тоа здраво, поминаа 2 дена, ги најде проблем, сериозен, животозагрозувачки од нигде никаде што би се рекло. Поминаа неколку месеци, ете ги ко божем штосни, пак нешто сакаат да ме зезнат и тоа сериозно, две недели потоа, ги најде беља, па дури и арогантни, индиректно меѓу редови претходно ми посакаа лошо здравје, и тоа што мене ми го посакаа, им се врати брзо, со здравствени проблеми. Ај речи после ова, нема некоја виша сила?
     
  18. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.109
    Допаѓања:
    11.720
    Пол:
    Женски
    А тепаните, силувани тодлерчиња, какво зло сториле за да си влечат трауми целиот живот? Дали се тие позлобни од вас, возрасните кои имате чувство дека ве штити некој?
     
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.255
    Допаѓања:
    15.108
    Не знам човек, еве ти кажувам пример, сакаа да ме зафркнат здраво, им се врати белјата во нивни двор. Да ти бара тебе некој услуга да му завршиш нешто незаконско, да го одбиеш и да ти рече „Ќе видиш ти Аргентино, ќе ти треба помош, нема да ти помогнам, да знаеш“ (алудира на болести, ми посакува болести, мислиш Господ Бог е), за кратко тој оди по лекари, сериозна ситуација, што ќе си помислиш? Карма ли е, божја заштита ли е, што и да е, енергија ли е што се враќа назад, ете така бидна. И во ваква ситуација јас како верник, ако сакам да ја имам таа божја заштита не треба да се ситам, не треба да имам грижа на совест, треба да гледам од дистанца и да ми биде поука тоа.
     
  20. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.109
    Допаѓања:
    11.720
    Пол:
    Женски
    Ах, овие биле многу напнати веќе, од стресови и нервози луѓето се разболуваат, не е никаков господ и заштита во прашање.
    Светот е полн со неправди, во општествата владеат тотални манијаци кои со децении се рaсфрлаат со милионите/милијардите, и тоа не е од 21. век, туку од многу одамна. Каква карма, не постои такво нешто.
     
    Последна измена: 29 мај 2026
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.