Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Само што разликата од тој пријател до другиов, е видливоста, да не речам (полемиката околу) постоењето.
    Јас да имам таков невидлив пријател што ќе ми диктира што да запишам, јасно е и јас и записите кај ќе завршиме, ама штом тој пријател е Исус, одеднаш во ред е. :?:
    И не е проблемот во самата верба, нормално, туку верувањето во сè поврзано со Исус (во примеров) само затоа што ете - за/од Исус е, па народот се води со некоја своја стравопочит.
     
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Ако на пр. некој не ги гледа твоите пријатели, тоа не значи дека тие автоматски не постојат. ;)
    Еве, што мислиш, каде ќе завршите?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Абе, види сега, по таа логика и јас и ти не се гледаме, од кај знаеш дека не сум некое привидение?
    За пријателите, тие што би се запрашале дали постојат, можам во било кој момент да ги запознаам ако сакаат или пак ќе им покажам слика. Интернет је чудо.
    А, како ќе докажам дека Исус баш мене ми шепотел?
    Ерм...во Вирцбург како пророчица?
    Ми упадна во око тоа дека си голем и покорен верник, а се повикуваш на книга напишана од типка што буквално скренува после смртта на мајка си, па се затвора во соба каде почнува наводно да го слуша гласот на Исус, а потоа и да гледа привиденија од мајка си. :worried:
    Настрана од тоа, самото движење, да не речам сектиче, на тие т.н. Исусови Пријатели/Прахристијани, е едно од потешките нелогичности кои се имаат појавено во религиозниот свет во последно време.
    Немој да сфатиш ко да се потсмевам, верувајте си во што сакате, ама она што го имам прочитано, ни трунка не делува уверливо, а камо ли веродостојно.
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Како што и самата кажа, треба да се направат одредени чекори за да не само ги слушнеш, туку и видиш нечии пријатели. Така е и со Христос. Постои нешто што се нарекува Внатрешен Пат понуден и како истоимена книга. Секој, доколку сака, може практично да го испроба објавеното и самиот се увери. Активност је чудо. ;)

    Имам впечаток дека ти се фаќаш за моментот „Христос некому се објави„ во смисла како можел тој да се јави преку некого... но мислам дека повеќе ќе ти користи моментот „што кажал?„ и уште поважно „што можам јас да почнам корисно во својот сопствен живот со содржината на кажаното?„, и „дали и какви резултати дава тоа?„.
    Тоа сега го велиш саркастично... Ме насмеа од срце! :D
    верувај, таква „кариера„ не би ти се допаднала ама воопшто!
    но, искрено, каде мислиш дека би завршила?
    Пред сè тоа не се случувало баш така - провери си ги изворите. А како многу поважно ти (одејќи по твојата логика, како лице кое бара докази и сл.) не ја познаваш таа особа лично и не си стручно лице за да можеш да кажеш дека „скренала„.

    Луѓето кои скренале манифестираат одредени симптоми кои траат, тие не се функционални општествено, имаат нарушена комуникативна интеракција, имаат халуцинации, делузии, агресии кон себе или кон другите. суицидни мисли и планови, во содржината од гласовите кои ги слушаат владее неред, иреализам (утре ќе ги соберела летечка чинија, ама таа не се појавува ниту утре ниту задутре бидејќи ја нема) и тн. Напротив, тие нешта ги нема во примерот кој ти го спомна.
    Во ред. Немам против тебе ништо ако ти лично не веруваш во сето тоа, но ова што сега го напиша испаѓа како да си ти критериумот за вистинитоста - само поради тоа што тебе не ти е уверливо незначи дека тоа не е така. Дали си се прашала од друга страна како тоа на другите им делувало веродостојно, уверливо? Ајде, лицето кое тврди такво нешто ќе речеш измислува, „скренува„ и тн. но што правиме со другите?

    Еве да ги оставиме на страна моите духовни верувања (дека Бог се објавува токму преку пророчицата од Вирцбург, бла бла...), што мислиш за феноменот на канализирани пораки воопшто? Еве на пр, дали си слушнала за Елен Шакман и „Курсот низ чудата„? Запишан е некаде кон крајот на 1960те, почетокот на 1970те.
    Јас приватно, иако ми се допадна до некаде, не верувам, не се согласувам потполно со содржината на таа книга, но тоа сега не е битно.
    Жената (од САД, почина почетокот на 1980те) велела дека книгата и била диктиран од внатрешен глас. Ќе речеш скренала... Ама жената била психијатар! Е добро де, ќе речеш, полудел психијатарот...
    И таа помислила слично во почетокот, па како особа загрижена за своето ментално здравје го консултирала својот пријател исто психијатар Тарнер. И тој бил збунет
    (реакција нешто од типот: „зарем ти нездрава? која толку добро те познавам?„ - имено, како досега да не забележал симптоми)
    но и рекол нека го запишува диктираното, па да видиме што е. На крај испаднала една обемна книга, додуша необична по содржина - но сепак уредна и јасна, но ништо што би навело, укажувало, докажувало некакво лудило.
     
  5. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Монахиња Валентина Друмева

    (игуманија на Калоферскиот манастир „Воведение“ во Пловдивската митрополија)


    СУЕВЕРЕН СТРАВ

    Умот е создаден за логичко размислување. Јулија се чудеше зошто луѓето понекогаш размислуваат за неверојатно глупави нешта и без критика ги прифаќаат истите. Таа со тоа мислеше на верата во суеверија, коишто станаа секојдневен сопатник на човекот и ја уништуваат неговата личност. Таа запраша:

    - Мамо, паметни и високообразовани луѓе се ужаснуваат кога, на пример, мачка ќе им го попречи патот, а особено доколку таа е црна.

    - Тоа е лесно објасниво – рече мајка ѝ – и се послужи со обичен пример, ангажирајќи го нејзиното внимание.

    - Јулија, замисли, што ќе се случи со еден сад, полн со житни зрна, доколку нив ги истуриме?

    - Садот ќе се испразни – одговори таа.

    - Не е точно! Тој ќе се испразни од пченичните зрна, но ќе се исполни со воздух. Природада не трпи празен простор. Истото се случува и со мислите на човекот. Кога ќе исчезне верата во разумните нешта, тогаш умот се исполнува со измислици. Во тој случај, умот му отстапува место на суеверието. Суеверие значи празноверие, затоа што садот на умот е испразнет од чистата духовност, а наполнет е со демонска темнина.

    Јулија и мајка ѝ беа просветлени христијанки и ги сожалуваа луѓето, коишто во својот начин на живот внесуваат суеверија. Коренот на суеверијата е во паганизмот, кога луѓето им се поклонувале на идолите демони. Но и откако Христовата светлина го озари светот, демоните продолжуваат да погубуваат човечки души. Тие преку суеверијата ги тераат луѓето да им се поклонуваат.

    А во нашево конфузно време со ниска духовност, суеверијата си наоѓаат поволна почва во душите на луѓето. Така се доаѓа до нов паганизам. Современите суеверија се безбројни.

    Многумина стравуваат од бројот тринаесет. Се плашат да изнајмат хотелска соба со број тринаесет, за да не им се случи нешто лошо. Други, пак, ги сметаат одредени денови како судбоносни, а всушност времето е Божјо. Многу луѓе се плашат од лоши средби.

    Стравот доаѓа од гревот. Ако човек е духовно чист, тогаш ништо не може да му изврши лошо влијание. Вината не лежи во луѓето што ги среќаваме или во предметите, туку во самите нас.

    Суеверијата имаат магично дејство само врз оној човек кој истите ги прифаќа и им верува. Кај просветлените христијани, со очистено срце, се добива обратен резултат. Тогаш е како кога некој пука во човек, но куршумот се враќа назад и го погодува стрелецот.

    За христијанинот со чисто срце, суеверниот страв претставува празна работа. Тој има страв само од гревот. Само тој страв е спасителен, а не суевернииот страв
     
    На Orthophill, elisabeta, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Кога е оправдано вклучување на машина за перење на празници или нема врска кога станува збор за одржување хигиена.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    За евреите на пр. важен празник била саботата кога според нивното предание не смеело ништо да се работи, но на тоа Исус им рекол: „Господ ја создаде саботата ради човека, а не човекот поради саботата!
    од Евангелието според Марко гл.2 стих 27
    па секој може да си го извлече заклучокот.
     
    На elisabeta, friendy и okcenzi им се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Машина за перење е оправдано да се вклучува кога струјата е ефтина. :) На скапа струја не е оправдано :) . Сепак, не е добро да се работи било која работа, за време на богослужбата. После богослужбата може да се прави се` што не е грев.
    Иако една бабичка од мојот роден град се заканува со дожд од оган и сулфур, на оние женишта што ја пуштаат машината во недела и одат в црква по пантолони. :D
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.387
    Допаѓања:
    126.545
    Имам едно прашање....една фамилијапријатели,беа домаќини во црква за Митровден...бев на работа па на поминување ми оставија залак светено лепче.Бидеќи се јадело на гладно а јас веќе имав каснато нешто,го завиткав во салфета,го ставив во ташна и така заборавив да го изедам.Знам дека не се врла а на куче,маче не се дава.Што да правам со него????
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Ако не е мувлосано изеј го, ако е мувлосано запали го.
     
  11. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Не сум толкав верник ама не фрлај го ама немој ни да го палиш. Фрлиго во вода која тече или ипак дај го на маченце. Исус рекол дека и кучињата јадат од трошките од трпезата на своите господари
     
  12. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Izedi go. I da e suvo i tvrdo.
     
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Господ Иисус Христос, рекол дека и кучињата јадат од трпезата на своите господари, ама не и дека јадат светиња. Светиња не им се дава на животните, ниту на некрстените. Па затоа треба да се спали, ако не може повеќе да се употребува или пак да се закопа, на место каде што не се гази. Пепелта од спаленото ако не се закопа може да се фрли во ЧИСТА проточна вода. А таква вода за жал сега нема.
     
  14. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Што со коледе, кога се пали оган надвор? Да или не?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Светото предание кое ние често сакаме да го исфрлиме, а со тоа се збунуваме само самите себе си, и стануваме поголеми протестанти и од адвентистите, вели:
    Кога Пресвета Богородица и праведниот Јосиф се прибрале во витлеемската пештера, во истата било многу ладно. Богородица, свети Јосиф и неговите деца од неговиот прв брак, ги топлел само здивот на магаренцето и кравичка со кои дошле од Ерусалим. Тогаш Јосиф тргнал да бара жар за да запалат оган. Нашол кај еден благочестив овчар. Но, како немал со што да го земе жарот тој го ставил во својата унечка (престилка, скутник). И види чудо, унечката не се запалила. Бадникот од дабово и/или смреково дрво кој го внесуваме на Бадник во нашите домови го симболизира жарот кој светиот и праведен Јосиф го донел за да запали оган и да го загрее Богомладенецот.
    Потоа, кога се родил Христос (според светото Евангелие, а не предание) овчарите биле собрани, се грееле и почивале околу огнот. Тогаш ја чуле песната на ангелите кои пееле: „Слава в вишних Богу, и на земли мир, в человецјех благоволение“. Ете, коледарскиот оган го симболизира огнот околу кој се грееле овчарите. Арно, ама како што кажува светото Евангелие, овчарите не печеле колбаси, не биле пијани и не пееле развратни песни. Па така и ние кога се собираме околу коледарските огнови, не треба да пееме развратни песни, да не го прекршуваме постот и слично, но да ја пееме „Дјева днес“, па не е лошо да запееме и други прикладни божикни песни (па дури и западни), но и по некоја народна песна да запееме и да заиграме оро радувајќи се за доаѓањето на Божикот не е грев. Сепак најважно е да појдеме утрото на бдение(на Бадник, најчесто по црквите се служи утринско бдение) и да ги чуеме пророштвата за доаѓањето на Бога Словото.
    Ќе пишам уште и за Божикната елка. Според преданието кое го сочувале грчката и руската Црква, над пештерата во која се родил Христос имало три дрвја: маслинка, урма и елка. Кога се родил Христос, се случило чудо во истиот момент, урмата и маслинката родиле изобилен род. Но, елката родила само шишарки и премногу се натажила, оти не родила достоен плод, за Богомладенецот и Богомајката. Ангелите кои во редици да се поклонат на Господ Иисус Христос, се сожалиле на елката и ја украсиле со ѕвезди, со јаболка, портокали, лампиони и други најразлични украси. И тогаш и елката се зарадувала.
     
    На Rama, Mama25, stylishh и 3 други им се допаѓа ова.
  16. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    87
    Бог сака да бидеме како Исус, да живееме според Божјата воља, а не да правиме обичаи или да се угледаме на луге, дури ни како што правеле овчарите или било кој друг човек. Не се лажете со напразни приказни, од кои нема никаква корист туку само носат заблуда.
    Преку обичаите неможе да му се угоди на Бог. Бог го сака срцето - сака да сме послушни на Божјиот Збор!
     
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Првиот стих од 92. Псалм пее, а ние Православните тој псалом го пееме секоја сабота на вечерна:
    Господь воцарися, в лепоту облечеся: облечеся Господь в силу и препоясася, ибо утверди вселенную, яже не подвижится.
    Господ се зацари; се облече во велелепие, Господ се препаша со сила, зашто вселената ја зацврсти и нема да се разниша.
    Е ова велелепие, оваа убавина во која Господ се облече е сета видлива и невидлива твар, а и сите богослужби на Православната Црква и сите православни обичаи. Зашто ете и Христос ги почитуваше обичаите, па така во сабота одеше во синагогата и читаше пророштва и ги толкуваше, кога влегуваше во Ерусалим, ерусалимјаните притрчаа да го пречекаат по оној обичај како што се пречекува цар, го испочитува обичајот да има вино по свадбите итн.
    Обичаите не се задолжителни, но се убави. Ете дури и вие припадниците на разни христијански и псевдохристијански заедници, да не речам секти, имате обичаи. Одговори ми Аеродром дали во Вашата заедница (знам дека вие кои не сте во Црквата се срамите и не кажувате во која заедница припаѓате, ама нејсе) за Божик нема да организирате детска претстава? Зарем тоа нема да биде, ете да речеме и помодерен, обичај од оној кој што го правиме ние Православните?
     
    На tessie и stylishh им се допаѓа ова.
  18. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    87
    Некои обичаи се пагански, ако не и повекето, и немаат ни корист ни врска со Христијанството.
    Зарем Господ има потреба да се облекува од човечките обичаи кои му се одвратни. Бог е Дух и сака вистинските поклоници да се поклонуваат во дух и вистина!
    Исус не прави формалности колку да се рече или да испочитува, туку самиот Тој е Живот во полнота.
    Најстрого ги разобличува Фарисеите и Садукеите кои правеле обичаи и со тоа мислеле дека угодуваат на Бога. Исус ги благословува тие што имаат вера, понизните и кротките што искрено го бараат Господ а не лицемерите кои прават обичаи и со устата се фалат да ги видат сите, а срцето им е далеку од Господ!
     
  19. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Зошто скоро ниедна од религиите не проповедува полова еднаквост? И ниедна од религиските книги не е прилагодена на модерното време?
     
  20. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549

    Религиската книга е стара илјадници години и треба човекот да се прилагодува на неа, а не книгата на модерното време.Од книгата се учи, а не учи книгата од времето!
     
    Последна измена од модератор: 14 декември 2014
    На Rama и mal.ecka им се допаѓа ова.