Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    775
    Пол:
    Женски
    Во православието „јуродивите“ се луѓе кои свесно се однесуваат како да се „луди“ или чудни, со цел
    да ја сокријат својата духовна доблест и сочуваат смиреноста,
    да избегнат слава и пофалби,
    да ги критикуваат општествените неправди на индиректен начин и
    да живеат целосно во понизност и аскетизам.
    Во православната традиција тие се сметаат за „свети луди за Христа“ и некои од нив се канонизирани светци.
    Како на пример однесување што изгледа ирационално за луѓе, но има духовна цел – откажување од гордост и светска слава.
     
    Последна измена: 3 јуни 2026
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    775
    Пол:
    Женски
    Ye cannot drink the cup of the Lord and the cup of devils; ye cannot be partakers of the Lord’s table and of the table of devils.

    :makeup:
     
  3. WolfaLone

    WolfaLone Нов член

    Се зачлени на:
    Четврток
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Некој што е баш навлезен во христијанството нека ми пише лп, по можност да е машко. Фала ви :)
     
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.206
    Допаѓања:
    14.986
    Има многу родители кои ги делат децата, во смисла, едното колку и да прави грешки, тие наоѓаат оправдувања, додека другото дете постојано е критикувано. Дали е грев ако на старост, едното дете се дистанцира затоа што не било рамоправно третирано?
     
  5. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    5.607
    Пол:
    Машки
    Во ред е да се дистанцраш, во смисла не разговараш со нив, се преселиш на друго место, ама ако дознаеш дека живеат на улица, немаат со што да се хранат, немаат за лекови, грев би било ако можеш да не им помогнеш, не мора дома да им одиш можеш и од далеку... Според Библијата треба да помогнеш и на оној што не заслужил..
    Има заповед дека треба да ги почитуваме родителите, ама не по секоја цена да останеш некаде кај што не си посакуван..
    Ако не се дистанцираш од токсичната средина ќе ти влијае и на психа, дури ќе правиш грев, ќе станеш љубоморен на братот/сестрата, ќе станеш гневен, со омраза, желба за одмазда, вака се штити и себеси и да не направиш грев..

    Секогаш кога се наоѓаш помеѓу луѓе или човек со некоја негативна карактеристика, што знаеш дека е лоша, ако не можеш да делуваш ти позитивно на нив, тргни се тие ќе делуваат лошо на тебе. Не е на нас да менуваме некој, може да му помогнеме ако сака, а на него дали ќе се смени или не..

    И на крај секако ќе грешиш, никој не е безгрешен и колку и да се покаеш за нешто пак ќе згрешиш, битно е односот со Бог да не го изгубиш и да знаеш благодарение на кој секој твој грев е простен..
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.