1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    7.277
    Допаѓања:
    18.395
    Има Господ.

    Но, сепак, терапија треба земање.
    Пример не се согласувам овде, за делот што е против апчињата.
    Јас 2 недели, едвај од дома излегував од брнаут, што телото ми бараше одмор.
    Панични на, секој чекор.. И ако не пиев апче да, се смирам.... Нз кај ќе бев

    Screenshot_20260721_084122.jpg
     
    Последна измена: 21 јули 2026
  2. Malo mace

    Malo mace Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2021
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Некој да ми каже искуство што е бил на манастир Острог со мали деца како што одат работите
     
  3. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.178
    Допаѓања:
    11.835
    Пол:
    Женски
    Рубрика шарени лаги и прикаски за мали деца од библијата

    Изреки 22:16: "Кој го угнетува сиромашниот за да си го зголеми своето богатство, и кој му дава на богатиот, сигурно ќе осиромаши."

    Изреки 22:22: "Не ограбувај сиромав, зашто тој е сиромав, и не притеснувај страдалник кај портите, – 23зашто Господ ќе се застапи за нив, и ќе ја истргне душата на грабачите нивни."

    Ова да беше вистина, политичарите од Македонија, заедно со нивните потрчковци и бизМис елитата, одамна ќе беа на просјачки стап или пцовисани, а не 35 години да си се ладaт тука на туѓа сметка, мува не ги лази.
     
  4. Julianne89

    Julianne89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2022
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Зошто во сите абрахамски религии жената е помалку од мажот?

    Сериозно ме интересира, би сакала некој да ми го објасни на модерен јазик.
     
  5. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.178
    Допаѓања:
    11.835
    Пол:
    Женски
    Поради патријархат. Мажите ја држеле власта и религиите се измислени од мажи.
     
    На daylight, Medea. и Julianne89 им се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.350
    Допаѓања:
    4.431
    Тоа се телепатски инфилтрации од демонските подрачја со цел да се врши зголемена набавка на енергија и контрола во овој свет, и немаат ништо заедничко со Бога и изворните божји пораки преку неговите пророци. На 4:30 зборува за духовната негативна позадина на патријархатот.

     
  7. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.178
    Допаѓања:
    11.835
    Пол:
    Женски
    ???
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Burevesnik

    Burevesnik Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Ти што мислеш ќе правеме гревови, а нема да платеме за тоа? Кој што си посее на земниот живот, тоа ќе си жнее на оној свет.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  9. n.lauda

    n.lauda Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2023
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Машки
    Тој што овде прави гревови и не се предава на Божја страна да Бог му го промени карактерот ќе продолжи (сака) да прави грев и во вечноста (рајот). Тогаш тоа не би бил рај и Бог нема да дозволи гревот да опстане. Тој е спротивност од грев и во Божје присуство гревот гори. (Пекол како вечен оган не постои, постои само оган што изготвува, а вечни се само последиците после согорувањето).
     
  10. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.178
    Допаѓања:
    11.835
    Пол:
    Женски
    Да, така мислам, ама не беше тоа моето прашање.
    Зарем не ти е жал некој цела вечност да се мачи? Што ако тебе те снајде истото?
    Од каде си толку сигурен? Mожеби ако смени средина, и човекот ќе се смени. :D
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. n.lauda

    n.lauda Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2023
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Машки
    Бог е сигурен.
     
  12. Burevesnik

    Burevesnik Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2025
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Не ми е жал бидејќи, ако не ги почитувата правилата, зошто да ми е жал?
    Ако правам гревови ќе ме снајде и мене.
     
  13. КафеИЦигара

    КафеИЦигара Нов член

    Се зачлени на:
    Вчера
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Брат искрено не можеш да знаеш дали постои бог или не само со емпириските докази што ни се дадени. Немаме доволно докази ни за тоа дали некаков бог постои, ни за тоа дали не постои. Има многу филозофски објаснувања и теории за светот и за универзумот што не се косат со науката и доказите што ги имаме. Секогаш ќе биде до тебе, односно во што ти ќе одбереш да веруваш. Секако дека има и мислења коишто се косат со правилата на науката и тие треба да бидат отфрлени. Исто така и да си теист и да си атеист или било што, биди, но не викај дека СИГУРНО твоето мислење е точно. За секој аргумент за бог има противаргумент што исто така може да биде точен, а не знаеме кој е поточен со денешниве емпириски докази. Затоа треба до степен и скептични да бидеме за нашите мислења. Слепа вера нема ништо ново да ни открие нам, само науката и истражувањето го можат тоа.
     
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.350
    Допаѓања:
    4.431
    Затоа што според (лажното, од ѓаволот пропагирано) верување во вечниот пекол испаѓа дека Бог е без емпатија=сочувство и дека праведниците исто ги создал бесчуствителни. Ако е некој беслуствителен што ќе му е рај, ионака не може да го доживее во сета негова полнота и слава.

    А ќе ти биде ли жал за некоја мошне драга личност - мајка, татко, роднина, сопруга, дете...? Можеби не ги знаеле правилата, можеби не можеле да ги почитуваат, можеби биле принудени...

    Меѓу другото, верувањето во вечно измачување потекнува од погрешен превод на зборот еон кој е преведен како вечност а не како долго временско раздобје. Во отадестраните светови времето минува поинаку отколку на планетата Земја, освен тоа душата нема физичко тело кое дејствува како бафер, вид браник, бидејќи две тела полесно поднесуваат отколку едно. Во отадестраните светови душите се без можност дел од тоа страдање да му префрлат на физичкото тело за да си олеснат.
    Станува збор за состојба на душата каде таа ги доживува врз сопствените душевни честички како рефлексии сето она што како болка им го нанела на другите луѓе, животните и природата.
    На тој начин таа се поттикнува на расчистување на погрешното однесување преку спознавање на своето погрешно однесување, каење и молење за прошка и доколку тоа околностите го дозволуваат и поправање (обично во следна инкарнација доколку на душата сè уште и биде тоа можно).
    Важно е да се сфати дека тоа се состојби кои настанале како последица на заминување од рајот, Небесното царство, а не некаква казна на некаков осветољубив бог.
     
  15. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.178
    Допаѓања:
    11.835
    Пол:
    Женски
    Ако нема казна на земјата, колкави се шансите да ја има на другиот свет?
    А тоа вечен огин... а бе еве јаc мразам некого и го казнувам... по некое време ќе ми помине лутината, особено ако сум во блаженство и ми е добро, си уживам, сигурно нема да ме радува помислата дека на некого му е лошо... вечен пекол, дај не зафркавајте... Треба друго чаре да најдете за нив, на пример програма за рехабилитација, така нешто.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.