Точно ама ти тргнуваш од мисла како ти би постапила. Секој така мисли. Ама колку можеш да го знаеш другиот и дали и тој/таа така би постапила? Јас пишав дека гледал додека неговата сопруга била во 9 месец на бременоста. Тоа беше напишано од друга членка, во друга група. За мене тоа е непочитување на жената. Сите знаеме колку им е тешко на трудници и низ какви се промени поминуваат. Хормони, стрес, отоци по телото. И овој седнал тетки да гледа. Тоа го прават себични мажи. Жената негова се мачи, тој си го гледа само своето уживање. Што сака да каже, дека не му се допаѓа неговиот женет живот и сопругата, па мора да гледа други жени за да се "опушта". Сите тие работи почнуваат од главата. Преку мислата. Затоа пишува ,,ако ти си погледнал жена со умисла, ти веќе си направил неверство со нејзе во главата твоја". Прво си фантазираат. Малку по малку почнуваат да ја мрдаат границата на тоа што е "нормално". После почнуваат да оправдуваат работи што не се нормални. Се дружат исто така со луѓе што го оправдуваат нивното однесување. И почнуваат да ги прават тие работи. Пред многу години, јас го видов со мои очи тоа. Во автобус, влегува маж, околу 45-50 години. Седна спроти мене на тие седишта си го отвори телефонот. Го стави врз седиштето што беше пред него. Го намести легнат и си пушти филмови на глас. Пред преполн автобус со луѓе, мали деца, жени. Се заврте, виде дека има луѓе. Стана и се премести на последните седишта. Затоа реков, сите тие работи функционираат затоа што општеството ги оправдува малку по малку. А, после кога се појавуваат манијаци и луѓе со болни фантазии, се чудат од каде и како. Која била причината да станат такви.