Желба за внимание на пр. или компензација за несигурност во други полиња, крадење енергија, и не како последно можна запоседнатост од души врзани за земјата кои преку нив сакаат нешто да постигнат а за кое немаат повеќе физичко тело.
Затоа што постоиме во поширок контекст, не само како индивидуални суштества. Не можеш да браниш системи кои наложуваат едно, а на индивидуално ниво од поединци да бараш друго кое се коси со тоа што го поддржуваш.
Не може да објаснуваш систем што не го знаеш. Ако не си ја читала Библијата како може да напаѓаш? Убаво те прашав, не ми одговори. Ефесјаните 5:25 MK2006D [25] Вие, мажите, сакајте ги жените свои, како што Христос ја засака Црквата и се предаде Себе за неа Ефесјаните 5:28 MK2006D [28] И така, мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела; зашто, кој ја сака жената своја, тој се сака и самиот себеси. Грижата за некој е најголемата форма на љубов. Тоа што во Македонија од жените се очекува да се и мажи и жени е една од причините зошто за жал се рушат многу семејства. Затоа што христијанските мажи би требало да се однесуваат љубовно спрема жените, според религијата. Ако вистински ја практикуваат, а не само за на социјални мрежи.
Не, евентуално можеби дотуриле масло во огнот, но немале клучна улога. Милиони жени и мажи конзумираат визуелно порнографија па не станале манијаци. И како што веќе пишав, манијаци имало и пред истата да се појави и рашири.
Библијата конкретно им се обраќа на татковците со поука да ги воспитуваат и поучуваат децата. За да може еден татко да изгради авторитет и блиска врска со детето тој мора да биде присутен и вклучен уште од првиот ден на неговиот живот Aгностик сум ама некој работи не треба да се извртуваат. Или може па различни библии сме читале
Ама какви системи, какви бакрачи. Грижата спрема свое дете не прашува дал си верник (или што и да си, што и да избираш да си), без разлика во која земја си. Генерално, сите религии целат кон тоа да си подобар човек соодветно на нивните учења.
Ахам, океј. Искрено мислам дека не ме разбираш ниту ги разбираш отисоците кои религиите ги имаат оставено врз развојот на човекот, поздрав.