Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    За три дена доаѓа празникот Света Варвара - еден од поголемите христијански празници, посветен на светата великомаченица Варвара (17 декември).Tој ден се вари пченка – за да се завари, да се затече жито во полето и во амбарите. Во некои краишта со овој празник е поврзан и обичајот полазник (полаза).

    Би сакала да знам нешто повеќе во врска со овој обичај полазник. На кој начин е поврзан со овој празник?
     
    На Mama25 и Orthophill им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.213
    Допаѓања:
    4.252
    Затоа што голем дел од религиските книги ги пишувале закоравени луѓе со ограничена свест кои ни во своето време не биле модерни, камо ли за денешново, кои иако на збор големи верници, со својот живот беа далеку од Бога и божественото. Слободата, еднаквоста, праведноста се нешта кои произлегуваат од Бога.

    Токму затоа што религиските книги се застарени и полни со погрешни сфаќања, Бог денес повторно се објавува преку пророчка уста (Габриеле од Вирцбург, Германија) за да му помогне на човештвото укажувајќи на она кое што е во денешно време битно и акутелно за сегашноста и иднината. Дали и колку луѓето ќе ги прифатат и следат тие Божји современи пораки, тоа се препушта на слободната волја секому поединечно.

    Инаку кога спомна за половата еднаквост, мене секогаш ми текнува на божјите пријатели - Богомилите во Македонија пред околу 1000 години кои уште тогаш беа свесни и подучуваа за рамноправност меѓу мажот и жената. За жал црквата во тоа време ги протерувала и на крај ги истреби.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    22.300
    Пол:
    Женски
    Ja читам и читам темата „На која религија припаѓате?“ и никаде на наидов на Евреин/Еврејка. Знам дека ги има во Македонија, но веројатно на форумов ги нема или ги има многу малку (активни членови барем). Лично не сум запознала, а баш би било интересно доколку и тие споделат нешто. Едно е од интернет извори да се ставаат, а друго е искуства и практики на верник од прва рака. Moжеби ако се отвори таква тема ќе се активираат...
     
    Последна измена: 13 јануари 2015
  4. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Анегдота (или не) Светски самит на демоните

    Сатаната ги повика сите демони на светски самит:
    Во воведното обраќање им рече на своите сатански братја :
    – Не можеме да ги спречиме христијаните да одат во црква.
    – Не можеме да ги спречиме да ја читаат својата Библија и така да ја откриваат вистината.
    – Не можеме да ги одвоиме од нивната вера во Спасителот.
    – Кога еднаш ќе воспостават врска со својот Христос, нам моќта над нив ќе ни биде уништена.
    – Затоа браќа, да ги пуштиме да одат во својата црква, да ги пуштиме да имаат свои славски ручеци, но да го крадеме нивното време за да не стигнат да воспостават врска со Христос.

    Затоа мораме да направиме следно:
    – Максимално одвратете ги од размислувања и не дозволувајте да имаат врска со духовниот отец ни во еден момент во текот на целиот ден.
    Но како тоа ќе го направиме, запиштеле демоните.
    Вака братијо:
    – Одржувајте ги што повеќе во работа, во се и сешто што е маргинално и беззначајно, за да потполно го окупира нивниот ум.
    – Градете им супермаркети. Мамете ги да трошат пари, да купуваат, купуваат, купуваат, трошат, позајмуваат, земаат кредити, купуваат, трошат, позајмуваат.
    – Терајте ги нивните жени да работат што повеќе. Тоа да се вика еманципација,мажите терајте ги да работат најмалку 6-7 дена во неделата и тоа 10 до 12 часа.
    Животот без работа нека им стане празен и непознат.
    – Што помалку време да поминуваат со своите деца. Семејството никогаш да не им биде собрано заедно, така да домот нема да може да им биде никакво засолниште од напорната работа и место за отпуштање и размислување.
    – Окупирајте ги толку нивните мисли, што детските желби нема на стигнат ни да ги слушнат.
    – Потолно запоседнете им ги сите сетила. Поттикнете ги секогаш кога ќе влезат во автомобилот да го вклучат радиото или ЦД-то, и да го напојуваат мозокот со ступидарии.
    – Дома постојано да им биде вклучен ТВ-орот, видеото, плеерот, ЦД-то или компјутерот.
    – Потрудете се секоја продавница и секој ресторан да има музика која нема духовно да ги поврзе со Бог. Треба потполно да им го запоседнеме умот, и да ја скршиме секоја можна врска со Христос.
    – Кафитериите наполнете ги со магазини и весници со лесна содржина.
    – Полнете ги им ги главите со секакви вести 24 часа дневно.
    – На секое ќоше од градот и долж патиштата нека се наоѓаат рекламни билборди, така што мислите ниту во еден момент да не им одлутаат…
    – Наполнете им ги поштенските сандачиња со реклами потрошувачки каталози, и со сите можни огласи и лажна надеж.
    – Списанијата наполнете ги со пластични убавици какви што никаде не постојат, така што да го поттикнеме нивното константно незадоволство со нивните жени. Постојано во мислите нека ги бараат измислените убавици од филмовите и списанијата.
    – Одржувајте ги нивните жени уморни и неспособни за било каква љубов со сопрузите.
    – И давајте им секојдневна главоболка.
    – Кога се рекреираат , во тоа нека претеруваат. Бесконечно нека ги напумпуваат и нека ги затегаат своите мускули.
    – Од теретаните и од џогинг патеките нека се враќаат потполно исцрпени.
    – Секоја вечер нека одат на забава, и нека зјапаат во телевизори, нека одат во ресторани, дискотеки, театри…
    – Што повеќе нека следат спорт.
    – Никогаш да не стигнат да одат во природа, да не гледаат во небо, и ни случајно да не почнат да се восхитуваат на Божјата креација.
    – Децата на ушите постојано да носат слушалки, и нека оглуват од вокмени и ајподи. Децата да им се играат со петарди, и да се затупуваат со видео игри, кои ќе ги наведат постојано некого да ловат убиваат, и прстот нека им се навикне постојано да чкрапа на џоистикот како на чкрапало.
    – Децата нека им возат ролери и скутери, и сето она кое ќе ги натера да се навикнат да носат кацига. Не им давајте да си играат со кучиња скитници, мачки, птици, билки, и се она кое Креаторот го создал.
    Нека се плашат од кучиња скитници, мачки, глувци, мравки, бубачки и сето останато кое Креаторот го создал. Дајте им го Дедо Мраз за да нивните деца никогаш не сфатат што навистина е Божиќ.
    – Дајте им го воскресниот зајак за да никогаш не говорат за Воскресението и за силата на животот надвор од гревот и животот по смртта.
    – Нека се воодушевуваат од автомобилите, моторите, јахтите, авионите, куќите…
    – Ни во еден момент да не им дозволите да бидат опуштени, да почнат да ја чувствуваат природата, да влезат во хармоничен однос со Создателот, меѓусебно да си помагаат, и да почнат да мислат дека силата на Креаторот е во нив самите, па светот да можат да го кројат по своите желби и потреби.
    – Запомнете браќа демони, нашата философија е дека Бог не го создал човекот туку човекот Бога.
    – Не им давајте да живеат според учењето на Христос и по Божјите закони или со нас е готово…
     
    На daylight, Cka, ton4ica и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Читајќи страници наназад ми текна за тоа како лани летото бев во Црква по кратки пантолончиња и маиче , сето тоа го направив несвесно , бев со другарка ми и одеднаш ми излезе една бабичка , која никогаш пред тоа не сум ја видела во Црквата , ми стави една како долга сукња, е тогаш се свестив и останав засрамена , и си ветив дека никогаш нема да ми се повтори ....секогаш гледав и гледам да сум пристојно облечена , да не се шминкам нападно , да не се смеам гласно за време на служба, ама ете еднаш зафркав се .
    Знам дека од Господ не одделува многу ова модерно време, се е тргнато по технологија , по луксуз , по расипување на туѓа среќа , ама барем и она малку што го одиме во Црква да биде на ниво и според сите правила , ова посебно важи за девојките кои секогаш одат стегнати и разголени , секогаш се нашминкани и со дречлив кармин на уста бакнуваат Икони , не го правете тоа , не сум никоја да ви солам памет , ама да не си ги уништуваме духовните и световни добра :)лично за себе ќе кажам дека грешам а верувам со цело срце во Господ , се срамам што не одам во Црква како порано , самите сме виновни под разни изговори се одделуваме од Господ и Црквата и после кога сме во тесно се свестуваме го бараме Господ на помош , никогаш немало идеални и совршени верници , патем совршен е само Господ , ама овај 21 век не уништува малку по малку , кој знае што уште ќе дочекаме , на повидок се многу војни , расни омрази , непознати неизлечиви болести , секташки групи, атеисти .... Господ еднаш не спасил и ги презел сите светски гревови на своите плеќи , зарем треба да бидеме уште погрешни за уште еднаш да го направи тоа :x:x:x
     
    На ddevojce и Orthophill им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    Значи вака...Јас имам една другарка која е православна христијанка исто како мене.Али девојчево живее во некој свој свет.Сонува демони,верува во нив а е христијанка(некако како атеист да не му дојде?)и кога била на екскурзија од ракомет,прозорот бил затворен,и сонувала како некој демон го отвара прозорот и и го крева телото нагоре,а она е полумртва,и девојчево викало во сон и кога се рабудила била препотена.Ова ми го имаат раскажано.Али девојчето оди стално во црно,ранецот и облеката и се со костури..преку лето исто носи чизми.Е дали ова може да е последица од дрога,ако се дрогира,или пак е вистина.Просветлете ме форумџики,да не грешам душа.Инаку она е сега 1 средно
     
  7. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Spored mene, a i jas da ne gresam dusa, zivee vo svoj svet. Nepisano pravilo e toa sto go pravime denta ili zboruvame, da go sonuvame vecerta. Veruva vo demoni, nosi takvi obleki i normalno e toa. Gjavolot si go raboti svoeto. Nemora da znaci deka e od droga. Potsvesta raboti i tekako.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Нема потреба да се плашиш. Бог, ангелите и демоните постојат без разлика дали ние веруваме во нив или не. И можно е да се јават на јаве или на сон, во зависност од нашата духовна состојба(иако најчесто се јавуваат демоните). Некогаш пак сонуваме секакви сонови кои личат на некој филм, ама тоа зависи и факторите: што мислиме, што читаме, што сме гледале(филмови) и слично.
    Сепак мене ми е најверојатно дека другарка ти слуша некаква музика и сака да биде дел од некоја субкултура. Тоа не е многу страшно ако помине заедно со пубертетот, но ако остане тогаш веќе е проблем. За жал, оние кои што припаѓаат на вакви субкултури често се подложни на најразлични девијантни појави: алкохол, пушење, дрогирање и предвремено стапување во полови односи. Единствениот начин на кој можеш да и` помогнеш е да поразговараш со неа, ако сте блиски, и од околу да ја прашаш зошто носи црна облека. Во секој случај треба да се молиш и за неа и за себе(ако имате календарче-книжулче, во него ги има основните молитви кои секој христијанин треба да ги кажува редовно, па и да ги знае на памет: Верувам во едниот Бог, Оче наш(се кажува три пати едно по друго), Богородице Дево(се кажува три пати едно по друго), тропарите на Воскресение, свети Климент и Наум и слично). Откако ќе ги кажеш овие молитви кажи си: „Господи Иисусе Христе спаси ги и помилувај чедата Твои (и имињата на сите оние живи за кои се молиш)“ и „Господи Иисусе Христе упокој ги душите на чедата Твои (имињата на покојните) и прости им ги сите гревови“. Ако вака се молиме на вечер пред спиење (и по можност и на утро кога ќе станеме од спиење), ништо не ќе ни може ни ѓаволот, ни нашите непријатели.
     
    На friendy, Mama25 и ddevojce им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    баш и не сме блиски,учеше во моето школо и не беше блиска со сите.Инаку слуша рок,метал,транс ...има ли лек?
     
  10. black's'thebest

    black's'thebest Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    :headbang: :@
    Зошто веднаш почнувате да и барате лек? Секој има право на самоопределба, нејзино право е дали ќе биде атеист и дали ќе верува во демони. Вие не сте претпоставени да и барате лек ниту пак да ја советувате ако не го побарала тоа. Таа не е болна, ако сонува демони, ако носи црно и со костури и ако слуша рок и метал музика ! Тоа е некаква болест за која јас незнам? Како веднаш заклучивте дека се работи за ѓавол? @Feminka22 ако не си доволно блиска со неа неможеш да знаеш дали ја мачи нешто или не, а и да е така не би требало да те интересира, ако таа смета дека не и треба никаква помош, ти ич не си земај при срце и не и барај лек беспотрено.
    Ако самата таа мисли дека треба да разговара со некого за нејзиниот таканаречен проблем ќе го стори тоа.
    И јас слушам рок музика, носам црно, сакам костури, темнина, треба лек да ми се бара? Едноставно го сакам тоа и толку.
     
    На tessie, daylight, Joi и 2 други им се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.012
    Допаѓања:
    51.884
    Пол:
    Женски
    Цело средно се облекував во црно и слушав рок, па еве не се претворив во сатанист. Чудо некое :D
    Ама како и да е, јас мислам да не и се мешаш во животот, посебно ако не сте воопшто блиски, а и нема потреба. :)
     
    На tessie, Joi, black's'thebest и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.362
    Пол:
    Женски
    во ред :)
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Девoјчетo е метaлкa. Си имa свoј стил нa живoт кoј не пoвредувa никoгo. Кaкo мoжеш дa зaклучиш декa некoј е дрoгирaш спoред стилoт нa oблекувaње и музикa. Се е oк се девoјчетo. Пoзaгрижувaчки ќе беше aкo слушa турбo фoлк и сличнa српскa шaбaнaријa и редoвнo јa цитирa библијaтa, a притoa е злoбнa личнoст. А зa тoa декa верувa вo демoни, мoжaм дa кaжaм декa секoј нa рaзличен нaчин гo свaќa светoт, Гoспoд..:)
     
    На tessie и black's'thebest им се допаѓа ова.
  14. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Леле го знам девојчето и е многу добра личност :) Тоа што има поразличен стил од твојот не те прави должна да коментираш по форуми за неа и да кажуваш каква е пошто не е ни блиску до тоа. Се навредив ко за мене да си напишала искрено. Нејзин живот,нејзини избори,нејзин стил и нејзини верувања. Самото тоа што не знаеш ни од која религија е (не е православна туку католик) покажува само колку не ја знаеш неа и колку не треба да си брцаш нос во нејзиниот живот.
     
    На Joi, black's'thebest, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Тоа е тој средношколски период на неидентификација и пронаоѓање што го поминуваат повеќето средношколци поради помал степен самодоверба. Со текот на времето се тоа избледува.

    Повеќето ликови што ги знаев на времето, а беа во таканаречени “алтернативни кругови“ денес не можам да ги препознам колку се сменети во однос на сфаќање на животот и изборот на гардероба. Со годините се менува и тоа. Мразам ликови коишто се исповетуваат со некои бендови или жарн од музиката. Јас на колку концерти сум бил само во Македонија и странство последните 10 години, можам и карти да скенирам, а човек да ме види на улица ќе помисли дека работам во некоја државна институција.

    Одреден дел од рок и панк, а особено rockabilly модата денес се длабоко навлезени во мејнстрим модата. Полно девојки-шмизли што носат таков вид гардероба не се свесни дека тоа некогаш било субкултура во облекувањето.

    П.С. Имаме зимска инвазија од католички дунди тука (мала и искрена шега) :nod::smirk:
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.650
    Допаѓања:
    22.300
    Пол:
    Женски
    Не само што е нормално, туку голем дел од тие познаници од тој период беа и уметнички души и беа доста начитани.

    Јас лично, средношколскиот период го доживував како возраст во којашто ме привлекуваа работи коишто ме исполнуваа на индивидуално ниво. Тоа се одразуваше преку она што го гледав, музиката којашто ја слушав, некои ситни детали во облекувањето и училишните активности коишто ме влечеа повеќе од останатите.

    Како што созревав, забележував дека тие интереси се` повеќе почнаа да бледнеат на сметка на интересирањето за поинакви теми.
    Она што остана кај мене од тој период е помалата наклонетост кон мега популарното, прифатеното од мнозинството, не ретко кога на корица од книга ќе прочитам бестселер, знам да не ја купам.

    Сакам да кажам, дека овој период е мошне важен, иако не го задржив стилот, ниту пак вкусот за облека, музика , филм (добро тука најмали промени има) или книга, мило ми е што остана некој белег од тоа време, (од таа моја потрага по вистината за самата себе) којшто ме издвојува од толпата.

    Носење црно, слушање метал и транс и имање невообичаени соништа не ми се доволно критериуми за да откријам дека со некоја личност нешто не е во ред. Така што, според изложеново, нема потреба од страв.
     
    На daylight и crimson им се допаѓа ова.
  17. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Na moja smetka??? Jas se pronajdov vo tvojata posledna recenica i ne mislam deka e vkusna segata. Kako dobar poznavac na religijata smetam deka ne treba da gi delis ljugeto na pravoslavni i katolici. Uste pomalku na predavnici. Ti znaes na sto mislam!
     
  18. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Македонија е колевка на словенската писменост и Православието. Тоа дури сам со голема чест го потврдува рускиот амбасадор во Македонија кој зборува на течен македонски јазик.

     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dinnna

    Dinnna Популарен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2012
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    423
    Пол:
    Женски
    здраво
    сакам да прашам , кога се носи просфора во црква дали на секој празник?
    и што е петолебие и кога и како се прави ?
    благодарам
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    4.579
    Пол:
    Машки
    Просфора (или поскура) се носи в црква кога ќе се служи света литургија (во недела и на црвено слово). Истата се носи или вечерта во очи недела или празник или пак рано пред да почне богослужбата. Поскурата се користи за да со неа се сврши света литургија. Од поскура се вади Агнецот - лебот кој се користи на литургијата и се претвора во Тело Христово(средното ИС ХС НИ КА). Исто и се вадат частици за Пресвета Богородица, за деветте чина светители и за живите и умрените, па затоа кога се носи поскура в црква се даваат имињата и на живите и на умрените.
    Петолебието се пее на вечерна (но може и на утрена или на повечерие - акатист) најчесто во очи празник или во очи недела, но може и било кој ден. За петолебие се потребни: 5 поскури, вино, масло и пченица, 5 свеќи (најдобро восочни) за петолебието, свеќи за присутните (за свештеникот и певците обавезно), ливче со имиња на живи крстени луѓе и уште награда за свештеникот што ќе го пее петолебието.
     
    На Dinnna и Serafima им се допаѓа ова.