Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Дали знаете дека добар дел од Македонците со исламска вероисповед, т.е. тие што не се албанизирани или турцизирани, а уште најстрашно арапизирани, слават Божиќ, Велигден, некои словенско-пагански обичаи пренесувани од колено на колено, а зборуваат и на старословенски јазик, затоа што живееле исклучиво во планински предели, па биле изолирани од страни јазични влијанија. Прочитав интересна статија за Горанци, т.е. Македонци со исламска вероисповед коишто живеат во областа Гора ( Косово и Албанија), а поголем дел од нив имаат македонско државјанство.

    Таков е примерот со Сејфидин Рочи, Македонец од Гора, кој за себе вели дека не е Арнаут( Шиптар), туку Горанец или Нашинец од Гора.

    За повеќето познати како торбеши, а за некои од соседите како луѓе со непознато потекло.

    Но, еден млад горанец е Сејфидин Нашинец или Сејфидин Рочи од Гора, или Нашинец од Гора, кој ексклузивно за Македонска нација ја раскажа својата животна приказна, против која дуваат разни ветришта да угаснат македонскиот оган.

    Сејфидин има само 24 години. Се школувал во селско училиште во Гора на албански јазик , а во графата националност во неговиот пасош пишува албанец. Наспроти ова Сејфидин сега е на печалба во Франција и еве што вели.
    [​IMG]
    - Јас сум нашинец, не сум арнаутин. Старите велат дека сме биле порано македонци, но сме го примиле исламот за вера и сега сме само нашинци од Гора. Многу е убаво во Гора и многу не има, млади сме повеќе и имаме фамилии со многу деца. Јас кога ќе се оженам ќе си земам горанка- нашинка.


    Горанците се група на население што се дел од македонскиот народ што ја населуваат областа Гора, првостепено на Косово, па Албанија и сосем мал дел на Република Македонија. Главна карактеристика на Горанците е исламската религија што ги вметнува во групата на Македонци-муслимани

    Или како што се познати „торбеши“ што значи дека македонци си ја смениле верата од православна во ислам.
    Зборот торбеш има повеќе верзии за неговото настанување. Се смета дека се однесува токму на овие луѓе, нашинците од Гора.

    Едната верзија кажува дека кога се потурчувале процентот бил според изреката- „ ако се потурчи еден во Гора (еден на албански тор), еден се потурчува во Љума (пет на албански беш) од каде кованицата значи еден на пет, или тор-беш.
    Другата верзија пак за потеклото на зборот торбеш потекнува од заминувањето на овие луѓе на печалба. Со сене земале само една торба во која имало чекан, мистрија и пердашка и заминувале на печалба- на гурбет, и од таквата торба се така и наречени.
    Третата пак верзија е најраспространета и најприфатена поради револтот кон потурчувањето и вели дека тогашните македонци за една торба брашно ја менувале верата, и така ги нарекле торбеши. А од тука и пренесеното чувство кое се провлекува низ времето кон торбешите како да ја предале верата.
    [​IMG]
    Но, овие луѓе се оставени на милост и немилост на Господ. Живеат на надморска висина од 2.500м, без никаква инфраструктура- нема патишта, нема канализација, а вода имаат од локални водоводи кои сами си ги изработуваат. Живеат од празник до празник, со песни. Еве што вели младиот нашинец сејфидин:
    - Ние за песна сме први, пееме исти песни како вашите, а и обичаите ни се исти како во македонија, се е исто. И зборуваме како вас, македонски како во Преспа.


    Горанците живеат исклучиво на територијата на областа Гора, која се наоѓа во денешните граници на Србија (Косово) со 18 села, Албанија со 11 села и Република Македонија со 2 села. Според статистиките сега на Гора живеат 15.000 Горанци, додека во светски рамки нивниот број се движи до 84.000. До сега околу 13.000 Горанци поседуваат македонско државјанство.

    Сејфидин го запрашавме како се живее на Гора?
    - Најубаво е во Гора, дојдете кога сакате. Имаме големи куќи. Ние мажите одиме на гурбет. Прво се идело во македонија, сега не има секаде. Јас сум во Франција, а повеќето нашинци се во Англија. Таму има повеќе од 1000 нашинци. Многу добри мајстори сме, ѕидари.

    Карактеристиките на Горанците кои ги делат од останатите македонски муслимански групи се нивното самонарекување Горанци и нивниот јазик кој го нарекуваат нашински или нашенски односно нашки, а кој е дел од македонскиот јазик, односно горански дијалект. Друга главна карактеристика е силното влијание на старите христијански обичаи, кои и по неколку века на исламизација ги задржале и не ги заборавиле.

    Како најголем празник кој се слави дури пет дена со обреди и обичаи е Ѓурѓовден. Носиите се составен дел од секој верски празник, а песните и ората се македонски. Се слават и Божиќ, Водици, и Крстовден. И тоа по православни традиционални обичаи.


    Села во Гора (Косово) се: Драгаш (претставува седиште на истоимената општина), Рестелица, Горна Рапча, Долна Рапча, Крушево, Брод, Диканце, Орќуше, Долни Крстец и Горни Крстец (Крстец), Млике, Глобочица, Бачка, Зли поток, , Лјубошта, Радеша, Лештане, Кукаљане, Враниште.

    Села во Гора (Албанија) се: Шиштавец (Шиштејец), Борје, Орешек, Црнелево, Оргоста, Кошаришта, Запот, Пакишта,Ново Село и Очикле.

    Горанци живеат и во две села и во Тетовско - Урвич и Јеловјане.

    Топонимите на местата се типично македонски, а уште да ги споменеме местата Попова Нива и Црквиште кои се наоѓаат во близина на Шиштавец. Овде има и остатоци од православни цркви, најдени се фрески на ѕидови од куќи, а во темелите на куќите се најдени и икони и посебен примерок на свето писмо- евангелие и тоа со метална ружана корица во облагороден рачно изгравиран метал, што се типични симболики на православието.

    Горанците формираат семејства уште рано. Не се земаат со арнаути, туку само со нашинци. Нивните семејства се многудетни, и поголем процент се млади и дечиња.

    Вкупен број на населението е 84.000 нашинци.

    Сите Горанци се муслимани. Исламизирани се во текот на владеењето на Отомаската империја на Балканот. Најголемиот притисок се забележува после 1690 година кога започнува поголема забележителна преселба на населението на балканските простори под притисок на османлиите. Иако Горанците се муслимани, тие сепак ги задржале обичаите за прослава на најголемите христијански празници.

    Најголем празник на Горанците е Ѓурѓовден. Тука најголем дел завзема култот на вегетацијата. Имено жените од селото уште во раните утрински часови одат во полињата и планините и собираат гранки од дрвата со кои после се китат дворовите, куќите и добитокот. Овој обичај е истотака забележан и во целиот полошки крај. Рано наутро се носат децата на ладните извори и се замиваат со вода и се протрлува лицето со насобраните гранки.

    Најинтересно е тоа што Горанците го слават и Божиќ на свој начин. Тие на самиот ден готват пченка и потоа ја делат на соседите. Со гранки од брест се китат влезните врати и просториите каде што се чува добитокот. И на крајот се замесува божиќен колач во кој се става метална паричка и дака се дели помеѓу домашните. Кој ќе ја најде паричката, се смета дека ќе го следи цела година среќа. Овој обичај е потполно идентичен со православниот македонски божиќен обичај.

    Со самиот факт дека целиот регион Гора е надостапен и ридско-планински, тука жителите имале тежок и сиромашен живот. Сиромаштија условувала на печалбарство, а отсуството на мажите било мета на арнаутските банди, особено на познатото племе Љумани, кое пустошело во регионот на Гора и Полог. Поради притисокот од Љуманите, а и од турците населението постепено почнало да се исламизира. Првото поголемо исламизирање е забележано за време на големата селба на словенско население на Балканскиот полуостров во 17 век. Последниот забележан христијанин е извесна Баба Божана која починала во 1856 година.

    Постои и верзија дека Горанците пред исламизацијата биле Богомили, и дека ги снашла истата судбина како бошњаците, односно полесно подпаднале под налетот на менување на верата.
     
    На orevokrsacka и daylight им се допаѓа ова.
  2. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Втор дел:

    Од дамнешни времиња имало обиди да се асимилира горанското население. Во почетокот кога сеуште биле христијани, Србија ги сметала за срби, кои зборуваат на специфичен српски дијалект. Со самата исламизација населението се присилувало да се изјавува како турско или албанско. Во денешно време на територијата на Косово, врз Горанците има невиден притисок да се албанизира[4], но и притисок од страна на Бошњаците да се прикажат за Бошњаци. Во последните години присутна е и бугарската пропаганда која се труди да ги прикаже како Бугари кои живеат на Косово. Но кај горанците е силен идентитетот и тие полека полека почнуваат да учат на својот мајчин јазик -Македонски, кој владата на Косово го призна како јазик на кој ќе се школуваат Горанските деца. Постојат и неколку македонски друштва и организации кои се трудат да го задржат населението на тие простори и да ја спречи асимилацијата и иселувањето.

    Горанците зборуваат на македонски јазик, односно на Горански дијалект кој е сличен со сверозападните македонски дијалекти од Долни Полог и Скопска црна Гора. Поради исламизациајта и обидот да се асимилираат во нивниот јазик има голем број на турцизми. Горанците во Македонија и на Косово пишуаваат на Кирилица, додека во Албанија на латиница. Но Мифтар Аџеми, кој е трговец од Призрен, а по потекло од селото Долно Љубине, Жупа измислил своја азбука која ја нарекол нашиница - азбука за нашенскиот јазик. Тој самиот, како и некои други интелектуалци од Косово, пишуваат проза и поезија на горанскиот говор со таа азбука. Следува пример на позната горанска песна

    Што се бели, горе Шар планина?

    Да л' је снегче, ил' је бело стадо?
    Нит' је снегче, нит' је бело стадо.
    Да је снегче, би се растопило,
    Да је стадо, би се растурило.
    Веч тој беше Милкино чадорче,
    Под чадорче болна Милка лега.
    Брата и гу Турци заробили,
    Заробили, пај га обесили.


    - Кога сакаш некоја девојка тоа кај нас се вига гледаница. Така ја викаме поради тоа што таа смее да излезе на прозорец а ти само да ја гледаш. А ако некоја не ја даваат родителите да се ожени за тебе може да ја земеш и бегалка. После се собираат нејзини роднини и доаѓаат да ја земат. Ако самата каже дека сака да остане, се прави помирување, а ако каже дека некој со сила ја грабнал, оти има и такви случаи- тогаш родителите и роднините прават се за да си ја земат.- вели сејфидин Нашинец.

    Погодени поради тешката ситуација последните години, Горанците масовно се иселуваат од своите вековни огништа. Главни причини се сиромаштијата и постојаниот притисок од албанците да се асимилираат. Во Албанскиот дел, каде поради непристапноста на теренот, немање на основни услови за живот на Горанците, кој е дури невозможен во денешни услови. Поради тоа што во Република Македонија има само две села, неможе да се даде пример за ситуацијата, и со самиот факт што тие две села се скоро иселени и жителите живеат во Тетово. Во суштина тоа е и целта на политиката која се води. Во овие села нема никакви вложувања и инвестиции од владата, тие се заборавени од таа причина, или да се асимилираат или пар да се истиснат поради лошите услови за живот и да се исселат.

    Поради неразвиеноста на Гора и неможноста на луѓето да се вработат, тие често низ историјата оделе и одат на Гурбет (Печалба). Намногу иселени има во Централна Србија (претежно Белград: 3.340), Војводина (606), Република Македонија (претежно во западните делови), Италија и Турција, и бегалците од комунистичкиот режим од Албанија и Југославија во доцните ’40 кои се иселиле во САД (претежно Њујорк и Лос Анџелес).

    Познати Горанци

    * СФРЈ Фахрудин Јусуфи, познат југословенски фудбалер, играч на ФК Партизан и Шалке 04.
    * Албанија Намик Докле, албански политичар, поранешен вицепремиер на Албанија.
    * Албанија Назиф Докле, историчар и ентограф.
    * Миралем Сулејмани, е српски фудбалски репрезентативец, играч на холандскиот ФК Херенвен.
    * Харун Хасани, академик
    * Исмаил Бојда, претседател на Македонците од Гора

    РЕГИСТРИРАНА МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА НА КОСОВО
    Страдни за муабет на горански

    Каде и да си за Ѓурѓовден дома да си, е мислата што со години ги собира горанските Македонци кои поради маките морале да се иселат од својот роден крај со надеж дека и до година повторно ќе се видат. Звуците на дајрето и тапанот развиорени по селската ливада, кои се слушаат до врвовите на Шара, не ги оставаа рамнодушни. Сите се фаќаат на традиционалното ѓурѓовденско женско оро. И старо и младо во свечена празнична облека. Областа Гора е сместена на тромеѓето помеѓу Македонија, Косово и Албанија и е населена со Македонци со исламска вероисповед. Балканските војни ги оставиле поделени во три држави. Девет села и припаднале на Албанија, додека 18 села му припаднале на Косово. Во Гора живеат околу 8.000 Македонци, речиси двојно помалку отколку пред триесетина години. Тие деновиве имаа и причина повеќе за задоволство. Со одлука на косовската влада, Горанците се регистрирани како официјална заедница на Македонците во Косово. Канцеларијата што ја отворија во селото Брод ќе им овозможи одржување врски со Македонија, како и заштита на културниот, верски, јазичен и историски идентитет. Горанците со радост ги пречекаа гостите од Македонија за да можат, како што велат, да си помуабетат со некого на горански.

    За Исмаил Бојда, претседател на Сојузот на Македонци со исламска религија, Горанците се мост за унапредување на односите помеѓу Македонија и Косово. - Тие сакаат да се рамноправни со граѓаните во двете држави затоа што за нив Гора претставува иднина, но и значаен дел од минатото. Токму затоа сме и благодарни и на македонската влада што овозможи 13.000 Горанци од Косово, но и од Македонија, да добијат државјанства и да се почувствуваат како вистински Македонци - вели Бојда. Со отворањето на канцеларијата, Горанците се надеваат дека полесно ќе ги остварат заложбите регионот Гора во иднина да прерасне во европски регион. Тие сакаат да се отвори и граничниот премин Срезимир - Рестелица од каде што ќе можат полесно да влегуваат во Македонија. Областа Гора се наоѓа под пазувите на Шар Планина во речиси недопрена природа. Од Скопје е оддалечена околу 200 километри. Дотаму се стигнува за три часа по стрмни планински патишта. Патот од селото Драгаш до Брод од неодамна е асфалтиран.

    За безбедноста на селаните се грижат единиците на КФОР од турскиот контингент. Месното население вели дека животот во Брод е тежок, особено во зима. Овде снегот знае да остане и по шест месеци во годината. - Повеќето од месното население во селото се невработени и живееме од одгледување добиток. Речиси секоја куќа со душа чека напролет да се вратат печалбарите и да донесат радост и по некоја пара во селото - вели Фатмир од Брод. Горанците, и покрај се, се уверени дека ќе успеат да го одржат својот вековен стремеж за зачувување на својот идентитет иако последниве години постоеле обиди и нив да ги поделат по разни политички и национални основи.

    Македонската Алијанса за Евроинтеграција во Албанија вложува напори да им помогне на нашинците. Со вршење на притисок во владата на Албанија, поднесување на програми до министерствата во Албанија и Македонија, да се извлечат овие луѓе и да ги добијат условите за живот на 21 век, ако се може.


    Посебна благодарност за соработката при изготвивање на оваа статиа до Васил Стерјевски од Мала преспа Албанија и до достапните извори изготвени од Игор Чавески.
    Посебно благодарам до Сејфидин Рочи- Нашинец за сите податоци и соработка.
     
    На orevokrsacka и daylight им се допаѓа ова.
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Брат @Orthophill се потрудил во кратки црти да даде одговор, но еве и уште еден малку подетален :).

    Првиот начин кога се носи просфора во црквата е доколку човекот сака да се споменат имињата за здравје или покој на душите на своите блиски.
    Светата Литургија во кратки црти.
    Светата Литургија претставува центарот на православието. Тоа е чин на осветување на принесените дарови кои после низа на молитвословија принесени од свештенослужителите и псалтот (човекот кој ги пее одговорите и песните за време на црковните богослужби/ или наместо него денес најчесто тоа го прави хорот) Бог ги осветува принесените дарови и тие стануваат Тело и Крв Господови т.е. Света Причесна од кои се причестуваат верните кои се подготвиле за примање на истата.
    Иако таа претставува една целина, сепак според својата надворешност светите отци прават една мала поделба и тоа:
    1. Проскомидија
    2. Литургија на огласените
    3. Литургија на верните
    Проскомидијата (во превод принесување) е оној дел при кој се врши подготовка на даровите ( од просфората и виното) кои подоцна ќе бидат осветени, односно тоа е Светата Причесна.
    Литургијата на огласените е оној дел од Светата Литургија до кој можат да бидат присутни огласените т.е. оние кои не се крстени, а тоа е делот пред Херувимската песна, односно до оној дел кога ѓаконот или отецот ќе го спомне возгласот да огласените да ја напуштат црквата.
    Додека Литургијата на верните (крстените) е оној дел до самиот крај, а се нарекува така, бидејќи само крстените можат да пристапат на Света Причесна.

    Овие нешта ги споменав, бидејќи за извршување на Светата Литургија е потребна просфора од кој би се ваделе честичките за подготовка на Причесната. Односно човек може секогаш да однесе во црква просфора, вино, свеќи... се’ она што е потребно (и за тоа најдобро ќе каже отецот или служителот во црквата) за да се споменат имиња за здравје или имиња на покој на душите на некои упокоени души. Значи доколку сака некој да се спомене неговото име или нечие друго име може да се дадат тие имиња и истите да бидат споменети на Светата Литургија во недела, празник или некој друг ден. За таа цел ќе се однесат потребните нешта во црква, меѓу кои и централно место зазема самата просфора.

    Вториот начин на носење на просфора/и во храмот е чинот на Петтолебие.
    Петтолебието е чин кој се врши како спомен за чудото кој го направи Бог пришто нахрани пет илјади луѓе со пет лебови и две риби (Матеј 14). Овој чин датира и опстојува се до денес уште од ранохристијански период некаде од 1-2 век.
    За овој чин како што напомена и брат @Orthophill потребни се пет просфори, вино, масло, пченица (неварена), 5 свеќи и свеќи за присутните. Се прави за време на вечерната богослужба во сабота спроти недела, на вечерната кога наредниот ден е некој голем празник и за време на Велигденскиот пост во петоците кога се чита Акатистот на Пресвета Богородица.

    Третиот начин на кој би можело да се однесе просфора во црквата е доколку човекот сака да се принесе за здравје на своите блиски и себе и да се направи тоа во спомен на некој светител. Ова најчесто е застапено и во некои делови кај нас во Македонија каде наместо погача се носи во црква просфора и таа просфора отецот ја прережува во спомен на светителот /ката заштитник/ чка на домот (слава) или пак за именден или само затоа што тој светител/ка е почитуван/а од страна на човекот.

    Се надевам дека не бев конфузна со деталното објаснување :) .
     
    На Dinnna, Mama25, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    @Петре Прличко првин благодарност што го пренесе овој интересен текст, не ми било јасно толку за Гораните иако сум слушал за нив, знам еден има слаткарница во стара чаршија.

    Но мислам дека темава не е најсоодветна, можеби би соодветсвувал текстот повеќе во „Општи дискусии„ или „Разлики меѓу исламот и христијанството„ или можеби би требало да се отвори посебна тема за Гораните-нашинци во Општи дускусии бидејќи не е само религија во прашање туку и политика, етнологија, можна ревитализација на тие села и тн. Воедно ми падна во очи следниот пасус:
    Колку што ми е познато, и колку што успеав да проверам на интернет - ниту во македонскиот ниту во косовскиот ниту во албанскиот пасош не постои таква графа за националност. Постои графа за државјанство која на англиски и француски се преведува со Nationality/Nationalitè но соодветствува на американското citizenship т.е. државјанство а не етничка припадност.
     
  5. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.566
    Убави и корисни информации сте напишале денес.
    Статијата за Горанците е одлична. За жал, мислам дека тие се осудени на тивка асимилација посебно што мнозинството од нив живее во земја која е скоро со стопостотно муслиманско население, и која нема апсолутно никаков интерес од промовирањето на културниот и националниот идентитет на Горанците.
    А многу е веројатно како што е наведено во текстот, пред налетот на османлиите да биле богомили, што би го објаснило фактот за нивното брзо прифаќање на исламот. Истото своевремено се случило и во Босна, каде мнозинството население ја примило богомилската ерес,( зборуваме за 11 -12 век, таму познати како катари, патарени) дури мислам и дека била прогласена за државна вера. И токму тие најлесно ја примиле муслиманската вера, за разлика од православното население на Балканот кое прилично успешно одолевало на налетот на агресивната исламизација.
     
  6. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    За Горанците сакам само да кажам дека тие не се насилно муслимизирани, ниту пак се торбеши (од оние кои си ја продале верата за една торба изварка). Исламизацијата кај нив почнала и завршила крајот на 18. и почетокот на 19. век. Имено, тогашниот призренски владика (фанариот), од непознати причини, не сакал да им пушти поп на горанци. И тоа траело долго време. Поради условите кои тогаш владееле, целата таа област избрала да премине во ислам.
     
  7. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Секоја признаена вера најпрво била за некого ерес, впрочем во што е богомилството полошо од сите други денес признаени религии. Сум читал и дека во Самуилово време Богомилите биле заштитени и не биле гонети, исто како во Босна.

    Има многу јасна причина зашто Богомилите релативно бргу преминале во Ислам а причината воопшто не е убава и пријатна за некои од денешните верници.
     
  8. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Едно прашање до сите христијани. Зошто околу врат носите крст кога Исус бил распнат на истиот?
     
    На Sesil, daylight и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  9. ViktorijaG

    ViktorijaG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    243
    Пол:
    Женски
    BoneMachine, не сфаќам што си бунал??? Крстот е симбол на христијанството. Сите вери имаат свој симбол. Јас сум христијанка, не носам крст. Верувам во Бог, не одам на служби и слично.
     
  10. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Јас сум христијанка и не носам, ама многу луѓе го носта оти е симбол на нивната вера и им значи.
    Крстот порано бил симбол за срам, на него биле распнувани најлошите злосторници ама по Исус Христос сега има друга симболика. Крстот денес е симбол на христијанството, тоа е симбол за жртвата од страна на Исус кој умрел за нашите гревови. Вертикалната линија на крстот го симболизира божеството, а хоризонталната човештвото. Крстот е и симбол за нов живот, бидејќи Исус воскреснал после смртта. :)
     
    На ViktorijaG му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    А зошто ѓаволите бегат од крст?
     
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Интересно прашање. Богомилите - божјите пријатели кои дејствувале низ балканот пред околу 10 века, сметале дека крстот како направа за мачење на која бил погубен Исус од Назарет е сатански симбол. Тие имале свој крст кој имал некоја друга симболика и се преклопувал на средина, како заоблен знак за плус +

    А во Христовата објава за денешницата „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„ во врска со крстот дадено е следното објаснување:

    „Кој поставува крст со мртво тело и му се моли нему, тој покажува на физичкото тело и со тоа невстинито му претставува на човештвото Мој пораз. Тој му изразува чест на мртвото тело, место да Му се моли на Воскреснатиот, на Внатрешната светлина, на Отецот во Мене, Христа. Симбол на воскреснувањето, на вознесувањето во Небесата, е крстот без тело.„ - од „Ова е Мојата Реч„ - гл. 84 „Исусовото воскресение„ стр. 828

    [​IMG]


    Бог нашиот Небесен Татко 1990 год. во пораката насловена како „ЈАС СУМ и ти си во Мене, правечно - и се враќаш преку Христос„ јавно изговорена преку Неговата гласничка за денешницата, предупреди за следното:

    „...Но што направи мракот? Тој повторно зеде грешни луѓе што беа и сеуште се заслепени од суетната илузија, го зеде крстот со трупот подигајќи го и секогаш наново го подига. Со тоа тој сака да симболизира дека Исус им подлегнал на своите гревови и дека моќта на мракот го има владеењето.

    Навистина, Јас ви велам: Ако му се молите на трупот на крст и така посветено му се молите на Исус на крстот, тогаш дел од својата молитвена енергија ја давате на Темнината - бидејќи тоа е барјакот на темнината. На тој начин се потсмева и подбива со Мојот Син, а слепците, кои живеат во грев и го одржуваат и изградуваат гревот, не ја препознаваат разликата меѓу крстот со труп, со мртов труп, и крстот без труп.

    Крстот е знак на Избавението, знак на воскресението. И доколку Моите деца воскреснат во Христос, тие го носат крстот на победата над самите себе, зашто крстот без труп е крстот на Избавението и крстот на воскресението. „

    - од збирката објави „Порака од сепостоењето - Божјото пророштво денес а не речта на Библијата„

    [​IMG]
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  13. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Онака размислував зошто е тоа така, дека нели во почетокот симбол на христијанството била рибата, а подоцна е заменета со крст. Се прашував зошто тоа се случило.


    @Joi јас се си мислев дека си атеист, барем таков впечаток добив од твоите предходни коментари.

    Да, но тоа важи само за христијанските ѓаволи, мислуманските ѓаволи не се плашат од крстот, тие се плашат од нешта како солена вода и чварки.
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    Sto da? I gjavolite ne se plasat i begat samo od svetiot krst, tuju i od svetata voda.
     
  15. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Мислам дека совршениот рецепт за протерување ѓаволи е главица лук со една лажица мед и лута ракија. Ако навлезе во дигестивниот систем тогаш само масло до рицинус помага и ништо друго.
     
  16. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.011
    Допаѓања:
    51.864
    Пол:
    Женски
    Рибата ја користеле во времето кога христијанството било забрането, бидејќи била подискретен симбол и ретко кој знаел што значи. :)
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.210
    Допаѓања:
    4.252
    Ме потсети со напишаново, како помал гледав еден Хонг-коншка хорор-комедија со чудовшта, вампири и зомбиња. Вампирот се упатува преку дневната соба кон спалната каде спиеше некоја девојка но во дневната соба имаше статуа на насмеан Буда. Кога се најде пред него од статуата излета нешто како ласерски жолт зрак и го повреди вампирот. :rofl:

    Шега на страна но ваквите филмови (од типот на „Истерувач на ѓаволот„) освен како забава не би требало да се земаат сериозно, не само затоа што се само филм туку и затоа што религијата и големите духовни учители ги сведуваат на нешто приземно, извитоперувајќи ја нивната првична порака. На пр. Буда соодветно своето учење за ахимса т.е. ненасилство, никогаш не би повредил некого, па ни со ласер.

    Инаку твоиве интересни прашања ако се размотрат до крај, повелкуваат и многу други потпрашања и според мене одговорот до кој се доаѓа на крајот не е дека нема Господ, туку дека Тој нема врска со конфесионалната човекова претстава за Него и дека злото не произлегува од некаде надвор туку од внатре од човековото себично малечко „јас„. Оттаму истото не може да се победи со бајачки, симболи, предмети, напразно изговарање на молитви и мантри, туку само со себеосознавање, самоконтрола, и живеење според повисока етика и морал. (од типот на Исусвото правило: Она што не сакаш тебе да ти прават, не им го прави ниту ти на другите).
     
  18. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.539
    Тој е ѓаволот негативната енергија и мисла ако ѓаволот го замислувате како во народните македонски приказни или како во филмовите тоа е сосема друга не реална слика ,нема тука христијански и муслимански ѓавол ,е сега твое е дали ке го слишаш ѓаволот или бог ,а сеуште му се чудам на тие кој ѓаволот го замислуваат како што е прикажан во филмовите,а некои леѓе и самите се претворени во ѓавол,a постојат и сеништа тоа се друго во друга тема за тоа
     
    Последна измена: 14 февруари 2015
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски

    Ами тоа е проблемот, што го замислуваат како на филмовите, приказните, а замисли се работи за духовност.

    Инаку, многумина чекаат Бог да се појави и да рече „ ете ме“ , само суштината не е да се појави физички, за да се уверат дека стварно го има.Секако физички и не е можно, а освен духовно, нема друг начин.
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Можеби има напишано во минатите постови,не побарав...но,ме интересира:Зошто муслиманките треба да носат фереџе и зар?Тоа е напишано во Куранот или?:)

    *поттикната од училишна дебата*