Стварно не сфаќам зошто би било глупо. Еве на пример некој муслиман не верува дека Исус воскреснал и затоа нормално не слави Велигден. Ама после долго истражување на пример доаѓа до заклучокот дека Исус навистина воскреснал, станува христијанин и се разбира дека ќе го слави Христовото воскресение т.е. празникот Велигден бидејќи тој сега е навистина убеден дека Исус воскреснал. Ако си поверувал дека Исус воскреснал, а продолжуваш да го славиш Бајрам, нели е тоа контрадикторно на разумот? А кој би сакал да биде контрадикторен на разумот, контрадикторен на фактите, контрадикторен на целата логика? Никој. Верувам ни ти.
Јас верувам само во мојата религија никој друг не може спротивно да ме убеди. Имаме различни мислења па секој со своето нека си остани,да не се цитираме за џабе тука.Позз
Не е поентата дали некој може или не може да те убеди. Поентата е дали ти си отворена за анализа на твоите верувања, дали си отворена за критичко и аналитичко размислување, дали си отворена и храбра да ги погледнеш фактите, да истражиш, да си поставиш едно едноставно прашање: А што ако верата на моите родители не е во согласност со реалноста? Види, факт е дека не можат сите религиски убедувања да се вистина. Има семејства што веруваат дека Земјата е рамна плоча. И замисли и нивната ќерка како тебе да рече: Јас верувам само во мојата религија никој друг не може спротивно да ме убеди. Ќе и ставиш лајк на кажаното? Или ќе и речеш: Срц, ама погледни ја фотографијава, Земјата не е таква каква што ти вели твојата религија, туку е округла и не е качена на грбот на желките, туку се врти околу Сонцето
Сакаш да кажеш: ти направи анализа,па затоа не знаеше дека за да си Христијанин треба да си крстен? Ти си критичен и аналитичен и затоа твоите верувања се продукт на апсолутна нелогика и невистина? Ти си храбар,знаеш дека Благодатниот Оган не е чудо,ама затоа не се нафаќаш да пуштиш брада и да мафташ со оган под неа.Така? Ти истражуваш,ама затоа Библијата за тебе е енигма? Ти си го постави прашањето:Зошто јас припаѓам на секта која настанала од смртници а не на црква од Господ? И така доаѓаме до...
Според одговорите што ги дава, јас гарантирам дека @EvAngelos е многу повеќе верник отколку ти @FilipTraum. Човекот го користи паметот, а не како ти што го брани благодатниот оган и после ќе излезе на вести македонската црква во Австралија како гори. Така е кога практицирате пагански обичаи.
@FilipTraum Благодатниот оган. Се сеќавам мала бев кога го спомена татко ми - еднаш. Ме интересира која е целта и како е објасната? Што означува и за што стои? И шо има врска Евангелос што има поинакво мислење за да користиш вакви изрази? Не сакав да пишам во другата тема зошто ќе беше офтопик па ќе прашам тука како шо впрочем то ветив. Забележа ме интересира крствањето и смртта, и воглавно црковно-административните работи. Ме интересира каков доказ за некој е пример крштевање на дете во црква или да се биде кум во црква со тоа да се биде Православен зошто кога те прашав и самиот кажа дека тоа е црковно-административна работа? Овде се навраќам малку кон дискусијата со Бендер. Во поглед со смртта, ти благодарам на одговорпт од претходната тема. Е сега ова ме интересира, да речиме тоа е сеопфатна вистина за сите, некои не се пронашле во таа религија, или биле далеку и воошто немале шанси да се пронајдат, што со нив? И пред Исус, немаше рај? Каде беа сместени другите луѓе, па и оние кои беа добри и правеа само добро? Секако, те означив тебе зошто ти кажав дека имам уште прашања од претходно, ама би сакала и други одговори за споредба.
Еве ти бидејќи се сметаш паметен и ги распознаваш знаците дека кога гори црква е лошо нешто.А да навлезеш малку во религијата па да ги видиш знаците што претставува казната,зошто ни се случуваат несреќи.Да споредиш како и на Христос му викале кога го распнале на крст ,ајде симни се ако си Син Божји други спасуваше ,а сам неможеш да се спасиш.Не ме чуди што во ист период кога Христовото тело страдало кое ја претставува црквата и цркви пострадаа.И не само цркви,туку и народот повеќе се бунтуваше токму на празникот.Тоа само ми ја утврдува верата.Јас сум сигурен дека да дојде Христос ние повторно истата грешка ќе ја направиме.
Спасение имало отсекогаш не само пред Исус туку и пред Мојсеј.Но само кај избраниот народ божји.Оние кои биле добри се спасувале.Потоа им се даде закон бидејќи безаконијата се умножија. За оние кои никогаш не слушнале за верата.Имале можност да прават добро и самото срце им кажувало што е добро што лошо.Тоа барем сите го знаеме.И секој од она што срцето го осудува ќе биде суден.Кои се со закон со закон ќе бидат судени кои не го знаат законот без закон според срцето како ги суди.И во Содом и Гомор не им се проповедал мојсеевиот закон ама беа уништени заради безаконијата.И во времето на Ное цел свет загина без мојсеевиот закон.Затоа како што беше во почетокот од срцето се почнува во библијата така и со срцето се завршува.Каде е мојсеевиот закон за да се управуваме?Така и во почетокот оние кои беа од срце праведни се по закон извршуваа иако не го знаеа законот.Како што и Марија Египетска иако не учела од писмата одејќи во пустина да живее чесен живот ,се и се даде да знае од писмата со прозорливост.
И Грешиш премногу грешиш Тоа што го читаш од куранот мислам дека треба да го размислиш на друг начин а не на ваков. И исус вели пијте го виното ко мојата крив, Вие значи дека ја пиете крифта на исус. А сите молитви ги испракате преку исус да дојдат до бог Исто и за вашиот крст. Зошто му верувате на крстот од кој е убиен исус.ова е неверство. Исто јас ке заминам од земјава но ке дојде вистинскиот.... Коее вистинскиот. Од куранот од. 99 иминја божји 61_El MUHEI .значението гласи___прочистуванје на дужата и штитенје од непријателот.
Мене ме интересира зошто попови и оџи се само мажи, зошто кога жената има добино не смее да бакнува икони, и зошто жена не смее да влезе позади олтар? Нели сите сме исти за Него? Нема богати, сиромашни, машки, женски, стари или млади туку сите се еднакви. Мислам кај двете вери е така. И сега брзо прочитав, нели кога бебе ќе направи 40 дена му се прави молитва во црква, епа на машко бебе можело и порано да му се направи. Зошто има толку полова дискриминација во религииве? Или во џамија кога се молат, мажи и жени не се мешаат. Зошто?
Па едно е да кажеш распнат на крст (Значи некој друг тоа ти го сторил) Друго е да кажеш крстот те убил Немаш познавање за христијанството.Зошто воопшто и се трудиш да му го објаснуваш некому
Распнат (значи дека некој друг тоа ти го сторил) разберено е Сега во премер. Некој да ја убие твојата нај сакана личност. (убиецот) Во својот дом. Дали ге имаш потреба да го сакаш домот во кој е убиен твојот сакан
Одиш со безврска примери Лугето секојдневно умираат во домовите,на улиците,во кола,на одмор...ако вака гледаме на нештата како ти каде би ни бил крајот? Лично ке ми смета убиецот само
Какви погрешни мисли? Ете штом во џамија влегле зошто би имале погрешни мисли? Таму помеѓу жените е и мајка му, и сестра му или братучетка му.
Погрешни мисли можат да се појават секаде. Да ама има и други жени, може и неговата жена да таму ако се фаќаме за сламка. Не е никаков знак на понижување туку едноставно ради таа причина е таквиот начин на молење.