Чудно ќе биде прашањето знам и веднаш да се изјаснам дека немам намера да правам било каков заговор во врска со ова...занимливо ќе биде сигурна сум да го чујам мислењето и објаснувањето од @HUNK Симболиката на крстот и крстењето!? Кога го гледаме крстот онака со "еднставни" очи излегува дека симболиката на крстот е смрт, прекин, нешто кога отпишуваш, го прешкртуваш, па имаме и ние луѓето една изрека, сме раскрстиле или тури му крстот...знак за нешто што е завршено. Имам прочитано дека крстењето со раце значи ставање на негативна енергија врз себе, скратување на животот, уништување на здравјето, енергијата и др лоши влијанија врз човечкото здравје. Постои ли некаде запис дали треба и како да се крстиме?
Најверојатно тоа го пишале муслимани. Извинете знам дека има муслимани на форумов. Но тие најверојатно го имаат пишано поради омразата кон Христијанството. Колку милиони христијани има знаеш ? и што требаше сите да имаме лоши влијанија и да поумреме. Тоа е така со векови наназад, моите предци се крстеле и јас се крстам и тоа не ми пречи, мене ме смирува кога ќе отидам во црква и ќе се помолам и прекрстам. Не плукајте по туѓата религија !!! Ако не ја сакате туѓата религија не се замарајте со неа и луѓето кои припаѓаат на истата.
Пред еден месец си се зачленил ти,врти малку и по другите теми од поодамна да видеме кој не почитува туѓи религии
Нема врска ова со муслиманите, не станува збор за никаква омраза...едноставно сакам да го разгледаме значењето и симболиката на крстот и од каде потекнува крстењето. Со самиот чин на крстење, се исцртува петокрака звезда или пентаграм и од тука произлегуваат нечии размислувања дека тоа не е убаво, дека е штетно таквиот ритуал да го правиме на нашето тело, предизвикуваме негативна енергија, болест на умот и горе споменатите влијанија, да не се повторувам. Крстот како симбол има и заштитничка сила од ѓаволот, тоа знаеме, но сакав тоа некој што ги знае овие работи да ни објасни. А тебе кој те обичил како да се крстиш?
Најдобар пријател имам муслиман, исто така и половина од мојот клас се муслимани и не ми пречат освен некои на кои им смета мојата религија. Тоа што сум пошал дека не подржувам брак/врска помеѓу партнери од различна религија незначи дека туѓото не го почитувам.
Јас се крстам не се ѕвездам извини. Исус бил закован на крст не на ѕвезда. Мене не ми предизвикува негативна мене ми предизвикува позитивна енергија. Тоа е напишано од болни умови, и јас можам да земам и да пишувам што ќе ми текне, не јас туку секој може тоа да го направи.
Абе што сакаш имај ти мене тоа не ме интересира.Само ти кажувам дека не сме пишувале ништо ние муслиманите за вас лошо туку обратно е тие пишувале за нас,некои членови ги научивме и веќе кои се така да не ти беше тој коментар на место.
Ако можеш да одговориш на прашањето која е симболиката на крстот и крстењето одговори а ако незнаеш немора да одиш ван тема
Неможеш ти да кажеш не сме пишувале, од каде знаеш ти сите муслимани што прават ? Погледниги само исламистите што ни прават. така да можеме да знаеме само одредена група што прави а не една цела религија. Знам дека не те интересира сакав само да ти кажам дека немам ништо против други религии но сум против одредени работи ги имам пишано во некои теми. позз..
AJ POLEKA MALKU OK? Od musliman I tie islamistite so pravat taka ima razlika Poradi grupa islamisti koi se poremetile vo umot ne mozheme da gi stavame na isto nivo I drugite muslimani I da gi ocrnuvame, toa e isto Kako sto ima vo hristijanite pedofili itn,sega radi edna grupa bolni umovi treba da kazime hristijanite se pedofili siluvateli ne se zakacajte so niv vidi gi.. KAKO prvo prasanjeto na rada I bese ubavo, ako mozete odgovorete a ne mesaNJe babi zabi, a I cim isus go umrele na krstot togas sto se krstite? NEKOGAS VO MINATOTO TOJ KRST FAKTICKI ODZEL ZIVOT, ISUS VISEL NA TOJ KRST, A SEGA. Krstot vi e simboln na molenje za zdravje, ako toa ne e loso ja stvarno nz so e poloso. Poarno dve race ke gi spojam I ke se pomolam otkolku na krstot.
Христовото распнување е цела една посебна наука.За самиот чин се напишани книги и книги.. Прво,крстот бил употребуван од Персијците во нивната империја како метод на смртна казна.Кога Александар Македонски ја освојува Персија,он ја превезема од нив а кога Македонската империја се распаѓа и кога доаѓа до освојување на Блискиот Исток од Римјаните, и они ја воведуваат,вклучително и на територијата на цел Израел(Галилеја,Јудеја и Самарија) Второ,реков распнувањето на Христос е цела наука,и е.Треба да го познаваш Стариот Завет за да видиш зошто.Во 5.Мојсеева 21:22-13 пишува ,,22. Ако некој направи грев, што заслужува смрт, па биде умртвен, и ти го обесиш на дрво,проклет е од Бога секој што виси на дрво''. Е сега,во Стариот Завет за простувањето на гревовите,Бог одредил принесување на жртви-сепаленици односно во преден план животни.И кога некој ќе згрешел,тој морал да иде кај свештеникот,да му каже што направил а овој за него да заколе животно(птица,офца,теле... итн).Но, Евреите толку одпаднале од Бог што тие жртви веќе неможеле да ги исперат нивните гревови.Низ цел Стар Завет можеш да видиш колку пати ги казнил Бог за да се опаметат ама тие никако(види на пример Содома и Гомора). Трето,вчера ти напишав еден цитат ,,Ги земам денес за сведоци против вас небото и земјата:дека пред вас ставам живот и смрт, благослов и проклетство. Затоа избери го животот за да останеш жив, ти и твоето потомство'' 5.Мојсеева 30:19-20.Евреите со тоа што го отфрлиле Бог,избрале проклетство.Затоа и толку страдале.. Четврто,за Бог да ги спаси,на одредени свои пророци им најавува дека ќе го прати Својот Син да ги плати гревовите на другите,еднаш засекогаш.За ова има многу пророштва во Стариот Завет,нема да ги пишувам зошто ги има многу.. Петто,и најважно.Нашите гревови и проклетството не одделиле од Бог,бидејќи Бог е апсолутна чистота и правда.Крстот на Христос бил дрво,а погоре пишав ,,проклет е од Бога секој што виси на дрво''. Христос со Неговата смрт на Чесниот Крст,врз себе го зема цело проклетство кое го избрале и добиле луѓето.Сите наши гревови кои неможеме да ги оправдаме со ништо.Бидејќи е кажано: “Христос е Тој што не помири… го урна ѕидот што не раздвојуваше… Христос дојде и проповедаше помирување со Бог… Преку Него и вие и ние, со посредство на Светиот Дух, имаме пристап до небесниот Татко”(апостол Павле, во Ефес 2:14- 18 ) Христос не ослободи од проклетството на Законот, така што, наместо ние, Тој ги поднесе последиците на проклетството” (апостол Павле, до Галатите 3:13). “Јас сум Патот, Вистината и Животот. Без Мене, никој не може да дојде кај небесниот Татко” (Ев. Јован 8:32 и 14:6).Значи Он ги плати нашите гревови,врз себе го зеде целиот наш срам и проклестство. Шестто,ние се прекрстуваме со три прста кои се симбол за Отецот,Синот и Светиот Дух.Не е точно дека тоа е негативно туку напротив,така ја осветуваме нашата личност и битие.За деталите може повеќе да ви објасни некој свештеник затоа што јас нешто друго и многу важно сакам да кажам.. Сите ние кои сме крстени,се исповедаме,причестуваме,покајуваме и веруваме во Господ Исус Христос ќе бидеме спасени.Но не сите од нас кои се крстени и кои ''веруваат'' во Христос ќе бидат спасени.Вие овде,на овие темиве за блуд,за влагање во врска со лица од други вери.. правите една многу страшна работа.Верувам не знаејќи.А тоа е.. “Ви велам: на луѓето ќе им биде простен секој грев и секоја навреда, но ако Го навредат (похулат) Светиот Дух нема да им биде простено.” (Матеј 12:31) Што е Хула на Светиот Дух? Тоа што многу од вас овде го прават.Светиот Дух,Бог,делува на нас преку глас кој ние го викаме совест.И пример кога сакаш да украдеш нешто,еден глас во тебе ти вели ,,Немој,не го прави тоа,лошо е''.. а ти пак украдеш,ете тоа е Хула на Светиот Дух.Го отфрлаш Неговиот совет,глас.Само што со тек на времето,оваа совест или глас се губи.Кога човекот толку ќе забега во грев.. тој веќе не го слуша овој глас,нема грижа на совест,нема покајание во него.А Библијата многу јасно не учи дека во каква состојба ќе не затекне смртта,во таква и ќе ни се суди. Кој од нас знае дека утре,задутре,за три дена ќе биде жив? Никој.Секој ден може да ни биде последен. Затоа... многу пати ви реков овде,не го величајте гревот.Не ги пикајте во грев другите.Немојте да браните либерализам кој уствари е скриен сатанизам.За тоа се завршува во Адот,Вечната Смрт затоа што како што пишав,нема Хулата на Духот да се прости... Берете памет што пишувате и што правите.
Благодарам што одвои време за да пишеш малку подолг пост но не одговори конкретно на прашањето кое не беше дали да береме или не памет и што да правиме. Мислев дека имаш многу познавања за религијата, за симболите, дека си ја прочитал библијата повеке од пет пати, но сега увидов дека со знаењето си во определени граници и толку. Прашањето за крстот беше наменето да видиме од каде точно потекнува, оти крстот постоел и пред Исусовото раѓање па и после него, на крст ги распнувале и мачеле луѓето многу време пред Христа. Постојат разни крстови кај разни народи и со разни симболики, но тоа е веќе друго прашање. Не ми одговори дали некад во библијата, светите писма, евангелија, како сакаш, значи дали има пишано дека треба да се крстиме вака и така на кој начин?
Bog ne gleda koga se krstime so krst,bidejki krstot e spomen na Sinot negov koj gi otkupil grevovote naši.....krstot ni ovozmozuva vlez pred Bozjite porti,preku nego go molime Boga vo imeto na Isus....krstot e početok na našata vera,kako vleznica za da odime ponatamu po patot na verata pravoslavna. Djavolot bega od krstot bidejki i toj go pomni stradanjeto,pa pobedata na sinot Boziji,pa krstejki se toj znae deka ne sme sami i nemokni,tuku go imame Boga pozadi sebe.
Како зошто се крстиме ?? Па тоа така останало од пред многу векови и така ќе остане се додека не ни ја сотрат верата. Вие зошто се молите во џамија ?? Исто е. Ако сметаш дека е опасно немој да се крстиш те молам. И кажав дека ги почитувам муслиманите кои ме почитуваат мене не ми наметнувајте мислења кои не сум ги напишал. Крстот не одзел живот туку на крстот Исус го заковале, не ги убивале со крстот туку НА крстот.
Па ти пишав.. поттекнува од Персија,од истокот. Намерно пишав за тоа да се консултираш со некој свештеник бидејќи они располагаат со далеку подорба Светоотечка и историска литература од мене. П.С Јас до сега овде никогаш и ниту еднаш немам напишано дека знам се.Нити па некогаш ќе кажам такво нешто. Ама еве ќе ти одговорам за прекрстувањето од она што јас го знам.Во Библијата не се спомнува крстењето со три прста бидејќи Христос не дошол во светот да не учи како да се крстиме туку како да се спасиме.Второ,првите Христијани,кои живеле во првите векови после Христос почнале да се крстат како нас денеска. Тоа е историски чин со духовна смисла.Ако ги читаш житијата на Светите,ќе видиш дека многу Светци,прекрстувајќи се правеле многу чуда.На некои од нив им излагал лично Сатаната,и они прекрстувајќи се правеле он да избега секундарно од нив.Знаеме дека Сатаната го мрзи симболот на крстот бидејќи он беше победен со истиот тој крст.Тоа е смислата на прекрстувањето и затоа е и оправданo(со дела) Плус ме праша и за значењето на крстот.Ти пишав цел елаборат за него.. Џабе ти е 60 милиони пати на ден да се прекрстуваш кога овде го браниш и величаш гревот... Јас ти кажав многу поважна вистина од прекрстувањето.Ама ете,не ја разбираш.. ИС/ХС-НИ/КА!
Prekrstuvanjeto nikogaš ne e džabe,toa e prviot čekor.....normalno potrebni se ušte mnogu,no nekoj posporo čekori,da ne bideme strogi....krstejki se,nekade dlaboko vo sebe go birame Boga kako najvazen životen izbor
Мислам дека овде е некако најсоодветно да го постирам ова.Краток исечок од интервјуто со гитаристот на U2
Во тој краток исечок нема ама баш ништо посебно интересно..незнам што те инспирира од неговото излагање што го постираш?
Кога ти ќе ја достигнеш неговата светска популарност,слава и го признаеш јавно вака Христос за Господ,нека нема ништо посебно,и тебе ќе те постирам А да кажеше дека го обожава рогатиот или дека е атеист тогаш ќе беше посебно нели? Вашата двонапонска логика што зуи..