Како и да е витали ,така да не е важно дали е од крст умрен или на крст распнат, битно е на крст така да јас не гледам причина баш добра причина зошто да се крстат а ова за муслиманиве клањањево поарно бидејќи Мухамед не умрел од кланање искрено а кај Исус и тој не умрел од крст нормално крстот не го убил ,луѓето го убиле НО сепак на КРСТ БИЛ ,така да баш и крстот треба да асоцира на крв на болка каде што Исус ги поминувал минутите часовите со болка а сега се крстат и се молат на крстот ,но тоа си е друга раб и не планирам да должам тука да делам правди бидејќи искрено и не ме интересира ,конкретно за мојот пост што те цитирав погоре беше бидејќи смеша исламисти со муслимани така да го кажав моето мислење околу тоа,и околу моменталново. Чао
Прво,не се молиме на крстот туку на Оној кој бил закован на Него,бидејќи крстот е предмет а не личност. Второ,Тој што го заковале на тој крст,умрел за ти да можеш и сите ние да се спасиме.Верувај ми,подобро е да умреш на крст,во најтешки маки и во најстрашна смрт,од колку да бидеш во Адот осудена на вечна самотија,вечна темнина,и вечен оган кој те гори а неможеш да умреш.Умирањето на крст трае неколку сати,ова другово трае вечно.Има почеток но нема крај.И самиот Сатана се плаши од тој исти Ад,само луѓето не го сфаќаат тоа. Трето,ти неможеш да ја сфатиш таа љубов,како е да го дадеш ни крив ни должен животот за нечиви глупости.Неможам ни јас,но се трудам.Затоа патем и се откажуваш од Него,затоа што неможеш да го разбереш.Ниедна светска религија го нема тоа што мојот,нашиот Господ го направил.Затоа сите други и ќе му се поклонат.
Додека го чекаме тој суден ден на повторното Исусово доаѓање на земјата дали пеколот работи или на принуден одмор се? Кој ќе го разгори тој вечен оган и уште едно прашање за тебе а тоа е, па ако он своите деца што ги створил знаејќи дека ке бидат грешни,нели е контрадикторно со неговата добра воља и семоќност и човекољубие,да ги остави на вечни маки??
Да ти кажам Радо,драго ми е што почна ти да се распрашуваш за овие работи Не,пеколот е финалето.Во Адот постојат две крила,рајско(Аврамово крило) и она пеколно.Оние кои ќе умрат,ги носат прво на поклонување на Бог,а Тој одлучува каде ќе биде нивната душа до општото воскресение(Второто Христово доаѓање).Дали во овој или оној дел. Пеколот е спремен одамна.Само чека да се наполни. Слабо памтиш Радо.Ти пишав дека ние самите бираме да бидеме грешни.Самите бираме живот или смрт,не само овде на земјата,туку живот во рајот или смрт(вечно умирање) во пеколот.И тука е уствари најголемата Божја карактерност.Ете,толку Бог му дал голема слобода на човекот,сам да бира дали ќе биде со или без Бог.Но Бог не трпи зло.. не трпи нечистотија,Бог е Праведен,и секого остава да прави лоши или добри дела,за на крај да му плати според истите тие дела. Неможе некој што цел живот се трудел да биде добар,да биде во Рајот со оној кој цел живот упорно и без каење грешел.Тоа е неправедно.Човекот сам бира каде ќе иде после оваа физичка смрт а таа не демне секој ден.. П.С Православието има монаси и светци кои живи биле однесени во рајот и во Адот.Eве ти еден наш современик.
Мислам дека пекол не постои, само зли умови можат да проповедаат такво нешто..зарем Бог на љубовта и разбирањето, творецот на сето ова ќе дозволи да има пекол...не. Добрите ќе воскреснат а лошите ќе бидат во вечна смрт, што не е ни лошо пошто незнам колку е интересно во рајот Заборавив дека човекот е грешен уште од Адам и Ева, гревот се наследува од поколение до поколение а луѓето имаат само право на слободна воља..значи грешници се раѓаме поради првите луѓе и нивната радозналостпросто кажано како лесна приказна за пред спиење
Па затоа се крштеваш Радо.Крштевањето значи смрт за гревот,и оној првородениот Адамски.A со исповедта и покајанието се чистиш. Абе види,јас тебе одлично те разбирам.Tие ''христијани'' како тебе така го замислуваат Бог.Вие правете зло,правете гревови без око да ви трепне,а Бог сметајте го за некој што може да го тапкате по рамо и да му речете ,,Абе ај не биди таков,пушти ме во рајот''.. и Он после кратко време ќе ви рече ,,Ах што си ти! Ајде влези!''.. не Радо,не функционира тоа така.Универзумот е изграден на закони Го знаеш Третиот Њутнов Закон? Ете тоа е она за што ти пишував вчера и денеска. Секому според делата,или народски кажано ,,Што ќе сееш,тоа и ќе жнееш'' Правда..
Мислам дека пекол не постои, само зли умови можат да проповедаат такво нешто..зарем Бог на љубовта и разбирањето, творецот на сето ова ќе дозволи да има пекол...не. Добрите ќе воскреснат а лошите ќе бидат во вечна смрт, што не е ни лошо пошто не Ај кажи ми ти мене чедо божје каков грев има малото бебе што го крштеваат?? Ај ти како голем верник, потапкај го по раме Бог и замоли го во мое име да ги казни педофилите, сериските убици, манијаците и злосторниците па да живееме малку живот без солзи и маки, живот без да стрепиме секоја секунда дали нешто лошо ке се деси некаде и кај некого, во било чиј дом!!!
Сите ние ќе имаме екслузивна можност да видиме дали постои или не.. А и никој не те тера да веруваш.Јас само ти пренесувам што пишува во Библијата.Ова се што ти пишав,ти го пишувам од таму само со други зборови.. не те замолив да веруваш.. Сите ние,го носиме со нашето раѓање и оној првородениот,паднат грев на Адам.Ти реков,затоа се крстиме.Дека се откажуваме од Сатаната и гревот а го прифаќаме Христос за Господ.А ако ме прашаш зашто умираат деца и бебиња.. па заради глупостите на своите родители или предците.Ти пишав.. до трето и четврто колено... се во животот Радо се дава како награда или казна Јас неможам во туѓо име да молам ништо.Ти продолжи со ваквиот начин на живот слободно,и ќе имаш сензационална и еклатантна шанса да ги прашаш зошто биле такви.Додека ќе бидеме во редот на Страшниот Суд,едните лево другите десно Стрпи се.. брзо тече животот.
Хахахах редар.. ах бе Радо! Врска од живот немаш.. Редар го употребуваш како синоним за човек кој чека ред?????????????? Аууу.. сфашта.. Инаку не,јас како и тебе ќе чекам во ред. Тогаш Царот ќе им се обрати на оние од десната страна: ‘Вие сте благословени од Мојот Татко; дојдете и примето го Царството што е приготвено за вас уште од создавањето на светот… Потоа Царот ќе им се обрати на оние од левата страна: ‘Бегајте од Мене, вие клетници! Одете во вечниот оган, подготвен за Ѓаволот и за неговите ангели”(Матеј 25:31-34; 41) Mислам дека ти е време за спиење,почна бисери да редиш
Абе не, не..хахахахаа...редар е човек што е задолжен за редот и мирот и нели едните ќе бидат на лева а други на десна страна, па тебе те змислив во средина, како скретничар нешто..хахаххаа..се иснасмеав, шала на страна..А од каде знаеш дека ќе им се обрати баш со тие зборови, клетници..хмммммм? Ти гарант ќе ојш во рајот а јас ке бидам во гроб без свест, без било каква врска со БОГ
Скретничар поистоветено со редар.. само ти ова може да кажеш,и за ова треба талент! Добро радо,имаш појма што значат поимиве и која функција ја извршуваат,или само онака,колку да се лупне некоја глупост ? Легенда.................. Абе ја кај ќе идам,тоа ја знам,ама ти со вакво општо образование што ќе правиш во животов не знам..
Општо образование имам а веронаука незнам, не сум учела, исто како и ти. Многу имаш грешки, многу работи погрешно ги имаш објаснето, незнаеш всушност и крштевањето зашто се прави...треба малку изгледа да си ги повториш лекциите од библијата.
Јас за моите пишувања ти нудам да се консултираш со кој сакаш свештеник и теолог. Радо,каква веронаука да учиш!? Батали таква атомска физика,учи Природа и Опшество.Покорисно ти е