Како тоа Марија била венчана со Јосиф, а го зачнала и родила Исус невина? И бонус прашање во врска со моралот од горе спомнатиот настан - ако јас сум невина , и кажам дека сум затруднела од непозната сила, што ќе си помислите за мене , денес во 21 век?
Хахаха.. добро,малце да се нашалам на твоја сметка Вака,кога Бог ги создал животните рекол ,,И создаде Бог ѕверови земни, сопред родот нивни, и добиток според родот негов, и секакви гадинки на земјата, според родот нивни. И виде Бог дека е добро''. (1.Мојсеева 1-25) А подоцна кога Бог му објаснува на пророкот Исаија дека ќе создаде Нова Земја каде што волкот и офцата ќе пасат заедно,каде детето ќе игра со змии и тие нема да му наштетат итн итн.. (Исаија 11:6). Чим животните се добри,ќе ги има во Рајот.Кога ќе дојде тоа време(после Страшниот Суд) и кога ќе се пратат тие што се за во Рај во Рај а тие за Пекол во Пекол. Е сега дали ќе ги има истите оние животни,пример оние кои ни биле нас миленичиња а умреле.. тоа искрено не знам
Се сеќавам на еден филм ,,7 години на Тибет'' се викаше,кога Бред Пит во главна улога,како западњак на Тибет им градеше кино.И во текот на градењето,нормално се копа.. И работниците не сакаа да копаат заради црвите.Кога овој отиде да види што е работата,тој еден Тибетски монах кога му рече дека некој од црвите може да се нашите починати мајки,татковци,браќа,сестри,роднини.. Ххахахахаха... Добри се тие таму..
Да,но постои огромна разлика.Светите Отци разликуваат Тело,Дух и Душа,затоа што човекот е создаден според Образот на Бог(според Неговиот лик),додека животните се создадени според општа замисла на Бог.Човекот има разум и совест,животните го немаат тоа. Значи човечката душа и животинската душа се два различни поими и не се никако исти И Бог ги создаде големите морски животни и сите живи души што се движат(1.Мојсеева 1:20) А Бог ги создаваше од земја сите полски диви животни и сите небесни суштества што летаат и ги доведуваше пред човекот за да види како ќе го нарече секое суштество. И како што човекот ќе го наречеше секое од нив, секоја жива душа, така му беше името. (1.Moјсеева 2:19) Кој ќе удри домашно животно,па тоа пцовиса, нека даде надоместок за него — душа за душа.(3.Мојсеева 24:18 )
Животните неможат да одат ни во рај ниту во пекол оти они се временски на земјата, со умирањето на телото им умира и душата. Животните неможат да бидат на исто ниво со човекот, тие немаат цел, немаат духовна душа, неможат да ја примат божјата милост, не се спремаат за друг живот...Човекот има право да убие животно т.с. ако се мачи да му ги скрати маките.Теолошки гледано, мислам дека во рајот нема да имаме животни
А ние како сме,безвременски ? Вечно овде така? Зошто се создадени ако немаат цел? Зошто се чува домашен миленик ? Зошто се орало со волови порано? Зошто се молзе крава? Зошто се јаде свинско,пилешко итн..? За другото си во право... освен за Рајот... Ти реков,димензијата и суштината на човековиот живот и животот на животното не се исти.
Yes И да му биде поубав животот... замисли како би било да нема животни? Да не црцори некоја птица,одиш да риболов а ништо не фаќаш..
@baba Rada Јас прогуглав и го најдов ова Прашање: Дали домашните миленици / животните ќе отидат во рајот? Дали домашните миленици / животните имаат души? Одговор: Библијата не дава конкретен одговор на тоа прашање. Но ние ако се повикаме на некои универзални библиски принципи ќе можеме да дадеме малку јаснотија по тоа прашање. Бог им дава животворен дух на човекот. Основната разлика помеѓу човекот и животните е дека човекот е создаден по Божји лик и сличност. Животните не се создадени по Божји лик и сличност. Фактот дека човекот е создаден по Божјиот лик и сличност означува дека луѓето се како Бог – тие се духовни суштества, кои содржат карактеристики на одделни личности: ум, емоции и волја. Луѓето поседуваат такви карактеристики, кои продолжуваат да постојат и после смртта. Ако домашните миленици / животните имаат „душа“ или некаков нематеријален аспект, тогаш тој би требало да биде со различна природа или со понизок „квалитет“ од душата на човекот. Од таа разлика може да се претпостави, дека „душите“ на домашните миленици / животните престануваат да постојат после смртта. Друг фактор, на кој треба да се обрати внимание, е тоа дека животните навистина се дел од творечкиот процес на Бог во книгата Битие. Бог ги создаде животните и кажа дека се добри. Ете зошто немаме причина да сметаме дека нема да има животни во Новата земја. Со сигурност ќе има животни по време на Илјадагодишното Царство. Но е невозможно да се каже со сигурност, дека меѓу тие животни ќе се и нашите домашни миленици, што сме ги имале тука на земјата. Но ние сме убедени, дека Бог е праведен, и дека кога ќе отидеме во рајот ќе бидеме потполно согласни со Неговата одлука, без разлика на тоа каква е таа.
Ти реков,се што е добро овде на земјата,ќе го има и во Рајот.Читај малце Библија. Патем целта на Библијата е многу повисока од објаснувањата за животните.Она што е важно е... 7. Кој победува, ќе наследи сѐ, и ќе му бидам Бог, а тој ќе Ми биде син. 8. А на плашливците и неверните, на поганите и убијците, на блудниците и магепсниците, на идолопоклониците и на сите што лажат, делот им е во езерото, што гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.”(Откровение 21:7- 8 ) Откровението е најкомплицираниот дел од целата Библија затоа што во главно е метафора. Анти-Христот,Трите шестки(666) и Вавилоската блудница која се спомнува во Откровението на светот... Тоа не се непознати работи,иако Бог ги кажал со метафора На пример прашуваш за 666.. во Откровението пишува: ,,зашто тоа е број на човек''(Oткровение 13:19 ) . Да скратам... се работи за Исламот А Исламот го формирал човек,смртник и името му е Мухамед Светите Отци веќе имаат пишувано за симболот на полумесечината(симболот на Исламот), како симбол на Анти-Христот кој ќе го владее светот и ќе стане цар во Ерусалим.. Тешки времиња идат за светот.Ако не го примиш неговиот жиг,тешко и горко на тебе.. Ако го читаш Куранот,ќе видиш на што ги тера.. и ќе видиш дека истото тоа многу векови е предвидено веќе во Библијата: Пратеникот на Алах вели ,,Најодвратно име во очите на Алах на Денот на Воскресението ќе биде на ТОЈ што ќе се нарекува самиот Малик ал-Амлак(Цaр на Царевите).Buhari 8:73:224-Куран Тие ќе војуваат против Агнецот(Господ Исус Христос) и Агнецот ќе ги победи, оти Он е Господар над господарите и Цар над царевите, (Откровение 17:14) - Библија Кога ќе се соочите со оние кои се неверници во битка,удрете во нивниот врат(одсчете им ја главата),додека не ги заколете сите. Сура 47:7 - Куран И видов престоли и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат, а и душите, чии глави беа исечени поради сведоштвото Исусово и заради словото Божјо. (Откровение 20:4)-Библија
AJ da ve vidam hristijanite odgovorete,koja e ANA I sto bila taa na Isus,jas nema da odgovaram voopsto bidejki znam,cisto da vidam kolku ste zapoznaeni so svojata vera Ne napajgam nikogo, site gi pocituvam,ne samo da googlate ako vejke ste citale I ste dobro zapoznaeni odgovorete
Има јасен одговор во Библијата за животните, и како треба човекот да се однесува кон нив во овој живот и што ќе биде во идниот живот. За животните во овој живот: - Праведникот се грижи и за животот на добитокот свој, а срцето на безбожникот е жестоко. (Изреки) - Добро надгледувај го добитокот свој, води грижа за стадата свои. (Изреки) - Се што се случува со синовите човечки, се случува и со животните, крајот им е ист: како умираат едните, така умираат и другите, и едно е дишењето кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот, зашто – се е суета! (Проповедник) - Биди милостив спрема секое живо создание, но и умрените не лишувај ги од милист. (Мудрост сихарова) И еве што ни кажува Бог за животните во идниот живот: - Волк и јагне ќе пасат заедно, а лавот ќе јаде слама како вол, а на змијата правот ќе и биде храна: тие нема да причинуваат зло и штета по целата Моја света гора, вели Господ. (Исаија) Кој го интересира ова последново може поопширно да го прочитате во книгата Исаија со насловче Божјите нови творби, а доколку го имате ревидираното издание на Светото писмо од 2013 год. се наоѓа на 972 страна.
Како може човекот и животните да ги ставиш на исто ниво кога знаеме дека Бог кога го створил човекот, му вдахнал негов здив за кој нели се вели дека после смртта тој здив му се враќа на Бог!?
Бидејќи денеска е одсекувањето на главата на Св.Јован Крстител.. и цел ден има јаки земјотреси,се потсетив на неколку стихови.Едниот е од Јован Крстителот а другиот на Исус.. Во тие денови се појави Јован Крстител и проповедаше во Јудејската Пустина: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно!“ (Матеј 3:2-3) И ќе има силни земјотреси, а на разни места ќе има смртоносни зарази и глад. Ќе има стравотии и големи знаци од небото(Изјава на Исус во Лука 21:11-12),