Кој господари, кој на кого му служи..какви бисери да фрлам?? Абе јас ни свињи гледам ниту бисер околу врат не носам
Членката алудираше на објаснувањето на Христос од Матеј 7:6. Сакаше да каже,неможеш да му служиш и на Бог и на Ѓаволот.Или си морална или не
Сите луѓе на оваа планета се неморални, па дури и ТИ..е сега има нивоа на моралот ама оа е друга тема.
Мислиш дека и јас сум? Добро.. Ги знам овие моабети,ако јас сум неморален,по автоматизам цел свет е.Позната ми е таа логика
Побарав на гугл да се сетам од каде е тој цитат што ми дојде пред малку, па ми излегоа поуки од светиот старец Пајсиј, бтв сум била на неговиот гроб Еве ги тие поуки, се вклопуваат во темава http://www.mpc.org.mk/svetootecko-predanie.asp?id=3628
Ima i pološo...." jas nemam grevovi,jas sum edna fina licnost,na nikogo ništo ne sum mu zgrešila ".......često moze da se čue. Koga prvpat se soočiv so sebe,koga sveštenikot me praša što imam da ispovedam,jas ne znaev što da kažam,a vernik navidum hm hm....ahh taa čovečka gordost,vljubenost vo sebe,najgolemata djavolova izmama,koga ni se čini deka znaeme nešto,a suštinski ne možema vistinata da ja prepoznaeme.
Не. Само се надоврзав на претходното речено. На некој начин го дополнив. Т.е. Го напишав тоа што и онака се подразбира.
Tака е... јас првиот пат бев уплашен како да идам на колење Како да чекав пред кланица а не пред соба за исповед.. Такви сме ние луѓето.. со падната природа.Слава му на Бог што ни дал исповед и покајание
А по исповед.. Како да си симнал голем товар. Лесно, благо. Не можат да разберат каков е медот кои никогаш не пробале.. Дојди и види, тоа е тоа.
Сакам да го прашам @EvAngelos како најупатен во теологијава, дали поп или владика смее да се ожени? Вчера дебатиравме со еден пријател и он тврдеше дека владика може, а ја дека не може, па затоа ме интересира. А бидејќи ве има од различни вери тука, ме интересира и од другите мислење.
Во православието владика не смее да биде женет, а за поп мислам дека ако бил женет пред да се запопи смее да си остане со неа, ама ако се запопи пред да се ожени, после не смее. Зошто овие правила, е тоа најдобро како што вели korisnichka да си прашаш поп или владика, зашто ако ја земам да ти објаснувам, ќе испадне дека зборувам против нив. Јас можам да ти кажам што Божјиот Збор (Библијата) вели на оваа тема, а таа јасно и експлицитно кажува дека владика (епископ) смее да биде женет. „Според тоа, епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена, трезвен, разумен, пристоен, гостољубив, способен за поучување“ (1 Тимотеј 3:2, Библијата)
Како најсличен на твојот ум и најомилен за тебе.А како најупатен само во ерестта. И ова нека биде како патоказ за неупатените : Внимавај опасност !