Нормално дека ќе се противи жената, си има нормални здрави потреби од Господ создадени. Библијата дава јасна уредба за тоа во каков случај можат мажот и жената во бракот да апстинираат од сексуални односи и тоа на ОДРЕДЕН период. „Мажот нека ја исполнува својата должност спрема жената; а исто така и жената спрема мажот! Жената нема власт над своето тело, туку мажот; исто така и мажот нема власт над своето тело, туку жената. Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност.“ (1 Коринтјаните 7:3-5, Библијата) Од овде гледаме дека брачните сопружници можат да апстинираат по меѓусебен договор (а не попот да сака, а попадиката да се буни!) и тоа на ОДРЕДЕНО време со цел да се предадат на молитва. Фразата „потоа состанувајте се пак“ значи по одреденото договорено време да имаат секс повторно. Кутрата попадијка сега можеби е искушана да има блудни мисли, а може да биде искушана и да изврши прељуба со комшијата.. зошто? Само затоа што попот одлучил спротивно на Светото Писмо да не си ја исполнува својата брачна должност кон жената.
Nekoi mozebi i go spoznale Boga,čitajki neprekinato,stranici i stranici. Drugi pak,doziveale milost prosto,vleguvajki prvpat vo crkva.....pa se vrakaat vo nea,kako vo izguben dom.Ne moze toa čuvstvo tolku ednostavno da se opiše. Na strana toa sto razumot sekogaš bara potvrda,srceto obično presuduva,samo treba da mu dademe šansa. Pa kako što se različni ludjeto medju sebe,taka i vernicite,različni ne ima. ( so razlicen pat do Boga ) Teško e nekogo za raka da go povedes do vistinata,a i nema potreba....sekoj ima svoe vreme,ili možebi i nema. Razgovor so onie koi slično razmisluvaat i kon isto se stremat pomaga,no najmnogu dlabok razgovor so sebe i so čovek od Boga ispraten da učitel ni bide. Taka da vistini i dokazi hmm....sekogaš ke bidat malku,ako e srceto zatvoreno za niv.
@sonuvana јасно ми е се тоа, поентата ми беше дека кога некој одговара еве конкретно овде на форумов, треба да одговара со факти, цитати, да има поткрепа, да е сигурен во тоа а не да вика дека е само веројатно. Ама ајде да не дигаме сега прашина околу тоа и да забегуваме од темава. За некои луѓе веројатно е и дека ако црна мачка ќе им го пресече патот ќе имаат несреќа. Веројатно е ама немаат доказ за вистината.
Тоа што ви го пренесов за свети Јован Кронштадски го имам прочитано на форум и живо го помнам прочитаното, штета што сум го испуштила инцидентот со ослепувањето на архиерејот / владиката, па сега еве ја целата историја, од тука http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=16861&PN=4 „Желба била да живее девствено и во брак, без телесна врска со својата сопруга. На почетокот, таа не сакала да го прифати тоа, и заминала да се пожали на надлежниот архиереј. Тој го повикал отец Јован и почнал долго да го убедува да се откаже од таа намера, затоа што и самиот Бог го осветил и благословил бракот и светото и побожно живеење во брак. Но бидејќи отецот бил упорен, архиерејот му се заканил со казна. Свети Јован Кронштатски му одговорил дека таква е волјата Божја, а не негова, и дека во тоа ќе биде уверен. На излегување од митрополијата, архиерејот целосно ослепел. Набрзо повикал по свети Јован, го замолил да му прости и да се помоли за негово оздравување. Откако свети Јован се помолил, овој прогледал и ја повикал сопругата на светителот да ја поучи. Таа целосно ги прифатила неговите поуки.“ Уште најдов и една страница во која е подробно даден животот на Матушка Елисавета, сопругата на свети Јован Кронштадски, на англиски е, еве нешто од воведот, At the outset of their married life, St. John said to his bride, "Liza, there are enough happy families in the world without us. Let us together devote our lives to serving God." To strengthen their dedication, St. John requested they forgo marital relations and live as brother and sister. Elizabeth agreed. Such an arrangement--a rare form of asceticism--could not have been easy, but for the next 53 years Elizabeth was a faithful help-mate. Her Christian charity and wholehearted, selfless devotion to her husband and her neighbor can serve as an exemplary model not only for wives of clergy presbyteras, matushkas, “popadijas” but for all Orthodox women today. кој сака може и целото да го види овде http://www.roca.org/OA/96/96g.htm повеќе за овој светител, вистински пастир може да се најде уште на интернет, еве еден од многуте извори http://www.pppe.mk/?s=кронштадски Ова е пример како може да се живее и тоа свето без секс и во брак. Но кому како му е дадено од Бога. Не е за секој воздржувањето. Кој не може да се воздржува подобро да се жени, како што советува Апсотолот.
1. Ако му била желбата да биде во брак ама да не биде во брак, тогаш не морал да се жени. А за дружба можел да си најде другари и другарки. Бракот подразбира телесна врска со својата сопруга. Не можеш да бидеш ЕДНО ТЕЛО со брачниот партнер ако немаш секс. Тоа е јасно напишано во Библијата. 2. Божјата воља во врска сексуалните односи во бракот е јасно откриена во Божјото Слово - Библијата. „Мажот нека ја исполнува својата должност спрема жената; а исто така и жената спрема мажот! Жената нема власт над своето тело, туку мажот; исто така и мажот нема власт над своето тело, туку жената. Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност.“ (1 Коринтјаните 7:3-5, Библијата) Значи Божјата воља вели дека тој има должност кон својата сопруга да и ги задоволи сексуалните потреби, со исклочок на МЕЃУСЕБНО договорени апстиненции за ОДРЕДЕН период. Ако бил импотентен или ако се гадел од сексот, тогаш фер би било тоа да и го искомуницирал пред да се жени за неа, а не да добива такви „желби“ во бракот. Затоа мислам дека причава со ослепувањево е чиста измислица. Ако Бог интервенирал, мислам дека Бог би го ослепел попот за да му дојде памет дека таквите настрани желби не се Божја воља, туку забегана работа. Бог не би го ослепувал овој другиот кој го советувал дека таквата желба не е според Божјата воља. Сексот е света работа. Сексуалниот нагон, ерогените зони, уживањето, оргазмот, сето тоа е од Бог создадено, а не од ѓаволот. Човек живее свето ако и само ако со сопругата има секс. А ако едниот партнер намерно го измачува другиот партнер со тоа што нема да му ги задоволува сексуалните потреби, тоа живеење не е свето. Од ова појасно здравје
За свети Јован Кронштатски било сето ова возможно бидејќи имал голема благодат од Бога. Исто како и мачениците кои загинале за верата, и тие имале огромна благодат а тогаш веќе природните закони престануваат да дејствуваат. Но тоа е висока теологија. Не сум дорасната. Едноставно верувам дека е возможно без телесни односи да се биде свет. Секако, верувам дека има и брачни другари кои живеат како брат и сестра. И тоа за мене не е спорно.
А пази го ова, во Старечникот (збирка од поуки на пустинските отци) ја има и оваа приказна, на еден монах кој се подвизувал во пустината Бог во молитвата му открил дека во едно село во близина има две жени кои се поголеми од него пред Господ. И тргнал да ги најде. Кога ги нашол ги прашал каков е нивниот подвиг, а тие му одговориле, ние сме жени на двајца браќа, живееме од потта на нашите раце и не знаеме за каков подвиг ни зборуваш - ниеднаш во овие години, ниту една вечер им немаме свртено грб во постелата на нашите мажи. Ете сега, и ти си во право. Телесните односи во бракот се осветуваат. Ич не е спорно. Тоа го знаел и архиерејот. Но просто Бог му испратил на светиот Јован толку голема благодат што тој морал да ја исполни Божјата волја. Верувате ли дека било така? Јас - да.
Доказот е многу едноставен. Бог не може да оди спротивно на тоа што заповедал во Светото Писмо - кое всушност претставува Божји збор. Бог не може да биде контрадикторен и да си противречи Самиот на Себе. Ако Бог заповедал мажот да ја исполнува брачната должност кон жената, тогаш не може да биде „Божја воља“ тој да не ја исполнува брачната должност кон жената. Од ова следи дека попот Јован бил во заблуда дека немањето секс со сопствената сопруга е Божја воља. Оттука е незамисливо дека Бог би ја подржувал оваа заблуда, па згора на тоа и би го казнувал тој другиот што го советувал дека тој е во заблуда и дека треба да ја следи Божјата воља запишана во Библијата.
Тоа не е доказ дека некој ја измислил приказната. Доказ би било да наведеш извор во кој се порекнува, на пример со сведоци, ослепувањето на архиерејот. Ти ни го сервираш твоето секташко убедување и го сместуваш под моето прашање за доказ. Тоа не го прави доказ.
Тој што тврди дека се случило нешто треба да приложи доказ дека приказната што ја сервира е реална историска случка, а не обратно. Замисли ти утре на другарките да им кажеш дека си го видела Супермен надвор како лета и жонглира со камења од Месечината и они ти велат: „Е како не, имаш некаков доказ за причава?“ и ти на тоа им велиш: Е ајде бе најдете сведоци кои ќе докажат дека вчера Супермен не прелета над мојата населба Јас не сервирав никакво секташко убедување, освен ако не ја сметаш Библијата како секташка книга. Јас цитирав директно од Библијата која претставува Божја објава за христијаните. Библијата дава јасна уредба за тоа во каков случај можат мажот и жената во бракот да апстинираат од сексуални односи и тоа на ОДРЕДЕН период. „Мажот нека ја исполнува својата должност спрема жената; а исто така и жената спрема мажот! Жената нема власт над своето тело, туку мажот; исто така и мажот нема власт над своето тело, туку жената. Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност.“ (1 Коринтјаните 7:3-5, Библијата)
Да се вратиме на цитатот од библијата за епископството и да воочиме едно искривување на значењето на речениците. 1. Верно е словото:сака ли некој епископство,тој сака добра работа. 2. Но епископот треба да е непорочен, маж на една жена, трезвен, целомудрен, чесен, почитуван, госпољубив, поучлив; 3. не пијаница, не силеџија, не лаком, туку кроток, мирољубив и не среброљубив; 4. својата куќа добро да ја управува и да има деца послушни со полно достоинство; 5. зашто, кој не умее да ја управува својата куќа, како тогаш ќе се грижи за Црквата Божја? Во цитатот од библијата никако не се спомнува како да живее епископот како епископ.Туку какви луѓе да се наоѓаат за епископи,односно какви треба да бидат луѓето пред да станат епископи и од кои луѓе да се бираат епископи. Според тоа би те прашал како тоа Петар бидејќи неженет можел да биде епископ: 1. Оние, кои се меѓу вас свештеници, ги молам јас, кој сум и сам свештеник...(1 Петар 5.1) . Или како Јаков или самиот Павле кој го цитираш бидејќи неженет можел да биде епископ?Како сите апостоли бидејќи епископи биле неженети?Чудно нели? И дека речениците укажуваат од кои луѓе да се бираат за епископи или свештеници имаме пример: 5. Затоа те оставив во Крит, за да го довршиш несовршеното и во сите градови да поставиш презвитери, како што ти бев порачал: 6. кој е непорочен, маж на една жена и има деца верни, што не се укорувани за блудство или непокорност. А каков треба да биде епископот откако ќе биде поставен за епископ продолжува со реченицата: 7. Бидејќи епископот, како Божји распоредник, треба да е непорочен, не гневлив, не пијаница, не тепач, не лаком за гнасна печалба, 8. туку гостољубив, доброљубив, трезвен, справедлив, свет, воздржлив; 9. кој се држи според вистинското слово, онака како што е научен, та да биде силен и да поучува во здравото учење, и да ги изобличува оние, кои се противат. 10. Оти има и мнозина непокорни, празнословци и измамници, а особено меѓу обрезаните, 11. на кои треба да им се затвори устата: тие растураат цели домови, учејќи на она што не треба, поради одвратна печалба.(Тит5-9) Бидејќи ниту прељубниците ,ниту оние кои мењаваат жени и се повлекуваат по куќи и растураат цели семејства ќе го наследат царството небесно.
Сакаш да кажеш дека човекот кој се избира за епископ треба да биде маж на една жена, да има покорни деца итн. и потоа за да стане епископ треба да се разведе од жената своја? Треба ли сега да ти постирам што вели Библијата за разводот и оставањето на жената? "Така што не се веќе двајца, туку едно тело. И така што Бог соединил, човекот да не разделува!" (Исус во евангелие по Матеј 19:6, Библијата) Исус тука јасно кажува дека откако двајца ќе дадат брачен завет, тие веќе не се двајца, туку ЕДНО тело соединето од Бог. Во тој завет учествува и Бог. Бог е верен на Својот Завет. Бог никогаш, ама баш никогаш не го прекршил, ниту ќе го прекрши својот завет. "Жената е сврзана додека мажот и е жив." (1 Коринтјани 7:39, Библијата) "Бракот да се почитува од сите!" (Евреите 13:4, Библијата) "Зашто Јас го мразам напуштањето на жената - зборува Господ, Израелевиот Бог" (Малахија 2:16, Библијата) "Сврзан ли си со жена? Не барај развод!" (1 Коринтјани 7:27, Библијата)
1. Апостол Петар бил женет. Еве ти доказ: „И кога Исус дојде во Петровиот дом, ја виде неговата тешта како лежи болна од треска.“ (ев. Матеј 8:14, Библијата) Зборот „тешта“ значи мајка на жена му. Во англиските преводи на Библијата пишува „mother in law“. 2. Зборот „свештеник“ не се сретнува во тој цитат. Во оригиналниот коине-грчки јазик таму стои зборот „презвитерос“ што значи старешина, а не свештеник. Во гркчкиот јазик си има посебен збор за свештеник - хиереј (првосвештеник е архиереј). Еве ти онлајн грчко-англиски интерлениар од првото послание на Петар каде што можеш да се увериш дека таму стои зборот „презвитер“ (старешина), а не „хиереј“ (свештеник). Православната црква за жал на многу места зборот „старешина“ го има преведено со „свештеник“ со цел да си ја опвравда својата небиблиска титула „свештеник“ како посредник меѓу обичниот верник и Бог. Жално, наместо православната црква да се прилагодува на Библијата, таа Библијата си ја прилагодува на своите потреби. Апостол Павле кој не бил женет им пишал на христијаните во Коринт едно реторичко прашање: „Немаме ли право да водиме жена од сестрите, како и другите апостоли и Господовите браќа и Кифа?“ (1 Коринтјаните 9:6, Библијата) Кифа е еврејското име на Петар, а под „сестрите“ не се мисли на буквални сестри (инцест), туку често христијаните ги нарекуваат христијанките сестри, а машките христијани браќа. Овде апостол Павле индиректно кажува дека некои од апостолите биле женети, плус Господовите браќа (се мисли на браќата на Исус) и Петар. Во овој цитат апостол Павле никаде не го дели цитатот како што ти го делиш на „пред епископ“ и „после епископ“. Целиот цитат си е една непрекината целина. И никаде не се вели дека епископот треба да се разведе од својата жена откако ќе стане епископ.
Neznam kade da go postavam prasanjevo dali e ovaa tema soodvetna, dali nekoj go znae ovoj Zoran Spasovski i sto propoveda?
Кој бара наоѓа и на оној што чука му се отвора. Немам доказ дека надлежниот архиереј ослепел кога не сакал да ја разбере намерата на отец Јован да живее со жена му како брат со сестра, но сигурно некаде постои некоја трага и ако некој бара ќе најде. Јас не би барала, бидејќи не ми е потребен доказ дека тоа се случило, едноставно кога прочитав знаев дека е тоа пројава на силата Божја. И се сетив да ја приложам случката во контекст на прашањето од Херкул. Потоа ти се фати како давеник за сламка за парченце од моето кажување и го пакуваш како одбрана на Словото Божјо. Е како не се роди дваесеттина века порано, може ти ќе Го одбранеше? Да те потсетувам ли дека доказ немаш ни ти дека „целата прича е измислица“ За Супермен нема што да коментирам. Чист спин Секташкото убедување се состои во своеволното парцијално и искривено толкување на Библијата. А такво е бидејќи не е втемелено во Светото Предание. Не јас, туку Светите отци велат дека и ѓаволот го цитира Светото Писмо за свои потреби. Јас само им верувам бидејќи ја знам, ми дал Господ да ја осетам животворноста на нивните зборови. На Него слава и вечна пофалба. А ти Ев, остани ми со здравје.