Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. LUCI 99

    LUCI 99 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2015
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    2.870
    Пол:
    Женски
    Mojot sekade isto go cuvstvuvam, ti ako go cuvstvuvas prisustvito na tvojot bog poveke vo crkva toa e drugo, izgleda do mestoto e
     
    На HUNK му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    А зошто ние оставаме поколенија после нас ? :)
    Не сум читала Библија , ама интересно е. Порано мислев сите сме роднини, што до некаде е така.
    Бог го создал прво Адам, па за да не е сам ја создал и Ева.
    И тие сакале мафе и ете ти :D
    И ние сме тука денес...
    Амааа објаснyвање ти дадов лелеее! :D
     
    На baba Rada и rose60 им се допаѓа ова.
  3. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.029
    Амејзинг.. :)
     
    На baba Rada и Petra777 им се допаѓа ова.
  4. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Мафето! Оно да ти ја мутело водата цело време :D
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.892
    Допаѓања:
    171.430
    Пол:
    Женски
    Дали зад бројот 14 има некаква симболика?
    Почнав да читам, во Новиот завет сосем на почеток има
    Дали има некоја симболика која ја имам испуштено и дали то ќе биди нахнадно објаснато или треба наназад да одам место нанапред?
    Благодарам однапред на кој и да одговори. :)
     
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Бидејќи студијава е од САД, ќе претпоставам дека во неа учествувале верници кои се протестанти и католици. Па затоа, малце сум збунет од поентата која сакаш да ни ја доловиш со податоков.

    Дали тоа значи дека сите треба да станеме протестанти и/или католици за да ни се продолжи животот? Или можеби доволно е човек да верува во било кој Бог и да посетува било каков религиозен објект? Или потребно е само да биде христијанин, ама не е важно на која деноминација припаѓа?

    Збунет сум затоа што по другите теми отворено зборуваш против католицизмот и протестантизмот и на припадниците на овие деноминации им наденуваш најразлични епитети, а од друга страна, истражување кое повеќе од сигурно е направено баш врз овие верски групи го постираш тука сакајќи да докажеш некоја своја поента. :)
     
    На Someonespecial, LUCI 99, baba Rada и 5 други им се допаѓа ова.
  7. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.029
    Таму пишува од различни деноминации,никаде не пишува дека мнозинството се Католици и Протестанти.Друго,овс е општо истражување.Не е дали Православните живеат повеќе од Католиците или слично.
    Се работи чисто за религиозност.Дека оние кои се религиозни се психички подобри и постабилни :) Црквата како градежен објект,нема овде допирна точка.
     
    На Rama и rose60 им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Не можев да пристапам кон целосната студија за која зборуваш, затоа што е потребно да се плати, но можеме да претпоставиме - протестантите, евангелистите и католиците се апсолутно мнозинство во САД, а православните апсолутно малцинство, со 90000 до 3 милиони припадници, во зависност од изворот. Дури и во најдобар случај, пак се помалку од 1%. Што значи, шансите дури и еден православен да учестувал во студијава се минимални. Што исто така значи дека студијава најверојатно е направена баш врз оние деноминации кои јас ги споменав во претходното мислење.

    Ова е општо истражување, точно - но, повторно, не сфаќам со која цел си го постирал. Дали реченицава „Дека оние кои се религиозни се психички подобри и постабилни“ значи дека ти ги изедначуваш сите христијански деноминации по важност и ги ставаш на исто рамниште? Дали сакаш да ни кажеш дека не е важно на која деноминација припаѓа човек, се додека е христијанин?

    Затоа што од твоите други мислења на форумов заклучив дека православието е едиственото вистинско, основано од Исус лично, а сите други се расколници, отпадници или секташи.

    Па затоа, пак те прашувам - каква врска со тебе, како православен верник, има истражување за корелацијата помеѓу одењето во црква и животниот век, направено врз некакви си таму расколници и секташи во САД и каква врска има нивното одење во нивните лажни цркви со искривени христијански вредности со одењето во православна црква? :)
     
    На Someonespecial, Херкул, LUCI 99 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.029
    Прво,Македонци(мнозинството Православни) само ги има околу 100.000.Бројот се проценува од 3 до 6 милиони на Православни во Америка(вкупно од сите народи на светот).
    Ова општо,чисто информативно го кажав.
    Апсолутно не.Го постирав заради самата причина на истражувањето.А тоа е дека оние кои веруваат во Христос како Господ стојат подобро од другите.
    Ова не значи,дека истите тие кои веруваат во Христос како Господ,дека на Судниот Ден истите ќе бидат спасени :) Не.Библијата многу јасно кажува што ќе се случи со оние кои верувале во Него ама ги искривиле Неговите учења.Ти мислам дека ги помеша овие две работи :)
    Тоа го потврдува историјата со Големата Шизма и Светите Отци на Црквата.Јас само пренесувам ставови и учења на Црквата :)
    Ти го одговорив ова погоре во истиов овој пост.Во вториот дел.. :) Делот почнува со болдирано.
     
    На Rama и rose60 им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.892
    Допаѓања:
    171.430
    Пол:
    Женски
    Не добив одг на претходното прашање, очигледно треба да именувам, зошто знајме.
    Ама небитно, ќе прашам некој друг. Ме интересира кое е гледиштето на Бог кон ароганцијата, самозаљубеноста, користењето на сарказам, воздигањето повисоко од другите?
    И шо мисли Исус кога вели да го сакаме Бог тајно, за да не награди јавно, а вели дека тие кои се фалат веќе добиле награда? За каква награда станува збор?
    Пак, благодарам предвреме доколку добијам одговор.
     
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.725
    Допаѓања:
    10.238
    Пол:
    Машки
    Апостол Павле дава добри совети на оваа тема во своето писмо до христијаните во Рим 12та глава, советувајќи ги за вакви практични меѓучовечки односи, а исто и во писмото до црквата во Филипи.

    „Зашто, преку благодатта што ми е дадена, му велам на секој еден помеѓу вас: да не мисли за себе повеќе отколку што треба да мисли - туку мислите нека ви бидат насочени кон разумно размислување, според мерата на верата, која Бог му ја доделил секому...
    Љубете се еден друг срдечно со братска љубов! Натпреварувајте се во почитување еден кон друг!...
    Бидете едномислени едни кон други! Не стремете се кон високи нешта, туку држете се за скромните! Не сметајте се сами себеси мудри!“ (Римјаните 12:3,10,16 Библијата)

    „Не правете ништо од натпреварување или од суетно честољубие, туку во понизност сметајте се еден друг за поголем од себеси!“ (Филипјаните 2:3, Библијата)

    Вака вели Исус:
    „Внимавајте да не ја вршите својата правда пред луѓето, за да ве видат тие; инаку немате награда од вашиот Татко, Кој е во небесата.
    И така, кога правиш милостина, не труби пред себе, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да бидат славени од луѓето. Вистина ви велам, ја имат својата награда.
    А ти, кога правиш милостина, нека не ти знае левицата, што ти прави десницата, за да биде твојата милостина во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.
    И кога се молите, не бидете како лицемерите, кои сакаат да се молат стоејќи по синагогите и на аглите од улиците, за да ги видат луѓето; вистина ви велам, ја имат својата награда.
    А кога постите, не бидете тажни како лицемерите; зашто си ги помрачуваат лицата, за да ги видат луѓето дека постат; вистина ви велам, ја имат својата награда.“
    (ев. Матеј 6:1-5, 16, Библијата)

    Значи тука Исус вели да не се перчиме со нашата побожност или хуманитарност пред луѓето. Кога некој прави некое добро дело или дава пари на просјак или дава донација за некој болен или помага на поплавените во Стајковци и тоа го објавува на пример на фејсбук со цел да се прикаже како голем хуманитарец, луѓето му ставаат лајкови, ми пишуваат браво како тебе нема друг, значи на некој начин му даваат пофалба, аплауз и некогаш дури и ги слават. Исус вели дека таквите веќе си ја добиле наградата и да не очекуваат дополнителни награди на Небото.
    Но има и луѓе кои ги прават сите овие работи, ама не трубат наоколу и речиси никој не знае дека помогнале, дека донирале, дека жртвувале за некој. Таквите луѓето нема да ги пофалат, ниту ќе им дадат аплауз, ниту ќе ги величаат, туку ќе си останат во сенката и тајноста. Но Исус овие луѓе ги охрабрува кажувајќи им дека Бог го гледа тоа што е тајно и ќе го награди јавно еден ден.
    Истото важи и за луѓето што се фалат дека се молат многу, или дека постат, Исус вели дека веќе ја имаат својата награда.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.029
    Зошто Протестантските цркви се наречени од страна на Христовата - Првославна Црква за отпадници и секташки.Во прилог учењата на Баптистите и одговорот на Православната Црква:

    Г. Учењето на баптистите:


    И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме како заедничко учење на повеќето секти, за нив е карактеристично:

    1. Тврдат дека нема прародителски грев;

    2. Грешниците не можат да бидат членови на нивната „црква“;

    3. Немаат хиерархија, туку самоуправување;

    4. Немаат Свети Тајни, туку само обреди;

    5. Ги крштеваат само возрасните, и тоа не заради простувањето на гревовите, бидејќи по нив крштевањето не е услов за спасение;

    6. Со сите сили се стремат да се одвои „црквата“ од државата;

    7. Тврдат дека спасението е можно само со вера.
    -------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

    Одговорот на Православната Црква:

    1. Светото Писмо јасно зборува за прародителскиот грев: „Ете, во беззаконија сум зачнат и во грев ме роди мајката моја“ (Псал. 50, 5). „Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта, на таков начин и смртта премина на сите луѓе...“ (Рим. 5, 12).

    2. Господ Исус Христос дошол заради спасение на болните и грешните, никој освен Него не е без грев.

    3. Господ ја поставил хиерархијата: Он самиот е глава на Црквата, потоа доаѓаат апостолите, па епископите, презвитерите, ѓаконите итн. (Да се прочитаат Делата апостолски).

    4. И сите Свети Тајни имаат своја основа во Светото Писмо.

    5. Крштевањето навистина е основа на спасението:

    „Кој ќе поверува и се крсти ќе биде спасен; а кој не верува ќе биде осуден“ (Марко 16, 16); „...Ако некој не се роди од вода и дух не може да влезе во царството небесно“ (Јован 3, 5); а за крштевањето на децата да се прочита: Дела 10, 2, 47; 16, 14-16; 30, 39; 1. Кор. 1,16. И со верата на ближните можно е спасение (Мат. 8, 5-13; 9, 18-25; 15, 22-28; итн.), што е основа за крштевање на малите деца и кумството.

    6. „Секоја душа да им се потчинува на претпоставените власти, зашто нема власт што не е дадена од Бога“ (Рим. 13, 1, 5), и тоа не само поради страв, туку и поради совеста своја.

    7. Апостол Јаков зборувал дека верата без дела е мртва (Јак. 2, 17, 20, 26), верата без љубов е мртва (1. Кор. 13,2).
     
    На Orthophill, rose60, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.892
    Допаѓања:
    171.430
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos значи под награда се мисли награда од луѓето?
    Фала ти многу!
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  14. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.590
    Пол:
    Женски
    Постои ли некаде во библијата животот на Исус кога бил дете, како изгледал, што учел, дали бил примерен итд. значи за детството на Исус ме интересира!?
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.029
    Ајде ќе бидам милостив! Ама ти реков во пораки,означи ме.. друг пат нема да ти одговорам :)

    Библијата не дава прецизни податоци за животот на Исус,како изгледал,што учел,дали бил примерен итн.
    Како да изгледа Радо? Дете како дете :)
    Бил примерен,бидејќи Он во една прилика се опишува Самиот: ,,бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши. ( Матеј 11:28-29).
    Ваков бил и како дете затоа што: “Бидејќи сум Господ, Јас не се изменувам.” (Малахија 3:6)
    Kога Исус имал 12 години избегал/се одделил (планирано најверојатно) еднаш од своите родители.Го нашле во храмот а таму: ,,По три дни Го најдоа во храмот како седи меѓу учители, ги слуша и ги прашува;
    сите што Го слушаа, се восхитуваа на Неговиот разум и на Неговите одговори'' (Лука 2:43).
    Што значи иако имал 12 години,и како оплотен Бог,Тој уште како дете зборувал многу мудро и му се восхитувале.
    А дека бил примерен,бил и тоа го потврдува Библијата: И слезе со нив, па дојде во Назарет; и им беше послушен.(Лука 2:51).
    После нема многу други описи,се е општо,од типот: ,,Исус, пак, напредуваше во премудроста и возраста, и во благодатта пред Бога и кај луѓето'',,,А детето растеше и крепнеше со духот, и остана во пустина до денот, кога им се јави на Израелците'',А Младенецот растеше и крепнеше со духот, исполнувајќи се со премудрост; и благодатта Божја беше врз Него.(Лука 2:40-52 и Лука 1:80)

    Светата Православна Црква,бидејќи е наследничка на Црквата која Он,Христос лично ја оформил,има одредени преданија за Неговиот физички изглед и други детали.Но јас со такви материјали и информации не располагам..
    Како Вистинска Божја Црква,Православната Црква има Светители кои го виделе лично.. :) Не зборам за времето кога Он бил на земјата.. туку после Неговото Воскресение.
    Значи зборам за неколку векови наназад од сега.. и со Него разговарале лице во лице,и преку Него правеле огромни чуда :)
    Веќе објаснив и порано,тоа се вика Исихазам,и тој степен скоро никој не го достигнува во рок од 100 години.Тоа го има само во Православието,затоа што е Вистинско :)
     
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  16. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Библијата пред се е збирка на мисли и поуки итн пред се од луѓе што биле жиВи, така да освен Господ бог што знае што и како било неможиме да се потпираме на книги пишувани и изменувани години години наназад, без навреда и за Куранот и Библијата важи ова, ние можиме и цел живот додека сме живи да си прајме муабет и да се докажуваме/спротиставуваме едни на други , да си ставаме линија на оддалеченост поради овие муабети бидејќи реално, религиите прават поделба помеѓу луѓето , доказ е и форумов притоа анонимни и тука секој со своето мислење својата вера и колку и да се пишува сепак не може да се докажи на никого.
    Пак ќе кажам само Господ знае која е вистината и што и како е.
     
    На korisnichka и baba Rada им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.738
    Допаѓања:
    80.063
    Пол:
    Женски
    Јас сепак мислам дека вистината може да ја разбере секој што ќе ја прочита Библијата но не само неа, туку и ќе продолжи да бара одговори и на други места. Бидејќи и самиот вовед во Библијата гласи:

    Библијата е книга која ги поразува генијалните умови и ги сведува да ја признаат нејзината мудрост, која со својата содржина ги пленува нивните срца и ги препородува за нов живот..........
    Библијата може да ги направи злосторниците - чесни, самоправедните и себичните - понизни, неполезните во општеството - полезни, отпадниците со низок морал - морални. Библијата ја има таа моќ заради вдахновеноста на Светиот Дух во нејзината порака.

    Спрема ова, оној кој со внимание и жед ја чита,со отворен ум спремен да впие, тој ќе ја согледа и вистината, нема да погреши.
     
    На Rama и HUNK им се допаѓа ова.
  18. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.590
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet ај едно прашање за тебе..Исус од каде знае како настанале Адам и Ева, он не ги видел..кој пренел прв за настанокот на првите луѓе?
     
    На Gosh и rose60 им се допаѓа ова.
  19. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.029
    Хахаха.. Радо,ова сега си прашала,и никогаш веќе.. :D
     
    На korisnichka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.590
    Пол:
    Женски
    Абе оти ми се смееш, па Бог ги создал ама кој видел и кој кажал??
    Не се разбираат сите како тебе, имај разбирање за нас неуките:)
     
    На korisnichka и rose60 им се допаѓа ова.