Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    @EvAngelos кога цитираш од библијата цитирај до крај.

    3. Мажот да ја има спрема жената својата должна љубов, а исто така и жената – спрема мажот.
    4. Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената.
    5. Не одделувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да постите и да Му се молите на Бога; и пак состанете се за да не ве искуша сатаната, поради вашето невоздржување.
    6. Ова, пак, ви го велам како совет, а не како заповед.

    Свети Јован кронштански се нема разведено.Но еве што пишува во библијата за оние што и ќе се разведат заради Христа:

    28. А Исус им рече: „Вистина, ви велам, дека вие што врвите по Мене, при повторното раѓање, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на славата Своја ќе седнете и вие дванаесетте Израилеви колена;
    29. и секој што остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради Моето име ќе наследи стопати повеќе и ќе добие живот вечен.


    Нели законот е јасен дека не треба човек да се разведе?Како сега Христос вика оној што ќе остави жена заради мене? 8)
     
    На Rama, korisnichka и rose60 им се допаѓа ова.
  2. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    ќе даде Господ и лажиче :)
     
    Последна измена: 19 септември 2016
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Како мислиш да цитирам до крај? До крај на Библијата? :) Контекстот што го цитирав си завршува со 5-от стих. Шестиот стих што си го цитирал и болдирал не се однесува на претходно кажаното, туку на тоа што следи:

    „6 Ова ви го велам како дозвола, а не како заповед.
    7 Јас би сакал сите луѓе да бидат исто како и јас; но секој има од Бога свој дар, еден ваков друг онаков.
    8 На неженетите и на вдовиците им велам дека е добро за нив, да останат исто како и јас.
    9 Но, ако не можат да се воздржуваат, нека се женат и мажат, зашто е подобро да влегуваат во брак отколку да се распалуваат.“ (1 Коринтјаните 7:6-9, Библијата)

    А после ова, Павле оди со третиот контекст од ова поглавје:

    10 А на сопружниците не им наредувам јас, туку Господ: жената да не го напушта мажот;
    11 ако го напушти нека остане немажена или нека се помири со својот маж; и мажот да не ја остава својата жена.

    Па потоа четвртиот контекст:

    12 А на другите им велам јас, а не Господ: ако некој брат има жена која не верува, а која се согласува да живее со него, да не ја напушта... итн.

    Како што гледаш во целото ова поглавје апостол Павле прво потенцира КАКО ќе пишува (дали како совет, дали како заповед, дали како наредба од него или Господ), а потоа ШТО ќе пишува. Оттука јасно следи дека реченицата „6 Ова ви го велам како дозвола, а не како заповед.“ се однесува на она што следи, а не на претходната дисксуија.

    Да законот е јасен и во стариот и во новиот завет и тоа неколку пати е повторено и од Исус и од апостолите дека мажот не треба да ја напушта жената, ниту жената мажот. Ова што овде Исус го вели е доколку некој напушти жена или мајка или татко или куќа или ниви... ЗАРАДИ верата во Христос т.е. ако треба да биде принуден да бира на пример помеѓу жената или Христос, мајката или Христос, нивата или Христос итн. Во такви моменти ние покажуваме кој ние приоритет број еден во животот, ја докажуваме нашата љубов и лојалност кон Христос со тоа што ќе се откажеме од најмилото за да останеме лојални на Христос ДОКОЛКУ сме приморани да го направиме тоа.

    Ќе ти илустрирам со пример. Еден мој познаник муслиман од Косово стана христијанин. Кога татко му дозна, му се закани дека ќе го избрка од дома. Тој остана лојален на Хрстос. Татко му потоа го избрка од дома. Тој не се откажа од Христос, туку се откажа од татко му. Не од чиста мира, туку по воља на татко му. Цел месец спиеше во црквата. Бараше и најде работа и беше спремен без родители да го продолжи животот, но од Христос не се откажа.
    Татко му после еден месец виде дека тој не се откажува од христијанството и му рече дека може да се врати дома. Пријателов се врати дома. Зошто? Бидејќи веќе не беше приморан да бира меѓу татко му и Христос. Ако продолжеше да не комуницира со татко му, тоа немаше да биде „заради Христос“, туку од други причини, бидејќи Христос веќе не би бил причината за нивната разделба.
     
  4. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Како објаснува православец: не докажува, туку покажува

    Старец Јосиф Ватопедски


    Брак и семејство


    „Оваа тајна е голема, а јас ви зборувам за Христос и за Црквата“ (Еф. 5, 32). Со овие зборови апостол Павле прави паралела помеѓу брачниот однос маж – жена, со односот Христос – Црква. Како што Господ, како глава, се соединил со Црквата и така претставуваат едно тело, така и во бракот: законското соединување на двете страни (мажот и жената) претставува едно тело.

    Во нашиот општествен живот, ние одлучуваме што ќе одбереме откако добро ќе провериме и испитаме, за да не направиме грешка. Исто така, во однос на најсериозната и непоколеблива тајна на бракот потребно е соодветно внимание. При изборот на животен сопатник не треба да ни влијаат ниту титули и општествени достоинства, ниту богатство, ниту фантазерски соништа, ниту предизвикот на изгледот на лицето, доколку не се покажат согласноста, истомисленоста и прифаќањето на рамките на автентичното сопружништво. И двајцата треба да веруваат во вредноста на татковството и на мајчинството, поради што и постоиме. Дали ние денес би постоеле доколку нашите родители биле незаинтересирани за раѓање деца?

    Средството за соединување на многумина во едно е љубовта. Таа, како тајна, е речиси неискажлива. „Бог е љубов“ (Јн. 4, 8). Бог ја нема љубовта како обичен карактеристичен белег, туку Самиот Тој е љубов, која „не го бара своето“, „не мисли на зло“, сѐ поврзува и за сѐ промислува, и никогаш не ослабнува и не исчезнува. Најголемата последица на нашиот пад е себичноста, а неа само љубовта може да ја скрши и да ја претвори во несебичност. „Никој нека не ја бара својата лична полза, туку ползата на другиот“ (1. Кор. 8, 24).

    Неодржливи се изговорите за посебноста на карактерите или за условите и влијанието на околината, ниту за наследноста. Воплотувањето на нашиот Господ ја преобрази целата наша изопаченост и ни даде власт да „газиме на змии и скорпии и на сета непријателска сила“ (Лк. 10, 19). „Сѐ можам преку Христос, Кој нѐ крепи“ (Фил. 4, 13).

    Природата на жената е плод и производ на љубов (создадена е од реброто на Адам, кое било блиску до неговото срце). Затоа, жената не е хармонизирана доколку е лишена од љубов. Самата таа извира љубов преку мајчинството. Праведно е што таа бара да биде љубена, штом и самата љуби според својата природа и позиција.

    Историјата и фактите сведочат дека доколку сопружниците сакаат да ја постигнат меѓусебната хармонија, треба постојано помеѓу нив да има љубов. Само во законитото сопружништво може да се изрази вистинската љубов, затоа што „двајцата се едно тело“. Ниту еден друг израз на нежност и на симпатија не може да се спореди со зборовите: „двајцата ќе бидат едно тело“. А тоа се остварува во законитото сопружништво, од кое произлегува создавањето на човечкиот живот. Женскиот пол, како послаб, понежен дел, има потреба од практично надополнување од страна на љубовта на мажот. Тоа е причинита поради која љубомората преовладува кај жената. Најдобриот начин за скротување на љубомората е вистинската и на дело покажана љубов на сопругот кон неговата жена. Потребно е големо внимание за одржување на сопружничката врска. Еден вид на реална утеха и поткрепа што нашите старци го советуваа во тешките моменти е следново: „Никогаш не ја заборавајте првата седмица од вашиот брак!“. Вие сте истите какви што сте биле и тогаш. Ништо не ве разделува!

    Ако во бракот жената ја смета својата посветеност кон мажот како ропство, тогаш ќе сака да се ослободи и да се покаже дека е над него. А доколку мажот ја смета љубовта на жената кон него како нејзина слабост, тогаш ќе го злоупотребува тоа.
     
    На A-j-a, Bulgarian, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  5. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
  6. Таа Сум

    Таа Сум Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Евангелосе, ти на која религија припаѓаш?
     
  7. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Мене ме интересира нешто во врска со т.н. трансупстанцијација - претворањето на виното и лебот во телото и крвта на Исус за време на светата причест (ако има посоодветен збор за ова, слободно некој нека ме исправи).

    Имено, учењето на католичката црква, согласно католичката догма, вели дека виното и лебот претрпуваат буквална физичка трансформација во крвта и телото на Исус за време на причеста.

    Затоа што не можев да најдам јасен и изричен податок, ме интересира што вели православието и православната црква за ова - дали го има истиот став како и католичката или виното и лебот кои служат за причестувење претставуваат метафора за крвта и телото на Исус? И дали воопшто постои официјален став на православната црква по ова прашање?

    Истовремено, ме интересира и мислење од православните верници - дали навистина мислите (верувате или можеби сте убедени) дека виното буквално се претвора во крвта на Исус за време на причеста или не?
     
    На theowndemon, daylight и baba Rada им се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Верувам и исповедам дека ова е Твоето вистинско Тело и ова е Твојата вистинска Крв...

    Вака почнува молитвата која ја читаме пред светата Причест. И доколку не веруваме во тоа дека на светата Причест добиваме вистинско Тело и вистинска Крв Христови, не треба ни да се причестуваме. Верата во Телото и Крвта Христови се основен услов за наша Причест.

    Ние Православните, веруваме и исповедаме дека Тоа во путирот се вистинските Тело и Крв Христови, но видот на Телото и Крвта се на изглед вино и леб, ама тие веќе не се повеќе ни леб, ни вино, иако физички не се промениле, туку Тело и Крв. Сепак ако направиме микроскопски испитувања, ќе најдеме само молекули на леб и вино. Клетки Христови нема да најдеме. Сепак веруваме дека и во секоја најмала частица од Лебот се наоѓа целото Тело Христово, кое се дроби, но не се раздробува. Место за метафори и сомнежи нема. Затоа и со посебен страв и посебна побожност се однесуваме кон Телото и Крвта. (Пример: Ако да не даде Бог се истури капка од Крвта на земји, местото свештеникот го лижи, го стружи, го мие со вино итн. За Телото Христово да не се изрони се користат специјални платна - антиминси итн. После Причесната на специјален начин се чисти Путирот, со вино, со вода... Поарно е целата црква да се запали отколку и една капка Крв Христова да се пролее!)

    Римокатолиците веруваат дека тоа што е во путирот е вистинска Крв, а Лебот е веќе вистинско Тело, кои доколку би се испитале микроскопски би се пронашле клетки Христови. Но, ако се најдат клетките, тогаш целото Тело го нема...

    Значи јас верувам дека во Путирот има вистинско Христово Тело и вистинска Христова Крв, кои се` уште ја задржале физичката форма на Леб и Вино, но тоа повеќе не се ни леб, ни вино.
     
    На theowndemon, korisnichka, baba Rada и 4 други им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Кога Исус вели за лебот дека тоа е Неговото тело и за виното дека тоа е Неговата крв, Тој воопшто не зборува за буквално претварање на лебот во Негово тело или на виното во Негова крв.

    1. Апостол Павле го цитира Исус нагласувајќи ја целта на Господовата вечера (светата Причест):

    „Зашто, јас го примив од Господа она, што и ви го предадов: дека Господ Исус, во онаа ноќ во која беше предаден, зеде леб, и благодари, го раскрши и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело, кое се крши за вас. Правете го ова за Мој спомен!” Исто така и чашата, по вечера, и рече: „Ова е чаша на Новиот Завет во Мојата крв. Правете го ова, секојпат кога пиете, за Мој спомен!” Зашто, секојпат кога ќе го јадете овој леб, и ќе пиете од оваа чаша, ја навестувате Господовата смрт, додека дојде Тој.“
    (1 Коринтјаните 11:23-26, Библијата)

    Целта на Причеста или „Господовата спомен вечера“ е да не потсетува на Христовата жртва за нашите гревови. Тоа е љубовна вечера во која ние се потсетуваме на Христовата љубов, на Голготските Христови страдања кога Тој доброволно одлучи да се предаде да му биде мачено телото, да биде распнат и да му биде пролеана крвта заради нас, заради нашите гревови. Ова е централната порака на евангелието и главниот фокус на кој Исус сака редовно да се потсетуваме, бидејќи тоа е спасот за нашите души, заради тоа дојде Исус. (ев. Јован 12:27). А ѓаволот е тој што сака да не дефокусира од оваа централна порака на евангелието, за да го забораивме и да се свртиме кон суеверија, празноверија, разно-разни религиозни дела кои немаат сила да не спасат од гревовите, славење други личности итн.

    Ние луѓето сме заборавни суштества и имаме потреба да бидеме потсетувани на редовна база. Ова многу пати потврдено во Стариот завет каде што Бог со големи чуда ги избавувал евреите од ропство, од глад, епидемии и сл. и тие за кратко време го заборавале тоа и обожавале други богови. Тоа е целта и на сите 7 старозаветни празници. На пример Пасхата била воспоставена за да ги потсетува евриете на тоа како Бо ги избавил од Египетското ропство. Празникот Сеници (шатори) бил за да ги потсетува евреите како седеле во шатори додека поминувале низ пустината кон ветената Земја. Итн. Знам дека денес празниците повеќе служат за луѓето да се напијат и развеселат, ама Библиските празници имаат за цел да потсетат, да ни го освежат сеќавањето за Божјата интервенција во нашите животи. Според Исус, тоа е целта и на Причеста „Правете го ова за Мој спомен“ - Исус.

    2. Ако јас ви покажам слика од моето семејство и ви речам „Ова е моето семејство“ никој нема да си помисли дека таа слика е буквално моето семејство. Или ако ви покажам некој споменик и ви речам ова е Гоце Делчев, никој нема да помисли дека тоа е буквално Гоце Делчев.

    3. Исус рекол „Јас сум вратата“, „Јас сум патот“, „Јас сум добриот пастир“, „Јас сум светлината“, „Јас сум лозата, вие сте лозинките“ итн.
    Дали Исус е буквална врата? Дали тоа значи дека секој што треснал врата ќе гори во пеколот?
    Дали Исус е буквален пат и секој што газел по пат ќе гори во пеколот?
    Дали Исус е буквален пастир кој пасел овци или пак Тој е претставен како пастир кој не води нас луѓето кои сме претставени метафорично како овци?
     
    На Bender Rodriguez, Херкул и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  10. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Metafora vo poezijata, vo verata - tainstvo. Tolku.
     
    На PaLaVa, Orthophill и HUNK им се допаѓа ова.
  11. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Токму така :)
     
  12. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Ако јас ти покажам икона од Христос, веруваш ли дека е тоа Он?
     
  13. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Се` уште не одговорил @EvAngelos
     
  14. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Ај да си прашам бидејќи не знам, но претпоставувам дека сите т.н. цркви (бидејќи Црквата е една - света, соборна и апостолска, чистата девица и невеста Христова) не го употребуваат терминот причест, бидејќи не е спомнат во Библијата :D
    Евангелосе до тебе е прашањето.
    Што правите вие? Се причестувате или јадете Господова спомен вечера?
     
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    @Orthophill, благодарам за јасниот и опширен одговор. :)

    Искрено, ова објаснување ми е доста пологично, за разлика од трансупстанцијацијата. Иако, не е во прашање и само логика - замислата за буквалното пиење на крвта и буквалното јадење на телото на Исус, барем за мене, е во најмала рака морбидна и вознемирувачка.
     
    На Херкул, EvAngelos и korisnichka им се допаѓа ова.
  16. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Затоа е во вид на леб и вино. Но веруваме дека примаме тело и крв Христови, за простување на гревовите и за живот вечен.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Ами него го прашале, а не друг. Друг да прашаа ќе си одговореше...
    А знаеме кој се јавува од страна. ;)
     
    На Rama, korisnichka и HUNK им се допаѓа ова.
  18. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Малце офтопик,тоа сме го учеле на факултет, „лукавиот“ (и не воведувај не` во искушение но избави не` од лукавиот, т.е. од ѓаволот) доаѓа од „лук“, односно „лак“, зависи во која варијанта.. е сега, зошто баш со тоа име се нарекува? е баш затоа дека доаѓа отстрана, односно дека заобиколува, ја заобиколува вистината. Интересно е и дека светите отци даваат слилно објаснување за натемаго, дека кружи наоколу како лав кој рика и сака да не проголта
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    @Таа Сум , @korisnichka неколку пати сум спомнал дека сум христијанин-протестант, а плус и тоа е преочигледно од моите коментари кои се основани во Библијата и само Библијата (Sola Scriptura), а не во традиции и подоцнежни преданија. Плус имам одговорено и во соодветната тема: На која религија припаѓате? Овде темата е се што сакате да знаете во врска со религијата, а не EvAngelos :)

    Ние од Христовата Црква редовно ја правиме Господовата спомен вечера со цел да си спомнеме за Христовата жртва за нашите гревови - како што ни заповеда Христос. Лебот за нас го претставува Христовото тело, а виното - Христовата крв која што се пролеа за нашите гревови. Некои го користат и зборот причест, некои велат само „Господова вечера“, сеедно.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  20. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    добро, душо, прости, не сум видела :)
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.