Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    -Формирана пред неколку 300-400 години а Христос живеел пред 2000 години и вели Христова Црква....(facepalm)
    -Формирана од смртник(Џон Смит) и вели Христова..
    Ваљда е Смитова ''црква''.. да не беше Смит ќе постоевте? Не,како тогаш е Христова кога Христос веќе ја основал со своите Апостоли пред 2000 години и таа постои до ден денеска..?
    И камен би заплакал на ваква логика...... (facepalm)(facepalm)(facepalm)
    [​IMG]
    Ај види кај е Христовата Црква а кај е твојава Смитова ''црква'' и размисли :D
     
    На Rama, Bulgarian, Vitaly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Не би се согласила дека е сеедно. Во спомен на последната или Тајната вечера (која патем не е тајна оти била скришна, туку таинствена, бидејќи е на неа востановено таинството на причестувањето) ние се причестуваме - се соединуваме со Господ и Неговиот живот станува наш живот, Го следиме каде и да оди, прифаќаме страдања со благодарност.. се разбира ако претходно сме се подговтвиле со пост молитва исповед и покајание, со благослов на нашиот духовен отец. Тоа е православното поимање на причеста.
    Причеста уште ја викаме света Евхаристија, т.е. благодарење.
     
    На Philippa и Orthophill им се допаѓа ова.
  3. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Ќе ти одговорам овде,затоа што не сакам темата за ,,Поуките на Светите Отци'' да ја труеш со твоите еретички учења.И како и секогаш така и сега,и нив ќе ти ги побијам,затоа што читам Библија.. не идам на семинари каде што е како во машина за перење.Ама не алишта :)

    Според твојата Анти-Христијанска логика и еретичко учење,објасни ми,како тоа Библијата забранува некој некого да нарекува ,,отец'' што во превод значи татко а овде имаме јасна употреба на зборот отец(оче) во истата таа Библија?

    Авраам му рече: Тие го имаат Мојсеја и Пророците; нив нека ги слушаат!
    А тој рече: »Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите отиде при нив, тогаш ќе се покајат.(Лука 16:30)

    A гледај кој хорор за еретичките учења! Апостолот Христов,еден од најголемите Апостоли,Апостол Павле.. во посланијата до Римјаните го нарекува Авраам со зборот отец!!..

    ,,Па што да кажеме за нашиот отец Авраама, што добил по плот?'' (Римјаните 4:1) a подоле во истото послание,бидејќи Авраам бил оној кој го вовел обрезанието преку Божјо допуштение,Апостолот Павле го нарекува:
    и татко на обрезаните, но не на оние, кои обрезанието само го примиле, туку кои и врват по стапките на верата од нашиот татко Авраам, кој ја имаше пред обрезанието.(Римјаните 11-12).

    Во цитатите:
    Но ова ви го пишувам не за да ве посрамам, туку да ве подучам како мои омилени чеда. Зашто, ако имате и на десетина илјади наставници во Христа Исуса, многу татковци немате, бидејќи јас ве родив во Исуса Христа преку Евангелието“ (l.Kop.4, 14-15),истиот овој Апостол Павле,самиот се декларира како отец,духовен татко.Тоа ,,раѓање'' се однесува на духовната преродба на човекот која ја врши неговиот духовник-духовен татко преку упатување во верата Христова.Што значи,кога ние Христијаните пишуваме ,,отец'',како што пишувал Апостолот Павле,мислиме на човек.Кога пишуваме Отец,мислиме на Бог-Отецот.
    Да беше и ти Христијанин,ќе имаше и ти свој духовник и ќе видеше на дело што значи ,,раѓање''.
    Вака,те сфаќам зошто не разбираш некои работи :)
     
    На Rama и Bulgarian им се допаѓа ова.
  4. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Ве читам и не можам да се изначудам.
    Кој од кој поправ и посвет.

    Вистински христијанин има љубов, сомилост, разбирање во срцето, а не иронија, сарказам, потсмев.
    Единствениот пат, Христос, кој дава една единствена "заповед": Кој верува во Мене ќе живее, ќе има вечен живот итн.итн. се занемарува, а е толку едноставна и мила и примамлива, а толку многу се губи на вакви препукувања.
    Ама ништо ново. И религиозните верници тогаш, фарисеите го распаа Исус и го обвинуваа за неверник, па што ми е чудно тоа денес?

    И оставете ги тие табелите ве молам. Оти, се прашувам, на пример по српската православна црква, на која гранка ќе дојдеше македонската црква?
    Има многу поделби, несогласувања, оптужби од сите страни.

    Ама! На оној кој го познава Христос (вистински познава, неговото срце и волја) нема да му се битни линииве и табелите, ќе го предаде правото Нему да изведе секого по патот по кој Тој милува.
    Оти нели, тој не е немоќен Бог, па да му треба нечија (човечка) помош, да се објави и покаже како Бог.
    Или како Петар што настапи со мечот и го повреди еден од оние кои дојдоа да го уапсат Исус, сакајќи да го заштити? Да го заштити Бог?
    Смешно доаѓа и сосема непотребно.
    Човечка гордост, его, арогантност, ништо друго... е со тоа треба да се бориме.
    Бидејќи, едно е да се дискутира за и околу разликите, а друго е желбата да се понизи и омаловажи другиот. Тоа се гледа јасно.
    Бидејќи на крајот, како вели апостолот Павле во послание до Коринтјаните, парафразирам: Џабе ми е сето знаење и ангелски и човечки јазици да знам, ако љубовта во мене немам.

    Поздрав.
     
    На A-j-a, rose60, Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Не, Христовата Црква е формирана пред околу 2000 години. Ти веројатно си се помешал со реформацијата која не значи создавање нова црква, туку реформирање на Црквата, ослободување на сите новотарии, паганизми, небиблиски традиции додавани низ средновековието и враќање на Црквата кон Словото Божјо (Библијата) т.е. изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
    Тој „Џон Смит“ што го спомнуваш не ми е ни познат, но можам да ти кажам дека реформаторите како Мартин Лутер, Жан Калвин, Јан Хус, Улрих Цвингли, Јан Амос Коменски итн. не се никакви „свети отци“ ниту се почитувани така од Христовата Црква. Тоа биле обични христијани грешници какко нас на кои што Бог им дал малку повеќе храброст за да се спротистават на папскиот режим и да ја ослободат Црквата од прангите од тој режим.

    А што се однесува до твојот субјективен и пристрасен „дијаграм“, моментално сум зафатен, ама наскоро ќе постирам друг дијаграм кој објективно и реалистично ја претставува Црковната историја во релација со Божјото Слово.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  6. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Гледам мене ми се обраќаш за тајмлајнот што го ставив па ќе ти одговорам.Читни малце Библија,и ќе најдеш пророштва од Бог кој вели дека ќе се појават многу лажни Христоси кои ќе ги заведуваат народите,па дури и оние избраните(Христијаните,Православни).
    Такви за жал,се појавуваат од самиот почеток кога Христијанството се признава како државна религија на Римската Империја,и нив Црквата(онаа која Христос ја формирал) ги нарекува со едно заедничко име-Еретици а нивното учење Ерес.И такви ги има и до ден денес..
    Да,важно е да се знае кој е кој,затоа што секој што е надвор од Православната,Христова Црква е надвор и од Рајот за кој се надева :)
     
    На rose60 и Rama им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Господовата спомен вечера воопшто не била тајна или таинствена. Зборот „тајна“ воопшто не се спомнува во Библијата во релација со тој настан. Тој е измислен збор многу подоцна и потоа луѓето почнале на основа на тој измислен збор да прават и теологии, филозофии и објаснувања зошто била „тајна“ :)
     
    На Херкул, Bender Rodriguez и baba Rada им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Да и мене ми е морбидно тоа верување на католичката и православните цркви. Канибализмот и пиењето крв се карактеристични за древните пагански религии.
     
    На Херкул и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  9. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    За мене Црква е единствено Православната Црква која Господ Исус Христос ја оформил лично и персонално во Израел пред околу 2000 години :)
    За мене не се ''Црква'': Јеховини Сведоци,Баптисти,Адвентисти,Католици,Кајшаровци и останати кои се формирани од смртници,за свои лични профитабилни интереси :)

    Ти си Баптист така? Извини,да не сум нешто грешка,кој ги формирал Баптистите во Амстердам пред 300-400 години? Или во вашата ''Црква" ви велат дека е Христова :)? Општо прашувам,да не сум грешка нешто.. да знам..
    Па нормално дека Христовата Црква(Православната) не ги почитува кога прво не припаѓале на Христос,а со тоа автоматски неможеле да бидат Свети бидејќи не биле крстени со Светиот Дух и не правеле чуда.
    Во Христовата Црква,Светите Отци воскреснувале мртви,планини се треселе од нив,лекувале хендикепирани..
    А овие?
    Едвај чекам! :)
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  10. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    За тој што верува е таинствена. Не е Господ едикојси.
     
    На Orthophill и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Благодарам, @Sky-butterfly , што внесе свежина и вистина во темава, ние стварно забегавме :D
     
    На Sky-butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Зашто со сила се правиш... нешто :)? Кај пишува дека ние веруваме дека буквално пиеме крв?
    Не си жив ако не излажеш така? Како Христос убаво низ цел Нов Завет ве опишал:
    ,,Вашиот татко е Ѓаволот и сакате да постапувате според желбите на својот татко. Тој е човекоубиец откако се побуни, и не остана постојан во вистината, бидејќи во него нема вистина. Кога зборува лага, го зборува своето, бидејќи е лажливец и татко на лагата'' (Јован 8:44).
    Нема вистина во вас..
     
    Последна измена: 21 септември 2016
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Majka mi e katolik a jas i tatkomi pravoslavni..ama ona bese pogolem vernik od nas...katolickata crkva e pouvaba od nasata, pokulturno e tamu odnesuvanjeto..da ne dolzam, se ubaciv vo moabetot posto se najdov navreden aod tvojot komentar kade katolicite gi stavi vo edno kupce smrtnici zaedno sa JS, baptisti i Kajsarkovci:(
     
  14. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Јас не мрзам никого :) Но Католичката црква отпаднала од Христовата Црква која Он ја оформил.Отпаднала заради своите империјални интереси и тоа веќе го објаснив еднаш со голем пост :)
    Да,за жал Православните во Црквата забраваат каде се наоѓаат.Вистина е дека ние Православните за жал се однесуваме најлошо од сите.. а не ни доликува..
    Сакав денеска ама заради празников, утре ќе напишам на оваа тема пост,за Црковна култура..
    Католиците беа едно со нас,но веќе кажав зошто се отцепија.И од нив никнаа овие... сите други..
     
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е редно таква тема да се отвори и сите навистина да се прочитаат и да почнат да применуваат:)(y)барем тие што се декларираат како прави верници:)
    Добра идеја:)
     
    На HUNK му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    163.681
    Пол:
    Женски
    Се извинувам за офтопик, но јас на ова едноставно не можам а да не се поклонам, еве вака. :bow:
    Во период кога на форумов се изначитав(ме) постови во кои на исто место се става религија (дури и со цитати од света книга) со провокации и огорченост, омраза кон различности и суптилни навреди - твојов пост мила Скај, мислам дека треба да се истакне некако за секој кога ќе влезе во категоријава да го чита како правило за пишување и дискусија. Ти си пример и за прекрасна личност и за вистински верник, и твоите постови се пример за тоа со каков тон треба да се дискутира тука - со цивилизираност, смиреност, чиста и искрена мисла и почит кон секој што помалку или повеќе различно размислува. :hug:
     
    Последна измена: 21 септември 2016
    На A-j-a, Ketchup, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Да, ја читам. Од почеток до крајот, многу пати. Фала за препораките.

    И читајќи се обидувам да ја читам таква каква што е, без такви ограничувања и ограничени размислувања какви што ги читам кај тебе. Типично религиски.
    Религијата ограничува и затвара, вистинската вера ти го шири умот и ти дава крилја, повеќе разбирање, поголема слобода во духот и душата. Зошто Бог не можеш да го ставиш во кутија и тоа е нешто што многу ме иритира кај религиски застапници.

    Ама ако тебе лично Бог ти ги доверил рајските порти да ги чуваш, и да ги прифаќаш само оние со ВИП пропусници од православната црква ( а по можност македонска), само не знам каде тоа си го прочитал, тогаш ќе се бутнам преку ред. И не можеш ми ништо. :D Оти имам поголема пропусница од тебе, со Христовиот печат, запечатена со Неговиот Дух ^_^
    Мала шала, не замери, ама и вистина.
    Ама ти обиди се да ме разбереш, немој упорно да се обидуваш да си ги покриеш очите и умот со тзв.религиски вел. И тоа е токму тоа секташкото за што ги обвинуваш другите, поразлични од тебе.

    Не ми е намерата да влегувам во "дискусии", вакви, бидејќи се бесполезни.
    Колку и да сакам да ја споделам мојата вера во Бог, не религија, туку она вистинското, живо, активна вера во срцето, тешко ми е бидејќи ги препознавам само тешките осуди и недоразбирањето тука. Спремноста за напад.
    А верувам, цврсто верувам дека Христос е жив и е тука и е присутен и е заинтересиран и е засегнат, во и за животот за секој еден од нас, само не знам што Тој би кажал кога би сега проворил помеѓу нас. Всушност знам, ама се плашам какви реплики ќе му бидат упатени. Дали доволно свеќи е запалил, колку пати Господе помилуј е кажал, немој еднаш да пропуштил итн.
    Тоа е се религија, мртва вера, а всушност жива вера со љубов, благодат во срцето не смее да замре.
    Убаво е секој да знае Својот пат, не е убаво да го ограничуваш другиот и судиш. Еден е кој ќе суди и пресуди, тоа сите го знаеме.
    Ние може да бидеме убедени во нешто и да имаме својот став, ама сепак треба да имаме флексибилност во умот, поучливост во Духот.
    И мојата фамилија во Канада се баптисти, па сега? И баба ми е Назаренка, па сега?
    И мајка ми е родена Лутеранка, па сега?
    И татко ми е православен комунист (ова некој нов правец ), па сега?
    И баба ми беше православка што одеше редовно по оџи и бајачи, а сите обреди и традиции ги знаеше и беше прва во црквата за да биде видена :tmi:, па сега?
    Кој ќе пресуди кој е прав? Свет? Го познава Бога? Го исповеда Троедини Бог и цврсто верува во истото, со срце, не со умот? Оти тука има голема разлика.
    Патот до умот е многу пократок и полесен отколку до срцето.
    А само Бог го познава сечие срце.
    Ако ми ја разбирате поентата?
     
    Последна измена: 21 септември 2016
    На A-j-a, rose60, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  18. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Еве се твоите познавања од верата :)
    Драго Скај,етимолошкото значење на зборот ,,религија'' доаѓа од Латинските зборови ,,Rе'' што значи ,,повторно'' и ,,ligare'' што значи ,,соединување''.А општото значење на зборот религија,алудира на повторното соединување на човекот со Бог.Она соединување какво што го имал Адам пред падот.И ова значење е донесено врз основа на Христовото прво доаѓање во светот(кога се родил) да ,,повторно'' преку откупителна жртва,со својот живот,да го врати човекот кај Бог.Како може да си верник без религија? Без ,,повторно соединување''? Тоа е исто зима без снег :)
    Ти да читаше Библија,немаше да лупнеш ваква небулоза бидејќи ќе знаешe зошто,како и колку многу отпаднале Евреите од Бог за да морал истиот Тој Бог да го даде и Својот Единороден Син за Жртва. :)
    Ова е за мене само бош-моабет,празен моабет,народски кажано крекање :) Немаш овде ниеден конкретен аргумент на кој треба или би можел да ти аргументирам :)
    Јас овде на некого му забранив во што и кого сака да верува? Не,ако има таков пост,повели цитирај ме :)
    Јас само не трпам некој да шири невистини и лаги за Христовата Црква.И тоа тешки лаги и невистини а од друга страна не е спремен да ги докаже дека стварно се лаги.
    Се приметува.. ти што си сега.. :D?
    Ете ова е клучното,ти што ја читаше Библијата многу,затоа поставуваш вакви прашања :)
    Православната Црква е онаа вистинската,Христова.Вистинска е затоа што нејзините Свети правеле(можеби и денеска прават) чуда исти онакви какви што правел Христос кога рекол ,,Работите што ги правев јас ќе ги правите и вие''.Христос воскреснувал мртви и исцелувал хендикепирани така? Епа воскреснувале и исцелувале и Св.Макариј Велики,и Св.Серафим Саровски,и Св.Никола.. и цела една плејада други Свети Отци кои на дело,пред сведоци ја докажувале вистината која вера е вистиска :)
    Доказ ти се и чудата денеска кои се случуваат во Православните Манастири.Еве ти еден таков:
    http://kanal8.mk/index.php/mk/3053-vistinata-za-novoto-cudo-vo-lesnovskiot-manastir
    Патем Св.Гаврил Лесновски е Православе Светец, како и другите што го набројав погоре :)
    Ти што читаш многу Библија,ги знаеше овие работи.. ама јас онака............. да те потсетам.. не што се сомневам во тебе :) Таман работа..

    П.С @Someonespecial ќе ме бркаш на секоја тема и на секој со кого дебатирам ќе му се поклонуваш и умилкуваш :D? Смешно е некако.. :D
     
    Последна измена: 21 септември 2016
    На Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  19. 8petre8

    8petre8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2015
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Ме интересира зошто на бигорски на иконоте од Св.Јован и мислам на Мајка Богородица има наставено прстени,саати и сличен накит?Која е целта на тоа дарување?
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Meне ме интересира даруваните Икони кои ств коштаат многу пари , каде одат ?
    Имаме оставено во Храмот Пресвета Богородица и ја нема и нема .. Никој ништо нели не знае .
     
    На 8petre8 му/ѝ се допаѓа ова.