Тоа се поклони оставени од верници на кои одредени Светци им помогнале за некое чудо во животот.Пример најмногу во Бигорски има дарови и поклони на иконата на Св.Јован Крстител.Најголемиот дел од тие подароци се од жени кои биле неплодни и по молитвите на Св.Јован Крстител добиле рожба.Но има и за многу други чуда и спасенија оставано такви работи.. Ова се случува затоа што Светите кои го достигнале Третиот Степен на Обожение,тие веќе се со Бог,не го чекаат Страшниот Суд и со нивните молитви се застапуваат за нас,овде живите.И Бог им ги услишува молитвите и чудата се случуваат Не знам баш но ако ти ја украле,тогаш тоа е сигурно некој изгубен (не)верник кој мисли дека украдена икона ќе му донесе благослов во животот.. А уствари ќе му донесе спротивно.. Претпоставувам дека ти е однесена во некоја нова Православна Црква на која им требаат икони,можеби е подарена од Црквата на некого на кого навистина му требала.. Може да прашаш некој свештеник во таа црква за подетални информации..
Тоа ми е чудно.Во ред е тоа што им помогнале и сакаат да се одолжат со дарови.Но дали Господ Бог и Светците сакаат дарови? Колку што знам Исус за неговите добри дела никогаш не земал нешто во знак на благодарност
Не,тоа е чисто од благодарност,сакаат луѓето едноставно на тој начин да се оддолжат Не е поврзано со Библијата. Некои оставаат такви работи,некои донираат анонимно одредени суми на пари,трети даваат некои други материјално-технички средства итн. Но по своја слободна воља го прават тоа.
Aко е така зошто и пари оставаме ? Зејтин , пешкир , чорапи и сл ... Поголема сума на пари еве , сум оставила . Значи не бара никој , тргнувам од себе ,своеволно е. Е сега имам и тоа слушано дека може Бог се лути , на еден начин како подмитување е . Ама верувам сето тоа се користи за самиот Манастир , за разлика од Скопје што снемува икони .
Кога ќе го дадеме нашиот дар во црквата, тој повеќе не е наш, туку Божји. А со Божјиот имот има право да располага(но не да го користи како што сака и за свои цели) епископот-владиката или пак старешината на храмот или игуменот на манастирот. Во црквите барем во Скопје постојано се носат и поклонуваат голем број на икони, со различен квалитет, големина и техника на изработка. Сите тие не можат да бидат истакнати за целивање. Поради тоа дел од нив остануваат изложени во храмот, но дел од нив се преместуваат во свештеничките и помошните простории и дел се поклонуваат на верниците. Друг пат, кога ќе сакате да донирате нешто поголемо, прво посоветувајте се со старешината на храмот, да Ви каже што е потребно. Во спротивно немојте да се лутите ако Вашиот дар не се користи за намената за која сте мислеле дека ќе биде наменет. ПС: Знам со колкава љубов сте го дарувале дарот, а и Бог знае! И ако се користи или не се користи, Он веќе го примил.
Моментално кај Ина на профил https://web.facebook.com/photo.php?...650.1073741828.100002499918282&type=3&theater
Што мислите, кои верници ќе бидат жртви на измамата на антихристот кој што ќе направи чудотворна икона која што ќе зборува и пред која луѓето ќе се поклонуваат? (Откровение 13:15, Библијата)
Православните,кои иако припаѓаат на Исус,ќе бидат заведени од отпадниците на Анти-Христот кои и сега ги заведуваат по форуми со свои агенди Но нема нив да ги заведете со икони од црква,таа икона која се спомнува во Откровението не е црковна икона.. тоа е метафора за некоја слика што планирате да ја направите.. ,,Зашто, ќе се појават лажни Христоси и лажни пророци и ќе прават големи знаци и чуда за да ги заведат, ако е можно, и избраните'' Maтеј 15:24-25 Oние како Џон Смит,Мартин Лутер,Елена Вајт(основачката на Адвентистичката црква,и они како тебе протестанти)... кои биле просветлени од... знаеш кој.. рокче Протестантски пророк до Протестантски пророк.Не знаеш кој е поголем од нив.. За болдовите зборам Има време..
Ги боли за своето затоа е затворена темата... Нели либерални се тие... Само Православието и Исламот дозволено е да се навредуваат, заостанати сме ние нели....
Ептен им боди очи Православието,Ислам не го ни спомнуваат Ама и тие самите добро знаат која е вистината,само не признаваат од чиста гордост и добро перење на мозок.
Што знам, јас не мразам ничија религија. Само си ја следам мојата, нека си ја следат и тие нивната, не мора да плукаме по се што е спротивно и туѓо.
Ајде да видиме како вели текстот: „И (ѕверот) правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. И му беше дадено да вдахне дух во иконата на Ѕверот така што иконата на Ѕверот да прозборува, и да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат на иконата на Ѕверот.“ (Откровение 13:13-15, Библијата) Не ќе да е метафора. И немој да мислиш дека на таа икона ќе биде насликан црвен ѓавол со рокчиња, опашка и гребло во раката како на цртаните филмови. Библијата за ѓаволот вели: „самиот сатана се преправа во ангел на светлината“ (2 Коринтјаните 11:14, Библијата) Така што повеќе од очекувано е дека на таа икона ќе биде претставен антихристот во вид на светец. Луѓето што се склони на икони и идолопоклонство, што се восхитуваат на чуда и симнување на свет оган од небото, што се склони кон славење на луѓе во него ќе гледаат спасител и надеж за човештвото. Сатаната ќе им направи толку лукава измама што ние христијаните кои нема да му се поклонуваме ќе бидеме сметани за „сатантисти“ и непријатели на „доброто“. Исус вели дека тогаш секој што ќе не убива ќе мисли дека му служи на Бог (Исус, ев. Јован 16:2, Библијата) Христијаните т.е. оние кои се избрани од Бог нема да бидат заведени. Но, како што вели текстот од Откровение 13 глава, ќе бидат заведени оние кои имаат склоност кон обожавање икони и луѓе, оние кои се востхитуваат на чуда од типот на симнување на свет оган од небото. Тие ќе бидат заведени и духот на антихристот полека си ги спрема луѓето во таа насока. Не го познавам овој за да коментирам за него. Се согласувам дека Елена Вајт е нова и лажна „пророчица“ бидејќи таа си давала и некои свои пророштва и визии. Затоа и адвентистите не се сметаат за протестнати бидејќи излегуваат од концептот на „Sola Scriptura“ (Само Библијата). Мартин Лутер не бил никаков „пророк', туку реформатор. Тој бил католички свештеник кој откако го простудирал добро Новиот Завет увидел дека Католичката црква има многу забегано од изворното христијанство и Бог го дарувал со голема храброст за да застане против папата и да истакне 95 протесни тези против забеганите работи во Католичката црква (како на пример папските индулгенции т.е. плаќањето пари за проштевање на гревовите). Мартин Лутер ја превел Библијата од неразбирливиот латински на современиот германски јазик за луѓето да можат да ја разберат. Луѓето и пред тоа знаеле дека папството ја злоупотребува верата за финансиско молзење на народот, но се чекало на храбар човек кој ќе го скрши мразот и прангите н притоа ризикувајќи го и својот живот. Мартин Лутер е инциијалната каписла на протестантската реформација која ја извади Европа од многувековните пранги на Католичката црква - период познат како „мрачно доба“. После оваа реформација следи процутувањето на Европа и на другите полиња од општествениот живот. Повеќе нема „свети јазици', туку секој можел да пишува и твори на сопствен јазик. Повеќе нема инквизиција на неистомислениците, туку следи слобода на мислата. Повеќе нема инкцизиција на научниците и затоа следи и процут во науката. Итн. Обичниот човек од тогаш ја имал Библијата и можел да ја разбере на свој мајчин јазик.
Ме интересира едно прашање Зошто православните не го прифаќаат мухамед како божји пратеник а доколку муслиманите го прифаќаат исус како пратеник пратен од бог?
Зошто да го прифатам кога мојот спасител е Исус,немам потреба од други, но немам ништо против ниедна религија. Мислам дека е касно да се зборува за тоа, ако веќе се прават измени во Библијата тоа би било нова вера а не Православие.
Еве зошто. Според нашата Библија, не го сметаме Мухамед за пророк затоа што во Божествениот домострој на спасението таква фигура – каква што е Мухамед, согласно со исламот, е излишна. Не го признаваме Мухамед за пророк, бидејќи тој учи директно спротивно на Христос. Мухамед тврдел дека е пророк но не навел никакви објективни докази за својата избраност за тоа дело. Мухамед не одговара на моралниот лик на пророците, какви што ги претставува Светото Писмо. А според Куранот, Исус е признаен како син на дева Марија (словото станало тело), признаен е како божји пророк и дека ќе се врати на Земјата пред судниот ден, признаени се неговите чуда, признаен е како исцелител на болни, слепи, лепрозни, мртви, признаена е неговата мудрост, признаено е и неговото воскресение. Тоа е разликата меѓу прифаќањето на Христос и неприфаќањето на Мухамед.