Да не се лажеме.. затоа што он е основачот на религијата преку која ќе дојде Анти-Христот Затоа и ѕвездата и месечината(симболот на Исламот),Светите Отци на Црквата одсекогаш ги сметале за симболи на Анти-Христот.Прочитај го Откровението Денеска,на многу отци им смета на пример печатот на Турција што го добиваат во пасош ако идат таму на некоја Соборна литургија или собор.
А зошто па ние да го прифатиме Исус кога нашиот пратеник е Мухамед и ние немаме потреби од други? Едноставно ни го прифакаме ни ништо.Секој по своето.
интервју со православен свештеник кој го оставил исламот http://www.stprohor.org.au/ако-некој-искрено-трага-по-вистината-н/ http://www.stprohor.org.au/ако-некој-искрено-трага-по-вистината-н-2/ http://www.stprohor.org.au/ако-некој-искрено-трага-по-вистината-н-3/ http://www.stprohor.org.au/ако-некој-искрено-трага-по-вистината-н-4/ http://www.stprohor.org.au/ако-некој-искрено-трага-по-вистината-н-5/
Колкумина муслимани се осврнале кон чудата на православната религија ехеее, додека ниту еден нормален христијанин не препознал никакво чудо во исламот.
Здраво битер-свит Дали познаваш лично некој муслиман што се осврнал кон чудата на православната религија? И дали си била личен сведок на некое православно чудо? Озбилно те прашувам затоа што месецов ептен истражувам за религииве и се изначитав за чуда во секоја религија, и во православие, и католизицам, и протестантизам и во Исламот, и во источниве религии, ама скоро сите се од рекла-казала, или се таму негде далеку каде што не може да се провери нивната веродостојност или пак се задскриени во далечното минато како и сите останати легенди и прикаски. И што е интересно сите верници што читале само за чудата од својата религија мислат дека нивните чуда се вистински, најверодостојни, дека само кај нив се дешаваат чуда, а дека сите чуда во другите религии се лажни, измислени, фалсификувани. Сакам да кажам дека при истражувањето на овие чуда наидов на огромен субјективизам, слично како што моите пријатели вмровци ми кажуваат дека во ВМРО се е најдобро, а во СДСМ се е лошо, лажно, монтирано, лепено Па затоа сега ме интереисраат само луѓе што биле лични сведоци на чуда т.е. од прва рака го виделе чудото, или пак тие го искусиле чудото. Фала однапред!
Би сакала да знаеш ама нема да ја имаш таа чест да дознаеш затоа што се смееш и не веруваш. Штом не веруваш нема ни да трошам време за да ти одговорам.
Не верувам ни јас ни секој муслиман ова глупост што ќе ја прочита,и не би сакала да знам зошто нема што да знам
Полека малку, не вели дека е глупост само затоа што ти самата не си се уверила во тоа. Има некој што видел со свои очи и слушнал со свои уши.
@EvAngelos ме интересира каков е ставот, уствари постои ли некое мислење на црквата за постоење на проклетство, но фамилијарно, генерациски, значи проклетство кое се пренесува од колено на колено??
Библиски гледано, денес не постои проклетство што како Божја казна се пренесува од колено на колено. Порано, пред времето на пророкот Езекиел, во Израел, Бог заради идолатрија ги казнувал евреите до 3-4 поколенија, но и ги благословувал до 1000 поколенија. Бидејќи евреите се бунеле на оваа Божја „неправедност“, Бог го променил тоа: "Зошто вие ја употребувате во Израел пословицата: ‘Татковците јадеа кисело грозје, а на синовите забите им фаќаат оскомина!’ Животот Ми Мој, говори Господ Бог: Никој од вас нема веќе да ја повторува во Израел таа поговорка; зашто, сите животи се Мои, како животот на таткото така и животот на синот. И еве, оној кој ќе згреши, тој ќе умре." (Езекиел 20:2-4, Библијата) "Оној кој ќе згреши, тој и ќе умре. Синот нема да го носи татковиот грев, ни таткото синовиот грев. Врз праведникот ќе биде неговата правда, а врз безбожникот неговата безбожност." (Езекиел 18:20, Библијата) Во Новиот завет, кога апостолите виделе еден човек кој бил слеп од раѓање го прашале Исус: „И кога заминуваше виде човек слеп од раѓање. И Неговите ученици Го прашаа: „Рави, кој згрешил, тој или неговите родители, па се родил слеп?” Исус одговори: „Не згрешил ни тој, ниту неговите родители, туку за да се пројават Божјите дела врз него.“ (ев. Јован 9:1-3, Библијата) Понекогаш грешниот живот стил на родителите може да го наследат децата, но не како „проклетство“, туку едноставно затоа што децата учат преку следење пример, во случајов лош пример од родителите. Па затоа социјално гледано, многу деца на родители алкохоличари посегнуваат исто така по алкохол или други пороци. Ако детето не се насочува според Божјите уредби, ќе биде насочено од родителите и улицата по безбожни учења, навики, безбожен животен стил. Важно за нив е да го слушнат евангелието и Божјата вистина за да се ослободат од тој грешен светоглед и грешни навики.
Не доликува ваков одговор да се даде, треба со сите луѓе да се биде подеднаков, кон сите да гледаш со љубов
Зошто вака попот им прави на децава?? СО две раце да земеш да се крстиш.... Ги откорна кутри деца, како седат родителите мирни? Што е ова воопшто? Глупости...
Намерно го оставив ова до сега да не ти реплицирам бидејќи вчера имав средба со еден свештеник,отец, и го прашав за ова.Иако го знаев одговорот,ете,да не биде јас сум во право секогаш,се консултирав со него. Он ми го кажа истото ,,Иконата на ѕверот'' нема никаква врска со иконите кои ги почитуваме ние,Христијаните. Прво,Ѕверот за кој зборува Библијата не е дојден сеуште. Второ,пред да дојде,треба да се случат уште многу многу други работи.На пример вие кои не сте Христови,треба да заведете уште многу оние кои се избрани(Православни): ,,Зашто, ќе се појават лажни Христоси и лажни пророци и ќе прават големи знаци и чуда за да ги заведат, ако е можно, и избраните''. Матеј 24:24-25 Трето,и така би.Кога е напишано Откровението,каде што се спомнува ,,Иконата на Ѕверот'',Еретиците(Протестантите) не постоеле,не заведувале никого.Но во последните 3,4 века одеднаш се јавувате насекаде.Не се знае кој од кого поголем ''пророк'' и ''Христос'' е.Не знаеш дали Кајшаров е поголем од Елена Вајт,дали Елена Вајт од Мартин Лутер или Мартин Лутер од Џон Смит.... Четвро,значи уште има време.. кога многу Православни ќе бидат излажани(како што 100 пати сум покажал овде дека манилупираш и лажеш) е тогаш ќе дојде Ѕверот.. Но треба прво некој терен да му обезбеди.. Тоа што сакате вие да го изедначите Бог со сатаната,па Светите отци и маченици кои се на иконите и го посветиле и дале својот живот за служба на Бог,сакате да ги изедначите со оваа ,,Икона на Ѕверот'' е една од милијардите ваши лаги и манипулации А во прилог на ова,дека ја зборувам вистината и дека вие сакате да го изедначите Христос со сатаната.. немора да тражам многу.Ти самиот се издаваш.. Еве ти најеклатентен и жив пример.Еве вие како го замислувате вашиот ''господ''.И на темата каде што ти е сликава,те прашав за мислење,а ти не ми одговори.. И за ова лажеш,самата Библија те демантира: ,,Зашто, ќе се појават лажни Христоси и лажни пророци и ќе прават големи знаци и чуда за да ги заведат, ако е можно, и избраните''. Матеј 24:24-25 Ќе бидат заведени многу Христијани.Пишав погоре за ова.. Па што не не просветлиш тогаш,да кажеш кој и каде ги формирал Баптистите? Зошто овој човек го пишуваат за ваш основач.Се срамиш од твојот основач? Неможе да ја скриеш вистината дека сте формирани од смртник.. Вие имате огромна желба да сте биле од Христос,Господ ама... реалноста ве демантира Ех сеа.. вие Протестантите бевте ''вистински'' а вашата најголема ''пророчица'' не ја фермаш.. Па и она била ''Сола Скриптура''.. да не била немаше да има толку Адвентисти(Протестанти) Сум учел за вас Протестантите на факултет,така да.. вакви моабети кај мене не перат Оние од северот,не сакале веќе да бидат под раката на Папата,да му плаќаат данок.. па сега станаа реформатори Уживај,се мене ова ми е јасно @Херкул има уште нешто што не одговорив ?
А ти со цел памет очекуваше дека православен „свештеник“ ќе ти каже дека иконата на ѕверот има врска со православните икони? Ептен објективно истражување си направил на темава, си го прашал попот за да ти ги скокотка ушите и да ти го каже тоа што сакаш да го слушнеш Ме потсети на овој стих „Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители, за да им ги скокоткаат ушите,“ (2 Тимотеј 4:3, Библијата) Протестантскиот реформатор Мартин Лутер не тврдел дека има објави од Господ - не се наметнал како пророк, туку бил еден од Божјите слуги преку кои Господ ја ослободи Европа од папството и мрачниот среден век Кајшаров тврди дека имал виденија и пораки од Бог - новокомпониран лажен пророк Основачката на адвентизмот Елена Вајт вовела нови учења за последните времиња - новокомпонирана лажна пророчица Православниот свет отец Григориј Палама воведувал нови учења за исихазмот (еве линк за неупатените), понатаму нови учења за созерцавањето и несоздадената светлина, потоа за обожувањето на човекот - новокомпониран лажен пророк Тоа не е „протестантска икона“ за да кажеш еве вака протестантите го замислуваат Господ. Тоа е обична уметничка слика кога има за цел да го прикаже Христовото усрдно молење на Маслиновата гора ноќта пред да биде распнат. Во Библијата пишува: „И кога (Исус) се најде во борба, се молеше уште поусрдно; а потта Му стана како капки крв, што паѓаа на земјата.“ (ев. Лука 22:44, Библијата) Не би рекол како тебе дека Исус изгледал на „зомби“ кога се молел, но секако дека не изгледал во „најдобро светло“ знаејќи дека од силните молитви и агонијата во која се наоѓал потта му станала како капки крв. Тоа е тоа што уметникот сака да го прикаже на сликата. Сосема е очекувано Исусовите очи да биле со потечени капилари заради усрдните молитви и евентуално солзите. Ц ц ц како не ти е срам Исус да го наречеш зомби, има ли во тебе страв Божји??? Цитатот вели „ако е можно и избраните“. Лажните Христоси и пророци ќе се обидат да ги заведат и избраните, но Христос нема да го дозволи тоа. Зошто? Самиот збор ти кажува, затоа што се избрани од Бог и под Негова заштита. „Јас им давам вечен живот и никако нема да загинат и никој нема да ги грабне од Мојата рака. Мојот Татко - Кој ми ги даде - е поголем од сите, и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Татко.“ (Исус, ев. Јован 10:28-29, Библијата) Бог е поголем од сите, па дури и од лажните Христоси и пророци. Слава му и фала му на Бог за Неговата заштита на Божјите избраници кои го следат Христовото учење запишано во Светото Писмо и не подлегнуваат под притисокот на роднините, комшиите и околината да ги следат човечките традиции и преданија, имаат страв Божји и единствено ја бараат Божјата слава, а не човечката суетна слава. „Зашто сум уверен дека ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса, нашиот Господ.“ (Римјаните 8:38-39, Библијата) Да си учнал барем малце за протестнатите ќе си знаел дека Елена Вајт не била „Сола Скриптура“ затоа што и самата излегла од рамките на Светото Писмо со тоа што тврдела дека има нови објави од Бог и затоа не се смета за протестантка. Протестантите немаат ни потреба да се оградуваат од адвентистите, бидејќи и самите адвентисти се оградуваат од протестантите и католиците и православните и секоја друга црква и за себе сметаат дека се единствената права црква која ја слави Саботата како Божји ден, а сите други христијани ги сметаат за дел од Вавилонската блудница која го примила знакот на ѕверот (Неделата) итн.
Па нема ваљда Еретички пастор чиа секта настанала пред 300 години да прашувам за Христијанство.. Не знам,можеби ти не се бањаш често и не си ги чистиш ушињата,но јас сум редовен во тоа.. така да.. добро што ми кажа дека и хигиената ти е на ниско ниво,ваљда се препозна во цитатот.. покрај поимите од Библијата И Кајшаров исто сака да ја ослободи Македонија од некого.. И Елена исто сакала.. И оној основачот на Телемата,и он имал задача да го ослободи светот од мракот и затоа му се јавил ''ангел'' и му диктирал што да пишува. Иста рецептура е не гледаш ? И кај Мартин Лутер,и кај Кајшаров и кај Елена Вајт.. кај сите ваши протестантски секти,на сите вас одделно Бог ви наредува на 10,20 години да го ослободувате светот со нови цркви.. Лудило... Грешиш.. Св.Григориј Палама го достигнал тој степен на обожување,и он пишувал од лично искуство.Искуство какво што имале и Апостолите на Таворската Гора Св.Григориј Палама не потрчал да формира своја црква.. туку не просветлувал нас,неуките.. кои не го гледаме Бог во овој живот.. Неговата Светлина и Несоздадените Енергии.. тоа е разликата меѓу нас Христијаните и вас.. овие.. Па овде те чекам! Еве вака стојат работите Евангелос.. ти мене ме прашуваш дали јас имам срам и страв од Бог? Но прво мала анализа.. јас викам ти можеш во Гинис да влезеш за најбрз шах-мат даден на себе.. Ти Евангелос,целиов свој живот беше атеист? Така е или не е така? Самиот признаваш дека го презираше Бог,негираше.. се бунтуваше против Него.. Ти Евангелос,имаш куп профили на 10 форуми различни,каде шириш лаги и манипулации со извртување на Библијата.Ако не е така,еве.. слободно најди ги постовите што сум ти реплицирал и изброј на колку прашања ми немаш одговорено.Еве сам број ги.. и така ли е и ова? Така е.. ако не е,демантирај ме,речи ,,На се имам одговорено'' и приложи доказ.. Ти Евангелос,го негираш истиот тој Бог.Викаш не прави чуда.. јас јавно ти нудам,да се запознаеш со луѓе кои биле излечени од светци.. ти прифати? Не,така е или не е така? Така е и за ова.. Ти Евангелос,сигурен си дека чудата во Православието не се од Бог туку се лажни.. но не се нафаќаш да ги побиеш Пример Благодатниот Оган.. зошто не пуштиш брада па се снимаш и се гориш со свој оган.. да докажеш дека е лажен? Не се осудуваш така? Така е.. И ти мене,ти мене.. ти.. ми викаш ,,Дали имам страв Божји и дали ми е срaм"???? Знаеш како се вика ова твоево? ЛИЦЕМЕРИЕ.Вакви како тебе,биле оние кои го искушувале Господ,Фарисерите.Буквално исти.Се правеле најголеми свештеници(случајно,и ти си ''ѓакон" во твојата секта) и се бунтувале против Исус.Каква случајност! За сликата.. мене не ми дава срце,но оние што го читаат ова,слободно нека влезат на Гугл и нека пишат zombie Jesus и нека ги гледаат сликите таму и нека ја погледат твојата слика.Еве слободно.. и нека направат паралела на сличностите колку личат.Ти рече се молел Исус на таа твоја слика.. па затоа изгледал така нели? Еве како изгледа Христијанска,икона-слика на Господ Исус Христос кога се моли.. Сега слободно,нека направат споредба на што личи твојата слика а на што личaт моите слики.И нека отворат на Гугл тоа што реков.. Не Евангелос,Господ Исус Христос за мене е СВЕТОСТ! За вас,кои сте се откажале од Неговото учење.. ете,си ставил слика што е.. Гад ми е да кажам дури.. Ете ова е твоето лицемерско и фарисејско толкување на Библијата за кое зборувам Ти цел живот беше атеист,значи тебе ѓаволот успеал ''да те грабне'' од раката на Бог така? Значи овие цитати не се вистинити?.. ако идеме според твојата логика Но не,правилното толкување на овие цитати не е какво што ти сакаш да го прикажеш за да манипулираш. Бог нас ни дал слободна воља,не не тера со сила да бидеме Негови и да му служиме.Слободно, ни дава право и слобода да бираме дали ќе бидеме Христијани,Атеисти,Муслимани,Хиндуисти.. итн.. Цитатите кои ги даваш,се однесуваат на оние Христијани кои го одбрале Бог Кои не се како тебе,еднаш Атеист еднаш ''верник''.. Јас сум цел живот верник,никогаш не сум бил атеист како и многу други Православни.Цитатите се однесуваат на нас,таквите А не на оние како тебе,кои по своја воља му свртеле грб на Бог.. и сега по форуми се прават проповедници.На 10 форуми 10 профили имаш... Знам доволно,и ве следам со години.Сум разговарал со многу такви... Кога ве слуша човек како се карате,дали Адвентистите се прави протестанти,дали Баптистите,дали овие или оние.. да помисли човек дека гледа некој филм со Сицилијански кланови А сите сте отпаднале од Христос... Така да Евангелос......................................................................... јас знам дека ти би сакал да не ја кажев вистината во овој пост ама.. нема бегање пред неа