Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.624
    Сакам да знам зашто верници ( еве конкретно членови на форумов кои лично имаат изјавено дека не ја познаваат Библијата и Светото писмо, дека или само што почнале да ги читаат или пак воопшто не ги ни пипнале ) се дрзнуваат дрско и со понижување да скокаат по некој кој со факти и цитати ( во случајов од истата таа Библија ) им докажува некои работи?

    И од друга страна, зашто сите горе наведени , во секое зло кое е опишано во нивната Света книга ( без разлика на религијата ), а во најголем случај е сторено од нивиот Бог, го оправдуваат?

    Дали намерно се носат во заблуда, затоа што ако реално и логички гледаат на нештата, вистината би ги одвратила од истата таа религија?
    Дали свесно се тешат и се обидуваат да најдат какво - такво значење во нечија, па дури и својата несреќа, само за да бидат среќни т.е да не размислуваат дека всушност тоа не е исправно?
    Дали се мазохисти и уживаат во истата таа болка , или пак садисти, и се ситат на туѓата несреќа ( како на пример дека земјотресот бил казна за нас неверниците , од добродушниот и оној кој ги сака сите Бог ) ?
     
    На Dabria, crimson, rose60 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Кои се тие членови? Означи ги и нека ти одговорат, а не некој друг да одговара во нивно име.

    Нема зло од Бог. Бог е љубов. Бог е милостив. Злото доаѓа од вртење грб на Бог и насочување кон нечистотијата на оној рогатиот.
     
    На Vitaly, Petra777 и Rama им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Цитатите се вистинити. Имај трпение, ќе ти објаснам.
    Никој не се раѓа христијанин т.е. во раката на Бог. Сите ние се раѓаме табула раса, без вера во ништо, ни во Исус ни во Мухамед ни во атеизмот. Апостол Павле вели дека луѓето се под власта на темнината и таму се сè додека не поверуваат во Исус кој потоа ги префрла во Божјата рака т.е. во Царството на Исус.

    „Тој нè избави од власта на темнината и нè пресели во Царството на Својот возљубен Син,“ (Колошаните 1:13, Библијата)
    „Зашто некогаш бевте темнина, но сега сте светлина во Господа“ (Ефешаните 5:8, Библијата)

    Како бебе ти не си знаел ни од колку букви се состои името Исус, а не па да веруваш во Него и во Неговото учење.
    Вера и националност не е исто. Ти можеш да се родиш како македонец, но не можеш да се родиш како верник во одредена религија. Според кажаното веројатно твоите родители одлучиле за тебе да бидеш православен. Да си се родел во Саудиска Арабија ќе си бил муслиман и вака ќе се расправаше по форуми за Исламот. Да се родеше во Јапонија ќе беше будист или хиндуист.
    За разлика од тебе, мене моите не ми наметнаа религија. Основното образование можеби ми наметна натуралистички светоглед заради кој станав атеист, но откако созреав во средно и лично и со слободно истражував дојдов до вера во Бог. А дури на факултет истражував за христијанството (и Исламот) и по своја лична одлука и убедување станав христијанин. Значи не направив копи-пејст на верата на моите родители, исто како што и првата христијанка во Македонија (Лидија) не направила копи-пејст на верата на нејзините пагански родители, туку откако добро го ислушала апостол Павле, ја примила таа туѓа вера - христијанството.
     
    На rose60 и baba Rada им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Во исламот постои верување дека постојат луѓе чие тело после смртта не им се распаѓа, тие луѓе се викаат сехиди.
    Дали има и во христијанството такво верување ?
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Претпоставував дека на вакви некои цитати ќе се ваѓаш.. дека си бил во темнина,санки не си имал можност да бидеш во светлина уште од мал така :)?
    Патем јас немам ништо против тоа ти во кого веруваш,туку сакав да укажам на твоето лицемерие :) Бидејќи ти лично,немаш кредибилитет да ми зборуваш за стравот Божји :) Ако имаш чиста совест,ќе се извинеше за тоа,затоа што со аргументи тоа го покажав.
    Но јас и без тоа ти простувам! :)
    Сакав да кажам, од кога знам за себе сум Христијанин и никогаш не сум бил атеист,а не дека на 1 година сум ја научил Оче Наш.Ти и твоето манипулирање.. :D
    Грешиш.Јас сум само крстен во Православна Црква,моите никогаш не ми рекле ,,Мора да бидеш Православен''.Се што знам,цело свое знаење,го стекнав сам,по своја воља.Преку читање Библија од мал,Светоотечка литература и консултации со духовник и свештеници.
    Патем јас сум им благодарен за тоа што припаѓам на вистинската Христова Црква! :) Твојот дедо извини,протестант да не бил? И баба ти можеби била Баптист? :) Сериозно..
    Слава му на Бога што припаѓам на Православието! Вистинското Христијанство кое Он лично го оформил пред 2000 и нешто години! :) :) :) :)
     
    Последна измена: 5 октомври 2016
    На Vitaly и Rama им се допаѓа ова.
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    @HUNK ќе се надоврзам малку на твојот пост..
    Јас сум крстена кога сум имала неколку месеци,значи како бебе..
    Е сега од како знам за себе,јас растев и созревав во духот на Православието,и никој баш никој не ми наметна ништо,ниту моите родители..сама избирав да верувам,сама секојдневно спознавав нови чуда и сама секој ден се уверував се повеќе дека припаѓам на вистинската вера...ова накратко го дополнав само за оние кои тврдат дека од мали ни е наметната верата и религијата.
    Мислат ќе те крстат како мало бебе и оп присилен си на нешто,не,не е така,имаш право и слободна воља ако не сакаш да веруваш,ама ретки се оние кои се откажуваат и се осеќаат принудени,повеќето ја спознаваат верата и викаат дека буквално е како да се родиле како такви ;)
     
    На Petra777, Bulgarian и HUNK им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Ти си се родил во Македонија во православно семејство и си ја наследила верата од твоите родители. Да си се родел во Саудиска Арабија, ќе си ја наследел верата на твоите родители муслимани и ќе си бил муслиманин. И во тој случај ќе си бил затворен да слушнеш поинакво мислење за некоја друга вера и исто вака ќе си велел: „Јас сум благодарен што припаѓам на вистинската вера - Исламот!“.
    Ја сфаќаш поентата? Од толку многу земји, народи и религии во светот, која е веројатноста дека ти си се родил баш во правата земја со правата религија, а мнозинството останати несреќно се родиле во семејство каде што била погрешната вера?

    Среќа наша што првата христијанка Лидија не размислувала вака па се откажала од верата на нејзините родители (пагани) и го прифатила христијанството од апостол Павле. Сигурно и на неа вака и викале роднините и пријателите: Зошто мори го прифати христијанството? Твојот дедо христијанин да не бил? Или твојата баба?
    Истото важи и за сите први христијани почнувајќи од апостолите кои не останале доследни до верата на нивните родители и прадедовци туку сметале дека е поважно да се верува во Христовата вистина која денес е запишана во Светото Писмо.

    Поентата ми е дека не е важно што биле нашите баба и дедо. Секој сам си одговара за своите убедувања и секој сам треба да си истражи што е вистина и што е Богоугодно, а што не. На Судниот ден нема никој да помине со изговорот „ама извини Боже моите дедо и баба така веруваа, па морав и јас“. Овој изговор нема да помине особено во оваа генерација која Библијата е повеќе достапна од било кога!

    Католицизмот постепено го добива својот изглед со појавата на молитвите упатени до светци, со светкувањето на мачениците, со појавата на култото на Богородица и нејзиното обожавање во 5ти век итн. Православието на истокот се дистанцира од Католицизмот после 6-7 век со појавата на иконите, особено после 8-9 век кога иконите се распространиле и царицата Теодора со воено покровителство ги ставила во сила дека мора да се почитуваат. Григориј Палама со неговите филозофии за исихазмот, созерцанието, несоздадените енергии и светлини дава дополнителен нов изглед на православието во 13ти век. Така што тоа православието после 13ти век речиси и нема допирни точки со верата на црквата која Исус ја создал пред 2000 години т.е. со следбениците на Исус.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Од цел пост што го напиша погоре,ќе коментирам само две работи.
    Овде си делумно во право.Велам делумно,затоа што,од каде знаеш дека ако се родев во Саудска Арабија како Муслиман,цел живот ќе бев тоа? Може ќе конвертирав пак во Православието? Ти ја глумиш сега твојава пророчица Елена или овие другиве твои пастори-јасновидци па знаеш дека цел живот ќе бев тоа :)?

    Овој е Мoсаб Хасан,неговиот татко е лидер на палестинската терористичка организација - Хамас,која ги ракетира Израел и која предизвикува Палестина постојано да биде под бомбардирање на Израел.
    Кога овој може да конвертира во Христијанство,зашто и јас не би можел кога би бил Муслиман?
    Пак те прашувам,кога ја доби твојата дарба на јасновидност :)?
    Е за ова што го пиша,морам искрено да ти кажам БЛАГОДАРАМ,ова го чекав многу одамна да го кажеш,и се надевам нема да ми замеруваш што често ќе ја користам оваа твоја реченица и на други не-религиски теми :)
    Ова е една од причината зошто вас(Протестантите),Црквата ве нарекува секташи и сатанисти(непријатели).Ова што го кажа е опасно од две причини:
    1.Духовни причина
    2.Национална причина.
    За духовната причина.Ако не е важно што биле моите баби и дедовци,тоа значи дека јас го сечам коренот од кој сум никнал,де факто се откажувам од нив и го губам својот духовен идентитет.Затоа што генерација по генерација ќе стигнеме до оние кои биле најголеми во нашата духовна историја.Кој духовен идентитет ?
    На пример оној дека Св.Кирил и Методиј биле Македонци,дека Св.Климент и Наум биле Македонци.Зошто овие четворица се важни? Затоа што они описмениле еден огромен дел од светот,и кога ти ќе ја смениш историјата(фалцификуваш) дека овие не се Македонци,ти можеш да манипулираш со огромни маси на народ за свои интереси.
    За националната причина.Не сакам во ова да навлагам многу бидејќи не е темава за тоа,но ќе кажам кратко.Ние Македонците имаме огромна и богата историја,археолошки гледано,ние ја имаме една од најголемите светски истории.Нашите корени потекнуваат уште од камено,бронзено,железно доба.Неолит,палеолит итн.И кога ќе се откажеме од нашите дедовци,ние се откажуваме од нашата историја,стануваме странци во овој свет.Ни знаеме кој сме,ни кај сме,ни како сме.. ништо!
    ,,Не е важно кој ти биле дедовци и баби'' е еднакво на ,,Добро е да немаш појма кој си,да немаш никаков идентитет и да те манипулира кој ќе стигне".

    Зошто го болдирав тоа со манипулацијата? Ова поврзано е и со историја и политикологија,но се надевам нема да ми замерат останатите членови што ќе отидам кратко офтопик.
    Затоа што манипулацијата е сржта на вас од Западот.Знаеш зошто еден од најголемите,ако не и најголемиот Римски император - Цезар ја запалил Библиотеката во Александрија?
    Во тоа време,таа Библиотека ги поседувала сите книги,записи и списи што ги поседувал тогашниот свет.Се што се знаело тогаш за светот,дури и оние тајни на Античкиот свет,биле во таа Библиотека.Непроценливо културно и научно богатство.
    А ја запалил затоа што сакал да почне времето да се смета од него,он да биде тој од кого ќе се смета времето.Најголемиот,најмоќниот,највистинскиот... како што денеска ние го сметаме времето од Господ Исус Христос.

    Е вие од Запад,слично како и Цезар,со реченицата
    сакате нас Христијаните,кои припаѓаме на Вистинската Христова и Апостолска Црква,Православната Црква која Он лично ја создал со своите 12 Апостоли,сакате да ни ги ''запалите корењата'' и кога ќе го направите тоа,вие да се наметнете како ''Христова Црква'' и да ги манипулирате луѓето.Затоа јас Евангелос многу добро знам зашто вие Протестантите киснете по форуми по цел ден,заведувате и лажете,имате 10 профили на 10 разни други форуми во Македонија..
    Но тоа нема да ви успее :) Знаеш зошто? Затоа што самиот Господ тоа на нам Христијаните ни го ветил:
    Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат; и ќе ти ги дадам клучевите од небесното царство, и што ќе разврзеш на земјата ќе биде разврзано и на небесата“ (Матеј 16, 13-19).
    Кога Исус рекол ,,вратите на пеколот'',не мислел буквално на врати,туку на оние кои ќе се борат директно(преку убиства,затворања,мачења) против Неговата Црква и индиректно(како ти и протестантите кои ќе пробаат да ја искриват Вистината и да манипулираат).
    И така би Евангелос.Нити Римската Империја успеала да ја сотре Христовата Црква,нити Отоманската Империја,нити Исламизацијата,нити Фашизимот,нити Нацизмот,нити Комунизмот(Милитантниот Атеизам) па нема ни вие Еретиците да успеете :) Кој од овие системи вас некогаш ве гонел? Никој.. сите овие се бореле исклучиво против Црквата Христова - Православната Црква.Но затоа ќе успеете да прелажете многу Христијани,да паднат во ерес,секташтво.Но нивен проблем,заради тоа што ви верувале вас кои манупилирате и лажете,ќе си сносат казна на Страшниот Суд.А казната за ерес и секташтво е Вечен Оган и темнина.
    Затоа... освести се,и ако сакаш да бидеш Христијанин,откажи се од секташтвото! :)
    Овие работи сум ги студирал..
     
    Последна измена: 5 октомври 2016
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    1. Мосаб Хасан не конвертирал во православно, туку во протестантско христијанство т.е. библиско изворно христијанство. Еве ти доказ. Уште во првата реченица на статијата пишува дека станал „evangelical Christian". Додека православните попови си прават бизнис со икони, свеќи, календарчиња, бројаници, крстчиња, осветување води, фрлање крстови по реки итн. протестантските христијани одат во исламски земји како Палестина и ги ризикуваат своите животи со цел да ја исполнат заповедта што Исус им ја дал - да го проповедаат евангелието на сите народи и на секој да му дадат шанса да се спаси преку Исус Христос.

    2. Од каде знам дека ти би останал муслиман и би бил затворен да слушнеш поинакво мислење за некоја друга вера? Па ти тоа јасно си го кажуваш во продолжение на својот текст:

    Ете, овде и самиот велиш дека не е убаво да се пресече коренот од кој што си никнал и да се откажеш од духовниот идентитет. Значи со ваквиот став ти кога би бил муслиман исто би велел: Моите баби и дедовци биле муслимани и нема шанси јас да го сечам Исламскиот корен од кај што сум никнал и нема шанси да се откажам од мојот духовен идентитет!

    Пак ќе кажам жива среќа што првата христијанка од Македонија (Лидија, Дела 16:11-15, Библијата) не размислувала како тебе и била спремна да се откаже од нејзините пагански корени, се откажала од верата на нејзината мајка, татко, баба, дедо, прабаба, прадедо, се откажала од својот пагански духовен идентите! Се со цел да го придобие најголемото богатство - Исус Христос. Ако не се откажела, немала да стане христијанка нели?

    Исто и Христовите апостоли и другите христијани од првата генерација верници морале да се откажат од духовниот корен на нивните предци и од нивниот (Јудејски или пагански) духовен идентитет. Ако не се откажеле, немало да станат христијани нели?

    Повторно мешаш вера со националност. Никој не зборува за националност, туку за вера.

    Ако твоите предци од камено, бронзено и железно време биле пагани, тогаш зошто ти си се откажал од верата на овие твои предци? Зошто се држиш до верата на твоите дедовци, а не се држиш до верата на твоите прадедовци? Кои предци се поважни? Оние од 18ти век, оние од 13ти или 4ти век? Или оние од 5ти век пред наша ера?
    Ако си толку голем националист, тогаш зошто не се држиш до верата на Александар Македонски и не бидеш паган и не го обожаваш Сонцето?
     
    На Sky-butterfly, Bender Rodriguez, Херкул и 2 други им се допаѓа ова.
  10. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Моето најдлабоко извинување што тоа Христијанство не го пишав "Христијанство" односно секташтво.Баш ќе му се исплати тоа на Страшниот Суд :) Полека Евангелос,не се нервирај, :DТребаше ваљда овој екс-секташ(евангелист) сега Православен брат да го ставам..

    Или не.. ова,каде што цел регион на Муслимани,колективно конвертирале во Православие..
    http://pravoslavie.mk/masovno-pokrstuvanje-na-muslimani-vo-gruzija/
    Палестина?? И таму ги лажете луѓето? Ццц..
    П.С со парите од тие календарчиња,ние правиме добро дело.Ако едно качендарче е 100 денари,тоа се три леба од 30 денари.Што значи некого сме нахраниле(семејството на свеште иците).А Исус вели ,,се што ќе направите на овие најмали,мене ми правите" и ,,Кога бев гладен ме храневте".Што значи го кршиш и сега Божјото Слово.Но добро навика ти е тоа :) Ти реков,вредно работите за доаѓањето на Анти-Христот :)
    А да не го пишев ова :D? Ете дека вие протестантите сакате да глумите лажни Христоси и лажни пророци! :D Ќе ми го проречеше ова што го пишав ??
    ,,Зашто, ќе се појават лажни Христоси и лажни пророци и ќе прават големи знаци и чуда за да ги заведат, ако е можно, и избраните''. Матеј 24:24-25
    Патем сум го читал и Куранот и Библијата и други верски книги.Од сите,се пронаоѓам во Библијата,зошто тоа што го има направено мојот Господ Исус Христос го нема никаде.Плус,Библијата може и научно да се докажува :)
    Така да,не би бил долго Муслиман пред да конвертирам во Христијанство(вистинско,Правиславието).
    Оф мори земјо...... тешко тебе...
    Па Апостолите припаѓале на верата на Бог,Старозаветната! :D Само што нивните предци толку отпаднале(како вие протестантите во денешно време),што Господ лично и персонално морал да доаѓа на земјата да ги врати кај себе.Апостолите се откажале од своите предци??? хахахахахахаха :D
    Ццццццц која глупост тресна сега.. :D Ете вакви небулози лупа човек кој врска си нема од Христијанство и од Библија.. :D.. и за жал има и такви што ти веруваат :D..
    Не ми беше целта да ги мешам туку да дадам само пример.Кого да спомнев за нас Македонците други освен оние по кои не знае цел свет? И духовно и национално.
    Е ти благодарам што ме праша ова! :) Затоа што Александар Македонски,како и ти,отпаднал од верата на Бог.Бил идолопоклоник,како и зошто тоа е друга тема.
    Патем верата на моите дедовци(прадедовци и прапрадедовци колку што имам истражено) била ПРАВОСЛАВНА.И многу од нив се бореле за јас денеска слободно да бидам Православен,да немора да живеам под Отоманскиот Шеријат.
    Те прашав што биле твоите баби и дедовци,баптисти да не биле? Они најверојатно не ни знаеле во тоа време што значи баптист.. :) Што бегаш од ова прашање? Се срамиш од вистината за себе?
    Гледаш? Вистината сече.. но треба да те сече,туку да те ослободи вели Исус :)
     
    Последна измена: 5 октомври 2016
    На Bulgarian, Orthophill, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet најверојатно за мене се однесуваше тоа горе за тие што не прочитале .
    Имам читано само детска Библија , за жал Светото Писмо сеуште го немам земено , седи кај баба ми , кога ќе ми се пружи шанса ќе го земам да го прочитам.
    Се молам онака како што срцево ми кажува, имам Православен Молитвеник, знам онолку колку што треба да не сум затруена од нешто што се појавило подоцна.
    Имам теолог , што ме интересира прашувам , затоа и пишувам она што го знам.
    Самиот факт што ни еден Католик, а уште помалце па протестант не успеал да го запали Светиот Оган во Ерусалим за мене е повеќе од доволно. Божјо чудо што побива се друго кажано. Пробале чинам Католици но не успеале , ако не се лажам дел од ѕидот на местото на гробот на Исус почнал да се руши.
    Слава му, не го гледаме , ама Тој со чуда ни кажува дека е околу нас, само што другите не сакаат да го прифатат.
     
    Последна измена: 6 октомври 2016
    На Bulgarian, Rama, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Повели кликни на линков: 8 факти за „Благодатниот оган“ што слегува од небото.

    Не се срушил никаков ѕид. Она што се случи оваа година кога православните христијани отидоа да се поклонуваат на „светиот“ оган во Ерусалим, избувна пожар во Македонската православна црква во Сиднеј, пожар во српската православна црква во Њујорк, пожар во манастирот Валаам во Русија и пожар во грчката православна црква во Мелбурн. Кликни врз градовите и ќе ти се отворат линкови.

    Секоја религија се фали дека кај неа се случуваат чуда. Гуглај на интернет има чуда колку сакаш. Повели прочитај што вели свети Августин на оваа тема:

    „Нека ја покажат својата црква, ако можат, но не преку зборување и мрморење, не преку соборите на нивните епископи, ниту преку пишувањата на нивните херои, ниту преку измамнички знаци и чуда, бидејќи сме предупредени за вакви работи од Зборот Господов. Но нека ја докажат својата вера преку Законот (Тората), преку предвидувањата на Пророците, преку песните на Псалмите, преку самите зборови на нашиот Пастир, преку зборовите на евангелистите, односно преку канонскиот авторитет на светите книги.“
    - Свети Августин (354-430)
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos да го повторам прашањето, бидејќи никој не го виде:)
     
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Го видов, само очекував дека православните ќе ти одговорат, бидејќи такво верување постои во нивната религија. Во Библијата такво нешто нема.

    Инаку да направиш тело да не се распаѓа е многу лесно. Само премачкај го целосно со формалин и оксидацијата ќе биде спречена. Така на пример се чуваат некои од неидентификуваните тела на луѓето загинати во земјотресот 1963 година, иако никој не ги смета за светци и слично :) туку им користат на студентите по медицина по предметот анатомија.
     
    На Bender Rodriguez и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Извини што прашувам, но ти која вероисповест си??:)
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Протестантски христијанин.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Аха, значи ти веруваш дека сите ќе одиме после смртта на небо, директ кај дедо Боже, без да го поминеме хемијското чистење??
    :?:
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Не, не знам од каде ти се овие дезинформации. Протестантите веруваат во Библијата и неа единствено ја сметаат за Божји збор. Во Библијата јасно е кажано кој ќе оди на небо - оние кои се покајале од гревовите и веруваат и го следат учењето на Исус Христос кој за себе вели „Јас сум Патот, Вистината и Животот, никој не доаѓа кај Татко Ми освен преку Мене“ (ев. Јован 14:6, Библијата)
    А чистилиштето е подоцнежна измислица и не е Библиско учење.
    Морам да одам на состанок, за дополнителни прашања се читаме после или вечер.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Просто со вашето верување само подпомагате на антихристијаните да не истребат... Ако верувате во Исус тогаш зошто не го следите Православието старо 2000 години туку следите верување кое е измислено од некојси смртник пред 100-200 години?
    Ве боли вистината.... На која религија припаѓале вашите предци? За колку се продадовте? Извини ама морав вака да се изразам бидејќи гледам дека во преку 10 страници се маваш со свој камен по своја глава и упорно одиш против Православието..
    Има многу факти дека единствено Православието е вистинската вера Исусова, тие се логични, ги имам сознаено со читање на историја.
    Православието никогаш не е користено за воени цели.
    Радикални Православци не постојат како што постои радикален ислам.
    Православните никогаш не покрстувале други на сила.
    Православни верници досега не ми дошле на врата да ми ја презентираат верата како што е тоа случај со вашите секти.
    Православието НЕ подржува тероризам.....
    Кога имаат мака имам приметено дека сите бараат света вода од нашата црква, па дури и муслимани.. ова морав да го спомнам...
     
    На Orthophill, Petra777, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Можам да разберам дека многу од македонците, особено од селските подрачја, немаат никакво познавање за протестантите, но не можам да разберам како после толку објаснувања на форумов се уште папагалски се повторува таа лага дека протестантите следат верувања на некој си смртник од пред 100-200 години.
    Протестантските христијани не следат никакви верувања на луѓе од пред 200 години. Протестантите немаат современи пророци, немаат дополнителни „свети книги“ од подоцнежните векови како што имаат православните, немаат новокомпонирани Божји објави за човештвото како адвентистите (Елена Вајт од 19ти век), мормоните (Џозеф Смит од 19 век) или православните (имаат повеќе, на пример: Григориј Палама 13век) итн. Протестантските христијани веруваат дека Божји Збор е само Светото Писмо (Библијата) и го следат учењето на Исус Христос и апостолите кое не е од 18 век, туку од 1 век.

    Еве дали некогаш си ме видела да кажам некое верување и да речам: ние веруваме вака затоа што реформаторот свети Мартин Лутер (16ти век) рекол така? :) Од кога постојам на форумов после секое мое верување пишувам библиски цитат (од 1век или порано) зошто верувам така. Исто прават и сите останати протестантски христијани.

    Исто така, ова што ќе го пишам следно не го сфаќај како напад туку чисто како информирање за вистината. Таа е вистината и колку и да боли една е. Мит е тоа дека православието е старо 2000 години. Сега ќе ти објаснам зошто.

    • Молењето на светци почнува некаде 4-5 век.
    • Молењето и обожавањето на блажената Марија почнува 5 век.
    • Верувањето дека блажената Марија воскреснала и се вознела исто така 5-6 век
    • Иконите во пракса почнуваат 5-6век, а се распространуваат 7-8 век.
    • Исихазмот, созерцавањето, несоздадени енергии - 13 век.
    • Етнофилетизам и служење на етничките интереси - 18 век
    Ниедно од овие православни верувања и пракси нема да ги најдеш во Христовата црква од 1ви век. Ниту во 2ри или 3ти. Повели читај го Новиот завет збор по збор, читај ранохристијанска литература и историја од 1ви, 2ри, 3ти век, нема да најдеш ништо од ова.
    Тогаш за какво православие старо 2000 години зборуваме?

    Зависи кои предци прашуваш. Моите родители не се православни верници, некои баби дедовци биле атеисти, некои традиционални (номинални) православци. Номинални значи дека само се нарекувале православни, а не верувале во ништо од православието, ниту се молеле, ниту читале верска литература. За понатака и немам евиденција. Ама знам дека моите предци од 1-4 век, не биле сигурно православни. Или биле пагани, или пак библиски христијани (од она христијанство што го донел апостол Павле).
    Моите предци од пред нашата ера биле сигурно пагани. И сега кажи ми на кои предци јас да бидам лојален и чија вера да наследам?

    И дали ако ти се родеше во Саудиска Арабија, ќе се држеше до верата на своите предци (муслимани) или пак ќе веруваше во Исус? Ако веруваше во Исус, баш ме интересира како ќе му одговореше на некој твој сожител муслиман кој би ти го поставил истото прашање: На која религија припаѓале твоите предци? За колку се продаде?
    Фала однапред за одговорот.

    Одлично, баш сакам да дискутирам со некој кој ја вреднува логиката, разумот и историјата.

    Па многу религии не се користени за воени цели. Религиите како Исламоти и Римокатолицизмот се повеќе исклучок отколку правило. Сепак и православните не се сосема невини на ова поле. Еве на пример тие воено ги протерале богомилите кои живееле на овие простори.

    Па скоро сите останати религии не се како радикалниот ислам. Не е ни ова ништо уникатно за православието или критериум за „правата вера“.

    Хмм, потсети се малку од историјата. Еве потсети се како беше христијанизирана тогашна Бугарија. Како Бугарија преку ноќ стана од паганска во „христијанска“ земја? Ставам наводници бидејќи тоа не станаа вистински Христови следбеници, туку кнезот Борис насилно ги рушел паганските храмови, луѓето насилно биле покрстувани, им изградиле цркви итн.

    Протестантските христијани не го прават тоа. Си се помешала со Ј. Сведоци.

    Освен Исламот, не знам која друга религија подржува тероризам?

    Спомни си слобоно што сакаш, не се притисњавај :) Само суеверните луѓе бараат такви работи кога имаат мака. Ама знаеш што? Суеверните луѓе (сеедно дали се нарекуваат православни, муслимани и сл) кога имаат мака не одат само во црква за света вода, туку одат и кај бајачи, гатачи, гледачи, исцелители. Eве можеш и слободно да ги прашаш овие што бараат бајачи гатачи на темава дали се православни и ќе видиш дека мнозинството се. Така што ни ова не е критериум за правото христијанство.

    Правото христијанство е она што се држи до учењето на Исус Христос, до Светото Писмо. Се што е подалеку од ова, подалеку е од Христос и не може да се нарече „христијанство старо 2000 години“.
     
    Последна измена: 7 октомври 2016
    На baba Rada и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.