Фотографииве кажуваат нешто друго. Спојлер пс.Не сум протестант и не се согласувам со протестантското видување на верата.
Словените сами си го прифатиле Христијанството.. Пагани има сеуште, познавам многу т.е. кога живеев во Полска во тој крај скоро сите беа пагани, нити имаат нешто против православие нити православието против нив, за тоа во Бугарија не знам, со сила религија не се наметнува така лесно.... Пример кога турците присилно ги исламизирале македонците,србите... затоа е присутна и омразата денес. И во Саудиска Арабија да се родев ако моите биле христијани нормално дека ќе си бев христијанин, бидејќи не ја чувствувам нити разбирам потребата за менување на вера... Исламот подржува ? Одреден дел подржува но американците што се ? муслимани ? Или тоа е маскиран тероризам кој Америка го прави па не се приметува? За крај да кажам дека ние Православните не се обидуваме да ја наметнеме верата никому на никаков начин, нити форум, нити ТВ, нити со делење книги....
Знаеш ли кои се тие на фотографиите? Тероризам ли е да си ја одбраниш државата? мајката? брат? сестра? Нешто што не си го истражил не го објавувај.... Сите војни кои се водат во 21 век е само нас православните да не снема.... да не се браниме ли?
Да не се браните! Наместо тоа прашајте се зошто ве напаѓаат. Или прашајте се како Исус би постапил? Имате во црковните библии примери. Православна Бугарија, православна Романија и тн. не си ги бранеа државите туку освојуваа други држави во текот на првата и втората светска војна. Рече дека православието не било користено во воени цели. Фотографиите покажуваат напротив дека е користено и се користи во воени цели. И не заборавај дека терористите никогаш за себе не велат дека се терористи туку дека ја бранат својата татковина, народ, вера и сл.
А што требаше да има на сликите, како клечиме пред вас? Знаеш кога некој е подобар во нешто од тебе и се трудиш да го уништиш за ти да бидеш подобар ете такви сте... Што докажуваат кажи јас незнам.. Несмее ли да се помоли војникот пред икона за да остане жив и здрав, да си ја одбрани татковината и семејството? Несмее ли да се освети оружје со кое ќе се браниме? Очекувам уште да кажеш дека исис ги подржуваш...
Бугарија е само еден пример за тоа како православието се ширело со сила меѓу паганите и како со сила организирале групни крштевања. Еве прочитај на следниов линк како Византија ги обратила паганите во Бугарија со сила и како бугарскиот кнез Борис ги убивал оние кои се противеле на покрстувањето и на рушењето на паганските храмови кои биле религијата на нивните предци, татковската вера на населението кое живеело таму. Тоа е исто како некој цар да дојде и да ти ја сруши црквата кај што си одиш на литургија и ако ти се побуниш, да те убие и тебе. Ете тоа правеле православните на неправославното население. Не реков јас ако ти се родиш од православни родители, туку реков ако се родеше од муслимани родители, чии што родители биле исто муслимани и така стотина генерации муслимани. Дали ти ќе се држеше до верата на своите предци (муслимани) или ќе ја менуваше својата вера и ќе веруваше во Исус? Фала однапред за одговорот.
1. Да се фалам, немам полза, но ќе минам кон виденија и откровенија Господови. 2. Знам еден човек во Христа, кој пред четиринаесет години, со тело ли, не знам; без тело ли, не знам: Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо. 3. И знам дека тој човек, со тело ли, или без тело – не знам: Бог знае, 4. беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, кои што човек не може да ги искаже. 5. Со таков човек ќе се пофалам; но со себеси нема да се пофалам, освен со моите слабости. 6. Ако, пак, посакам да се фалам, нема да бидам безумен, зашто ќе кажам вистина; но јас се воздржувам, да не би некој да помисли за мене повеќе, отколку што во мене гледа, или од мене слуша. 7. И, за да не се превознесувам со премногу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по лицето, та да не се превознесувам. 8. Затоа трипати Го молев Господа да го отстрани од мене. 9. Но Он ми рече: „Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила наполно се покажува во слабоста”. Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите немоќи, за да се всели во мене силата Христова. 10. Затоа добро ми е во слабостите, во навредување, во маки, во прогонување, во тага за Христа, оти кога сум слаб, тогаш сум силен. (2 Кор 12)
Дека православието сепак се користи и во воени цели. Никако! Ако сакаме да живееме хритијански, тогаш не треба да се прави тоа! Исус не го осветил мечот на Петар кога овој го извадил и го повредил војникот кој дошол да го апси Исус. Напротив, Исус го опоменал да го врати мечот во кориците предупредувајќи го дека кој за меч се фаќа од меч и ќе загине. Тоа воедно ги објаснува војните - луѓето не живеат според заповедите на љубов, мир и единство кои ги донел Исус Христос, туку според заблудите и подбуцнувањата кои темнината ги шири преку политичките и верски водачи.
За ова си во право, но сепак 21 век е и без оружје е невозможно да се одбраниш и заштитиш.... Никој не е до толку будала да се предаде да го убијат без да се брани бидејќи тој верува во задгробен живот... Мил ни е животот на сите....
Ќе го цитирам свети Јустин маченикот (105-166) кој се почитува како светец во православието, кој во една прилика го прочитал следниов дел од Светото Писмо, а потоа го коментирал истото: "Ќе се случи на крајот на деновите: Гората на Господовиот Дом ќе биде поставена над сите гори, возвишена над сите брегови. Кон неа ќе одат сите народи, ќе се втурнат многу племиња и ќе речат: „Ајде, да се искачиме на Господовата Гора, да отидеме во Домот на Јакововиот Бог. Тој ќе нè научи на Своите патишта, ќе одиме по Неговите патеки.” Зашто Законот ќе дојде од Сион, Господовото слово од Ерусалим. Тој ќе им биде судија на народите, ќе им суди на многу племиња, кои ќе ги прековат мечевите во плугови, а копјата во српови. Нема повеќе народ да дига меч против народ, ниту ќе се учи веќе на војување."(Исаија 2:3-4, Библијата) И ова е коментарот на Јустин што следи после овој текст: „И навистина од Ерусалим излегле дванаесет луѓе, неуки, без говорнички способности. Преку силата на Бог тие проповедале на секакви типови луѓе... и ние, кои порано се обучувавме да се убиваме еден со друг, сега не само што не војуваме против нашите непријатели, туку сме спремни да умреме за сведоштвото за Христос" (Св. Јустин, 1 Апологија 39) Првата апологија Јустин ја има напишано во периодот од 150-155 година и интересно е тоа што во горенаведената пацифистичка изјава тој зборува во множина, значи не збори за таму некој си христијанин што не војувал против непријателите, туку зборува општо за Христовите следбеници, за оние кои порано се обучувале да војуваат, дека тие повеќе не војуваат, туку се спремни да умрат за сведоштвото за Христос. Ете тоа е тој пацифизам кој го негувале првите христијани, за разлика од денешните кои „осветуваат оружје“
Делот за кој ме цитираше,се однесува на објаснувањето на науките Теологија и Социологија.За тебе Теологија е наука која истражува дали аеродромот во Токио(бидејќи Јапонија е далеку поразвиена од Мкд) има подобро WC од Александар Велики во Скопје.За тебе Теологија е тоа што Германија е помалце загадена од Македонија,што е економски појака,што работната етика е подруга.. Тоа само докажува колку твоето знаење на опшествените науки е below zero ... Ќути,има и полошо.Можеше Кардиологијата да ја спомнеш со загаденоста на Македонија.. Но во овој дел за кој те цитирам,веруваш или не во право си За жал така е.Православните Христијани како вистински наследници на Црквата на Христос.. се многу слабо одухотворени и духовно потковани.И тоа се приметува и на форумов.Православни а цел форум го оговараат на четот,Православни а поддржуваат грев.. ама затоа се горди верници... ако си приметил јас често го критикувам тоа лицемерие. Но... ако тие Православни за кои зборуваш се табула раза за Библија,тогаш ти си нивниот врховен водач - Аналфабета.Зошто? Еве еден дел на твојата теолошката неписменост,а ваков ти е секој втор пост.. Tака да Евангелос.. не си компетентен нити за Библијата за која појма немаш нити па да расудуваш кој какво знаење и духовност има Драго ми е што се сложуваме дека протестантските цркви се забегани Аха.. дали со ова сакаше да кажеш дека протестантската секта во Македонија сака да биде ''црква'' заради финансиски причини???? бидејќи спомна монопол.. Хахахаха Како се издаде сега... е да,за Протестантите парата е Зевс.. заради пусти пари проклети,колку народи поробивте по светов знаеш..? И да,еве дел од монополот на МПЦ: http://mpc.org.mk/vest.asp?id=6691 Еве уште друго: http://tge.mk/story/313/ Еве и друго: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=236 Eве уште едно: http://mkd-news.com/shest-zheni-hranat-stotitsi-gladni-vo-skopje/ Ете ова е монополот на МПЦ! Баба ми(и баба ти за која се срамиш да признаеш дали е/била Баптист или Православна) го наследила т од предходните генерации.И генерација по генерација,векови и векови наназад,доаѓаме до времето на генерацијата кога Бог на луѓето им ја забранил хомосексуалноста.И таа генерација тоа го пренела до оваа,моја денешна генерација.Тоа се вика традиција! Тој што се срами од својата морална традиција,тој не е нити Христијанин нити почитувач на Бог П.С за разлика од вас,ние Православните имаме историја,имаме корени кои се од Црквата Христова.А тоа вие сакате да го уништите но објаснив и предходно,нема да успеете
Со ова го докажуваш само она што предходно го пишав и слично како што кажав и во постов погоре,Бог не казнува нас Православните земји зошто сме Негови.Припаѓаме на Неговата вера и Црква. И треба да не казнува.. погледни само на форумов колку ''Православни'' поддржуваат гревови и глумат овде.. енглези.. либерали.. На кој пат? Да станам протестант!? Скраја да е! Пу пу пу.. помери се таму од место сместа.. Јас својата вера не ја продавам за ништо,па ни за финансиски интереси и корист Поентата на постот не е да ги преставев воените судири на Балканот како добри,туку да објаснам кој колку убил во светот.И кој убивал и сеуште убива. Со други зборови,ти не знаеш да водиш конструктивна дебата туку инает.И ќе ми реплицираш секогаш од инает а не дека имаш појма од нешто верско.. Како што кажа за Протестантите.. дека биле најтехнолошки напредни па после рече дека масовно почнале да се откажуваат од верата хахахаха
@HUNK од многу членови на форумов ти беше забележано дека не дискутираш цивилизирано, културно и аргументирано.. По 100-ти пат се покажа тоа, еве и сега кога си земал парчиња од реченици да цитираш и тоа од различни теми. Искрено кај тебе гледам голема исфрустрираност, гнев и омраза - нешта кои што се дијаметрално спротивни од плодовите на Светиот Дух. Дури и некои православни верници забележаа за речникот што го користиш. „А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата;“ (Галатјаните 5:22, Библијата) Слободно цитирај не само парчиња од реченици, туку и половични зборови и исмејавај се колку сакаш. Но откако ќе се одлогираш од форумов, преиспитај си ја верата и плодовите што таа ги создава или не ги создава во твојата душа и срце. Исус вели дека устата зборува од она што го преполнува срцето (ев. Лука 6:45, Библијата) Ако од твојата уста (коментари на форумов) излегува гнев, омраза, потсмевање, навреди, клевети итн. според Исус сите овие излегуваат од срцето. Затоа, не брзај да ме цитираш сега и да ме „побиеш“, туку прво преиспитај го своето срце во светлина на Божјото Слово, а потоа побивај ме колку ти душа сака. Ова ти го пишувам најдобронамерно. Поздрав!
Бегаш од аргументите кои ги приложив.Ме коментираш мене наместо нив.. Не си ме сфатил очигледно до сега.Јас не се потсмевам и не глумам.Јас навистина се смеам на нечиви небулози и глупости Како да не се смеам кога ми е смешно? Забрането е? Библијата и тоа да не го забранува негде? Една од Божјите Заповеди е: Не лажи! Ти гледам,целосно ја почитуваш оваа Божја Заповед.. Ти реков,ти не си компетентен да оценуваш нечива духовност и знаење за Христијанството.Поздрав!
Нашол да кажува за плодовите на Светиот Дух, оној што клевети дека нашиот триблажен отец, учител и химнопевец Јован Дамаскин бил анатемисан на некаков си собор. Не е битно дали ќе те анатемисаат, туку битно е кој ќе те анатемиса... Еве на пример мене особена чест и задоволство би ми било да ме анатемиса некој си собор од реформирани лажни христијани. Така и на свети Јован Дамаскин чија света икона го краси мојот дом, чест му било што бил анатемисан од собор на еретици - иконоборци. На еретичките собори не претседава Светиот Дух, туку паднатиот архангел - Сатана! Иако тие можат да си мислат што сакаат. Само не треба да заборавиме дека најучен во своето време бил баш свети Јован Дамаскин, кој дури и во друговерската персиска држава имал голема позиција (нешто како премиер или велик везир). Ама на некои клеветници мило им е да клеветат. Нека клеветат, оти само на тој начин си докажуваат кој им е татко - најголемиот клеветник!
Не клеветам дека Дамаскин бил анатемисан. Тоа го кажува историјата, јас само пренесувам. Јован Дамаскин бил екскомунициран и анатемисан на црковниот собор во Цариград во 754г. на кој присуствувале околу 338 епископи. На овој собор имало повеќе епископи дури и од првиот вселенски собор свикан од императорот Константин во Никеја. Ти ги нарекуваш нивните собори „еретички“, а тие пак го нарекуваат иконодулските собори еретички.
Иконоборечките собори не важат! Тие се еретички и разбојнички. И свети Јован Златоуст го расчинил еден разбојнички (но не и еретички) собор ама тоа не значи дека бил расчинет. Исто е и со свети Јован Дамаскин. Еретичките собори немаат никакво значение, ни на земјата, ни на Небесата.
Ти не туку ме влечи офтопик во теми каде не ни прокоментирав. Мене не ми требаат и не барам одговори во врска со религија, а ако нешто не знам и ме заинтересира - ќе научам без да те прашам тебе (кој цитираш без причина, вадиш од контекст за да придодадеш твои глупости, не разбираш што ти се пишува па мора истото да ти се црта, во главата водиш битки со ветерници...) затоа, не ми реплицирај повеќе. Колку негативистички став имаш кон светот и животот. Да заборавиме на сите цивилизациски придобивки, на сите големи луѓе, изуми, изумители, пионери во толку битни области co потеклo од средините кои ги плукаш, и наместо тоа, да разговараме за војни и убивања. Ова ширење омраза кон други христијани и предизвикување додатен раздор, во времиња кога најмалку му е потребно тоа на христијанството, нели, баш те прави да изгледаш како посветен христијанин вака отстрана. Твое право дали не ги сакаш овие или оние, мрази ги ако ти е волја, ама тоа не се пишува 5897 пати, СЕКОЈ ДЕН, на секој член поединечно... не биди напаст.