1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Да. Сатана или Шејтан на хебрејски и арпаски значи противник, непријател. Кога првосоздадениот ангел го напуштил Небото т.е. духовниот универзум неговите следбеници ја прогласиле за Носител на светлината(во превод тоа значи Луци-фер), во смисла дека повеќе не ја признаваат изворната, Пра-Светлината Бог, туку дека таа, Сатаната е нивната светлина.

    Не баш. Нашата изворна природа, нашите духовни души се божествени. Тоа е воедно смислата на овоземниот живот: повторно да станеме божествени или како што Христос додека престојувал меѓу нас како Исус од Назарет подулувал по смисла: „бидете совршени како Отецот во Небесата!„ Ние сите имаме еден енергетски извор: Бог. Или можеме со човечки зборови да кажеме дека имаме еден духовен пра-родител Отец-Мајка Бог(бидејќи ги содржи и двете енергии во себе, машка и женска). Поради тоа, духовно гледано сите битија се браќа и сестри.

    Сатаната т.е Луцифер е духовно поразена по жртвата на Голгота(Исусовото распетие). Таа сфатила дека е невозможно да се победи Бог и дека се што се создава без Бога е несовршено и привремено. Дел од нејзините тогашни следбеници одбрале нов водач кого го нарекле демон а себе си демони. Под чие влијание ќе биде човек тој тоа самиот го одбира преку слободната волја и живот во склад или во спротивност на божествените закони кои се содржани и во Десетте Божји заповеди и Беседа на Гората која ни ја донесе и ј аживееше за пример Исус од Назарет, и која денес Христовиот Божји Дух денес да објаснува и продлабочува низ пророчката реч на денешницата.
    Кога гледаме куќа знаеме дека таа не настанала сама од себе или по некаква случајност дувнал ветерот па ги измешал бетонот, водата, гредите стаклата и оп ете куќа... туку дека зад нејзината појава постоеле процеси изведени од индивидуи во некаква меѓусебна координација: архитекти, инжинери, ѕидари и тн. Исто е и со космосот.

    На ова може да следи прашањето: но тогаш кој го создал Бог, а потоа и кој го создал создавачот на Бог и тн.? Меѓутоа Бог не е создание туку создател. Бог постоел одсекогаш и не е човечко суштество кое поради ограниченоста на својот интелект и физички сетила не може да си ја претстави бесконечноста, а бесконечноста постои, тоа е математички докажано.
    Секој има право на свое убедување. Јас под духовниот универзум подразбирам бесконечни светови од ѕвезди и планети во постојано настанување, а не некој ментален свет на фантазија и интелект.
     
  2. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Да ама се тоа се инстинкти, стварно неможеш да кажеш дека тоа се вистински емоции. Животното не размислува и не си вика леел колку го сакам човеков, или леле колку ми е досадно...И во животни не спаѓаат само кучето и мачето. А со инсектите што правиме. И они да не имаат емоции. Според еволуцијата ние сме настанале од едноклеточни организми, а тие немаат емоции, така да пак морало да има душевна еволуција. Бтв припадник на која вера си?


    Да де религиски, така како што пишува во библијата. Незнам што конкретно сакаш да ти објаснам, ама ајде ако сакате да се префрлиме во другата тема, да не не бришат.
     
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Мислам дека универзумот не е создаден од Сатаната, а за Бог, најверојатно, но, добро би било и да се види што науката вели за создавањето на истиот.Второ, духовноста е нешто што го поседува секој човек, но, не е во можност да знае како точно е создаден универзумот, па без разлика на разните одговори на светите книги.Човекот е тој кој што може да љуби и уништува, следствено на тоа, следи одговорот на Бог и Сатана, бидејки и двете се поврзани.Духовноста е многу повеќе од зборови.Јас незнам како точно е создаден, освен тоа што го велат и науката и религијата, а за поинаку незнам, не сум била сведок, за да знам, што значи не можам со сигурност да тврдам дека така и така е создаден.Нешто што е најважно, а тоа е што човекот прави, како се однесува и др., нешта од кои зависи каков ќе биде светот.Најмалку е важно како е создаден универзумот, тоа и нема толку голема улога во животов.
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Универзален живот. Или поточно го прифаќам тоа духовно учење инаку немам никакви припадности во смисла на членства, крштевки, сунети, иницијации и тн. :)
    Потполно се согласувам! Си правевме чисто муабет со другите форумџиики на таа тема, кој какви сфаќања има прифатено/создадено за тие нешта. Постоеле и постојат луѓе кои поради својата просветлена свест и пророчка мисија имале или имаат увид во тие работи но друга работа е дали некој ќе одбере да им верува или не.

    Инаку за тоа дека не сме биле сведоци на тие настани не се согласувам, сметам дека би било поисправно да кажеме дека не сеќаваме - но тоа е само мое мислење, не велам дека мора да го прифатиш.
    Најбитно е сепак, како што кажа по смисла: што правиме сега и овде за подобро денес и подобро утре? :)
     
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Како мислиш дека не се сеќаваме? Не е работата да прифатам, туку едноставно сакам да знам како тоа не се сеќаваме? Врз основа на што? Јас не верувам во минати животи, а тоа не ми држи вода како основа за тоа дека ние не се сеќаваме.Да, најважно е што правиме, сега и овде, минатото завршило, не може да се смени, па врз основа на тоа која е логиката за тоа дека би знаеле како е создаден универзумот? Затоа што човек, може да не се сеќава дали јадел вчера, а камоли што јадел, ова како пример го кажувам.Се што е духовно е внатре во нас, се е во нас, нема ништо надвор од нас.А според тоа, многу работи паѓаат во вода.Веројатно е подобро човек да размисли како живее, поради неговото его, се е хаос во светов.Нема хармонија.А за да има, треба да започне од себе си, а после комплетно разбирање на светите книги.Само тие постојат заради одржување на некаков ред во светов, прават баланс на некој начин, а колку ќе имаат ефект, тоа зависи од човекот.
     
  6. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Значи Луцифер нели бил Ангел додека бил со Господ бил Луцифер и името да му значи Носител на Светлината, арно ама кога го истерале дури Тогаш го добил името Сатана .

    Е сеа , по моево Ние сме создадени од Универзумот, ама овој Материјалниот како Ти што го викаш, по твоето ко што те разбрав исто, АМА душата наша не е создадена од Материјалниот туку од духовниот ?

    Ондак се навраќаме на она твоето, дека Тие што не сакале да бидат со Господ и сакале да му парираат на некој начин го создале Материјалниот универзум, И нели ко шо викаш Тука Бог не се меша, Ондак, по твојава логика , зашто ако сме создадени у МАтеријалниов Универзум, Бог тука се замешал ?

    И патем ај ако знаеш нешто објасни ми за Паганизмот ????

    И ова е дел од религија се надевам не е офф мислењето птоочно прашањето :)
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Во тој случај ако се отфрли тоа верување, не можат да се сфатат тие работи. Јас тргнувам од знаењето за пред-егзистенција на нашите души. Имено дека секој човек има душа која не настанала ниту во моментот на зачнувањето ниту во моментот на раѓањето туку даааалеку пред тоа.
    Која е логиката ако си ти сега студентка или вработена, да знаеш како било првиот ден кога те донеле дома или како било во твоето основно училиште, кога тоа е минато и не може да се смени? Тоа што тоа е минато, тоа што ти не се сеќаваш или се сеќаваш само делумно не значи дека такво нешто не се одиграло нели?

    Сите ние сме постоеле како битија пред да настане материјалниот универзум. Ние во моментов не сме свесни за тоа затоа што се наоѓаме во физичко тело кое има нов мозок во кој тие исконски настани не се похранети бидејќи мозокот кој што ни е сега во главата настанл некаде да речеме 1980те или 1990те, но нашата душа (ние) е таа што била постоечка пред настабнокот на светот и векот.
    Со ова самата даваш одговор зошто не се сеќаваме. Ако не се сеќаваме што било вчера како ли да се сетиме што било пред бројни милијарди години? ;)
    Не. Можеби има разни толкувања околу тоа, но според учењето кое јас го прифаќам таа се прогласила себе си за Луцифер во смисла дека веќе не е Бог тој кој што дава светлина и среќа туку таа самата со следбениците ќе станат божества и таа ќе им дава светлина и среќа.
    Затоа што како прво дел од отпаднатите битија кога сфатиле што всушност направиле и дека тоа оди само на нивна штета и дека без Бога нема вистинска среќа тие почнале да бараат помош бидејќи не умееле веќе да се вратат во првобитната природна состојба. Бог е милосрден и никого не одбива ако некој слободно и искрено побара помош од Него. Затоа тој почнал да праќа гласници на светлината, подоцна во материјата пророци, просветлени мажи и жени преку кои тој се објавувал и опоменувал на преобраќање.

    Бог се вмешал во настанот на падот само во оној момент кога тој ја достигнал својата најниска точка. Целта на отпаднатите битија во почетокот било поделено создавање, но подоцна и уништување на Божјото. Целта им била толку многу да се „оддалечат„ од Бога за да предизвикаат дезинтеграција на сопствените души во безличен етер, за потоа низ ланчана реакција би се опфатиле целото Создавање бидејќи сите битија творат една духовна целина, секое „камче„ во мозаикот е клучно - цело е кога има сè :) Ако едно пропадне, пропаѓаат сите стопувајќи се со безлиниот етер. Тогаш создавањето би тргнало наново но според волја на сатанските битија. Затоа Бог го испратил Неговиот првороден син Христос во отелотворување кој на луѓето и душите им го покажал патот назад во Татковата куќа(Небесното Царство) и направил пресвртница во настанот на падот. Христос по жртвата на крстот и изговорените зборови „Се сврши!„ распределил во сите души и луѓе Христовата искра на спасение која трајно ја оневозможила дезинтеграцијата на душите независно колку тие ќе се оддалечат од Бога со кршење на божествените начела(нашата природна состојба). Затоа Христос станал и е спасител на сите луѓе и души и не доаѓа никој кај Отецот освен преку Него.
    Paganus е латински збор и значи селанец, a со овој израз обично се означуваат немонотеистичките религии. На пр. старите грци и римјани, словените и др. биле пагани.
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Кое е тоа знаење за пред егзистенција на нашите души? Зошто си толку сигурен дека душата на човекот не настанала во моментот на зачнувањето, а нити во моментот на раѓањето? Можеби и грешиш.И за тоа не може со сигурност да се каже кога настанала.За логиката, истото те прашувам.Од каде знаеш дека нашата душа постоела пред настанокот на светот и векот? Би сакала да прочитам лично твое размислување.
     
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Тоа знаење и увид го имале просветлентие мажи и жени во разни времиња, на пр. Ориген, Богомилите и тн.
    Тоа знаење во уште попродлабочена форма ние го имаме и денес преку пророчката Реч за денешницата(види потпис). Јас верувам во тоа, мене тоа ми е мошне блиско. Секако, секој има слобода да верува исто или поинаку.
     
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Kaде тоа далеку пред тоа ?? При само создавање на духовниот со материјалниот универзум ??

    И по твоја логика ко шо сфатив сакаш да кажеш до некаде дека сепак во нас има и дел од Материјалниот Универзум поточно дел од Енергијата на Сатана ?? И затоа Бог го испратил Исус ?

    И патем за името, од еден форум (сатанистички) имам прочитано за потекло на самото име .. Сега не дека ајде на тоа ке се свртам само така е , ама идам од тоа што самите припадници на сектата тоа така го велат и го знаат, значи директен извор е во прашање.
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Во времето пред воопшто да настане материјата. Духовниот универзум е нашата вистинска изворна татковина.
    Не туку дека и ние веќе сме постоеле во тоа време како души.

    Во ред, тоа нивното верување - но од каков извор црпат тие? Дали Бог или ѓаволот им се објавиле и им рекле дека тоа е така? Или самите го склопиле тоа врз основа на нечија интелектуална спекулација?
    Јас го кажувам моето кое како информација е добиено од божјите објави - подиректно и попрецизно од Христос не би можел никој да знае. Е сега, прифаќам дека некој ни во тоа не сака да верува како информација. Затоа реков јас гокажувам моето верување кое гоимам прифатено.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ribce27

    ribce27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    54
    би сакала да добијам одговор на вакво прашање на што се должат дусевните болести како депресија и анксиозност кои во денешно време се најзастапени кај лугето? и како да се заштитиме,зошто лугето патат од немир,страв,црни мисли,психјатрите одговор наогјааат во гените,стресот...ајде малце до религиска страна гледано ,што мислите кога би се нашле во таква состојба каде би се обратиле кај духовникот или психјатарот?
     
  13. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    кај нас лек за тоа е кога на цовекот ке му се уци куран. куранот е лек, за депресија црни мисли, црни магијј.и така натака, за мене тоа само било лек, сто доктор не мозесе да ми го најде лекот, па со бозја болја го најдов во рецитиранје на куранот. кој сака да знае како изгледа тоа нека побара ке му постирам линк да види кога цовекот е оболен од магија и други работи.
     
    На jagotka123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Секоја болест и нелагода во крајна линија се должи на човековото погрешно размислување, говорење и постапување. Мислите се енергија исто како и чувствата, зборовите и постапките. Од физиката знаеме дека ниту една енергија не се губи!

    Каде одат енергиите произведени од мислите на завист, разни видови на омраза, потценување? Таму каде што има слични енергии. Тие потоа се здружуваат и вршат влијание на околината. Но секогаш „оргиналот„ од она што било испараќано во мислите, зборовите и постапките останува кај нас и влијае врз нас самите. Со терк на време тоа предизвикува енергетска дисхармонија и тогаш може да настане душевно или телесно страдање. Тоа може да се случи во текот на овој или во текот на некој нареден живот. На таа тема повеќе може да се дознае во божествените објави: „Причина и настанување на сите болести„ , но и книжето „Верско исцелување - Целовито исцелување„ двете достапни и на македонски јазик.

    [​IMG][​IMG]

    Херувимот на божествената мудрост, (за нас луѓето привремено наречен брат Емануел) - едно високо духовно битие од Небесата во својата објава „Силата на молитвата. Смислата на овоземниот живот и Законот на причина и последица„ наведе еден пример од морето причини и последици:
    „... Ако си свештеник и своите овци ги водиш во заблуда и тоа така што ги врзуваш за догма и форма, погрешно ги подучуваш и ги водиш по патот на надворешноста а не ги подучуваш за причините кои настануваат токму преку сетилата, мислитте, зборовите и делата и не ги водиш кон Оној кој во секоја душа живее - Духот Божји, тогаш можеш да бидеш сигурен дека во следниот живот си просјак, скитник или човек кој поради догми и форми мора силно да страда, или пак личност која мора да поднесува душевно - физички депресии и својот живот да го живурка со помрачен ум. И тука последиците се повторно различни и зависат од интензитетот и постојаноста на создадените причини кои ја оптовариле душата. ...„

    цел текст:
    http://www.4shared.com/office/NcxYJWfc/univerzalni_zivot_-_snaga_moli.html
    (можно да бара бесплатна регистрација за download)
    [​IMG]

    Спасот е секогаш во Христос и Бога но ние сме тие кои преку нашата сопствена слободна волја треба да побараме искрено помош и да создадеме можност таа да дојде така што ќе се трудиме да живееме според Десетте Заповеди и Беседа на Гората. Кога ќе престанеме да испраќаме негативно, тогаш негативното нема ниту да може повеќе да нè допира.

    Ниту кај едниот ниту кај другиот. Би требало да се обратиме пред сè на Христа, избавителот на сите луѓе и души, со искрена молба за помош и правилно водство, а евентуално можеме и да разговараме за нашите проблеми со психотерапевт(воопшто не е исто што и психијатар) во кого имаме доверба. Тој би можел преку специјални прашања и разговор да нè наведе постепено до решенито.
     
  15. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Значи еве зашто нејќам да верувам во религијава и во се пишаното за неа. Како може да биде в ред ваквото размислување ? Значи децава од Африка пример и од многуте други сиромашни места се тоа што се и патат и страдаат само ради тоа шо у Некојси прошли живот не верувале и не иделе по стапките на Господ ???
    Значи, дете родено у сиромаштија у овој живот е принудено да пати цел живот само ради тоа шо не верувал у Господ у минатиот ?

    Искрено, ова више е крајно на сила вметнување околу самото верување у религија ...
    Значи не е фер, ја сега у овој живот да патам само ради тоа шо нешто сум сторила у минат живот ...

    не е фер нели ...

    Ондак доаѓаме до самото она, дека Господ насила сака луѓето да ги направи Христијани ... ?
    Значи на крај на денот он е тој кој нас не Осудува на пекол т.н. Живот.
     
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Многу погрешно си разбрала, прочитај го уште еднаш цитраното, а по можност и целата објава(ставив линк погоре).

    Ќе цитирам уште еден извадок од објавата „Законот на причина и последица.„ за да работите станат појасни:

    „... Човекот знае дека на секоја акција и следи реакција, а тоа значи дека по секоја причина следи последица. Исус Христос со разбирање кажа: Што сеете тоа ќе жнеете!
    Поради тоа изјавата дека Бог казнува е погрешна!
    Бог, нашиот Отец, никого не казнува и не злоставува. ... Бог нашиот Отец е владетел полн со љубов а казните и казнувањето Нему се несвојствени и страни. Човекот сам е тој кој секојдневно носи стап за казнување во сопствената рака. Тоа се неговите противни чувства, мисли, зборови и дела
    .„
    Бог никогаш никому ништо не наметнува бидејќи тој е слобода.
    Дали е фер ако ние денес во сопствениот двор засадиме цвеќиња, по неколку недели тие да никнат???

    Дали е фер ако засадиме трња во сопствената градина и тие никнат по некое време?

    Кого ќе обвиниме? Кој ни е виновен? Сонцето, почвата, комшијата?! Или сепак ние самите?
    Бог не нè осудува на ништо. Ние самите себе си се изложуваме на од нас создадениот закон на причина и последица. Бог преку пророците само опоменува: Внимавајте, ако садите трња, само трња можат да ви никнат, садете поарно цвеќиња убава да ви биде градината.

    Бог никого не сака да направи ниту христијанин ниту хиндус ниту муслиман ниту било што друго. Тоа човекот сам си го бира или понекогаш другите луѓе му наметнуваат. Бог постои независно од човечките толкувања и сфаќања за Него.
     
    На Eleonorastrumica му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Ако мајката е христијанка а таткото албанец, за да се направи сунет на детето, треба ли родителите да се венчани во џамија или не?
     
  18. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350

    Интересно,прашање,и јас многу пати сум се прашувала за ова и мислам (не сум сигурна) дека нетреба,сепак таткото е албанец,а и незнам како се свадбите на албанците,но сепак мислам НЕ! :?:
    А ако не е точно нека ме исправи некој! :lol:

    Незнам дали е за тука,ама ќе прашам.Дали некој знае какви верувања имаат адвентистите :?: ?
     
    На Ognenija му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    мојот татко е муслиман (албанец) мојата мајка е православна христијанка. мојте брака се со муслимански- кураски иминја. мојте не се венцани ни во врква ни во џамија, ама мојте брака се христијани и си ги поцитувам и тие мене ме поцитуваат и ме подрзуваат и ја поцитуваат мојата исламска вероисповед. но да не одам оф топок, ема везе дали си венцан во џамија, или дома, детето се прај суннет кај нас муслиманите како сто е писано во куран во хадисите зборовите на мухаммед, дете се прај на 7 ден од неговото раганје, знаци тоа се вика кај нас акика, се обрезува козицката на бебето му се сеце коса и таа коса се нови во златара се провеува и тие пари се даваат на сиромасните и се сеце два курбана за маското, а ако е зенско, исто и за неја се сеце косицка и се даваат парите на сиромасните и за децвојцето се сеце еден курбан,

    Црква на Адвентистите од седмиот ден.

    Црквата на Адвентистите од седмиот ден претставува протестантска црква распространета во целиот христијански свет. Најзначајни доктрини на Адвентистите се учењето за Второто доаѓање на Исус Христос и Божјиот морален закон. Зборот адвентист потекнува од латинскиот збор adventus - доаѓање - и се однесува на оние групи кои, не само што го очекуваат неминовното Христово враќање, туку во различни времиња се обидувале да ја предвидат годината, па дури и денот на ова враќање, и покрај тоа што во Библијата се вели: „А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец“ (Мат. 24, 36). Иако „адвентизмот“ е честа тема меѓу многу протестантски групи, особено кај оние под „пентекосталното влијание“ адвентистичкото движење се јавило во 19 век обидувајќи се точно да го предвидат датумот на Второто Христово доаѓање.
    Историја

    Кон крајот на 18 век и почетокот на 19 век, во Европа и Северна Америка се појавил нов интерес кон проучувањето на Библијата. Се појавиле множество брошури и печатени материјали, во кои авторите стигнале до заклучок дека најдолгиот пророкски период во Библијата, односно од 2300 години, од Данаил, ќе заврши во 1844 година со кое ќе го означи второто доаѓање на Исус и крајот на животот односно апокалипса.
    Христијанската адвентистичка црква (Црква на адвентистите на седмиот ден) била организирана во 1863 година во Батл Крик, Мичиген, САД. Второто христово доаѓање било главен предмет на проучување на Библијата во текот на сите векови. Како резултат на истражувањето на ова, меѓу христијаните во многу земји во почетокот на 19 век настанало адвентното движење, за малку подоцна да биде организирана Црквата на адвентистите на седмиот ден. Адвентистите сметаат дека отишле најнапред во долгогодишниот процес на реформа, односно се вратиле наназад до изворното, библиско христијанство, отфрлајќи ги сите небиблиски примеси кои се натрупале со вековите, и одново ги прифатиле вистините кои биле запоставени и отфрлени.
    Како основач на црквата се смета Вилијам Милер, фармер кој бил роден во Масачусец набрзо по американската револуција. Макар што ја изгубил својата вера во Бога како тинејџер, повторно почнал да верува на 37-годишна возраст. Враќањето кон баптистичката вера на родителите било проследено со интензивно проучување на Библијата. Неговото интересирање најмногу било насочено на библиското пророштво, содржано во книгите за Данаил и Откровението. Врз основа на своите интерпретации на извадоците од книгата на пророкот Данаил, Милер во 1831 година објавил дека Христос ќе се врати на земјата помеѓу март 1843 год. и март 1844 год. Иако во тоа време сè уште имало баптисти, Милер отпочнал да собира приврзаници на сопственото гледиште, и ја издал првата адвентистичка публикација, весникот под името „Знаци на времето“.
    Милер не бил единствениот пророк во тоа време. На почетокот на 19 век Нова Англија изобилувала со голем број проповедници, а популарноста на групните собирања им овозможила публика за нивните есхатолошки прогласи. На овие собири религиозното воодушевување преминувало во еуфорија. Околу 200 проповедници му помогнале на Милер во ширењето на неговите гледања и до 1840 година ги имало околу 50.000 следбеници кои се нарекувале „Милеровци“. Кога Христос не се вратил во текот на предвидената година, Милер ја признал својата грешка, но еден од неговите ученици повторно го „пресметал“ времето на Второто доаѓање за 22 октомври 1844 година. Толку било напнато нивното очекување, така што кога дошло „големото разочарување“ извесен број милеровци во права смиса на зборот полуделе, а некои дури извршиле и самоубиство, а повеќето едноставно се вратиле на својата претходна конфесионална припадност.
    Во меѓувреме, Џозер Бејтс, се убедил дека светиот ден во седмицата е саботата, Сабат, и овој ден попрво требало да се слави отколку неделата. Ова наизглед ново учење меѓу протестантите, во суштина било позајмено од баптистите на седмиот ден. Официјално било осудено од умереното крило на милеровците во 1845 година, но веќе следната година го ширела помала група под влијание на младата „пророчка“ Елен Г. Вајт. Елена се омажила за Џејмс Вајт, адвентистички проповедник. Подоцна, имала видение кое ја разработило Едсоновата верзија. Таа објавила дека Господ во 1844 год. „влегол во небескиот храм да ја исчисти земјата од тешкиот грев - осквернување на саботата. Ќе се врати на земјата кога ќе ја заврши оваа задача“. Оваа венчавка на саботарка со адвентист ја создало основата за организација на посебна гранка милеровци, кои го усвоиле името „Адвентисти на седмиот ден“ во 1860 година. Основањето на новата верска организација значело признавање на Елена Т. Вајт како боговдахновена пророчка, која била еднаква со пророците на Стариот Завет. Навистина, Милер веќе бил повлечен од активното водење на движењето, и за кусо време тоа се пренело на Џејмс Вајт, а особено на неговата сопруга. Таа се смета за основач на адвентизмот на седмиот ден. Спротивно на тврдењето на адвентистите дека веруваат во Библијата и само во Библијата, токму книгите на госпоѓа Вајт - таа била плоден писател - адвентистите ги сметаат за првенствен и авторитетен коментар на Светото Писмо.
    По основањето.

    Прашањето за здравјето доминира во теологијата на Вајт. Под нејзино раководство адвентистите продолжиле да основаат институти за здравје и санаториуми во разни делови на САД и во странство. Во 1910 година еден од овие санаториуми во Лома Линда, Калифорнија ги отворил своите врати како колеџ за лекари - евангелисти. Денес адвентистите раководат со многу болници во земјата. Рестораните во овие институции нудат само вегетаријанска храна (најверните адвентисти се вегетаријанци, а употребата на кафето, чајот и алкохолот е забрането), а болничките пастори нудат духовна утеха, и им даваат упатства на пациентите што се базирани на записите на Елена Г. Вајт. Многу од овие болници го комбинираат традиционалното лекување со програмите за лекување на зависниците од алкохол и дрога, со посебни одделенија за рак, со престојувалиште за патници и сиромаси, училишта за млади и храм.
    Покрај нивните доктрини што се однесуваат на второто доаѓање и саботата, адвентистите на седмиот ден веруваат дека човекот нема бесмртна душа. Кога еден човеќ ќе почине, едноставно престанува да постои сè до Второто Христово доаѓање, кога Исус ќе им го воскресне телото, и тогаш ќе им даде бесмртна душа. Исто така, тие веруваат во целосното истребување на неправедните (т.е. нема да ги поднесуваат вечните маки).
     
    На smiley22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    195
    Која е таа религија што кога одат во црква се молат и пагаат во транс/несвест? и откако ке заврши црквата се дава пари? црквата се наоѓа во Германија.