Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Насловот на темава е „Буквално се што сакате да знаете за религија“, а зборот „религија“ е широк поим и опфаќа различни религии и деноминации од една дадена религија.

    Затоа, не ми е јасно зошто на некои членови на темава им е тешко да прифатат мислење кое е различно од учењето на, на пример, православното христијанство. Темава не е исклучиво за православието, па да мора секое мислење и учење кое се разликува од него да биде дочекано со демант и контрареплика.

    Почитувајте ги различостите и не бидете ограничени, барем во темава, и оставете ги сите луѓе со различна вероисповест од вашата да се искажат слободно.

    Исто така, добро би било кога секој кој дава одговор на некое прашање на темава, да напише на која религија и деноминација припаѓа, за да на читателите им биде јасно од кој (чив) аспект добиваат одговор, наместо сопственото верско убедување да го претставувате како единствена и апсолутна вистина.



    Он-топик, ако некого го интересира Библијата од еден поинаков аспект, ви ја препорачувам книгата Asimov's Guide to the Bible. Во книгава се обработени сите книги од Стариот и Новиот завет - со историски и географски референци за сите места кои се спомнуваат во Библијата, како и со генеологии и биографии на сите личности со кои сте се сретнале при читање на Библијата. Да напоменам дека книгава не се занимава со религиозниот аспект на Библијата (односно, дали е вистинита или не), туку едноставно се обидува да даде историско-географски контекст на местата и личностите од Библијата.

    Исак Асимов бил професор по биохемија и еден од најпознатите сф-писатели и интелектуалци на 20-иот век, со огромен придонес и кон литературата и кон науката. Без разлика дали сте верник или не, книгава вреди да се прочита. Можете да ја симнете на следниов линк.
     
    На daylight, theowndemon, minne992 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Кога сме кај овој разбојничко-еретички собор, зошто криеш, дека иако нечестив, сепак и тебе и на тие што мислат како тебе ви фрлиле анатема? Ама пак ќе повторам, како што не го почитувате Соборот во Елвира, така не го почитувате и овој еретичко-разбојнички собор! Заеднички е секташкиот и атеистичкиот пристап кон Светото Писмо и Предание. Ете на пример, атеистите викаат дека во Светото Писмо пишува дека нема Бог, прескокнувајќи дека тоа го велат безумниците во срцата свои, а секташите цитираат само тоа што им одговара. Така ги цитираат и одлуките на светите Собори, но и на разбојничко-еретичките собори.

    (3) If anyone does not confess that the holy Virgin is truly the Mother of God, let him be anathema.
    Кто не исповедует, что Еммануил есть поистине Бог и что поэтому святая Дева есть Богородица, потому что она по плоти родила Слово Божье, сделавшееся плотью, да будет ему анафема.
    Ако некој не исповеда дека светата Дева е вистинска Богородица, нека го биде анатема!

    (15) If anyone shall not confess the holy ever-virgin Mary, truly and properly the Mother of God, to be higher than every creature whether visible or invisible, and does not with sincere faith seek her intercessions as of one having confidence in her access to our God, since she bare him, let him be anathema.
    Кто не исповедует, что Приснодева Мария воистину Богородица, что она выше всякой видимой и невидимой твари, и не просит у неё ходатайства с искренней верой, как у имеющей дерзновение к рождённому от неё нашему Богу, да будет ему анафема.
    Ако некој не исповеда дека светата секогашдева Марија, вистинска Богородица, е повисока од секое творение видливо или невидливо, и не го бара Нејзиното посредништво, со искрена вера, од Онаа Која има дерзновение кај од Неа родениот наш Бог, нека го биде анатема!

    (17) If anyone denies the profit of the invocation of Saints, let him be anathema.
    Кто не исповедует, что все святые, бывшие от века и доныне, угодившие Богу и до закона и под законом и под благодатью, досточтимы пред очами Его как по душе, так и по телу, и не просит молитв у них, как у имеющих дерзновение, согласно церковному преданию, ходатайствовать о мире, да будет ему анафема.
    Оној кој ја отфрла користа од застапништвото на светците, нека го биде анатема!

    Фала ти што ме натера да го најдам оросот на лажевселенскиот собор. :) Навистина сум ти благодарен. Ако не беше ти, немаше да го прочитам ни овој еретички орос (ереста е само во непочитувањето на светите икони), ни правилата од Елвирскиот помесен собор. И согласно овој орос, се надевам дека ќе почнеш да ги почитуваш и светците и Пресвета Богородица, барем онака како што ги почитувале 338. еретици собрани во палатата Хиерија.

    На најблагочестивиот и свет патријарх Герман Константиноградски, на светиот Јован Мансур (Дамаскин) и на правдољубивиот и вистиноглаголивиот Георгиј, вјечнаја памјат! Вјечнаја памјат! Вјечнаја памјат! Вјечнаја памјат!
     
    На Rama, Bulgarian, Philippa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Да седнат на кафе религиозниве јас незнам кој би си дал збор прв да зборува , вака се препукуваат а не пак во живо:worried:8-|:(
     
    На Orthophill, theowndemon и fallenangel им се допаѓа ова.
  4. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Додуша во животов преживува тој што работи и има да си ги преживее деновите, а не според кој мисли дека е религиозен и е , :)

    За религиозните и нивното мислење никој ништо не ги плаќа освен што имаат мир во душата и едните и другите :)

    Пред Господ сите сме едно исто , и незначи дека невредиме во неговите очи и тие што се "мислат" .
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    @Orthophill ако може а и другите членови кои имаат познавање од религиите, библијата..Ме интересира дали пеколот е створен во исто време кога човекот добил на подарок слободна воља?
     
  6. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Многу ме интересира дали Господ враќа за сите направени гревови?
    И ме интересира животот после смртта. Постои или не?
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Има вакава тема веќе на форумов во која доста се дискутираше.
    Секој грев си има своја тежина. Секој грев со себе повлекува и казна.
    За сите гревови, ќе сносиме одговорност, било на овој или на оној свет.

    Како што веќе и пишав во реченицата погоре, значи по смртта има живот, душата продолжува да живее онаму каде треба по заслуга, спрема она што човекот го правел на овоземскиот свет.
     
    На Rama, minne992, larrachi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.214
    Допаѓања:
    4.253
    Господ никогаш, никому не враќал и нема ниту да враќа некому за нечии гревови. Господ е како сонцето. Свети и грее не прашувајќи за односот на живите суштества кон него. Сонцето не вели сега ќе зрачам светлина и топлина за да го наградам цвеќето поголемо и поубаво да порасне, а ѓубрето да го казнам да почне да смрди. Неговото постојано зрачење предизвикува различни ефекти врз различни работи, но во основа тоа е истото зрачење од истиот извор. Така е и со гревот. Тој доколку благовремено не се исчисти (преку молење за прошка, простување и поправање) може да излезе на виделина (такаречи ѓубрето да се усмрди) во текот на овој или некој од наредните животи, но не е Бог тој кој што го предизвикал гревот и неговите последици. Затоа се вели „Што човек сее, тоа еден ден и ќе жнее„ односно секоја акција има соодветна реакција.

    Луѓето во древните времиња поради своето отпаѓање од Бога и стеснување на нивната духовна свест, ги заборавиле овие духовни законитости и почнале да измислуваат и веруваат во богови на кои им придодавале човечки особини какви што и тие самите (луѓето) ги имале. На пр. гнев, љубомора, наклонетост, ненаклонетост, казнување и тн. Делумно, тие погрешни сфаќања се пресликале и во списите на големите религии кои веруваат додуша само во еден Бог, но му припишуваат слични застрашувачки особини како кај оние од паганските времиња. Меѓутоа тие погрешни представи за казнувачкиот Бог немаат ништо заедничко со изворните Божји објави преку вистинските пророци кои упатувале и упатуваат дека Бог е вечна добрина, мирољубивост и љубов.
    Од божествените објави преку пророците кои имале и имаат увид во тие нешта, дознаваме дека постои.

    Меѓу останатото тоа може да се спореди со училиштето. Во училиште се оди привремено, но по завршувањето на образованието, иако не сме повеќе ученици или студенти, сепак ние продолжуваме да постоиме. Така и овоземниот живот што го живееме е привремен а не вечен, по смртта ние повеќе не сме човек туку духовна душа без физичко тело, но ние продолжуваме да си постоиме.

    Како што е важно да се заврши училиштето и да се стекнат извесни вештини за да напредуваме подобро и полесно низ животот, така исто е важно да се проживее правилно и овоземниот живот за да како душа по смртта на телото, полесно и подобро напредуваме кон вечниот Живот, кој се нарекува и Царство Небесно.
     
    Последна измена: 16 октомври 2016
    На larrachi и rose60 им се допаѓа ова.
  9. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Само едно е потребно. Да го бараме најпрвин Царството Небесно и сѐ друго ќе се придодаде. Поздрав!
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    За да го најдеме царството небесно треба да бараме и на земјата, да тргаме дрва и камења, да собираме знаења, да разликуваме, споредуваме.....ако е патот до царството со коленичење, молење, и послушност од страв, тогаш воопшто не требаше да постои светот.
    Прашањето ми беше од кога постои пеколот??
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    СВетите отци велат дека пекол е и овде на земјата кога не се гледаме лице в лице, кога не се сакаме и сл. Инаку мислам дека и сама си одговори уште кога праша, ќе дополнам само за послушноста.. Христос беше послушен, ако се нарекуваме христијани треба да се однесуваме како Него :)
     
    На Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Бидејќи никој од членовите на овој форум не е личен портпарол на Господ, многу е важно кое гледиште сакаш да го чуеш? Дали личното наше интуитивно гледиште? Дали гледиштето на некоја религиозна личност (современ пророк, свет отец, папа) од сегашното или минатото за која ти веруваш дека е медиум преку која Бог зборувал? Или пак го сакаш Библиското гледиште т.е. она што Исус и Неговите апостоли го кажале за прашањата кои ги поставуваш?
     
    На rose60 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Човек може да биде послушен на секој и сешто. Човек може да биде послушен и на идеологијата на Хитлер. Не е доволно да бидеме послушни. Многу е важно на кому и на што сме послушни.

    Хрисос беше послушен на Бог и на Божјата воља, а не на човечките традиции. Исус беше послушен на Светото Писмо (тогашниот стар завет, бидејќи новиот не беше уште напишан). Ако се нарекуваме христијани, треба да се однесуваме како Нео :)
     
  14. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    На никој не верувам.
    Никој не се вратил да каже како е.
    Кога ќе умреме готово е, не` снемува.
    Исто како кога си под целосна анестезија, адиос. Така е и смртта сигурно. Ни задгробен ни подгробен живот. Стануваш ништо, те јадат црви... За жал. А душата.. душата те боли сигурно ама не ја осеќаш. Нема да читаш фемина, нема да знаеш ништо. Ете тоа е се`.
     
    На rose60 и Gosh им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Најдобро е да ја прочиташ Библијата ако веќе не си го направила тоа.
     
    На Orthophill, EvAngelos и larrachi им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Ако ни на Исус не му веруваш, тогаш уште помалку би требало да ни веруваш на нас членовите на форумов тука :)

    Иначе Исус се вратил од смртта при Неговото воскресение потврдувајќи го тоа со многу непобитни факти т.е. баш онака како што и се очекува од Бог кој сака да му се објави на човештвото. Еве ти линк каде можеш да прочиташ 12 добри аргументи кои мене ме убедија во веродостојноста на Христовото воскресение. И јас бев тежок скептик за тоа порано. Прочитај ги, па ќе праиме муабет :)
     
    На rose60 и Херкул им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Според учењето на Библијата човековата душа оди во рајот не според делата што сме ги правеле и не според нашата заслуга, бидејќи ако е според нашата заслуга, тогаш секој од нас ќе заврши во пеколот. Зошто? Затоа што никој од нас не е безгрешен, а Библијата вели дека заслуженото за гревот е смрт и тоа не е само телесна, туку и духовна смрт (пекол)

    „Заслуженото за гревот е смрт“ (Римјаните 6:23, Библијата)

    Затоа и во стариот завет се жртвувале (убивале) животни за гревовите на луѓето, за да се потенцира сериозноста на гревот и Божјата казна за гревот - смрт.

    Според Библијата ние луѓето се спасуваме од казната за нашите гревови (пеколот) преку вера во спасителот Исус Христос, а не преку нашите дела и заслуги. Еве ќе цитирам директно од Библијата:

    „Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој.“ (Ефешаните 2:8-9, Библијата)​
    • Благодат - тоа значи милост, незаслужен подарок, во случајов Божји дар. Дарот е нешто што не се заслужува.
    • Преку верата - тоа значи дека преку верата се спасуваме.
    • Не е од вас самите - значи не е од нашите дела и заслуги,
    • Не е од делата - значи не е од нашите пости, ниту од нашите запалени свеќи, ниту од тоа колку пати сме вртеле бројаница, нити од тоа колку пари сме дале на луѓе што просат или колку сме посетиле болни и слично. Колку и да се правиме добри и совршени и побожни, не сме ни одблиску (за сите луѓе зборам).
    • За да не се фали некој - На судниот ден никој нема да може да застане пред Божјиот престол и да се пофали дека заради неговата/нејзината добрина или побожност тој дошол во рајот. Никој. Сите што ќе бидат спасени ќе речат дека се спасени преку Божјата милост која се излеа преку Исус Христос и Неговата жртва на Голготскиот крст каде што тој плати за сите наши гревови.
     
    На rose60 и baba Rada им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Зошто мене ме цитираш? :)
     
    На Petra777 и Orthophill им се допаѓа ова.
  19. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Ти реков дека не е потребно сега тоа ;)
    Кој ја учи азбуката не чита од дебелите лектири ;)
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Затоа што сметав дека нешто треба да биде библиски корегирано за да не бидат погрешно насочени останатите.
    Уопште не се замарам кого цитирам, туку што цитирам.
     
    На Херкул, Bender Rodriguez, Sky-butterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.