Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Ти се најде да корегираш? :D
    Па уште вика да не бидат погрешно насочени а ти цело време тоа го правиш. Фала му на Бога јас не паднав на тоа.
     
    Последна измена: 17 октомври 2016
    На Petra777, Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Епа еве те корегирав во претходниот пост и тоа со докази од Библијата. Ако мислиш дека погрешно насочувам, повели корегирај ме ама аргументирано, со Библиски цитати. Секој може да рече "ти не си во право". Но да видиме дали аргументите те подржуваат во обвинувањето.
     
    На Gosh, Bender Rodriguez и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Нема што да се замарам јас со тебе. Јас сум православна христијанка и тоа доволно говори за разликата меѓу нас.
    Најтрагично е што православниве кои не се доволно упатени тебе ти веруваат, а ти плукаш по православието.
     
    Последна измена: 17 октомври 2016
    На Petra777, Rama, Bulgarian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Вака одговараш секој пат кога немаш аргументи. Прво ќе пишеш нешто што е тотално спротивно на Библијата и откако ќе те корегираат, ќе обвиниш (неаргументирано) еве како сега дека не сум во право без да објасниш зошто не сум во право, а потоа откако ќе ти бидат побарани аргументи, ќе кажеш нешто у стилот „не ми се дискутира, си знам ја во што си верувам...“ :)

    Значи тука тема на дискусија не е „разликата меѓу нас“, туку девојката праша за задгробниот живот и дискутираме што Библијата учи за тоа, дали по наша заслуга се стига во Рајот или пак преку вера во Исус Христос т.е. преку милоста Божја искажана преку Исус. Јас објаснив што Библијата учи т.е. дека е второто. Не ти објаснував специјално тебе, туку објаснував за сите читатели на форумов. Ако сакав само тебе да ти објаснувам, ќе ти пишев лична порака. Секој што чита овде е доволно писмен и се надевам доволно интелигентен за да види дали објаснувањето и библиските цитати држат вода или не.
     
    На Gosh, Херкул, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.752
    Пол:
    Женски
    Ама овде православни прашуваат а ти како протестант им мачкаш очи.

    А и да сакаш да ми пишеш мене лична порака не можеш. :D
     
    Последна измена: 17 октомври 2016
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  6. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Вера без дела е мртва.Се тоа што го кажува Св. Апостол Павле е за да не се возгордеат некои дека поради нивните дела станале побожни и заслужуваат вечен живот.Туку дека е дарум дадено преку верата.Но не џабе кажува и дека вера без дела е мртва.Тоа значи дека без добри дела нема спасение.Значи треба добри дела да се прават ама неможе обичен човек да ги прави ниту може да ги заслужи.Треба добри дела да се прават кои ќе не спасат за живот вечен.Збунет си.Неможеш да сфатиш.Кој ќе не извади од оваа збунетост.Само дарум од Бога одкако поверувавме во православието и се крстивме.Без Бога нема ни добри дела.Без Бога ниеден човек неможе да се пофали со добри дела дека заслужил живот вечен
    Ако се фалам со Бога ќе се фалам.Дека не поради моја способност правам од мене добри дела,туку по божја сила.
     
    На sonuvana, Rama и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  7. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Ти имаш директни цитати од библијата и директно промашување на нивното толкување.
     
    На Rama и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Апостол Павле не го вели тоа, туку апостол Јаков и тоа го вели дискутирајќи ја мртвата вера. Апостол Павле вели дека мртвата (лажна) вера не може да те спаси. Додека живата (вистинска) верата од која што по неопходност произлегуваат богоугодни дела и те како е спасоносна.

    „Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе. Но ако некој рече: ти имаш вера, а јас имам дела. Покажи ми ја својата вера без дела, а јас ќе ти ја покажам верата од моите дела.“ (Јаков 2:17-18, Библијата)

    Значи апостол Јаков воопшто не оди спротивно на учењето на Исус и апостол Павле и другите апостоли. Апостол Јаков само кажува дека лажната (мртва) вера не е спасоносна. Јаков вели дека „секој може со устата да рече дека верува во Исус“. Но чија вера е вистинска, ќе се познае по делата што произлегуваат од таа вера.

    Еве ти една илустрација. Што му дава живот на дрвото? Дали коренот кој црпи храна и вода од земјата или пак плодовите? Се разбира дека коренот. Но доказ дека коренот е здрав и си ја врши работата ќе го познаеш според плодовите. Плодовите не му даваат живот на дрвото, ама пак се доказ дека коренот е жив.
    Поздрав!
     
    На baba Rada и Херкул им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки

    1.
    Мачкање очи е кога некој (како ти на пример) пишува невистини од Библијата и притоа нормално не наведува каде во Библијата го пишува тоа. Е ова е мачкање очи бидејќи читателот не може да провери со свои очи дали навистина тоа го вели Библијата, туку треба да верува дали тоа што си му го намачкала на очите е навистина Библиско учење или пак твое лично убедување.

    2. Членот што го постави прашањето, меѓу другото го пиша и следново:

    „Никој не се вратил да каже како е.
    Кога ќе умреме готово е, не` снемува.
    Исто како кога си под целосна анестезија, адиос. Така е и смртта сигурно. Ни задгробен ни подгробен живот. Стануваш ништо, те јадат црви... За жал.“


    Дали е ова православно верување? :) Или пак класично агностичко/атеистичко верување? Повеќе од 90% од „православните“ во Македонија немаат допирни точки со православните верувања (нити знаат кој е Јован Дамаскин, ниту пак Григориј Палама - луѓето на кои што ти и другите ултра-православци ја темелите својата вера), а единствено се нарекуваат „православни“ затоа што МПЦ им измачкала очи дека верската припадност е исто што и националната/етничката припадност. Е тоа е мачкање очи.
     
    На Gosh, rose60, daylight и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Срам да ти е што плукаш по православието и МПЦ.Став на еретик,секташ.
     
    На Petra777, Rama, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Фактот што мнозинството номинални православни верници вооптшо не веруваат во православните верувања (а некои не веруваат ни во Господ како што можеме да видиме и на форумов) воопшто не е плукање по православието. Тоа е факт што го признаваат и многу попови, факт што го знаат и птичките што ја прелетуваат нашата земја. И меѓу луѓето што одат во протестантски цркви, иако ретко, сепак ќе најдеш некои што не веруваат во Господ и во Библијата и воопшто не сметам дека е плукање по протестантизмот ако некој го спомне тој факт. Едноставно, тоа е вистината, реалноста.
    Ти треба да се засрамиш што плукаш по протестантите нарекувајќи ги еретици, секташи.

    Еве на пример и твојата православна соверничка @Bitter-Sweet јавно пиша на форумов дека верува дека и муслиманите можат да се спасат без Исус, верува дека Алах ќе им даде вечен живот. Ајде биди муж и кажи јасно и гласно дали е ова верување на православието? Ако пак не е верување на православието, тогаш машки признај дека дури и меѓу вас гласните православни верници овде има такви кои не веруваат во православните верувања, а што па останува за другите.
     
    На rose60, baba Rada, Херкул и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Не ми мотај змијски јајца јасно се изрази дека МПЦ им измачкала очи.МПЦ никогаш не рекла дека верската припадност е исто како националната.Тоа е клевета спрема МПЦ,омраза и навреда на православните,говор на омраза со користење лаги.Срам да ти е што јавно лажеш и ја клеветиш МПЦ за нешто што никогаш не проповедала ниту рекла.Со вакви евтини лаги и со говор на омраза можеш да заведуваш само слабодушни,дете на протестант,атеист и по некој што на форумов учи библија.
     
    На Rama, Orthophill и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Ако сум се изразил јасно, значи не мачкам очи. Мачкашите на очи обично се нејасни и вртат одоколу.
    Фразата „мачкаш очи“ ми беше неаргументирано упатена мене, ја само ја завртев обратно за да илустрирам што е вистинско мачкање очи.

    Примери каде што верската заедница МПЦ ја изедначува националната припадност со верската има колку сакаш. Пушти телевизија кога по повод некој празник ќе има јавно обраќање на архиепископот и ќе чуеш како вика „Возљубени македонци, нашата македонска црква, нашата православна земја, повеќе од пола од говорот му е проповедање национализам или етнофилетизам.

    Најдобар пример е кога македонецот Јован Вранишковски се обиде сосема легитимно и законски да си основа нова верска заедница „Охридска Архиепископија“ и тоа со благослов од матичната СПЦ (од која произлегла и МПЦ ама расколнички, без благослов и затоа е непризнаена во православниот свет!). МПЦ немајќи аргументи дека тој прави нешто неканонско, почна да манипулира со националното чувство кај македонците клеветејќи дека Јован сака да го раздели македонскиот народ, дека тој е србоман, национален и државен предавник т.е. повторно да ја меша верата со нацијата т.е. замена на тезите. Исто така МПЦ ја искористи и политичката моќ во соработка со „секуларната“ власт за да не му дозволи регистрација, па дури и да го пикне во затвор и со тоа брукајќи ја Македонија во светот како земја која сеуште живее во мрачниот век на инквизицијата, па мораше да се меша и Европската комисија за човекови права. Резил за Македонија во 21 век.
    После ова Македонија го ревидираше верскиот закон со цел да оневозможи друга православна црква во Македонија и не само тоа, туку и во соработка со „секуларната власт“ направи да никоја друга верска заедница не може да се нарече „Македонска“ демек другите верски заедници се немакедонски (иако рамноправни пред законот), а само МПЦ била македонска. Од ова поголемо мешање на националната припадност со верската амин!

    Или еве ти друг пример кога некои свештеници се огласија против паганското вртење лепче со париче за Бадник, некои од нив велеа дека тоа е „спрски обичај“, а ние сме македонци и не треба да го правиме тоа. Овие свештеници сметаат дека кај македонецот повеќе ќе упали отколку пагански, алудирајќи му на тоа да го мрази српското, а да го сака македонското. Зарем не е тоа мешање национализам со вера?

    Зарем не е мешање на национализмот и манипулирање со фактите тоа што МПЦ му прави панихиди на основачот на македонската државност - Гоце Делчев и лажејќи го народот дека тој бил православен, кога е факт дека Гоце бил унијат? Унијатот е католик кој практикува источен обред но е под јурисдикција на Римокатоличката црква.

    Туку не ми одговори дали православните веруваат дека муслиманите можат да се спасат и без Исус и дека верата во Алах исто така ќе им донесе вечен живот? :)
     
    На rose60, Bender Rodriguez и baba Rada им се допаѓа ова.
  14. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Доволно е да ги послуша la\eоците-еретици од иконоборечкиот еретичко-разбојнички цариградски собор свикан против светите икони. Ама се` со тек на време. До пред некоја година пишуваше дека Православието го основале светителите од 4. век. Сега ги признава и нив... Сега му сметаат оците од 7-14 век. Со тек на време ќе почне да тврди дека Православието го основале во 21. век.
    Патем, светите икони не се играчка па да им се праќаат на иконоборци...
     
    На Mama25, Rama, Bulgarian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Сакам да те прашам тебе а можат и другиве верници да одговорат.
    Дали некогаш ви се случило т.с.дали сте биле во состојба кога сте биле свесни на својата свест, кога сте ја разбирале својата вера, дали сте биле скептици,сомничави во Бога?
    Дали вашата вера е по заслуга на логика и разум или е потикната од емоции?
     
    На rose60 и Petar80 им се допаѓа ова.
  17. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Дали твојата е потикната од емоции како што и претпоставував,бидејќи нели мајка ти била протестант?!.
     
  18. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.515
    Тешко е да останеш доследен на принципите на својата вера во општество полно со гревови и искушенија...
     
    На Bitter-Sweet и baba Rada им се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Незнам што ја спомнуваш мајка ми:(
    Што се однесува до моето верување, сигурно дека се водам по некоја моја логика и разум, верувам во еден творец на сето ова видливо и невидливо:?:
    Е сега што се однесува до емоциите, па и скептицизмот, ете баш на тоа поле не стојам баш најдобро кога е во прашање Творецот и мислам дека Бог "работи" по негова слободна воља а не по некое универзално добро или универзална правда.
    Признавам дека многупати се сомневам, но мислам дека сомневањето бо Бога не значи и неверување.
    Дали сум ја гностик??
     
    На rose60 и Petar80 им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Скоро секоја партија што губи на избори се лути и ги нарекува изборите нерегуларни, ги нарекува опозиционерите со погдни имиња, а оние од својата партија се тие „светите“. Ништо поразлично и со црковните собори на институционализираната црква. Соборите (4 или 5 на број) каде што вие сте изгубиле на избори ги нарекувате еретички, разбојнички, а соборот каде што сте победиле - тој бил тој правиот, светиот :) Они па обратно, првите ги нарекуваат свети, регуларни, а вашиот го нарекуваат еретички, разбојнички итн. Објективност нула! Тоа што војската на иконопоклонците била воено помоќна од иконокластите (неподржувачите на икони), не значи и дека тие се во право. Исус никаде не рекол дека вистината е кај оние што имаат повеќе оружје или повеќе војска!

    Исус рекол дека Негови ученици се оние кои ги исполнуваат Неговите заповеди, а не заповедите на некој си Јован Дамаскин од 8ми век. Исус рекол само на Бог да му се поклонуваш, а Дамаскин вели дека ако не им се поклонуваш на иконите ти си непријател Божји. Ти сам одлучи си кому ќе веруваш, дали на Исус или на Дамаскин. Сепак биди сигурен дека на Судниот ден ќе се појавиш на суд пред Исус, а не пред Јован Дамаскин.

    Можеш ли да пишеш 3 поста по ред, а да не ме клеветиш во еден од нив? Никогаш не сум тврдел дека православието го основале некакви си светители од 4ти век... кога клеветиш барем цитирај ме или посочи линк каде јас сум рекол такво нешто.
    А што се однесува за тоа дека ги „признавам“ црковните писатели од 4ти век, не знам што ти значи тоа „признавам“? Дали признавам дека историски постоел Јован Златоуст или Василиј такозвани Велики? Тоа го признавам да. Признавам и дека доста убави работи пишувале. Но секако дека не признавам дека нивните пишувања и толкувања на Светото Писмо биле боговдахновени, безгрешни, ниту пак приближно на исто рамниште со Светото Писмо.