Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Ти одговорив погоре и со текст и сликовито.

    Шо мајка барам у цркви каде што не се слави Бог, туку упокоени светци (луѓе) и каде што не се поучува Божјото Слово туку други подоцнежни пишувања кои се дијаметрално спротивни на Исусовото учење?
     
    На rose60, Херкул и baba Rada им се допаѓа ова.
  2. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Прекрасен е Бог во Своите светии.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  3. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Отворено јавувајќи им се на оние,
    Кои Го бараат со сето срце,
    И скривајќи се од оние,
    Кои со сето срце бегаат од Него,
    Бог го регулира знаењето на
    Луѓето за Него. Тој дава знаци,
    Видливи за оние кои Го бараат,
    И невидливи за рамнодушните кон Него.
    На оние кои сакаат да видат,
    Им дава доволно светлина.
    На оние кои не сакаат да видат,
    Им дава доволно темнина.
    Блез Паскал
     
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.867
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Машки
    Бидејќи не сакаш да ми се извиниш, па уште и ме праќаш на психијатар, а и модераторите не реагираат; морам да ти укажам на архистратигот кој направи грешка и не се покаја и не ни сака да се покае или да се извини. Тоа е некогашаниот Сатанаил, кој отпаѓајќи од Бога поради својата гордост постана Сатана!
    Да не го следиме неговиот пример, туку да го следиме примерот на светиот цар Давид, кој згреши и преку пророкот Натан се покаја. Слично направи и светиот цар Теодосиј Велики. Нивните примери да ги следиме.
     
    На Serafima, Rama и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  5. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Bog e ednakvo na Ljubov.....a ljubovta najsilno čuvstvo koe go imame kako blagoslov i dar od nego....smeeme li da se nadevame deka onie koi gi sakame,a ne go spoznale Boga ke bidat spaseni preku molitvite naši?
    Deka nie samite ke bideme spaseni možebi preku molitvite tudji za nas?

    Jasno deka e ova postojano prašanje so koe se soočuvaat site koi gi doprela milosta Božja i nikoj možebi i nema vistinski odgovor.
    Sepak bi sakala da gi pročitam razmisluvanjata vaši.:)

    Jas veruvam deka bliskite i so ljubov ispolneti odnosi sekako ke se prodolžat i vo rajot,inaku ne e možno da bideme srekni tamu bez nasite bližnji,ili pak tie bez nas....zar Hristos ne e vistinski primer kako toa so ljubovta se slučuva?

    Pa iako e zapišano deka Bog e praveden,sepak ljubovta i milosrdieto se najtesno povrzani so nego....poradi toa sakam da veruvam deka mnogu ke bidat spaseni preku molitvite na onie koi gi ljubat.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.753
    Пол:
    Женски
    @sonuvana
    Секако дека треба да се молиме за другите и дека Бог им помага кога се молиме за нив.

    ,,...молете се еден за друг… енергичната молитва од праведен човек има голема сила!” (Јаков. 5:16)

    И јас редовно во моите молитви ги споменувам другите. Не само што верувам туку и знам дека Бог им помага кога го правам тоа. Сметам дека најсилна љубов е таа кога некој е спомнат во нечија молитва. :)
     
    На Orthophill, Vitaly и sonuvana им се допаѓа ова.
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски
    Navistina e taka.:)

    No,jas se zaprashav smeeme li da se nadevame deka milostiviot Gospod ke im podari makar najmalo koshe vo rajot na onie za koi se molime ili na nas preku onie koi se molat za nas ?

    Dali ljubovta kako ogledalo na Boga vlijae pri spasenieto na necija dusha?

    Ako pojdeme od faktot deka vistinskata ljubov ima sila najgolema :)
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.753
    Пол:
    Женски
    @sonuvana Кога станува збор за спасение на душата и место во рајот, за тоа треба многу пот а не само молитва. :) Молитвата може да им помогне додека се овде.
    Има една изрека кај светите Отци: „Три работи ќе го изненадат спасениот човек на небото: прво, дека е на небото; второ, дека ги гледа оние што не очекувал да ги види, и трето, дека не ги гледа тие што очекувал да ги види таму“.
    Она што ние можеме и треба да го направиме за нивната душа е да им ја посочиме важноста на покајанието и исповедта. Тоа е она што ќе им донесе спасение. :)
     
    Последна измена: 1 ноември 2016
    На Serafima, korisnichka, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.267
    Допаѓања:
    2.789
    Пол:
    Женски

    Mozebi nema da vidime nekoi lazni vernici koi gi ocekuvame,no ke ne iznenadat nekoi koi se tamu,spaseni preku molitvite od vernite.:)...sekako pod uslov i samite da bideme makar na rabot od Carstvoto Bozie.:)
    Pravoslavieto pociva na ljubov i milosrdnost pred se.....pa poradi toa i mojata nadez.:)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  10. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Наше е да се молиме, да го исполниме нашето, а Господ знае кому што и кога му е потребно. Да не заборавиме дека Христос ги нарекува грешници сите што не ги љубат своите непријатели. Ако ги љубиме оние што и нас нѐ љубат, навистина, каква ни е наградата?
     
    На Rama, sonuvana, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Лелееееее, навистина неможам да сфатам, аман со тоа грешници и грешници!!
    Како може некој да го љуби убиецот на своето дете, силувачот на својата ќерка, како може да се љубат педофили, манијаци, убици..абе дај молимте објасни ми ја таа глупост???????
    Никаква награда не ми треба кога ќе умрам, сакам само нормално да живеам, со нормален разум.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    Добро така изрази се,барем да знаеме зошто цело време го подржуваш ЕвАнгелос.Инаку не одговори дали си наклонета само емоционално кон протестанството само бидејќи мајка ти била тоа?!Дали емоциите се водичот твој?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Смешни сте со муабетиве „го поддржуваш овој или оној“, како и со меѓусебното тапшање по рамо. :D

    Темава не е за христијанство, а уште помалку за православие - туку за религија. Прифатете дека постојат и други христијани освен православните и дозволете им и на тие што размислуваат различно од вас да се искажат или да прашаат нешто, без веднаш да ги напаѓате или да рипате у дефанзива.
     
    На Gosh, daylight, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  14. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Подобро би било ти да одговореше како можеш да го сакаш твојот непријател,нели се претставуваш некој си верник..иако од досегашните твои зајадливи прашања кон мене, повеќе осетив непријателство и не ми се вклопува во тезата дека вие таканаречените верници ги љубите своите непријатели кга едвај чекае да ги нападнете. Никогаш не си одговорил на прашања и секогаш си циничен.
     
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.207
    Пол:
    Машки
    Нашите молитви секако дека допринесуваат нечие срце омекне, да ја признае својата грешност пред Бог, да се покае за гревовите и да поверува во Исус. Но, Библијата е јасна по тоа прашање дека секој мора лично да се покае и да поверува во Исус за да биде спасен. Со други зборови, доколку некој тврдоглаво не се покае до последен здив и не поверува во Исус, нема да биде спасен без разлика да и сите христијани на планетава би се молеле за него/неа.

    „Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не верува во Синот, нема да види живот, но гневот Божји ќе остане врз него.““ (Исус Христос, ев. Јован 3:36, Библијата)

    „Но ако не се покаете, сите ќе загинете така.” (Исус Христос, ев. Лука 13:2-5, Библијата)

    За жал во православието постои едно небиблиско верување за ткн. „митарства“ или царини по патот до небото каде што душата на починатиот патува 40 дена по смртта. Според поповите на тие царини (митници) душата ја пречекуваат злите духови (митари) и бараат од неа откуп за гревовите што ги направила во нејзиниот живот. и наводно на празниците познати како „Задушници“ доколку раздаваш храна „за душа“ со тоа ќе собере поени починатиот и неговата душа ќе може да помине низ овие ткн „митарства“.

    Ова верување не само што е небиблиско и непознато за учењето на Исус и апостолите, туку е и спротивно на учењето на Исус, спротивно на евангелието кое јасно вели дека Исусовата жртва е предоволна за откуп на сите наши гревови и секое дополнително дело или раздадена храна или било што кое ние го даваме како откуп за нашите гревови силно ја понижува Христовата жртва на крстот и Неговата скапоцена крв пролеана за нашите гревови.
    Да не ме разбереш погрешно, не велам дека не треба да правиме добри дела или да раздаваме храна на сиромаси. Она што велам е дека ако се нарекуваме христијани и ако го почитуваме Исус Христос, не би смееле да ја понижуваме Неговата жртва и да ја нарекуваме недоволна со тоа што ние самите би придодавале на неа како откуп за нашите гревови. Тоа е силно понижување на Исус и прегазување на Неговата скапоцена крв.
     
    На sonuvana, A-j-a и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  16. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Ќе одговорам колку можам. Не е православно учењето дека со раздавањето на гробовите се откупува милост за душата на покојниот. Но зошто па празни раце да отидам на гробишта? Што милувам, тоа ќе си однесам. А задолжително е пченица вино и некаде лепче. Доаѓа свештеникот и заедно се молиме. Другото е optional,но Црквата е човекољубива и не забранува да раздаваме. Секогаш и секаде има гладни души. Во деновите познати како Задушница Црквата упатува молитви за сите упокоени. Што се однесува до митарствата, за нив дознаваме од житието на преподобна Теодора. Да не беа молитвите на нејзиниот духовен отец св Василиј Нови немаше сега да збориме. Но фала на Бога за сѐ Кој е моќен да ги исправи нашите стапки.
     
    На Orthophill, Rama и sonuvana им се допаѓа ова.
  17. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Митарствата неизбежно ми одат со исповедта, затоа пак го прикачувам ова
    http://amvon.mk/bez-ispoved-justin/
    Освен на моштите од света Петка, се поклонив и на гробот на старецот што ни ја дава поуката за исповедта. Јустин Парву. Слава на Бога.
     
    На Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  18. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Јас ти викам што вели Христос. Ако најдам, имаше негде на нетов таква приказна....
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  19. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Така вели Христос!?
    Мене ме занима ти што велиш на тоа, дали се согласуваш, дали е возможно нешто такво да се случи меѓу луѓево на оваа наша планета земја?
     
  20. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    ДА - јасно и гласно :)
     
    На Orthophill и Rama им се допаѓа ова.