Prvo ke se pomoli za zdravje na svoeto dete i ke napravi za nego se sto treba. Može posle i da govori za nemilata slučka so cel da ne se povtori.....dali ke i prosti na neguvatelkata,ne znam....možebi eden den
Јас не проповедам туку споделив мое искуство со кое ти кажав дека тоа за кое се сомневаш или воопшто не веруваш, е возможно. Те разбирам, бев на твое место, можеби ти воопшто не веруваш во Бог, не го знам тоа, но согледувам дека не Го познаваш Бог. Јас цел живот верував во Бог, но вистински не Го познавав. Да цел живот слушав и знаев дека Бог е љубов, но едно е да знаеш, а сосем друго е да го разбереш тоа. Не ги согледував повиците, а на тие шо сум ги согледала завршуваа со неуспешно "Ало" од моја страна, зашто бев заслепена од болката и очајот кога Бог на негов начин ми кажуваше: "Аја не те повредувам Јас, те повредуваат луѓето од паднатиот свет. Јас сум љубов Аја, секогаш сум тука, повикај ме, дојди кај мене за да те излечам." Јас наместо вистински да дојдам кај него, јас секогаш Му кукав, сама на себе си наштетував. Не ми се криви луѓето кои ме повредиле, а никако па Бог, тоа што јас воопшто не сум знаела што вистински е љубовта. Правев идопоклонство на болката, очајот, гневот, тагата...тоа е живот на жив мртовец. Најдобронамерно ви споделувам што поминав, како изгледаше порано мојот живот, а како сега, значи може да се сакаат луѓето кои не повредиле. Ви кажува паталец, не гаталец, најмногу се измачува оној кој не знае да простува. Што ни дала христијанската љубов? Зошто мора да поднесуваме и простуваме? - Зошто со тоа добиваш вистинско душевно ослободување и љубов. Кога ќе простиш веќе не поднесуваш, простуваш и идеш понатаму, не се заглавуваш себеси во гнев, омраза итн. Наместо тие одвратни чуства во душата ти се вселува љубов, мир, радост, автоматски ти расте и сочуството, разбирањето, трпеливоста, љубовта кон сите луѓе. Второ, кога Бог направи толку огромно дело на љубов за наше простување и спасение, која сум јас да не простувам? Ако сакам и мене да ми биде простено, зарем не треба и јас да простам? Има еден дел од молитвата Оче наш кој луѓето со закоравено срце не ја сваќаат тежината на тоа што го молат од Бога: "и прости ни ги долговите наши како и ние што им ги проштеваме на нашите должници" “Бидете љубезни еден спрема друг и полни со милосрдие, простувајте си, како што и Бог ви прости преку Христос.” (Ефес 4:32) “Ако се сакате еден со друг, луѓето ќе знаат дека сте Мои ученици.” (Ев. Јован 13:35) “Ако имате љубов спрема Мене, ќе го правите она што ви го заповедам.” (Исус, во Ев. Јован 14:15) Точно поради ова ја бираме љубовта, зошто со цело наше срце Го бираме, прифаќаме и сакаме Бог, зошто Го познаваме и рабираме она што Тој ни го заповеда. кај мене важи паролата око за око, заб за заб. Ако почнеш на секое зло да враќаш со зло и другата страна го прави истото, зло за зло, зло за зло...до каде ќе стигнете со ова, дур не се испоколете меѓусебно сите? Ќе ти донесе мир и радост во животот? Човек што колне не гледа аир пред себе, а не па човек што враќа зло за зло. Не се согласувам со тебе што мислиш дека бог ни дал огромна страхопочит..тоа ти е како верување од страв. Очигледно не знаеш што е стравопочит кон Бог. Ние не се плашиме од севишниот како ти замислуваш, Тој не е зомби. Кога имаме стравопочит се трудиме и гледаме да го избегнеме гревот, да не ги повторуваме грешките, да не го живееме животот како во времето кога не го знаевме Бог. Бидејќи сега го познаваме Кој е и што е, сваќаме што Тој направи за сите нас, му покажуваме почит и љубов кога гледаме да ги избегнуваме гревовите и се трудиме да живееме според Неговиот Закон. Стравопочитта не ја има секој, Бог не ја дели стравопочита на тацна, туку молиме да ни ја даде, таа е почеток на мудроста. Стравопочитта е поскапа и од мудроста која е толку бесцената што сето богатство на светот неможе да ја купи, притоа не мислам на земската мудрост туку на Божјата мудрост што на пример ја имал цар Самоил. Поради ова погоре што го напишав е добро кога се молиме за некој кој не верува или се сомнева во Бог, Бог да му даде стравопочит. Ја молиме да ја имаме стравопочитта зошто Бог не е човек, не е нешто обично, Тој е над се, создател на се, пославен од се, цар над царевите, власт над сите власти, судија над судиите...Тој е нашиот небесен Светец, Алфа и Омега. Мене на самата помислила дека еден ден јас треба да застанам пред Севишниот ми се заледува крвта, со кој образ ќе се појавам? Тоа не е страв од Него туку од мојата грешност. Се надевам дека бар малку ти се разјасни зошто простуваме и ја бираме љубовта.
Би сaкaл дa знaм, aкo мoже некoј oд муслимaните дa ми кaже дaли вo ислaмскaтa верoиспoвед имa светци кaкo вo христијaнскaтa
Не сум муслиман, но одлично го познавам Исламот. Во Исламот нема светци.Тие се строго против идолопоклонство и култивизирање личности. Кај нив е харам (забрането) дури и да се прави слика од Мухамед, а не па некој да му се моли или клања.
Вечер во 20ч во Македонскиот Народен Театар ќе има фестивал на македонска модерна христијанска музика. Влезот е бесплатен, но ќе има билети се додека има билети на влезница. Јас сум еден од организаторите, така што ако некој сака да дојде и сака да се осигура дека ќе има билет, нека ми пише во приватна порака. http://www.time.mk/nastani/6c9e686d1a
Дали одењето в црква и испеаната молитва од попот може да ни помогне од депресија,анксизност и сл? Или мора да се држиме за лекарства?
Зависи од нашата вера, како и за секоја болест. Ако имаме вера и се трудиме ќе ни помогне молитвата. Ама ние мора да го направиме првиот чекор.
Испеаната молитва не помага. Таа нема никаква вредност пред Бог. Песните се за пеење, но молитвите се молат. Никаде во Светото Писмо нема да најдеш пеење на молитви. Тоа не го праеле ниту Исус Христос, ниту неговите ученици (апостоли). Доколку депресијата те држи повеќе од 2 недели, ти препорачувам да посетиш матичен лекар, а потоа тој ќе те упати на психолог/психијатар. Не се секирај, овие професии не се само за психички болни луѓе Ако психологот ти препорача лекарства, држи се до лекарствата како што ќе ти каже. Тоа не ја исклучува и молитвата секако. Јас порано бев болен од рак и си земав стандардни хемотерапии и плус си се молев. Ако само се молиме, а не ја користиме медицината, тогаш ние на некој начин го искушуваме т.е. принудуваме Бог да направи натприродно чудо во нашите животи. А тоа не е добро. Ние треба да ја користиме медицината и современата наука, бидејќи и овие се од Бог, а не од ѓаволот нели?
Може. Ако примаме лекарства треба да се држиме и до нив. Исто така помага и молитва упатена кон светители кои биле лекари, како Свети Пантелејмон, Свети Козма и Дамјан (се празнуваат сега во понеделник).
Се разбира дека да! Преку молитвата која ќе ти ја прочита свештеникот, односно со самото тоа што ќе влезеш во црквата и ќе ги целиваш иконите значително ќе ти се подобри општата психофизичка состојба. За инстант радост во душата те молам посети Литургија во недела или на некој од претстојните големи празници, допрва ги има многу, празникот на Свети Архангел Михаил, празникот на Свети Климент охридски Чудотворец итн. Задржи се во црквата, не брзај да излезеш од неа. Таму имаш закрила и заштита. Молитвата што ќе ти ја прочита свештеникот дополнително ќе те охрабри и ќе ги избрка од тебе непосакуваните духови. Потоа ти самата читај си молитви во својот дом и обрати му се на Господа и на Пресвета Богородица да те извадат од состојбата на депресија. Тие нема да те остават. Лекарствата сами по себе можат да се корисни но антидепресивите особено после одреден период земање стануваат бескорисни по здравјето на човекот. Што не значи дека воопшто не треба да ги примаш. Напротив, ако е тоа советот на лекарот земај терапија но обрати Му се на Господа и тој ќе те научи што понатака. Немој да се лишуваш од многубројните алатки за борба против депресијата. Обрати му се и на свештеникот од кого ќе побараш да ти прочита молитва и прашај го што е потребно за што поскоро да се причестиш. Причесната е најскапоцениот лек што можеш да го примиш. Посети цркви и манастири каде што има свети мошти од нашите светители и целивај ги. Ќе имаш огромна душевна корист. Во Лесновскиот манастир, во црквата на Свети Пантелејмон односно во Светиклиментовиот манастир на Плаошник, во манастирот во Рајчица, во Бигорскиот манастир, во манастирот на Свети Наум и насекаде низ Македонија. А ѓаволот работи преку ликови како Евангелос одвраќајќи ги луѓето од Црквата и носејќи ја нивната душа во пеколот. Да се молиме на Господ да го вразуми Евангелос конечно да почне од својата уста да шири радосни вести а не да треска бесполезни глупости кај што ќе стигне не водејќи сметка дека може да загрози нечие душевно здравје.
@agios, донекаде се сложувам со ова што си го напишала - ако човек е верник, молитва, посета на храм, бакнување икони и свети мошти може да му помогне со болеста - ако не ради друго, тогаш ради плацебо ефектот. И секако, ако си ја прима терапијата пропишана од лекар. Но, има ли потреба од вакви изјави: @EvAngelos не е сатанист или обожавач на Ѓаволот, човекот е протестант и тоа не го крие - и како таков, даде мислење од сопствена гледна точка, односно согласно гледиштето на неговата деноминација. Зошто се што е неправославно да се поврзува со Ѓаволот, а секое учење различно од православието да носи право во пеколот? Ќе се повторам по 100-ти пат, темава е „Се што сакате да знаете за религија“, а не за православието, па малку повеќе толерантност кон другите христијаниски деноминации и останатите религии барем тука не е на одмет.
@Bender Rodriguez темата е "Буквално се што сакате да знаете за религија".Ние имаме право да ги знаеме опасностите за православието .И тоа право треба да ни го почитуваш.
Немам ништо против, но оваа тема не е за тоа. Нека се направи нова тема „Опасности кои го демнат православието“ или нешто слично, па таму нека се предупредува и дискутира за тоа - наместо на општа тема за религија се неправославно да се дочекува на нож.
Да мислев дека има потреба, ќе ја отворев. За разлика од некои, јас имам малце повеќе доверба во православните верници и нивната интелигенција, и не мислам дека туку-така нивната вера и душа може да биде доведена во опасност - со самото тоа што ќе прочитаат или слушнат нешто поразлично од православното учење. Знаењето е богатство, а не хендикеп.
Мислам дека молитви и одење во црква нема да ти помогне со тоа. Како што знам анксиозноста е нешто посериозно од депресијата и за тоа можеби се потребни лекарства, но и не мора да значи. Депресијата може да се надмине со волја за тоа, а не со молитва. Вие не можете само да се молите за нешто, а да не превземете ништо околу тоа. Сакам да кажам дека менувањето на мислите, погледот на нештата, медитацијата и афирмацијата ќе ти помогне многу повеќе.
Ај препрочитај го уште еднаш насловот.Пишува буквално се...така да нема офтопик.Ако не ти се свиѓа отвори си ти тема "Одбрана на протестанството"и таму можеш да си го бранеш.