Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сè што сакате да знаете во врска со религија

Дискусија во 'Религија' започната од AdoLf, 14 јуни 2011.

  1. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    580
    На секоја тема си коректен и те почитувам. Затоа ќе ти одговорам во истиот манир.

    Ако Евангелос е протестант нека пишува, разработува, одговара и нека протестира :D на прашања од простестантизмот. Она што тој го прави а сите имате очи да видите е мешањето во православното христијанство од кое дотичниот има извесни информации но нема опит! Што е сериозно опасно! Поради тоа, и поради неговиот агресивен (протестантски де) однос кон православното христијанство шири безбројни дезинформации на форумов.
    Јас мошне сериозно го сфаќам прашањето на девојка дали ќе и помогне молитвата прочитана од поп за депресија. Евангелос не е православен, а уште помалку поп и тој е овде најмалку повикан да одговара и да се јавува на такви прашања! Дотолку повеќе, тој не ни дава соодветен одговор туку настапува негаторски извртувајќи се што е православно. И додавајќи го својот личен став. Кој што јас го множам со нула.
    Друг пат не е лошо да го посоветувате него во врска со тоа колку (и дали) долично се изразува и воопшто дали има потреба од неговите одговори за православното христијанство. Во тема за религија воопшто никој не му забранува да пишува, но за теми во врска православно христијанство тој лик е небитен ко лански снег. Со тоа што сепак симпатиите на модераторите изгледа се на негова страна па неговите одвратни коментари ги оставаат, а нашите ги бришат.
     
    На Rama, meckicka, Bitter-Sweet и 4 други им се допаѓа ова.
  2. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Волјата се раслабува преку гревовниот начин на живот, кој е денес толку вообичаен што се смета за нормален. Менувањето партнери, сексот пред брак, непослушноста кон родителите, немањето љубов меѓу себе, омразата, завидливоста, надменоста, самобендисаноста итн нас не оддалечуваат од Изворот на Животот и ние сме немоќни да се спротивставиме без помош од Господ.

    Чувствувам должност да кажам дека најголемата измама на ѓаволот е да ги убеди луѓето дека нема ѓавол.

    Не се согласувам дека знаењето е богатство. Напротив, може да биде голема беда, посебно светското знаење, сфатено како обилие од информации. Таквото знаење не може да го исполни човекот, тоа е знаење кое не се заситува, постојано бара свое, бара уште и уште... Но Господ е силен да го исправи патот на тој што ќе поверува во Него.
     
    На Chica.Loca, sonuvana, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што ако ние Православни пишуваме, сме банирани, а ако господин протестант рекламира собри некакви си ( спроведува пропаганда на форумов , која е јасно назначена во правила за користење дека за истата бан се добива), за него овие правила не важат. Малце беше плукање по МПЦ, по светци, 10000 офтопици ... Што веќе да кажам ???
    Ова на се личи само на форум не! (facepalm)
    Ако не се согласува , нека ќути и нека си оди на собири нека си пее таму, нека не остави нас на мира да си коментираме нас што ни одговара.
    Си тера мајтам со девојче кое сака да се излечи од анкс/ депресија а горе па некоја пишала анскиозн била посериозна од депресија (facepalm)
    @GirlLove Не зборам мн за лични проблеми , ама ќе ти кажам дека од обструкции предизвикани од алергии преживеав паничен напад ,мајка ми ме изми со Света вода ,ми помина, заспав. Кга се слави Водици полнам вода од Св. Јован во Капиштец, на тој ден има посебна моќ водата. Кој верува тој е спасен .
    Со искрена молитва се се лекува и погоре @agios ти напиша , изборот е твој.
    Дали ќе пиеш АД , дали ќе одиш на медитации или спасот ќе го најдеш во вера, каде неплодни зачнале, парализирани прооделе , низ Цркви , Манастири , Свети води и сл ...
    Патем прочитај ја Стравот од Коста Петров ќе видиш кој управува и не парализира со стравови.
     
    На Orthophill, Rama, meckicka и 3 други им се допаѓа ова.
  4. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Пополно се согласувам, а секој сам нека си процени, ни дал Господ ум на сите
     
    На Orthophill и Rama им се допаѓа ова.
  5. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Православието е вистинско славење на Бога.
     
    На Orthophill, Rama, Bulgarian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    На Orthophill, Rama, Bulgarian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Има офтопици и на темава, како нема. На пример, еве, оваа наша дискусија е чист офтопик. :D

    Насловот е „Буквално се што сакате да знаете во врска со религијата“, што значи, темава треба да служи за поставување прашање и за давање на одговори, а не за одговарање на туѓи одговори, потценување на туѓата вера, пишување навреди и погрдни зборови.

    Благодарам - исто и јас тебе. :)

    Ми се чини дека има тема за протестанството и дека Евангелос пишува во неа. Од друга страна, ако темава е за религија генерално не гледам проблем и тука да сподели свој одговор на некое прашање од доменот на христијанството, кое, освен православието, содржи уште голем број деноминации, вклучувајќи ја и неговата.

    Се слагам - на теми кои се за православието, секоја дискусија која не е на некој начин поврзана со него е офтопик и апсолутно непотребна.

    Никој не му забранува, но кога ќе напишеш дека „Ѓаволот работи преку него“, мене тоа и не ме асоцира баш на некаква слобода на изразување во темава. И не си само ти - сите православни реагираат на сличен начин, а зошто? - затоа што на општа тема за религија, тој се осмелил да го изнесе своето христијанско-протестантско мислење за одредено прашање.

    Теми за работи поврзани со православието има многу и се слагам дека мислења и дискусии кои се офтопик на дадените теми треба да бидат санкционирани. Но, теми за други деноминации и религии или општо за религија има малку - па дајте, да дозволиме барем во оваа, општава, да се чуе глас и мислење од некој кој не е православен, без притоа да мора да биде нападнат.
     
    На Gosh, LollySky, EvAngelos и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.100
    Пол:
    Женски
    Се согласувам, само што од друга гледна точка може да помогне.
    Молитвите функционираат исто како бајачките. Плацебо ефект.
    Ако навистина некој верува дека ќе излезе од депресија, тогаш целото неково тело ќе го ,,прифати" тоа.
    Ама секако, мора навистина да веруваш, а не само да се нарекуваш верник.
    Тоа е една од добрите работи во врска со религијата. :)
     
    На LollySky и Florenсе им се допаѓа ова.
  9. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Уште подобра работа во религијата како што велиш ти @Lella е тоа што знаеме Кому му веруваме.

    Дури и да не го добиеме тоа што го бараме, ние преку верата повторно знаеме дека сега тоа не ни е потребно, и така се учиме да Му благодариме на Бога за се и да се препуштаме на Неговата света промисла за нас и нашето спасение.
     
    На A-j-a и Rama им се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Мој предлог до дежурните адвокати протестантски,место да се замарате со нова тема за "одбрана на Православието" отворете си една "Адвокати на Евангелос".
    Па уште и жртва го направивте.
    А кутриот тој упорно плука по икони,светци,Мпц и сл,и ниту една навреда не му се бриши,а ако некој проба да го одбрани православието или е баниран или му се брише мислењето.
    Пр Hunk ,човекот имаше знаење и си дебатираше,и оп го банираа зошто плукал по Евангелос,а овој другиов ако,нека си стои,нека плука по Православието.
    Си може бе :D
     
    На agios, Bulgarian и korisnichka им се допаѓа ова.
  11. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    За такви фиљан луѓе свети Арсениј Кападокиски не давал ни добар ден да им се рече, ние па уште и ќе дебатираме. Игнор. Ако свет отец рекол знаел зошто го прави тоа. Инаку моштите му почиваат до неговиот духовен син свети Пајсиј во манастирот на свети Јован Богослов во Суроти, соседна Грција. Сите до еден да отидеме и да побараме прошка..
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.754
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos што бидна со трибината во Штип? Вчера беше или денес е? Ја избришаа темата и не знам, заборавив... а во Скопје ќе има ли?
     
    На Petra777 и EvAngelos им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.208
    Пол:
    Машки
    Вечерва е. Во Скопје имало и ќе има, ама за да не ги рекламирам јавно ивентите тука, ако сакаш ќе те информирам по приватна порака.
    А за Штип ако има заинтересирани, имам 2-3 места во кола и ќе тргам накај 15ч и ќе се вратиме на полноќ. Сепак не би одел сам со девојка/жена во кола, значи ако има барем 2-3ца повели и ти :)
     
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.678
    Допаѓања:
    79.754
    Пол:
    Женски
    Ќе чекам ај за Скопје. Следен пат, ако бидам известена.
     
    На Petra777 и EvAngelos им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.208
    Пол:
    Машки
    Не мора да чекаме долго, може и ние да организираме една дебата во живо ако сакате. Еве неколку предлози за дебата:
    Која црква е Христова?
    Дали е богоугодно молењето на светци?
    Дали е богоугодно поклонувањето пред иконите?
    Дали Богородица воскреснала?
    Или сл.

    Ајде најдете некој храбар православен верник, па да направиме :) А може и да ја снимиме, па да може и другите форумџии што нема да дојдат да можат да ја видат.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  16. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    580


    Да поедноставиме: прашањето од девојката беше дали молитва прочитана од свештеник ќе и помогне за депресија?
    Поп, свештеник, православен. Бидејќи колку што знам нема свештеник на форумот, ние кои што сме православни се јавуваме и одговараме на ова прашање бидејќи не засега. И е од ако може така да се каже, нашиот домен. Ние православието го живееме. Тоа прашање ни е блиско.
    Што може протестант да даде како одговор на такво прашање? Ништо.

    Освен во свој стил да продолжи да извитоперува, Евангелос одговара:
    „Испеаната молитва не помага. Таа нема никаква вредност пред Бог. Песните се за пеење, но молитвите се молат. Никаде во Светото Писмо нема да најдеш пеење на молитви. Тоа не го праеле ниту Исус Христос, ниту неговите ученици (апостоли).

    Доколку депресијата те држи повеќе од 2 недели, ти препорачувам да посетиш матичен лекар, а потоа тој ќе те упати на психолог/психијатар. Не се секирај, овие професии не се само за психички болни луѓе :) Ако психологот ти препорача лекарства, држи се до лекарствата како што ќе ти каже. Тоа не ја исклучува и молитвата секако. Јас порано бев болен од рак и си земав стандардни хемотерапии и плус си се молев. Ако само се молиме, а не ја користиме медицината, тогаш ние на некој начин го искушуваме т.е. принудуваме Бог да направи натприродно чудо во нашите животи. А тоа не е добро. Ние треба да ја користиме медицината и современата наука, бидејќи и овие се од Бог, а не од ѓаволот нели?“


    Тој кажува од протестантска гледна точка дека испеаната молитва не помага. Тој бил кај свештеник да му испее, прочита молитва за нешто? Го живеел православието, ги вкусил плодовите на молитвата (да се разбереме, молитвата каква што ја познаваме во православието, не во протестантизмот, од молитва до молитва има светлосни години разлика, многу крв и пот и предание)? Како може да зборува за нешто што не го знае? Дури и да живеел извесно време како православен и да се ползувал од свештеничката служба, ете, тој се одрекнал и ги раскинал врските. Сега на прилично лош начин му се враќа на православието плукајќи го, ама еј, од кај знаеме ние, може во него лежи уште еден Савле :))))

    Дополнително, можеби тоа што девојката која што страда од извесни болести/состојби/што и да е, наоѓа последна надеж во нејзината желба да и биде прочитана молитва и сега се појавува некој крајно сомнителен лик и индиректно и кажува дека нејзиното одење кај свештеник ќе биде бескорисно! Сфаќате колку може да е ова опасно?! А тој што и понудил нејзе за излез од нејзината состојба?! Живо ме интересира.

    Многупочитуван брате Bender Rodriguez, тебе ти е својствено да рационализираш и тоа многу ти помага во дускусиите, ама не ти помага да релативизираш. Согледајте, доколку јас на форумов побарам совети за садење лубеници, треба некој да ми улета и да ми рече дека треба да садам тикви? Мене ме интересираат лубениците, не тиквите.
    Така, јас не ви велам дека се ваше е лошо, ко шо вели дотичниот протестант, јас ќе ви препорачам „да ги испитувате духовите“.
     
    На korisnichka, sonuvana, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.208
    Пол:
    Машки
    Да и таа го постави прашањето на јавен и секуларен форум, а не на православен портал и сосема е во ред да добие различни одговори од православни, неправославни, католици, протестнати, муслимани, атеисти и сл. Која си ти да кажуваш кој смее и кој не смее да одговори на прашање на форумов?
    Ако некој го интересира едностран одговор само од православните или само од атеистите, тогаш може да пише „Прашање до православните: ...“ или „Прашање до атеистите“ како што многупати било прашувано и пред тоа, а дури и постојат такви теми „Прашања до Исламот“ или „Прашања до христијанството“. Ако сакате отворете си тема „Прашања до православните“ и таму би се очекувало само православните да одговараат, но оваа тема е општа за сите религии и сосека е во ред и атеистите да си го кажат своето гледиште.
    Прифатете го тоа дека во светот инквизицијата заврши уште пред 5 века! Срамота е да барате инквизиција на неистомисленици во 21 век.

    Баш затоа што постои можност девојката да се наоѓа во сериозна депресија јас и пишав да не оди да и пеат молитви, туку ако депресијата ја држи повеќе од 2 недели да си посети матичен лекар, да и закаже или препорача психијатар кој што поминал 10 години учење медицина и психијатрија и плус долгогодишна пракса и работно искуство и го докажал своето медицинско искуство со еден куп излечени пациенти чие излекување е евидентирано со истории на болеста, а не со рекла-казала причи по селата каде што ги носат по бајачи, пеачи, надрилекари и сл.
     
    На Bender Rodriguez, Sky-butterfly, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Точно. Сите веруваат во нешто, само тие уверувања некому му служат, а некому не.
    Ако еден човек верува дека Бог ќе му помогне секогаш и ќе го сака безусловно, докази дека тоа е така ќе му се појават во неговата реалност.
    Но кога еден човек се смета за грешен и се плаши од Бог, во неговата реалност ќе се појавуваат докази дека Бог е некој од кој треба да се има страв.
    Ничие уверување не е заблуда, ниту пак постои иста реалност за секого. Секој верува, очекува и добива од своја гледна точка.
     
    На cooll и Lella им се допаѓа ова.
  19. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    580
    До утре вади се :D Тебе јавен и секуларен не ти значи ништо зашто во очите на јавните и секуларните ти си исто толку закоравен религиозен колку и мене. Со таа разлика што си протестант.
    Инквизицијата била спроведена од католичката а не од православната црква! Пред мене не можиш да клеветиш! И пред неколкумина други овде. Оти пред нас твоето зло е откриено и видливо, Слава Му на Господа.

    Јас не велам дека не треба да оди на лекар. Помошта на лекарите е ограничена. Човекот не е само тело.

    Поп да пее молитви (уште и во Македонија) јас знам дека постои само во склоп на православната црква. Токму затоа православните се повикани да одговарат на ова прашање односно оние што имаат опит од истото. Девојката не прашува некој да и го каже своето гледиште. Какво гледиште бе човече?! Па уште и атеисти? Хахахахахахаха. Знаеш дека има повеќе теми овде нели, секој може да си го најде местото и атеистите и теистите, и никој не поставува забрани. Девојката бара к о н к р е т е н о д г о в о р, одговор од опит, искуство, бара полза! Не бара расфрлање со мислења од дежурни на форумов кои шо случајно залутале на некоја тема.

    Кој си ти да зборуваш за Свети Григориј Палама пак? :D
    Имате нешто во протестантизмот врз основа на кое го темелите своето верување или вашата вера е чиста негација на другите исповедања на верата, та благодарение на сите нив и постоите?!
    Ако има поголем инквизитор од тебе на форумов да ми го покажеш, а за тебе доволно говорат твоите досегашни мислења.


    А ако отвориме посебна тема само за православните и таму ќе се измешаш ти, така шо во ред е, ќе продолжиме да функционираме овде, фала на грижата. :D
     
    Последна измена: 17 ноември 2016
    На Petra777, Orthophill, Bulgarian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Ја мислам една тема за Евангелос како обидот вчера , кај што си изрекламира, нека си кани луѓе на негови собир, нека не се меша тука. Од кога се појави, сите немири, кавги настанаа, приметувате?
    После Хунк бил негативецот...
     
    На agios, Rama, Bulgarian и 1 друга личност им се допаѓа ова.