Поред сето почитување кон тебе што го имам, сега ќе морам да ти одговорам дека Хунк беше стварно негативец. Втора работа што ме чуди е тоа што за Евангелос имам добро мислење и не прочитав никаде од негова страна било каква провокација или навреда кон некој член...кратко пишано, мене ми се допаѓаат неговите мислења кои ги сметам за најреални и исправни.
Да бабо, ама на кафе да викаш што е се женско, да правиш реклама и да не те банираат?!?! Да пишуваш 1000 офтопици?!?! Еве Ханк го нема, а Евангелос сите ги цитира. Ако сака нека си постира на Фб собири. Дали некој од нас поканил за час на веронаука овде ? Кршење правила е тоа. Постира страни и рекламира собири некакви. Некој што вчера почнал да верува не може на мене да ми каже што е правилно , а што не.
1. Тоа што вие (тајфата православна) од уста не ме вадите на секоја тема - тоа е ОФТОПИК. 2. Ги повикувам администраторите СЛОБОДНО да ги разгледаат моите приватни пораки да видат дали јас сум викал на кафе се што е женско. Со битер свит имавме големи дискусии и јавно и во приватни порака (која таа ја иницираше првично, а не јас!) и затоа ја поканив на кафе за да дискутираме на тема религија, а не за да ја „збркам“ како што алудираш ти. Засрами се заради ваквите клевети. Изгледа веќе ви снема материјал за ad-hominem клеветење, па почнавте и манијак да ме правите. Нека ви служи за чест! 3. Какви страни постирам? Ме праша еден член кои се тие научни аргументи кои ме убедиле дека Бог постои и јас му дадов линк од веб страна каде што сум ги ставил тие научни аргументи. Еве линк од таа дискусија. 4. Да вчера отворив тема за отворена трибина на тема Религија пред да видам дека тоа е забрането на овој форум. Се извинив за тоа кај администраторката и ако за тоа треба да бидам банирам, слободно нека бидам. Не бегам од одговорноста, ниту се изговарам. Воопшто нема да и се лутам за нејзината принципиелност, правичност и фер водење на форумов.
Да беше друг , бан ќе јадеше. Еве тука те замолувам , фин момак си (ми кажа некој што лично те запознал) престани да цитираш за Православие , извини се за МПЦ и Светци човечки и кога праќаш покани кажи дека се Протестантски средби. Не барам мн , нели?
Ќе цитирам се што сметам дека треба да биде цитирано. Јас не цитирам членови, јас цитирам мислења. Ова е јавен и секуларен форум и секој што пишува овде треба да биде свесен дека може да добие и реплика и спротивно мислење. А ако не сакате да бидете цитирани, постирајте си ги вашите мислења на православен портал и еве јас како програмер ветувам дека ќе ти помогнам како да оневозможиш коментари на постовите (доколку тоа ти е блог дизајн). Немам гордост да не се извинам ако некого сум навредил или ако сум ја навредил МПЦ или некој од светците. Само ќе треба да ме цитираш точно каде сум навредил, за да знам за што точно да се извинам, во спротивно се сведува само на клевета дека сум навредувал и ништо повеќе бидејќи обвинението дека навредувам доаѓа само од една затворена група православци кои се крајно субјективни во однос на мене, додека повеќето останати не се согласуваат со тоа дека навредувам. п.с. Сега тргнувам на пат, но дали сакаш вечер да ти покажам што значи аргументирано обвинение против навреди? Еве ако сакаш вечер можам да ти цитирам повеќе од 20 мислења каде што членови од вашата православна група ме навредуваат (и тоа само во овие 2 месеци) и ако сакаш и сите цитирања ќе ги референцирам со оригиналниот пост?
@Bulgarian @Orthophill знам дека со вас беше разговорот каде МПЦ се плукаше, кој памети нека цитира на момаков, ја сум од моб и не можам да листам и да цитирам (ако веќе не си го повлекол да се избрише @EvAngelos тој пост, памтиш ти знам ).
Kolku e samo ova točno. Seto znaenje nasobrano od sekade so cel da ni ja ispolnu dušata deluva smešno i ništožno vo sporedba so čuvstvoto na radost pri Liturgija,pri molitva,koga očite na svetite progovoruvaat za tebe samo. Site koi bile duhovno gladni i isprobale sešto,za na kraj da dojdat do vistinata pravoslavna,možat da go potvrdat ova. Golema šteta e što pripadjame na narod pravoslaven,a vistinata ja barame nekade tamu,vo nečii znaenja tudji. I najgolema zabluda deka duhoven svet ne postoi,deka životot e samo sega i ovde. Blagosloveni se onie koi lesno i prirodno preku semejstvoto,preku vospituvanjeto go spoznale Gospod ušte vo detstvoto....za žal,mal broj se.....no za patot kon Boga nikogaš docna ne e.
Еве една класична клевета, во која се тврди дека во Православната Црква не се слави Бог, туку само светците, па и дека не се поучува Божјото Слово. Секој ден во православните храмови се слави Бог, со псалми, химни и славословија, а потоа и со по неколку кратки химни се благодари и молитвено се почитуваат оние кои Бог ги прославил. Исто така секојдневно во православните храмови се читаат Апостолот и светото Евангелие.
Колку што јас знам, свештеници има кај сите христијански деноминации, а не само кај православните. Девојката не побара мислење од стриктно православна точка, впрочем ние може само да претпоставуваме на која деноминација припаѓа, затоа што не се изјаснила. Согласно ова, не гледам проблем некој неправославен да даде мислење за нејзиниот проблем. Пак ќе речам, човекот даде свое мислење, во склад со своите убедувања и не се трудеше да го скрие тоа или пак својот став да го поистовети со православието, за да се добие некаков лажен впечаток. Искрено, не. Веќе сум рекол - не гледам ништо опасно во тоа да се чуе друго или поразлично мислење - за било која тема, па и за религија. Како што реков знаењето е богатство, а не хендикеп, и верувам дека сите луѓе се доволно интелигентни и зрели сами, со своја глава, да оценат дали нечие мислење ќе го прифатат или не. Според мене, и даде многу добар совет - а тоа е, пропишана терапија од лекар за конкретната состојба. Протестанството и православието припаѓаат на христијанството - што значи, збориме за јаболка - златен и црвен делишес, евентуално ајдарет, а не за лубеници и тикви. Но, како што реков, ако некој експлицитно побара мислење од аспект на конкретна религија и деноминација, се слагам дека секое друго мешање е вишок. Но, во случајов не беше така, а и темава е општа, за религија. П:С. Ако нешто ми смета кај религијата, тоа е овој став. Знаењето секогаш и без исклучок е богатство, и од него нема никаква штета, а вишок не може да има. На самиот човек е да одлучи што ќе прави со знаењето кое го има, дали ќе го прифати делумно или целосно и сл., но за да ја донесе таа одлука сам, со своја глава, единствениот начин е да има знаење - колку повеќе знаење има, толку поинформирана одлука може да донесе. Човек без знаење е сиромашен, макар ја имал целата вера на светов.
Znaenjeto bez vera e sekogaš gladno ili mrtvo,nepotrebno.....verata mu dava smisol,go nasočuva.....siromašni se onie koi vera nemaat,bidejki ne možat da se nasitat od znaenja razni.....im nema kraj,te mamat postojano.
А верата без знаење не е празна, нели? Зборот „празноверие“ меѓу другото потекнува баш од тоа - слепо верување, без знаење.
Pravoslavnata vera e sosema sprotivna na praznoverieto,koe pak e sinonim so sueverieto,gatanjeto,magijata,astrologijata,tarotot i ostanatite "duhovni" znaenja,so koi taka lesno se poigruvame denes,kobajagi sobirajki znaenja.....neli,nikogaš dovolno cc
Види, да не бидам сфатен погрешно - јас никаде не реков дека православието е еднакво на празноверие. Само реков дека секоја вера, без знаење, е еднаква на празноверие.
[QUOTE="Bender Rodriguez, post: 3111083, member: 103286" Само реков дека секоја вера, без знаење, е еднаква на празноверие.[/QUOTE] Veruvam = Znam = Ljubam Nekako e se ova pomešano koga ke go spoznaeš Boga
Veruvam = Znam = Ljubam Nekako e se ova pomešano koga ke go spoznaeš Boga [/QUOTE] Ја попрво би рекол „верувам = верувам“, а „знам = знам“. Не мора да има корелација помеѓу овие две ствари. А за тоа дека на некои верници доста работи им се помешани, ти верувам. Човек може и да не знае ништо за, на пример, христијанството, а сепак да верува - а може да знае и се, а пак да не верува. Идеално би било, и да знае и да верува, т.е. барем да знае што е тоа во што верува.
[/QUOTE] Ја попрво би рекол „верувам = верувам“, а „знам = знам“. Не мора да има корелација помеѓу овие две ствари. А за тоа дека на некои верници доста работи им се помешани, ти верувам. Човек може и да не знае ништо за, на пример, христијанството, а сепак да верува - а може да знае и се, а пак да не верува. Идеално би било, и да знае и да верува, т.е. барем да знае што е тоа во што верува. [/QUOTE] Idealno ne postoi Koga ke poveruvaš,pocnuvaš i da osoznavaš,taka nekako
Ќе ти одговорам од мое искуство. Да, може и тек како да помогне молитвата. Искрената и со вера молитва има голема моќ. Пред неколку месеци една вечер му стана лошо на мојот татко, додека лежев пред да заспијам се помолив на Бог за него. Утре дента рано сабајле влезе татко ми кај мене во соба и дур јас сеуште не сум се разбудила аселно, само го прашав како е, на што следеше одговор: "Еј супер сум, добро ми е". Наредна секунда по одговорот сеуште во тек на будење и сваќање што се случува, само во моето срце реков: "Фала ти Боже што ми ја ислуша молитвата", "Слава ти Господе". Во тој момент едноставно имав чуство и знаев дека тоа Бог го направи. Сето тоа беше "чудно" што тогаш прозборе во себе Аја преку своето срце, душа, (не знам како најправилно да го наречам). Додека со мојот мозок да разберам што се случува, јас во моето срце веќе знаев без никви сомнежи. Ова беше едно прекрасно духовно искуство со кое Бог ми покажа дека молитвата има голема моќ. Друго мое искуство беше она каде што Бог ни вика: - Пак ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата да молат за нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мојот Отец, Кој е на небесата, зашто каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас среде нив. (Евангелие според Матеј) Бевме три другарки собрани и зборевме околу Бог и Библијата и поставивме едно прашање кое не интересираше, и ни текна токму на ова што ни го кажува Бог и се согласивме да го замолиме да ни даде одгвоор. Минута после молитвата, едната другарка која ја држеше Библијата, го најде токму одговорот кој не интересираше. Покрај молитвата од попот, моли си се и сама, или со уште неколку луѓе со кои ќе се помолите за истото. - И Јас ви велам: Молете и ќе ви се даде, барајте и ќе најдете, чукајте и ќе ви се отвори. Зашто секој што моли - добива, а кој бара - наоѓа, а на оној што чука - ќе му се отвори. (Евангелие според Лука) - “… молете се еден за друг… енергичната молитва од праведен човек има голема сила!” (Јаков. 5:16) - “Немојте да се јадосувате за ништо, туку во сите ваши молитви барајте го од Бог она што ви е потребно и бидете благодарни за она што го добивате.” (Филипи 4:6)