На еден верник, молитвата треба да е прво и основно нешто, покрај другото, затоа што молитвата не е само искажување на молби и потреби, туку и славењето и обожување на Господ, едноставно кажано општење, комуникација со Него. Не ја потценувајте моќта на молитвата. Јас се молам. И пред да одам на лекар му кажувам на Господ: Господе, дај и мудрост и водство на оваа докторка да ми ја каже точната дијагноза / точен совет/ инструкција. Едноставно на тој начин ВЕРУВАМ дека Господ го повикав да биде присутен и во таа работа, се умирив дека всушност Тој како веќе сеприсутен, Оној кој има се под контрола, нема да го пропушти овој случај (а не дека ќе го пропушти, туку јас да не пропуштам да го изнесам пред него). Еве еден мал личен пример на кој сега ми текнува: Кога се обидував да останам бремена например, и ништо не се случуваше, се молев нормално, ама напоредо почнав да ги правам работите кои се до мене, да правам основните испитувања на пример. Се сеќавам многу добро еднаш, кога требаше да одам на контрола и првичните проверки да се види како реагирам на терапијата, се молев пред да појдам: Господе, те молам стави му ги Твоите зборови во уста на овој доктор, ти му кажи што треба да ми каже.. И така доаѓам јас кај доктор, седнувам и го гледам, тој ме гледа во очи и ми кажува: Ќе имаш деца, не се грижи, ќе имаш деца! Докторот немаше поим за што се јас молев, ниту му спомнав, ниту го прашав нешто, тој ги кажа тие зборови самиот од себе, ама јас ги врзав за себе, ги ставив во срцето, како зборовите од Самиот Господ лично за мене, и ги верував цврсто. И да, имам деца. Преку молитвата, со правилна терапија, ги имам. И докторот спомна деца, во мнозина, јас се обидував да имам едно дете, ама ете докторот испадна пророк несакајќи и незнаејќи Сакам да кажам дека молитвата е потреба за еден верник и понатаму она што е до нас, во нашата моќ да го правиме, а Господ ќе го прави она што ние не можеме. Пред Господ Исус да биде вознесен, тој на своите ученици им вети дека ќе испрати Утешител, Советникот на Земјата - Светиот Дух. Трета особа од личносен Троединиот Бог. На 50. ден од воскресението на Исус, денот на Педесетницата, или Духови (овој празник го слават и православни и протестанти знам), беше излеан Светиот Дух на присутните, Христовиот Дух е присутен тука на Земјата, оној кој помага, кој советува, преку кој сме всушност поврзани со Господ, преку кого општиме со Него. Оние кои веруваат; Христовата црква, верува и знае дека молитвата има моќ и има сила и денес.
Жал ми е што ти смета, ама тоа е.. Ќе се обидам да ти образложам, во два потега 1.„Каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости?“ сп. Матеј 16, 26 2. „да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера, што и планини да преместувам, – ако љубов немам, ништо не сум.“ сп. 1 Коринтј 13 (значи, свети апостол Павле оди подалеку од мене и тебе заедно, па на знаењето И верата, значи на тие двете земени заедно, ја спротивставува љубовта, така што сиромашен е тој што нема љубов Оттука следи дека ни двајцата не сме биле во право, едниот полагајќи премногу надеж во верата а другиот во знаењето а само едно е потребно (сп. Лука 10, 42)
Пак ќе речам - не гледам како знаење може да и напакости на душата? Луѓето најчесто грешат од премалку, а не од премногу знаење. . Се слагам со ова, целосно. Но, ова не го побива моето претходно мислење дека верата, без знаење, е празна. Џабе е целата вера на светот, ако некој не знае во што верува и од што неговите верувања би требало да се состојат. Зарем е доволно човек само да рече „Јас сум христијанин и верувам во Бог“, а воопшто да не го познава христијанството и зборот Божји?
Хахахах од било каде де, нека се јави, нека се извини за тоа што навредува, ете му цитирано ако има амнезија . Човечки е де.
мене не ми е целта да ги побивам твоите тврдења, но ова ме потсеќа на тоа дека ако не воскреснеше Христос празна е нашата вера (сп. 1 Коринтј 15, 14), што тебе можеби пак ќе ти засмета
Отидов случајно до темата за анксиозност, и налетав на мислење од девојчето што бараше совет, тоа беше молитва против страв, значи детето има сериозна причина и сигурно с енадевала дека ќе и помогнеме, а ние тука се натпреваруваме кој колку повеќе знае? срам да ни е...
Сериозно, читав и... не ми се верува. @GirlLove jaс се излекував од депресија, можеш и ти од анксиозност. Ама треба силна верба и упорност. Бидејќи, што може Бог никој не може. За Бог нема нешто што е невозможно.
1. Не. Во другите деноминации има пастори, и што уште не. Но свештеник во смисла каква ние го распознаваме нема. Не зборам за англиското priest, што во превод може да се однесува на служител од различна деноминација. Па уште и во Македонија, земја со доминантно православно население. Да не си мачкаме очи. И да не банализирам до бесвест, ама ако одиш на Марс има да бараш вонземјани, а не луѓе. Така и овде, ако сакаше девојката да и испее оџа, тоа ќе прашаше, ако сакаше пастор, министер (whatever), тоа ќе посочеше. Јасно е што кажа таа. 2. Никаква полза од просто прибирање податоци. Она што се прима како информација треба да помине низ филтер. Кој шо секој човек го нема. Затоа темата за гатачки и бајачки е преполна. И таму гледам супер информации даваат. Од типот појди кај онаа гатачка, мене све ми откри, ќе ти помогне и тебе. Јас вакво знаење (информација/податок) го фрлам на буниште. Не е проблемот во информацијата колку што е во начинот на кој шо јас ќе ја искористам таа информација. 3. Мислев на совет од него како протестант, кога веќе секој одговор го тамани според неговата религиозна определба. 4. Прости, ама право-славење и криво-славење немаат ист корен ко шо имаат јаболката.
Воопшто не. Еве некои цитати од Библијата за тоа зошто знаењето е полезно и потребно: Соломонови мудри изреки 1:4 да им се даде на простите разумност, на младите – знаење и расудување. 4:7 Главно е мудроста: придобивај мудрост и за сиот свој имот придобивај разумност. 12:1 Кој ја сака поуката, го сака и знаењето; а кој го мрази изобличувањето – неразумен е. 15:14 На разумен срцето бара знаење, а устите на безумните со зло се хранат. 18:16 Срцето на разумнитот се здобива со знаење, и увото на мудрите бара знаење. 19:2 Не ѝ е добро на душата без знаење; а кој брза со нозете, се сопнува. 24:5 Мудриот човек е подобар од силниот, а разумниот – од оној што има голем имот. Книга Проповедник (Еклизијаст) 7:11-12 Добра е мудроста, како и наследството, особено за оние, што го гледаат сонцето,зашто под нејзината сенка е исто, како под сенката на сребро; но предимството на знаење е тоа, што мудроста му дава живот на оној, што ја има. Прости, ама за ова не си во право. Еве дефиниција од речникот на македонскиот јазик за зборот „свештеник“. Да напишеше „поп“, се сложувам дека тоа ќе се однесуваше на православието иако, на нашиве простори и за католичките свештеници некаде се користи истиот збор. Напротив. Луѓето кои одат кај гатачки и бајачи - генерално, а и на форумов - се луѓе на кои им недостига основно познавање на елементарни работи. За жал, неуките и необразованите се секогаш најбројни „муштерии“ на ваквите „исцелители“. Баш за да можеш да оцениш дека корист од гатачи и бајачи нема, мораш прво да прибереш податоци, а потоа да го употребиш разумот. Точно е дека постојат многу некорисни податоци, но за да знаеш дека се такви, потребно е прво да ги дознаеш. За 3-тата точка ќе оставам на @EvAngelos самиот да дообјасни (ако сака, секако) за протестантскиот аспект на советот кој го даде - не би имало смисла да зборувам во негово име. Во однос на 4-тата, за тебе како православна можеби има огромна разлика - јас зборував од мој аспект - објективно, православието, протестанството, и сите други христијански деноминации, имаат многу повеќе сличности, отколку разлики помеѓу себе.
Девојката во постот имаше напишано „поп и црква“. Доволно. Грешиш во врска со православието и протестантизмот. Обично се става равенство меѓу поими кои што се слични и кои можат да си парираат. Овде тоа не е случај. Стани и ти православен па види како ќе ти се зголемува разликата во она што го знаеш сега и вистината што ќе ти се открие подоцна. Мене како православна ми се поблиски луѓето кои што одлучиле ништо да не слават односно да не поганат, отколку тие што криво слават односно осквернуваат. Те молам повеќе да не ме цитираш, се е јасно во однос на она што досега го дискутиравме.
Devojce moli se ti slobodno no poseti i doktor. Misles jas ne se molam za sin mi da ozdravi,da se najde lek? 4god ima a pola zivot mu e po bolnici a ti tuka mi kazuvas za verba i upornost. I jas sum vernik. Molitvata pomaga dusevno no ne lece bolesti.
Сериозно од сите мои 777 пораки на форумов, ова го најдовте како моја најголема навреда? Благодарам, ова ќе го сфатам како комплимент Сакаш сега јас да постирам 20 поста каде ми се обраќате со навредливи зборови, каде пишувате клевети (лажни непроверени информации) за мене? Значи зборувам лично за мене, а не за протестантското христијанство. Воопшто не е навреда, ниту прекршување на правилата на форумот да напишеш дека според тебе протестантизмот е застранување од христијанството, дека протестантите се лажни христијани, дека таму не се слави правилно Бог и слично. Некои од вас пишуваа и дека протестантските цркви се изградени на темелот на Мартин Лутер итн. Тоа воопшто не е навреда, ниту пак јас би барал да се извиниш за такво нешто. Напротив, наместо да цивкам да ми се извините, јас со библиски и историски аргументи ги демантирам таквите тврдења. Оттука нема што вие од мене да барате да се извинувам што јас сум пишал дека според моето мислење во православните цркви не се слави Бог, туку се слават светци и не се поучува Божјото слово. Мене ми беше поставено прашањето „зошто не одам во такви цркви“ и јас одговорив затоа. Тоа е мое мислење кое можам до утре да го поткрепувам со факти, со мои и други искуства. Имам блиска пријателка која 15 години одела во православна црква, едно време дури и пеела во црковен хор, а сепак во тие цели 15 години не дознала таму која била спасителната мисија на Исус и зошто Исус допуштил да умре на крстот. И не е само овој случај. Верувам дека повеќето објективни членови на форумот ќе се сложат со мене дека просечен православен верник не знае основни работи од Светото Писмо. Од 10те Божји заповеди едвај 3 ќе набројат (не лажи, не кради и не убивај), а оние "порелигиозните" ќе ја додадат и „не врши прељуба“. И толку. Ако не ми веруваш, оди во недела после црква и направи едно анкетирање меѓу верниците. Како и да е, тоа е мое мислење и ти не мора да се сложуваш со тоа. п.с. И ако може, би замолил да се вратиме на дискутирање на темите и мислењата, а не членовите на форумот. Однапред благодарам.
Бидејќи agios културно ме замоли да не ја цитирам, нема да го направам тоа - ама, би сакал да се надоврзам на моето претходно мислење. Дефиниција во речникот на македонскиот јазик за зборот поп: Значи, освен православен свештеник, „поп“ е и синоним за свештеник. Дури „протестантски поп“ е дадено како пример - you can't make this stuff up. Без разлика на вероисповеста, македонскиот јазик е еднаков за сите, што значи дека авторски права на зборот „поп“ нема само православието. И, што значи дека дискусијата што до сега се одвиваше на темава си е на место. На крајот на краиштата, на било која тема на форумов човек да побара совет, ќе добие голем број различни, а често пати и дијаметрално спротиставени совети. Зошто баш оваа тема би била поинаква? Се додека се пишува на културен начин и без навредување на другите учесници, јас стварно не гледам проблем да се чујат различни размислувања и ставови. А одлуката чиј совет ќе го прифати секогаш е кај оној кој го поставил прашањето и побарал совет. А во однос на сличноста помеѓу христијанските деноминации - тоа е објективен факт, а не мое субјективно мислење. Впрочем, баш поради сличноста и заедничкото потекло, во компаративната религија, во групата на Авраамски религии се вбројани јудеизмот, христијанството и исламот. Сличности има, и тоа далеку повеќе отколку разлики - за жал, повеќето верници одбираат да се фокусираат на разликите, наместо на она што е заедничко и што ги поврзува со останатите деноминации.
Ми се допаѓа што ме испочитува и не ме цитираше. Самата кажав дека не знам за протестантство многу , искрено и не ме интересира. Јас не го навредив неговиот Лутер , му кажав и каде има споменик и може да си прошета во Женева, да си зголеми пријателства таму , со негови истомисленици , наместо да ни плука по Цркви . Во некој пост од тебе прочитав прво треба човек да се запознае ,да проучи, па да верува ( нешто така беше, ме мрзи да барам, не се сеќавам која тема), ама јас ќе кажам Бог е ЉУБОВ , а љубов не се учи, туку се чувствува , што те поттикнува понатака да дознаваш што повеќе за верата , а тоа атеист не може да го сфати. Фала ти на разбирање.
Ме збуни. Си ме означила во темава, а не сум ти одговорил - или ова се однесуваше на мислењето на agios? Јас никаде не те споменав тебе, у контекст на навредување на било кого - или грешам? Не се сеќавам, ама се сложувам со напишаното. Можеби за верба во Бог не е потребно никакво знаење, туку ете - само чувство (или љубов), но за да можеш да се декларираш како, на пример, православен христијанин, мора да имаш барем некакви познавања од православието и неговите учења, нели?